ВЧЕРА БЕВ НА ПРЕГЛЕД МЕ ГЛЕДАА НА ЕХО И МИ РЕКОА ДЕКА СУМ БРЕМЕНА 4 НЕДЕЛИ И 5 ДЕНА, НО ТРЕБАЛО ДА БИДАМ 6 НЕДЕЛИ БРЕМЕНА. МИ РЕКОА ДА ДОЈДАМ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОВТОРНО И АКО НЕМАЛО СРЦЕВА РЕАКЦИЈА ДА МЕ ЧИСТАТ. ОВА МНОГУ МЕ ИСПЛАШИ ЗОШТО ПЛОДОТ Е ПОМАЛ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА. ДАЛИ НЕКОЈ ИМА СЛИЧНО ИСКУСТВО. ВЕ МОЛАМ ЗА СОВЕТИ
Да си го јадат газот тие што така ти кажале. Стварно, што доктор ќе да беше па да ти извади памет за нешто што не е сигурен, туку те става во неизвесност да мислиш и се нервираш. Сега недели на бременост на почетокот се рачунаат според последна менструација зашто мерење на големина на фетусот и не е некое мерило сега во прв месец. Потоа откако ќе се оформи плодот се мери бутната коска на плодот и нејзината големина се совпаѓа со недели на бременост. Постои златно правило во +/- 14 дена кое го знае секој гинеколог и требал да ти го објасни. Имено таа разлика се јавува како резултат на тоа што точно нели не се баш знае датумот кога е зачнато и гинеколошки (гестациски) месеци се сите со 4 недели а кај нас месеците некогаш се и по 4,5 или 5 недели и тука се јавува таа разлика. Можеби ти е помал фетусот сега на почеток ама тоа немора воопшто да значи дека нешто не е во ред.
bozeeee se kazuva li vakvo nesto ,pa toj doktor da ne vi svetese koga go pravevte bebeto pa da znae tocno koga e zacnato.odi si kaj drug doktor neka te vidi nemoj da ostanes samo na negovoto mislenje ,sepak ti nemoj da se nerviras ke vidis deka se e vo red
Кај мене разликата беше 2 недели постојано. Бебето понапред од што треба. Па ми трубеа дека можеби имало бебето дијабетес, па ова па она. Триста глупости бре. Колку е добра напредната технологија, толку повеќе од памет може да те извади без врска. Ти можеби си овулирала подоцна, со тоа значи си останала подоцна бремена. Без грижи и нервози.
и мене истото ми го кажаа на 4д ехо, ме прегледа докторката и рече дека се било океј со детето ама било малецко ... е сега ајде свати го ти ова јас и кажав дека имам нередовна менстуација и дека не можам точно да знам кога ми била последната.. и таа ми рече да одам пак за 2 недели и да види најверојатно да види дали се развива.. и заборавив да кажам ме испрати да ја проверам крвта и шеќерот.. и после тоа да направам уште некои испитувања за скриен шеќер. И мислев да одам во Систина да видам таму што ке ми кажат ама викам ајде и така за 2 недели пак ке одам на 4д. можеби ке биде подобро..
Oва за скриен шеќер сите доктори го практикуваат во последно време. Направи си ги сите потребни анализи. А за 2 недели и за 3 месеци, може бебето постојано да заостанува или да е понапред со гестациските недели. Не оди за џабе додатно во Систина, само отиди кај друг доктор ако можеш наредниот пат за 4д. Сепак повеѓе глави подобро мислат од една.
ВИ БЛАГОДАРАМ МНОГУ НА ВАШИТЕ ОДГОВОРИ, СЕГА МАЛКУ СЕ СМИРИВ. ПЛАНИРАМ ДА ОДАМ И ЈАС КАЈ ДРУГ ДОКТОР ПА ДА ВИДАМ ТОЈ ШТО КЕ МИ КАЖЕ СЕ НАДЕВАМ ДЕКА КЕ ИСПАДНЕ СЕ КАКО ШТО ТРЕБА.
Cece25, секој доктор различно пресметува. И нон сто е разлика од +/- 14дена, ете и самие членки претходно ти пишаа. А тоа што ти рекол за срцева реакција е нормално, обично по влезот во 6тата недала одат на проверка за срцето.И нормално е пу пу недај боже ако нема реакција да има чистење.Но ти не си единствената која чекала за до 6та недел, уживај си не се замарај. И со лесно и убаво нека ти тече бременоста
Леле, буквално истово ми го рекоа и мене денеска кога бев на лекар. Тоа ми беше прв преглед и наместо да се израдувам излегов од таму крајно загрижена. Требало да бидам 6 недела и 2 дена арно ама плодот мал, одговарал на 4 недела. Освем кесата не се гледал плодот. Ужжжжаааассссссссс...
