Невини машки над 21 година

Дискусија во 'Секс' започната од SpaceCat, 9 септември 2012.

  1. SpaceCat

    SpaceCat Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Zdravo imam 21 i seuste sum nevin,mnogu sum sramezliv,edinstvena devojka koja ja imav bese vo sredno samo se baknuvavme taa prva mi pride,nikogas ne sum prisol na nekoja zosto se sramam,ne izleguvam mnogu zatoa sto nemam so kogo taka da nemam nekoj socijalen zivot i neznam sto da pravam vo idnina,me interesirat mislenja pozz. ;)
     
    На Milan444 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Emi93

    Emi93 Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    16
    Sto mislite za nevini decki od 21+

    Ооооо... :worried:
    Јас би рекла дека сепак проблемот лежи во тебе и дека сето тоа потекнува од лошиот став кој го имаш изградено за себеси. За почеток мислам дека треба повеќе да се цениш и повеќе да уживаш во животот. Само еднаш си млад и само еднаш имаш 21 година. Ако сега не се забавуваваш и социјализираш, кога? Опушти се, и не го сфаќај животот толку сериозно, сепак на крајот на краиштата сите сме луѓе, нема од кого да ти биде срам.
    Почни прв да приоѓаш на девојки, стисни заби и потисни го срамот, оди на места каде што можеш да запознаеш нови луѓе и да стекнеш нови пријателства. Никој не би сакал да има пријател кој постојано молчи, постојано е нерасположен, срамежлив, песимист. Сигурно ни самиот ти не би сакал да бидеш во друштво со таква личност. Токму заради оваа причина мислам дека мораш конечно да се опуштиш, да почнеш да се забавуваш, да остваруваш контакти, да флертуваш со девојки, да бидеш забавен и ред други работи. Е, тогаш, мислам дека секој би сакал да биде во твое друштво. Не е ништо страшно, верувај. Кога ќе го надминеш тој пусти срам, ќе се каеш што претходно не си го сторил тоа.
    Се најубаво, па очекуваме добри вести. :rofl:
     
    На cavalli, kristin4eto1 и Yipman2 им се допаѓа ова.
  3. Refused

    Refused Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    32
    Sto mislite za nevini decki od 21+

    Јас знам дечко што има 26 а е невин(ако ти е за утеха ;) ) така да ништо сташно , се во свое време, што е твое ке си дојде
     
  4. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    160
    Sto mislite za nevini decki od 21+

    Одиш ли на факултет?
    Дали живееш во мало место па немаш друштво или едноставно не ти се “погодиле“ луѓето?
    Мое мислење е да се дружиш со стабилни луѓе кои си имаат изградено ставови и мислења,верувај ми ќе земеш пример од нив. :) И почесто да излегуваш,за почеток секој викенд (ако си во можност финансиски)
    Може сега ти изгледа глупаво ама музиката чуда прави развеселува до коска.Што слушаш?
    Првиот проблем е што немаш другари.Ама пред да преминеме на решенија кажи ни нешто за тебе чисто да знаеме од каде никнал овој проблем..Често се случува како деца да доживуваме трауми од своите родители или да бидеме жртви на неубави настани па тоа да остави последици кои се појавуваат и по 10 години.Се пореметува човек :nod: .Можеби имаш и ти некоја таква случка..И да мислиш дека тебе ти поминало дека било одамна не е така.Да не ја должам многу и онака премалку знаеме за да можеме да дадеме решение,овака површно ништо нема да ти смени.

    :)
     
  5. Supernice

    Supernice Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    70
    Невин, ретко излегува, слабо стои со друштво - дијагнозата боде очи. Недостаток на самодоверба. Вакво психичко стање го приметува секое човечко битие што доаѓа во контакт со тебе (свесно или несвесно), и очигледно потхитно мора да превземеш нешто.

    Најпрво среди ги приоритетите. Девојка никогаш не треба да ти биде на прво место. Ако имаш соништа во животот работи на нивно остварување. Нема ништо попривлечно од момак што знае што сака и енергично работи на истото секојдневно. Запиши се на некој спорт, оди во теретана, вози точак, ролај, свири на гитара. Практично пополни го времето со нешто што те прави среќен, тоа е прв чекор.

