Нега по породувањето

Дискусија во 'Бременост' започната од sweet.woman, 18 октомври 2011.

  1. sweet.woman

    sweet.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    435
    Како и со што ја лекувавте раната после пораѓај со царски рез(или природно) дали користевте некој средства да ја забришувате?
     
  2. mamaHana

    mamaHana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    30
    нега после пораѓај

    Јас после царскиот немав никакви проблеми со раната,си се бањав нај нормално само мора со протечна вода и неколку пати имав ставено бетадин.
     
    На izasofi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.210
    Допаѓања:
    136.282
    Пол:
    Женски
    Во болница ме премачкуваа еднаш дневно со Бетадине, а кога си дојдов дома ми рекоа една недела со ништо да не ја чистам, ниту пак да ја влажнам. А после тоа најнормално си се бањав, ама избегнував мачкање со креми, масти, масла... постепено ми се повлекува, на краевите веќе не се ни познава дека е сечено, остана уште средниот дел да се повлече сосема. Среќа што немав конци за вадење :)
     
    На galapce и Mama25 им се допаѓа ова.
  4. sweet.woman

    sweet.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    435
    ласерски ли ти ја затвара раната
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.820
    Пол:
    Женски
    Јас се породив природно, имав рана таму доле :lol: :$ ...во врска со негата-чести измивања со изладен чај од камилица (студи, не студи-мора-брррр) и премачкување со кантарион (со памуче) и нанесување кантарион на секојдневна влошка. За 10-14 дена сите конци ми испаднаа, сами паѓаа при бањање.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.210
    Допаѓања:
    136.282
    Пол:
    Женски

    Не, интрадермално бев шиена. Имав нешто како копци на краевите, сами си паднаа, конците од матката исто сами си паднаа после некое време, а сето останато си се ресорбираше. Барем мислам дека со такви конци бев шиена :?:
     
  7. sweet.woman

    sweet.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    435
    овој кантарион го има ли низ аптекиве или каде може да се набави
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.488
    Допаѓања:
    62.679
    Мене природно кога се породив ми кажаа да не се мијам со никакви ггелови, сапуни, чаеви, само зо вода. Прво ми беше незамисливо - како тоа само со вода??? Ама многу ми беше страв да не ми се искомплицира, па решив да слушам :D
    Навика е, а можеби и организмот е поразличен тогаш, воопшто не ми трчеше што се мијам само со вода, најнормално ми беше.

    За со царски не се сеќавам, иако тоа беше поскоро. Знам дека немав никакви проблеми со раната, дома не се мачкав со ништо, ама не се сеќавам дали дома си отиов со фластер, или не. Подолго лежев во болница, околу 10 дена, па може да сум си отишла без фластер. Како и да е, кога имам рана, никогаш не ставам ништо освен вода.
     
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.820
    Пол:
    Женски
    Има по аптеки, во секоја аптека има. :)
    Искрено мене покојната ми баба (Бог да ја прости) ми имаше направено, некако од тревки од кантарион со зејтин, навистина не знам како, јас со тој се премачкував.
    Ама и тој во аптеките е добар, сепак кантарион си е кантарион. Разликата беше само тоа што аптекаркото шишенце е малечко.
     
    На nesa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.970
    Јас природно сум породена и првите денови додека бев во болница се туширав, т.е. измивав само со вода и тоа по неколку пати во денот, така ми кажа докторот, а кога си дојдов дома, една пријателка ми го кажа спрејот Оcteni Sept и го земав и ставав 2,3 пати во денот псоле секое одмивање и за 3,4 дена ми закрепна раната, немав болки, конците ми отпаднаа одма и почнав слободно да се движам и да седам, пошто првите денови не можев никако да седам, како на шилци да седев :tmi: грозно чувство :x , така да го препорачувам најтопло овој спреј кој го користев јас, преубав е за рани ;)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    го има ли кај нас овој спреј ?
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.970
    Мислам дека го има по аптеките, пошто мене ми го кажа баш пријателка од Мк дека го зела, јас го купив во Гр и тука е 9 евра големо шише од 250 мг
     
    На pepita82 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.956
    Пол:
    Женски
    После колку време паѓаат конците на раната? Се осеќа ли тоа? Што, како?
     
