Здраво луѓе! Неодамна имав прилично долга врска .. (една ипол година), ии пред 4 месеци раскинавме. Сега имам нов дечко идеме 2 месеци и незнам некако многу чудно се однесува. Можеби мене така ми се чини бидејќи бев навикната на поинаков однос кон мене со бившиот.(значи често да сме заедно,да си се јавуваме,да си пишуваме пораки итн.итн. ) Сакам да кажам новиов дечко ми вели дека му значам,дека ме сака,дека му е преубаво додека е со мене... али тоа некако мнг потешко го покажува. Јас неможам да го сфатам. Се гледаме на пример 3пати неделно само.. се слушаме еднаш во денот некогаш и само на мсн или на фејсбук. Јас искрено тоа не го сметам за врска .. барем НЕ за озбилна врска .. Можеби е рано да судам али сакам на време да си ги средам работите бидејќи ако заидеме подолго може и касно ќе ми биде допрва да му кажувам што ми смета... Незнам што да правам до сега веќе еднаш имаме правено муабет ии ми вети дека ќе се попраи и ств се смени на некој начин.. но .. сепак не е тоа тоа јас што го сакам .. и мене што ми треба... Што да правам дечкиии??
Доколку си сигурна дека не ти одговара и не е тоа што го бараш, откачи го со време и не се врзувај, затоа што ќе станува се' потешко и потешко. Од друга страна , сите луѓе се различни. Тоа што го кажуваш, т.е. вашиот однос, нешто слично имам и јас, гледање три пати неделно, слушање еднаш дневно, се' уште не сме си искажале така силни емоции, без брзање и напнување. Мене ми е преубаво, јас не сакам да гледам некој секој ден, ниту да го слушам, сметам дека така луѓето побрзо се заситуваат еден од друг, станува монотоно, преоѓа во навика, не сфаќам парови што ден и ноќ не се одлепуваат еден од друг, делник, празник, одмор, Нова година секаде заедно, и од ЈАС, стануваат НИЕ, ние сакаме ова, ние одиме ваму, аман .... Поентата е таа. Не велам дека јас сум во право, си кажувам за себе. Има и друг тип на луѓе, си сакаат постојано внимание, гледање 24/7, бескрајни разговори по телефон, киснење на скајп или мсн, па додади уште по 30 смс дневно. Ако така сакаш, а не го добиваш од овој дечко, едно знај - тој нема да се промени. Некои луѓе не искажуваат емоции и тоа е тоа. Не дека не ги чувствуваат, едноставно им е потешко.
Секој различно ја покажува љубовта. Можеби е сеуште рано за да се зближите толку многу, си била навикната на таков однос со претходниот дечко, па сега ти е чудно и тоа е сосема нормално. Пробај прво ти да го приспособиш него на таква врска на каква што си навикната, а ако гледаш дека не оди, дека не сака да биде толку отворен, во тој случај обиди се ти да се навикнеш на новата ситуација. Секој човек е различен, а можеби во иднина ќе се измени.
Јас не гледам проблем тука, освен дека си навикната на нешто друго од порано. Мене мојот ми се јавува 20 пати на ден и искрено, тоа ми смета, и станувам нервозна. Доволно е да се слушнеш еднаш и да си испланирате кога ќе се видите, а не да се слушате постојано и само што правиш, каде си, со кого си. Имајте си своја приватност, а тоа што би го збореле по телефон, оставете го за тогаш кога ќе бидете очи во очи. Секој сака воздух. Најдете се на средина.
Дечкии. Денес правев муабет со него и му кажав што ми смета. Му кажав ако веќе не е спремен за врска да останеме само на мување што би се рекло. Но тој ми кажа дека несака да биде само на мување со некој што му значи. Ее да ви кажам тука малку ме збуни т.е малку повеќе . Очигледно не сум навикната на вакво нешто и можеби и заради тоа и така реагирам. ЈАС несакам да бидам со него 24-7. Само сакам да ми посветува исто толку внимание како и јас на него. Значи денес ако не бидам уклучена на мсн да ми пише или да ми се јави. А не само у инбокс на фб. Или ДРУГАРИТЕ секоашш се тука на исто место како и јас тоа мнг ме нервира додека на бившиот му бев секогаш јас на прво место а после се останато.. Еве утре се дог ќе искочиме да праиме муабет па .. ќе видам што како. А да , ќе заборавев во разговорот прееска исто ми кажа дека јас сум брзала дека некој раб сами по себе доаѓаат. Но не би рекла така бидејќи ја и он не сме две недели заедно па да не приметам некој работи.. Добро сепак .. фала ви на советите мислам дека не барам премногу. Чао чао.