    Друга работа е тоа што мора да ги познаваш сопствените недостатоци. Најди фризура што ти прилега, купувај и носи облека што ти е точна (што се поклопува со формата на телото, односно убаво стои), користи убав парфем. Тоа е само физичка подготовка.

    Откако ќе најдеш активност што те исполнува и ти ја крева самодовербата, а згора на тоа ќе го подобриш и физичкиот изглед, доаѓа докажување на дело.

    Основа што мора да ја знаеш е дека секој човек е опседнат со себе. Кој колку сака може да го негира ова, ама ебига, еволуција ради. Било тоа свесно или потсвесно. Значи биди опуштен, зашто би те болело кур за некој друг освен за тебе. Ти си центар на твојот свет. Е сега ова е важна основа зошто и помага при интеракција со девојки.
    Девојките различно го доживуваат муабетот од машките. Они не муабетат чисто онака како што знаат мажите, они емоционално се поврзуваат со соговорникот.

    Има една техника на "везење" при разговорот што е стварно корисна за секој маж, не само за тебе конкретно. Ќе ти објаснам накратко. Главната фора е да се надоврзеш на последната реченица што ја кажала девојката соговорник. На пример имаш ситуација во трговски среќаваш другарка(или потенцијално нешто повеќе), и нормално таа е со нејзини пријателки. Се поздравувате и нормално иде оноа клише: "Што навака, или кај идеш или др. прашање од таа сорта"? Таа ти реплицира со:"Еве на шопинг со другарките, да се олабавиме од стресов".
    Тука имаш 3 работи за коишто можеш да продолжиш конверзација, шопинг, другарките, или стрес. Како што напоменав горе, психологијата на жените е таа, тие при конверзација емоционално се поврзуваат со соговорникот и затоа не смееш да заборавиш и ти да се надоврзеш со свое искуство. Ќе се решиш за една од овие работи и продолжуваш:" Богами колоквиумскава недела не уништи, најдовте ли нешто интересно барем?"

    Значи во главно споделуваш свое искуство и обавезно поставуваш прашање. Нормално нели ова е техника што треба да се вежба и зема одредено време да стане функционална во практична употреба. Од време на време фрли и насмевка, жива, што ќе ти го освежи ликот. Додава жар во било каква ситуација, независно.

    Исто така битно нешто е да не се затрескуваш во една девојка. Ако ги решиш проблемите со самодовербата и срамот, не би требало да имаш проблем да влезеш у конверзација со девојка во било која ситуација. И никогаш не приоѓај на девојка со мисла да и се пушташ или слично. Биди опуштен, прави муабет, држи ја атмосферата на ниво и тоа е тоа. Ако си неискусен, најпригодно е да приоѓаш преку ден. Сврти мал муабет во продавница додека чекаш ред, на факултет, на шалтер. Било каде. Ги фаќаш девојките неспремни зошто секој што ќе им пријде во дискотека/кафич го перцепираат како додворувач. Вака на тоа гледаат како нормална, природна интеракција со друго човечко битие.

    Во глобала, не биди очаен зошто ќе смрдиш на километар. Ова нема никаква врска со девојките, туку само со тебе самиот. Среди ги проблемите што ги имаш со себе и светот ти е на дланка, тоа е тоа. Со среќа.
     
    На SnowWhite8, tamche995, eloves и 12 други им се допаѓа ова.
  6. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    386
    Пол:
    Машки
    „невиност“ над 21 години, кај машко...причина?

    Да, јас сум. Многу (малку) прилики-ниту една искористена. Причина е една моја „замисла за првиот пат да биде со некоја исто неотпакована“, као нема да фантазира за предходници додека е со мене и слично. Да се воздржите од секс, да сте машко и да сте неколку години во полнолетство е ..незнам, носи развивање на други инстикти, некој вид на еволуција, припрема за онаа главната :$ а друга причина, женските ги гледа(в)м со голема почит и уживањето со различни женски ми личело на животински односно низок чин. Ме интересира како мене така и другите, знам дека има фраери кои ништо не легнале а веќе зар’ѓале, кое е вашето, женско мислење за такви машки, што ни се препорачува? И како да се справам со, стравот би рекол, од first time? :|
     
    На Iggy.A му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mrchatorka

    mrchatorka Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    53
    „невиност“ над 21 години, кај машко...причина?

