Здраво ке ве молам за некој совет јас имам 22 години, и се заљубив во 1 дечко кој не есе бас многу заинтересиран за мене и јас иако знаев сепак му признав дека го сакам. А иначе него го запознав преку 1 моја другарка и он бесе заинтересиран за неа, ама она не го сакаше него. И откако му признав он ми рече дека сега несака врска дека сака само да се муваме. И јас бев на поцетокот пресрекна што сум со него ама јас се надевав дека нешто кесе смени дека ке бидеме во врска 1 ден, така ама работите несе променија останавме само на мување и така 2 ипол години се муваме а јас сум залјубена во него и несакам да го заборавам. И он ми викаше дека ако имаме секс ке бидеме во врска а откако имавме поцна да станува ладен со мене несакаше да го бакнам само он кога сакаше тогаш и јас така 2ипол години со него и несака никој дане види заеднно чаршија и сега поцна дами станува тешко дека он есо мене само за секс. И јас го прашав што мисли за врска он ми вика дека несака врска и да сум си фатела децко. а јас немозам да го заборавам го сакам и прв ми беше. ве молам за совет
Е каков совет сакаш, гледаш дечкото како убаво те советувал.Не биди толку наивна на 22 години. Послушај го и фати си друг дечко, зашто после 2ипол години нема да го смениш мислењето на овој
Првиот на кој си му дала не ти бил дечко ? Не ми е јасно Јас мислам дека за тие 2 и пол години ќе се каеш , изгубени години се . Љубов не е љубов ако не се чуствува од двете страни . Зошто си прифатила да се гледате скришно и за тоа никој да не знае? Како си се согласила да те уценува за да му дадеш ? Жал ми е што ќе ти го кажам ова ама тој воопшто не те сака,не му значиш те искористува само за секс додека да си најде девојка која ќе ја сака и со која патем ќе има секс . Мој совет што поскоро оддалечи се од ''фраерот'' , ќе си најдеш друг кој ќе те сака . А за тоа дека си имала односи не се грижи воопшто ,никој од новите дечковци нема да очекува од тебе да си невина ,имаш 22 години... Поздрав , се најдобро .
Колку и да е тешко сепак мораш да престанеш да се гледаш со него, јасно е и очигледно од кои причини дечково е се тебе, тоа што ти е прв не треба да те загрижува, така си се чувствувала во моментот и си се предала. Меѓутоа со твоите 22 год. досега требало да ти биде јасно дека сексот не го задржува дечкото доколку нема љубов. Значи ако сакаш чисто секс.врска продолжи, но ако очекуваш и љубов нема да ја добиеш. Тој тоа веќе ти го кажал и не надевај се напразно. Самата си знаеш дека нема ништо да се смени, плус не ни сака да ве видат заедно, ти кажал да си фатиш дечко...значи ти рекол-јас не сум ти дечко. Најди некој кој ќе те сака од вистински причини, а овој дечко заборави го.
Многу ми е мака кога ќе видам дека некој се заљубил конечно во животот, ама налетал на будала. Истата приказна со золва ми кога бевме на факултет. Само нејзиното уште полошо , тој имаше долга врска, а таа цело време се надеваше дека ќе бидат заедно, прв однос на 22 години и таа, а после тоа многу страдаше. Иако сега е мажена , мислам дека цел живот ќе го сака. Тоа е, добро рекоа сите пред мене, единствено чаре е да го оставиш, ќе страдаш некое време, после ќе почнеш полека да забораваш.Не си ни прва ни последна што и се случило такво нешто.
Па тој сам ти дал совет, фати си дечко. Тој не те сака, а ти звучиш како да си 15годишна, а не 22! Прибери се малку!
Море остај го него - не те заслужува. Млада си, излези со другарките, забавувај се - ќе се заљубиш повторно
Најди си друг кој ќе те сака онака како што заслужуваш. Овај дечко не те заслужува Животот е премногу краток за да го трошиш времето на будали http://www.youtube.com/watch?v=Mrrzlcbtwmg
Ама собрав храброст и му писав порака да се одлучи дали ке бидеме во врска или да прекинеме дасе гледаме така ама он не ми одговори ништо на пораката и знам дека нема да сака врска ама подобро е дасе помирам со реалноста иако е болна сега неголи да дознаам дека кесе зени за некоја и он дами ги даде клоците вака е подобро.
Добро си му напишала,иако мислам дека требаше тоа во лице да го прашаш...али нема врска Иначе тоа дека ти не му значиш како прво ти си била достапна во секое време за него,видел дека може да манипулира со тебе,така да што ќе му е врска...машко тоа е!али сепак да бил добар немаше тоа да ти го прави иако е машко.ај било што било,туку сега стои си на тоа што му го пиша,ако те откачи немој си го побарала,и верувај ќе те бара понатака за месец,два...но и да те бара мислам време е да ставиш крај не те заслужува...а тој тек сега ќе свати дали дали нешто осеќа за тебе...
