Здраво дечки Мислам дека до сега нема ваква тема, па зошто да не си помогнеме и на ваков начин. Во последно време ќе слушнам за некои наши организации кои нудат различни бесплатни обуки во врска со мнг дејности, но или секогаш прекасно слушам па времето за аплицирање поминало или имаат одредени услови кои не ги исполнувам. Не битно, супер би било доколку слушнеме за некаков повик или да споделиме некоја организација за да ја следиме внимателно која нуди ралзични типови на подршка. Една од интересните обуки беше на https://www.dmwc.org.mk/ во соработка со Гјолев и Уметностите, имаа неколку недели курс за шиење, па сега знам ќе организираат базар за рачни изработи. Не се сеќавам точно како им се викаше програмата ама си имаат отворено за аплицирање онлајн и гледам доста задоволни се жените кои учествуваа. (прочепкајте по нивниот инста ќе најдете инфо) Така да и ова е начин да си помогнеме
Пред извесен период барав баш некоја организација каде би волонтирала на подолг период, ама искрено не најдов нешто што би ме привлекло. А ради-реда ништо не ми се прави. *** @KittyAgnes па да, најчесто се ограничени или со возрасна група или не знам што. Јас годинава фатив дел од обуките на Машински со 3Д. Ама си ги пратев претходно и воопшто само за тоа се пуштам на социјални мрежи. Пребарувам по клучен збор, пр. обука, работилница, повик за.. и сл.
Аха имало обуки, некоја невладина ги организирала или како проект од машински, каде може било кој да се пријави? Ја ги заследив овие https://arno.org.mk/ ми изгледаат интересни
Од Машински беа, ФабЛаб (fablabskopje види на инста за повеќе детали на програмите). Инаку, прилично позитивно изненадена од предавачот (асистент на машински). Не беше само теорија, се покажа 3Д принтањето, материјалите, можни грешки кои може да се направат при изработка на одредена фигура и сл. Вака им беше добро, отворени беа за идеи ако имаме. Можеби им фалеше малку, ај да речам да одржат контакт со присутните (во смисла за пробен проект во следните недела дена). Зашто реално и идејата не ти доаѓа во моментот, туку треба малце да размислиш и осмислиш.
Еве една убава можност. https://m.facebook.com/story.php?st...jNfEQhXdPl&id=100067224580716&mibextid=Nif5oz *кажете ако не отвара линкот.