Нова турска серија на сител, вистинска приказна. Почнав да ја гледам и интересна ми е, само што многу кратко трае…
Па, серијава со две сезони и вкупно 71 епизода не е кратка.Особено како што нашиве ги делат епизодите(секоја на 2 или 3 дела), ќе трае. Сите се мрднати на различен начин, особено Сафије. Тешка психолошка серија.Треба да се гледа цела за да се разбере.
Мене оваа серија ми е интересна зошто сакам психолошки драми, серии, како и да е, освен тоа е базирана на вистински настан, несекојдневна е, а сепал современа, башка не е со конацине, мада и куќава не им е по најнова мода. Сафије е тешка личност, непријател пред се самата на себе, а потоа и на сите околу неа, другата сестра исто како неа, само во поблага форма, единствено најмладата со астмата е саглам. Не ми е јасно како никој од семејството не потегнал иницијатива да се лечи, зошто нејзиново е многу полошо од OCD.Таа влече трауми од детсвото, бидејќи и мајка и била таква, а самата се грижела за братот и другите две сестри. Не излегуваат од дома, не примаат гости, дифтари се. Што знам, ме заинтригира, се надевам нема да иступават некој дел како што обично знаат.
Конечно некој отвори тема за оваа серија, не можам никако да ја најдам како се вика на турски? Ова сите се болни, мислев дека само братот е нормален, ама и тој забеган што собира ѓубре навечер, само Мелек најмалата изгледа е нормална ако и таа не испадне штракната. Изгледа само таткото нормален. А, зошто се такви сите?
На турски се вика Masumlar Apartmani, во превод мислам би дошло апартманот на невините или невиниот апартман. И мене многу ме интересира зашто сите имаат по некоја ненормална работа што ја прават. И најмалата што е мислам дека има некој проблем пошто се гребе по рацете рани се прави. Таткото исто незнам што улога има и седи затворен во собата и не преземе ништо во врска со чистењето и се останато.
Сакам вакви психолошки серии, посебно што обработува тема психолошки нарушувања, трауми од детството итн. Сафије со трауми од детството поради мајка и и екстремно OCD, само не ми е јасно како татково и братот се претставени како едуцирани, братов во Њујорк студирал, а никој не презема грижа, психолошка помош да и пружат и неа и на другите сестри и на сам себе, туку сите со подредени на нејзината болест, жално за најмалата сестра што ја оставаат така да и прави. Инџи и нејзините трауми пореално се прикажани и Farah Zeynep е добра актерка. Темава е интересна само колку квалитетно ја обработиле, ќе видиме.
Нејзините имале лош брак, татко алкохоличар, мајка и опседната само со мажот. Сега она не верува во среќен брак, а од друга страна па е со дечко како татко и алкохоличар, се обидува да го поправи. Дедо и ја контролира премногу за да не ги направи грешките како мајка и и она на некој начин му е потчинета на семејството. Ќе видиме сега со Хан што ќе направат. Ова со Сафије е премногу, дури иритирачки за гледање.
Му кажа дека навечер собирал ѓубре, дека сестра му чува прљави чаршави во станот овој му одговори као јас сакав вистината да ми ја кажеш а не да измислуваш вакви работи. Не го свати сериозно, и Хан му рече да се шегував.