^и на другарка ми во фебруари/март и рекоа дека една недела е плодот наназад според развојот.....и кога стигна некаде 16та недела, испадна дека е понапредно значи не се замарајте со тоа, гледајте да има срцева реакција,да е се нормално, да е во ред со органите...и сл.
Не се секирај не е ништо страшно, јас кога бев првиот пат на преглед кај матичниот не можеше да види дали сум бремена или не. Ми рече имало некоја црна сенка да не било тоа, и почекав некое време па пак отидов ама, вториот пат немаше нишо. Ме извади од памет демек било ванматерично. Јас почекав уште малку и отидов приватно на вагинален преглед и таму ми кажаа дека е се океј и дека нема потреба за паника.
А на мојот прв преглед кај гинеколог, по 2 теста позитивни, ми рече да не се многу радувам, мош да не е нешто во ред и да не кажувам на никој. Ми рече дури после 2-3 недели да отидам да ми потврди бременост. Јас си заминав кај подобар доктор кој веднаш ми ја потврди бременоста. Да не сум оф топик, анчетупанче, најверојатно и кај тебе се работи за исто, си останата подоцна бремена, т.е подоцна ти била овулацијата. Почекај уште некоја недела за срцева реакција. И само лагано и опуштено
Не сум имала искуство за да правам муабет на оваа тема, ама моите родители знаеле дека ке се родам 2 недели подоцна зошто докторите утанле со сестра ми така.... значи се прават такви грешки секогаш. Никој не е видовид па да знае точно кога е оплодена јајце клетката.
Денеска ке одам повторно на преглед, ама кај друг доктор да видам тој што ќе ми каже се надевам дека се во ред, дај боже. Неможам да се смирам цело време мислам само на ова.
Бев на преглед и ми рекоа да почекаме уште една недела, но ми рекоа дека немало ембрион и дека можно е да cе работело за некоја болеcт мола и дека незнаеле од што наcтанува и како cе лечи. Не ми дадоа многу надеж незнам што да правам. Дали некој знае за оваа болеcт?
Аууу.. баш и јас чекав да видам што ке ти речат и види какви вести. И мене ми рекоа дека има само гес. кеса но не и ембрион во неа но не ми спомнаа ништо за таква болест. Ми рекоа само дека постоеле такви случаеви каде што не се развивал плод а кесата пукала сама од себе. ( а тоа ке го увидиме со сигурност после две недели- ОДИ ОСТАНИ ЖИВ ТИЕ ДВЕ НЕДЕЛИ!!!!!!!!!!!!!! ) Баш и мене ме интересира дали некој слушнал за таква болест??? Е дефинитивно ми е жал Цеце25 ..... А ја едноставно умревввввввв од нервоза..Еб..таква бременост!!!! http://tvoebebe.com/BREMENOST/molarna.php еве нешто ...
Јас знам за болест кој се добива од мачки. Дека не е препорачливо да се приближуваат трудници до мачки кои шетаат надвор, зошто може да има спонтан абортус, или мртвороденост (недај боже), на линкот предходно постиран убаво пишува. Без нервози, што и да се случи така требало да биде.
Девојки како тазе правена од 4д во Систина ви препорачувам да не се секирате толку, јас сега бев докторот ме виде и ми рече дека е таман бебчето 600 грама супер се развива , ми рече да не се плашам бидејќи никој не може да знае кога сум останала бремена
И моите недели не се совпаѓаа. На првото Ехо немаше апсолутно ништо, само ХЦГ покажа зголемено ниво, иако ми доцнеше скоро 2 недели. Па после 10 дена правев второ ехо и се потврди бременост. Според последната менструација компјутерот пресмета 7 недели, ама докторот рече дека според големината и изгледот нема шанси да е толку, па го мереше само по дијаметар и рече дека одговара на 5 недела и дека добро се развива баш затоа што таа гестациска кесичка добро се познава.После тоа отидов по 2 недели и одма се виде дека плодот одговара на 7 недели како што пресмета докторот и имаше срцева акција која и сама ја видов. И тогаш и докторот ми кажа, дека е зачнато покасно и дека затоа не се видело порано и не одговара на теоретската пресметка на недели од последната менструација, меѓутоа дека во реалност плодот е сосема во ред.