Една забелешка: никогаш немој ни случајно да го споредуваш со бившиот. Да чинел бившиот, тој ќе бил до тебе, а не сегашниов дечко
Хмм.. нејќам да го споредувам со бившиот. Му раскинав на бившиот поради тоа што беше БОЛНО љубоморен .. и едноставно неможев да издржам со таков човек у врска.. Само сакам да кажам дека бев навикната на нешто сосема различно од ова .. И незнам дали е до тоа проблемот што сум била навикната на сосема друго нешто, или пак навистина ова не е врска каква што би требало да биде!
значии истото се слуќува со мојто дечко...(искрено не сум заљубена во него т.е. во друг сум) но го сакам на еден начин и ако ми посветува внимание една третина од тоа што посветува на другарите би била ептен среќна...бидејќи не сум заљубена ептен во него смао го сакам како личност така добро дете ми кажува ме сака ово оно но се гледаме околу 3 пати неделно и повеќе у инбокс на фб ...а нејкам да му раскинам зошто веке сменив 1 и имав еден мувач за период од 1 година па ...
Леле искрено ама се запна со ова навикната та навикната. И јас бев навикната бившиот да ми намавнува. Треба да жалам оти сегашниот не ми намавнува? Биле тие времиња и поминале. Прилагоди се на новата средина.
sekogash vikaat deka posle sekoj ide podobar...noviot decko e u pravo koa vika deka ne treba da se brza...ti sakash dasi vo centar na vnimanie...oladi malce...reci mu deka ti smeta so na fb ti pisue,a ako sakash da ne ti pisue tamu pa izbrishi si go ti fb...i da znaesh deka ne e ubavo da go sporeduesh bivshiot so noviot..da ne dae gospod da se ispustish i pred noviot neshto vakvo...uzivaj malce i relax ...
Јас мислам дека ти си заљубена во бившиот..постојано го спомнуваш и сакаш да најдеш некоја копија на него . Убо ти велел дека се со време иде..машките не сакаат избрзување.Истово ова внимание го барав и јас ..но го добив кога тој сакаше а не ЈАС! - А знаеме дека со сила да го принудиш не верувам дека ќе можиш..не избрзувај ,почекај уште месец,два ќе видеш дека ќе се сменат многу нешта
мислам дека од една страна премногу е рано за да кажеш до каде ќе оди врскава ,сепак на почетокот постои само привлечност љубовта се јавува подоцна со тек на време барем во мојот случај е така од тоа што прочитав забележав дека сеуште имаш чувства кон бившиот дечко најдобро размисли зошто си со сегашниот дечко ако причината е за да го преболиш бившиот според мене таа ќе да е тогаш најдобро е да ставиш крај на врската и да не си го трошиш ни своето време ни неговото и да си оставиш малку повеќе простор за себе е сега не е битно која е причината за крај со бивчиот тоа ти си знаеш ,доколку си повредена остави време да помине додека да преболиш и да си анјдеш некој што ставрно ке ти се допадне и ќе ти одговара карактерно не си дозвоувај да ја следиш онаа додека го чекам вистинскиот ке уживам со погрешните поздрав се надевам ќе ја разрешиш дилемата наскоро и ќе ни пишеш убави работи
Се сложувам со коментарите над мене . Рано е да му бидеш некому важна и на прво место , 2 месеца се малку на некој под кожа да му се вовлечеш . Оди полека , ако ви е судено нема да избега и тоа да си му важна и да сте често заедно , секако ако тоа и двајцата го сакате . Не се брзај , се во свое време , само почеток е ова , запознавање да не кажам . Немој да го споредуваш со бившиот , не е фер спрема него ( сегашниот ) , лошо е тоа .Навикната си да , ама веќе не си со бившиот . За секоја навика има и одвика , нели ? Можеби сепак треба време да си дадеш , можеби уште го сакаш бившиот .. Со среќа
Јас па не сум задоволна од односот на сегашниот дечко со кој сум скоро 3 години! А ти почекај малку, после подолга врска нормално дека идниот ќе го споредуваш со сегашниот! сфатив дека љубовта не трае вечно, поважно е да се има почит, разбирање и попуштање... љубовта е минлива работа ако ги немаш овие други вредности!
Премногу е рано за тоолку зближување. А и си излегла од долга врска па не ти препорачувам баш сега да се залетуваш. Работите сами ке си дојдат на свое место..Со тек на време ако се сакате ке станете неразделни. Е овде грешиме ние уште на почеток се зезнуваме, наместо да пуштиме самото да си тече како што треба.
ne ti se dopaga odnosto? cc..abre uzivaj malku...rano e uste 2 meseca...inaku jas so decko mi odam 3 meseca i na pocetkot se bese epten mirno ..nzn..kako da nemav decko ne go ni sakav tolko (kako sto pisuvase pogore) imase samo privlecnost i sega veke 3ti mesec go sakam do nebo iako e malku mozebi rano ama mnogu raboti se smenija se poblizok i poblizok stanuva so mene se e poubavo i poubavo..taka da uzivaj...ke bide podobro ...Garant!