Знам дека можеби ке беше подобро во лице да му кажам ама немав срце ама сепак собрав храброст даму ја пишам поракава и се убаво да му објаснам во неа како што треба иако ми беше претешко ама ке го заборавам.
Ќе го заборавиш верувај,кога ќе најдеш некој што ќе те сака со цело срце и ќе биде добар со тебе,верувај нема да можеш да го поднесеш овој,дури ќе си си викаш како можев да го сакам...
значи две години невозвратена љубов... јас откако сватив дека љубовта што ја давам, не ми е возвратена, по само 4 месеци врска се откажав од него, нека си крши глава Не ти е потребен таков човек, знам како е некој да ти е потребен покрај тебе... Ама така НЕ ! BEGAJ ! Што порано, ама баш SEGA ! Бегај ! Не припаѓаш со него, имаш и ти свое место, најди го !
Помири си се со реалноста и тргни се од дечково. Ти не заслужуваш да бидеш крпа за бришење или девојка на повик, кога него ќе му дојде јајцето на газот Не те осудувам за ништо што си направила, едноставно така си се чувствувала и покрај срцето ти било тешко да расудуваш што е правилно, а што не. Имаш 22 години, млада си и можеш да си најдеш некој нов дечко кој ќе те цени и сака. Да си оформиш здрава врска и се’ да биде взаемно. Најважно од се’, прекини секаков контакт со мулево кое не знае да цени!!! Не ти треба таков покрај тебе
Не си направила грешка што не си му кажала во лице дека сакаш да прекинете, иако ќе ти биде екстремно тешко да го заборавиш и да продолжиш понатака едноставно ќе мораш, ќе мора да прекинеш да се залажуваш дека кај него нешто ќе се промени и дека ќе бидете заедно, прекини ги сите контакти, нека те снема од неговиот живот, и никако немој да му кренеш и да му се јавиш кога ќе те бара, а верувај дека ќе те побара ама и сама знаеш зашто ќе биде тоа, и никако немој да паѓаш во депресија и да тагуваш за нешто што не вреди, ти посакувам све најубаво
Навистина си во тешка состојба, 2 години мајтап да игра еден мајмун морам така да го наречам извини ама навистина се изреволтирав од фактот што 2 години те искористува ваму не сакал девојка ваму сака секс па нека си најде пред МТВ има многу такви таму ќе плаќа вака нашол заљубена и занесена девојка да ја користи плус и срам му е на дечкото да ве видат зедно тој навистина не заслужува ниту малку почит од тебе, но што да прави тоа срце твое кога го сака и плус невиноста си му ја поклонила може ова ќе ти изгледа еден ден гнасно и ќе си викаш гупавата јас што сум правела за некој кој не вреди мрсулот да му го фрлиш. Мислам дека треба да апстинираш од дечковци некое време за да ти легне сегашнава ситуациа но никако не останувај дома излегувај за да не те фати депресија. Од срце ти посакувам да си најдеш момче кое ќе те заслужува и кое ќе ја цени твојата личност.
од секогаш му сум се восхитувала на тврдоглавоста и упорноста на трошење енергија на некои луѓе еве и тебе ти се восхитувам имаш 22години немислиш дека малку позрелотреба да размислуваш наместо да одиш упорно со глата во зидот какво е ова твое размислување(несакам да го заборавам)ми звучиш на незрела недорасната тинејџерка а воопшто си се запрашала што ти дал овај човек за да не заслужи да го заборавиш? биди искрена спрема самата себе и послушајги советите на девојките како што гледаш сите сме едногласни продолжи понатаму и потрудисе за некој кој ќе те цени и почитува и од кого ќе бидеш сакана кај овај човек бесцелно е све и самата знаеш
Јас не би кажала ништо лошо за дечкото-напротив, тој сосема отворено уште на почеток ти кажал искрено дека не сака врска туку сака мување, што и до ден денешен ти кажува нели-фати си дечко...е сега ова со сексов дека кога ќе му дадеш ќе бидете во врска-на напален маж ништо не му се верува, очигледно било дека лаже, само ти од преголема вљубеност не си сакала да видиш...сепак не е се загубено сеуште...оддалечи се од него, прави се дека не ти е грижа веќе за него, немој да го тормозиш (тој е навикнат да те гледа на тој начин), смени нешто кај тебе што во понашање кон него, што во изглед...и можеби ќе се сменат некои работи... П.С. Најлесно би било да ти кажам остави го не те заслужува, но сите знаеме дека некогаш не можеш да оставиш туку така лесно, затоа потруди се уште малку....ако и тоа не бива, тогаш, си знаеш...
Он и кажал дека несака да има врска, барем мојот да беше толку искрен и да кажеше дека не сака повеќе да бидеме заедно, а не од една страна до вчера ти кажува дека те сака премногу, дека си му најмило и најубаво нешто што му се случило за да после неколку дена од кога раскинавме да брка нови девојки, е тоа е вистинси невозвратена љубов