Zdravo feminkii, jas sum nova vo forumov, pa sakav da slusnam vase iskustvo so nezasluzenite ocenki, odnosno ocenite sto gi dobivaat preku vrski. Imam mnogu losi iskustva, znaci jas sum sega za 8 odd. i vo oddelenieto imame edno devojce sto tetka i e direktorka na ucilisteto i taa ocenite se gi dobiva preku vrski, a stvarno nisto ne znae, samo deckovci brka i petkite taka na gotovo si doagaat. Toa za nie sto ucime e stvarno mnogu neprijatno, eve licno jas, site mi se petki i zavrsiv 5,00 ama bez nitu edna vrska, za razlika od nea. Imam i drugi neprijatnosti za koi ke vi raskazam podocna.....pliiiissss kazete mi vase iskustvo kako se snaogavtee...... EDIT: Se izvinuvam ako temava sto ja otvoriv e dupla, gi razgleduvav, no ne zabelezav takva
Такви имало и секогаш ќе има. Тетка и е во тоа школо директорка, нема да биде и во средно коа ќе отиде. Ти гледај си за тебе, учи си. Зошто оценките не се мерило во животот. Може да имаш послаби оценки, ама многу повеќе знаење, и обратно. Само што тоа ќе го разбереш малку покасно во животот. Учи за да знаеш, не за да имаш 5ки
Не се замарај ти со такви лигли, ги има и ќе ги има, ехееее покасно коа ќе потпораснеш само колку неправди ќе изнагледаш и ќе ги почувствуваш ама немај гајле така само стануваш посилна и поиздржлива, се јачаш и тоа ќе те мотивира да се потрудиш да бидеш уште подобра и поуспешна. Батали ја нејзе, посвети си се на учењето, учи си за тебе не за оценката, бројка е само тоа и апсолутно ништо не значи и не е никакво мерило за знаењето.
Уште си основни, тек после што се не ќе видиш. Едноставно тоа е, живееме у мкд. Гледај да се снаоѓаш за себе на крајот на денот
Ти да си учиш за себе ,знаењето што ќе го стекниш секогаш ќе ти вреди.А за другите ич да не ти е гајле ,нека имаат ако сакаат и пет дипломи пак ќе си бидат тутурутки и ќе се дружат само со исти тутурутки како нив,зошто реално да седнат на маса со луѓе кои навистина учеле,уста не ќе можат да отворат.
Не се секирај, јас не сум фаќала врски за оцену никогаш, моите не сакаа да слушнат за таква работа, а во мал град кај што сите се знаеме со сите тоа е лесно… учев ама не бев супер одлична туку имав некоја 4ка основно, средно поминував многу добра, отидов на факултет и презапишував предмети, паѓав, не дипомирав на време, просек немав ама завршив и имам одлична работа, заработувам одлично.. сакам да ти кажам дека и јас имав соученици кои поминуваа така со врски ама сега се во незавидна состојба… подобро бори се сама со животот од сега одколку да ти биде се на готово и да бркаш дечковци, подоџна ќе ти се исплати ќе видиш верувај сите сме поминале низ тоа, не е нешто ново туку го има во секоја генерација и во секое школо
Ти ја сфаќам фрустрацијата и имаш право ама реалноста е таква ЗА ЖАЛ. Во средно и на факултет ќе биде уште полошо. АМА! Твоето стекнато знање е твое, никој не може да ти го одземе. Ти ќе растеш во секој план, другиве ќе останат на училишно ниво интелектуално и на 30 години.
Рачунајте на тоа дека еден ден ќе треба луѓе да лечите или да имате некоја одговорна работа каде оцените нема да ви се мерило за вашето стекнато знаење. Учете за да научите а не за оцени.