    Хм, јас не сум сакала да имам дечко кој е невин...кога бев 1 на факултет си фатив дечко кој беше на негови 19/20 год. невин...кога ми кажа некако не можев ништо да имам со него и му раскинав. Не знам добро да го опишам чувството што го имав...некако не сакав да му бидам учителка, ми беше шубе...

    За стравот, едноставно немој да мислисш ма тоа, опушти се и терај :)
     
  8. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    773
    Имам другар кој има 20 години и никогаш во животот немал девојка. Незнам ниту дали имал нешто без обврски а и непријатно ми е да го распрашувам бидејќи знам дека и тој би се почувствувал уште понепријатно и уште толку би му се намалила самодовербата.

    Првото нешто што треба да го направиш ти и луѓето со проблеми сличен на твојот е да се победи срамот и да се победи стравот од тоа дека во очите на некогу ќе изгледате како лузери или ќе направите нешто погрешно. Поточно треба да го исклучиш факторот мислењето на другите и да се опуштитиш негрижејќи се за тоа кој што би можел да помисли или кој што ќе рече.

    Велиш дека слабо излегуваш па затоа отсега секое излегување искористи го да запознаеш нова личност. Пријди и на секоја девојка која ти се допаѓа, претстави се и започни разговор. Колку повеќе личности ќе запознаеш толку повеќе ќе се опуштиш. Ќе речеш лесно е да се каже но тешко е да се направи но мора од некаде промените да почнат бидејќи сами од себе работите нема да се сменат.

    Лично, навистина ги почитувам машките кои знаат да ги ценат девојките и не се со цел само да поминат што повеќе но не би сакала да имам дечко кој е невин. Повеќето од девојките сметаат дека доколку машкото немало некое искуство пред нив за брзо време ќе ги напушти бидејќи ќе му се појави желба да проба и со некоја друга. Не велам да одите со некоја која цел град ја поминал но ако чекате невина девојка може да чекате уште долго бидејќи во денешно време се порано и порано се почнува со односи.
     
    На Marjan007 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lepor.Lepos

    Lepor.Lepos Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    21
    Сметам дека во твојот случај се работи за намалена самодоверба, голема несигурност и изместена, нереална слика за сексот и односот со девојките.
    Тоа го забележав според следните два моменти
    1. моја „замисла за првиот пат да биде со некоја исто неотпакована“, као нема да фантазира за предходници додека е со мене и слично. (прво да почнам со ова, не мислиш дека тоа што ги вреднуваш повеќе неотпакуваните девојки е всушност немање почит спрема нив?. Секоја девојка е вредна без разлика да имала предходно или не)
    2. а друга причина, женските ги гледа(в)м со голема почит и уживањето со различни женски ми личело на животински односно низок чин. (според тоа горе што го напишав, ова не е точно, и се навраќаме на првото нешто што го напишав немање самодоверба и несигурност, што се манифестира на ваков начин. Ти можеби немаш преголема почит, туку заплашеност, која произлегува нели од тоа јас не сум довлно добар, искусен итн.)
    Патем ова е све нормално и разбирливо, секоја година се повеќе се зголемува притисокот и се повеќе тоа удира на егото.
    и што сега?
    Фино лепо ќе почнеш да работиш на себе, на својата самодоверба и е ова не е само обичен проблем со девојките ова е малку посериозно. Имање на здрава самодоверба е од витално значење општо во животот. Го имаш google како почетна станица :D
    А за девојките, лично јас не би имала проблем, се додека страста на партерот е насочена спрема мене, не ми е битно дали имал предходно искуство или не. Ама мислам дека не е тој случај со другите (голем број на девојки). Постои некој лош стереотип дека искусен маж е добар маж во кревет, додека според мн искуства, претежно на другарки, испаднало сосема спротивно. :)
    Затоа имаш баш голем предизвик пред тебе. Борење со стереотип, поставување на реален, нормален став спрема девојките, шанса за неуспех (соочување со страв).
    Но! откако ќе поработиш на себе, ја стекнеш самодоверба сигурна сум дека ќе ја најдеш, привлечеш вистинската девојка која нема да имаш никаков проблем, и дури да испадне fail првиот пат, со таа ќе можеш на тоа да гледаш како гаф, смешна случка, ништо посебно и страшно)
    Без став, тоа што било било, затоа сега гледај само напред, и ти поскаувам се најдобро :)
     