  14. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    191
    Јас не го осетив само ги видов конците на улошката, мене ми паднаа дента кога излегов од болница после 6 дена, само тие последните најмногу што болеа доста долго ми се задржаа :P
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.956
    Пол:
    Женски
    Сега од кога се паднати конците, би смеела ли кантарион да ставам?
     
  16. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Во сончогледово масло се ставаат само свежи штотуку набрани цветови од кантарион и се ставаат во стаклено шише да стојат на сонце 40 дена. После се трга и може да се користи.
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.956
    Пол:
    Женски
    Za zal mene mi se sluci edno loso iskustvo, koe seuste trae.
    Nekolku dena pocnav povtorno da dobivam bolka i pecenje i povtorno da nemozam da sednuvam. Zemav ogledalce i sto ke vidam, kolku nokt tocno na pocetokot od rezot kaj vaginalniot otvor, ranata pootvorena i rozevka kako dete koga ke padne i ke go oguli kolenceto.
    Vednas otidov na ginekolog, ispadna deka imalo greska vo vnatresnite savovi pri sienje, a sega ima i infekcija. Samoto mesto e tvrdo, a vaginalno me proveri se e vo red i izgladeno.
    Za da ne mi dade vednas antibiotici mi rece nedela dena so odreden gel da se izmivam, da se odmivam so topla zovriena voda a vo nea lazica sol, potoa da se prskam so sprej oxycort a potoa na gaza da stavam kantarion.

    Bolkata ja izgubiv ama vizuelno ne gledam mnogu podobruvanme.(a niz celo skopje gelot go nema) samo so ostanative raboti praktikuvam. Pa zdravje sreda/cetvrtok sum na kontrola...ako nema napredok ke mora lekovi da zemam.

    Iskreno malku poveke mi e kako teret na glava.
    Imala li nekoja od vas vakvo iskustvo?
     
  18. Lillian

    Lillian Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    47
    Сноу, кај мене беше шиено- недовршено. После 2 месеци пробав да имам односи и прокрварив. Бев на преглед, гинекологот ми рече дека ќе ми треба време додека да зарасне раната и постојано да ја одмивам со камилица и да мачкам масло од кантарион. За среќа, немав инфекција. Сега, после 4 ипол месеци, местото ми е зараснато, но сеуште е тврдо и на допир ме боли. Местото кога -тогаш сигурно ќе зарасне, но за инфекцијата не верувам дека ќе помине без антибиотик.
     
  19. emilijamak

    emilijamak Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    206
    Kazete mi dami dali posle carskiot e normalno da te boli matkata, ne deka boli neizdrslivo no sepak e prisutna nekoja bolka kako koga si malku nastinat ili pred ciklus, inaku veke dve nedeli kako sum operirana a 9 dena kako sum aktivna, mislam so domasni obvrski, pesacenje i sl....
     
  20. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Сноу, мене уште во болница ми се истегна едно конче и ми се отвори раната на крај на резот. Во болница ми кажаа да се мачкам со Хепатромбин маст после секое одење во WC и ми помогна. Откако си дојдов дома почнав да мачкам кантарион по препорака на братучедка на мм којашто се породи неколку месеци пред мене. Ништо не помага како кантарионот! Ем го омекнува местото, ем го заздравува, а на местата кај што не ми беше отворена раната дури не се ни познава дека сум била сечена. Мене ми беше убаво отворено, па еве сега полека се затвора. Внимавај само да не се преморуваш, одмарај колку можеш повеќе и ќе помине. Инаку јас по неколку пати во денот мачкав кантарион со памукче на раната и капнував по неколку капки, не ставав на влошка. Влошката повеќе го упива катарионот.