Таа цел живот ќе фаќа врски, ама ако е така научена ќе подлегне на секој малку поголем предизвик, за разлика од вас кои сте научени на 'неправди'. На факултет можеби нема да ја има оваа среќа и без знаење ќе заврши. Кога таа ќе се мачи тогаш со основното, вие веќе ќе се градите како личности. Само запомни дека секогаш имало вакви, па не и' се замарај. Ти си терај по своето, а и таа. Ќе се види кој каде ќе стигне со образованието подоцна.
Ваквите просперираат поради мислења од типот „не се замарај“. Им се попушта и си тераат. И утре ги газат оние кои поминале со сопствен труд.
Медиуми, надлежниот инспекторат, МОН... Формално или со протести. Начини има, само волја можеби нема. Не сама оти сама нема да успее. Ама, групно. Прво соучениците да се разберат меѓу себе, дали и колку им смета. Потоа, родителите да се организираат и да побараат средба со директорката. Да извршат притисок врз неа. Треба да се обединат за да имаат поголеми шанси. Ако не престане да ѝ обезбедува оценки, да ја пријават и да побараат да биде сменета.
Охоо секој втор е со врски, а и да не е, исто ко да е. Прогледуваат низ прсти и пишуваат петки на крај на учебна година. И тие што не знаат да читаат скоро имаат по некоја 4ка. Па дури и да учиш, пак никакви знаења и вештини нема да стекнеш што би имале вредност дури си во основно/средно. Во училиште не се добива знаење посекако. Вака беше дури учев јас, знам дека е различно од училиште до училиште. Јас на училиштата повеќе гледам како место за социјализација и слободно време.
Кога бев основно имаше две вакви ученички. Се' од ова сакавме да направиме зашто бевме деца и револтот беше голем. Прво, наидовме на пречка од нивните 'другарки' (беа популарни и имаа многу пријателки) кои ги заштитија и тврдеа дека им се заслужени оценките. Автоматски половина клас падна во вода. Останавме уште некаде 15деца да бараме 'правда'. Зборувавме со родителите дома и останавме уште 5 деца, зашто на родителите не им се замараше и велеа "ништо нема да смените". Нашите родители па одбија да отидат во училиште. Тие 5 деца рековме на наставничката и таа не' направи будали, дека се мразиме меѓу соучениците, дека не треба се' да сфаќаме озбилно... Е, тука веќе ни пукна филмот и после тоа разочарување не се жалев ниту во средно, ниту на факултет. Потполно те разбирам и те поддржувам во тоа да се побуниме и да биде крај на оваа тортура. Ама, сопки ни ставаа оние од кои баравме помош. Џабе ние се буневме кога немавме поддршка од никого, ни од родители, ни од наставници(зашто и тие се преку врски).
За работава, цел систем од корен треба да има промена. Зошто и над наставниците има надредени и над надредените надредени итн... Сум била сведок кога прекрасна професорка потклекна под притисок, се бореше против вакви родители, врски и врскички ама џабе, зошто и ја ставија работата на тенок конец. Кога видов колку е сменета, едноставно и ја згаснаа желбата за работа, а одличен педагог пред се беше. Затоа образованието ни е во го*на, мал број деца писмени во целост, а тој мал број со тежок труд постигаат, па си бегаат од тука.
Имав таква на факултет. Татко и на подобра функција, попознато презиме, плус член на партија. Десетки добиваше одма, се знаеше зошто, а немаше некое знаење. И погодете што? Само таа се вработи по струка веднаш, а за тоа што го студиравме ние нема работа во нашава државичка, ретка ни е струката, но за неа специјално се најде. Врските се прават. Еех моја Македонијо.
Врските ги има сегаде, Македонија не е единствена... Мој совет девојче млада си, гледај си за тебе. Како што ти кажаа учи за да знаеш, утре никој нема да те праша какви оценки имаше на факултет, не па у основно и средно. На работа ќе те ценат по тоа што знаеш да работиш, а не оценките. Надоградувај се постојано, учи, читај многу и стручна литература, гледај да си бистра, речита и паметна. И запамти, оценките и да ти ги земат е океј, ама знаењето никој не може да ти го земе