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.620
    Колку е лесно совети да се даваат кога е во прашање друга личност,а кога ние самите треба да направиме нешто тогаш не е така едноставно,треба да работел на самодоверба бла бла,и што пак ништо нема да направи,нема совет за таа работа или те бива или не.поздрав
     
    На Marjan007 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lepor.Lepos

    Lepor.Lepos Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    21
    Па тоа е нашата работа тука нели? Да даваме совети, да вратиме верба во некој ако ја има изгубено, да дадеме подршка, разбирање, а тоа дали ќе се промени, дали ќе го послуша добронамерниот совет, дали го бива или не, или дали ќе го биде понатака, тоа е се во рацете на едниката.
     
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.198
    Пол:
    Женски
    а зошто да се срамат невините машки?јасно е дека невините бидејќи немаат искуство ќе се плашат од блискост,од прв чекор,но тоа е добро,подобро отколку некој идиот кој легнал 100 и кусур женски да дојде да го дави целиот женски род,ете тие се тие ваши искусни момчиња кои ги цените,а плачете после кога ве изневеруваат :^) .
    се додека не сфатите дека фраер не е оној кој легнал многу женски ,ами оној ќе се заљуби и ќе биде со една :rock: ,ќе страдате женски.
    п.с .жена-долга коса,краток ум :!:
     
    На Диња, macence123***, wanderlust и 12 други им се допаѓа ова.
  13. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.620
    фала богу една реална феминка,обично девојкиве влезени се во филм за машкиот род.
     
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.198
    Пол:
    Женски
    благодарам Vитомир :) .па нормално,треба да се живее во реалноста,но кој да го разбере тоа 8) .
     
  15. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.484
    Допаѓања:
    3.147
    Пол:
    Женски
    Па како има невини женски над 21 така и машки ќе има. Едно е машкото да биде срамежливо и воопшто да немало девојка, а друго е да имал многу девојки ама со никоја посериозна врска.
    Мислам дека нема зошто да ви биде срам.
    Бившиот мој, на 20 години за прв пат во животот ме бакна мене и си призна отворено дека немал никоја, затоа сигурно е и невин.
    Гледајте да останете насамо со девојката и прашајте ја најнормално, како да веќе сте го поминале тоа. А после, кога мислите дека можете да и се доверите кажете и.
    Мене ми беше симпатично тоа бидејќи како што јас имам посебно место во моето срце за првиот бакнеж така ќе има и тој.
    Искуството се стекнува, со секој нареден пат ќе бидеш подобар.
    И неможам да разберам, ако ти си невин а девојката не, помалце ќе ја почитуваш? :^)
     
  16. andrej69

    andrej69 Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    6
    mozebi se gay
     
  17. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Машки
    Bravo za postov mi se dopaga mnogu . Ubavo napisano vo sekoj slucaj , a i pametno razmisluvas.
    Site devojki sakaat fraeri i samite si kazuvaat :). No tie ne se svesni deka utre tie nivni fraeri ke gi ponizuvaat i ke setaat po kafani so nekoi pevaljki ili so nekoi drugi ribi dodeka oni sedat doma i cuvaat deca :D
     
    На WarriorAngel и hermosa им се допаѓа ова.
  18. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.750
    Допаѓања:
    5.359

    колку убаво напишано :clap:
     
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.250
    Имам другар од кој е над 21 (не е битно колку има сега), ама е невин.
    Супер е човекот, ама никако да влези во некоја посериозна врска за да има секс, а не сака секс за една вечер.
    И баш го почитувам поради тоа, и иако е невин, многу женски се тепаат за него, па верувам за брзо и ќе си биде среќен со некоја.
     
  20. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420

    A од каде знаеш дека е невин :^) или пак да не е геј па да се вади сега на тоа провери подобро :lol (малце шала ) .Ако има такви машки нека се пропд**ат што ке им жена па да го измачува комшијата постојано или колегата на раб :lol: .Не дека нема и такви фрикови но не ги сметам за нормални и ептен чудно во денешно време за машко .Ај вас девојките горе доле ке разберам невини ова она или се криете како змија нозе ама машко :| ..Сигурно некој бедник со еден куп комплекси и глумење на култура незнае да си побара она што му фали :geek: .