Кои прашања ве вадат од такт? Јас навистина многу се нервирам кога прашањето го подразбира одговорот, а ме прашуваат колку само да слушнат од мене. А да...и сите прашања по проектен менаџмент
Дојде? Јадиш? Спиеш веќе беше спомнато Уште си пред компјутер? ... и слични прашања кои не се прашуваат за да се добие одговор, туку за да се прави празен, бесцелен муабет
Следново прашање не само што не заслужува одговор, туку и ГО НЕМА! И? Што И? Кога веќе нема што да прашаш следува И?!
Особено кога доаѓа од устата на девојка која очигледно е фрустрирана што избрзала со брак, раѓање итн. И со која не сум никако посебно блиска. И ја гледам 3 пати во годината. И 3 години по ред, кога и да ме види ми го поставува прашањето. А ти детенце, кога ќе си родиш? А нали, ко што ме дал Господ, кога ќе чујам глупаво прашање, обврска ми е да одговорам саркастично па последните 2 пати и одговарам: Па еве сега. За 3 саати. Можеби. А можеби и не. Абе ми фали едно небитно деталче. Како се викаше де? Речи го! Ау да ми текна! Ми фали ТАТКО за детево!
Пак ти се јаде? Де бе, се засекиравте сите за мојот начин за исхрана. И како животот таму? Значи коса ми се крева кога на некој со кој сум се поздравила два пати, треба да му објаснувам што и како. Затоа и стално одговарам, појдете видете, од прекажување не се оформува слика. И најново, лична порака на Фејсбук во стил, "каде си да коментираш за сликана", и тогаш за инает не коментирам ништо.
Прашања од типот имаш дечко? Кога влегуваш дома ти викаат дојдееее? Не не дојдов Кога ќе те разбудат сабајле и секако не ти се прави муабет - што ти е? Пак на лева нога станааа? Се скара со дечкото ( на кој 12314534 пати им имаш кажано дека го немаш) Многу ми напињаат со ова дечко та дечко Ќе им однесам девојка за да престанат да прашуваат.
koga ke stanam na utro odma sleduva prasanjeto: ke jades? Aloo vo moi 22god nikogas nemam pojaduvano odma koga ke stanam ama bas nikogas i od kade sea pak istoto prasanje? [mod-kirilica:3udalgwv][/mod-kirilica:3udalgwv]
Со другарки се шетате или сте седнале на некоја клупа. Поминува некој и: Шо прајте бе?... Спојлер -Ајвар.
И како ти оди со школото ???? А љубовта???? Еј уште сте заедно ??? и тоа прашање од личностсе што што ни најмалку не ти е блиска
Кога ќе ми се јави некој на домашен и ќе ме прашаа КАЈ СИ. Па каде можам да бидам кога дома ми се јавуваш или колку да се праша нешто.
Ало. Ало. Спиеш ??? Мхм. А што праиш??? Тоа е мајка ми. Тотален талент понекогаш. Ова еднаш се десило ама ми идеше да и влезам преку слушалка. после истото како Трендафилка. Аууу си се подздебелила. Е да и ич тебе да не ти е гајле. Воа тетките претежно. После ... Имаш дечко ?? Колку време сте заедно ? Толку. Ауууууууу многу. И ќе почне од каде е што е кој го родил каде кога матичен број колку пара гаќи има и се по ред. Претежно баба ми еднаш месечно обавезно ме дави ! Татко ми - Многу ми брза маусот дојди си дома не знам што му е ?? И кај си ??? ( ова е на мајка ми секојдневно прашање по 5441454 пати што го поставува) А претходно сум кажала до колку сум на предавање и каде ке одам после тоа доколку одам негде. И дедо ми ме вади од такт секое сабајле кога ќе ми рече се наспа ли ??? А јас прст пред очи не гледам 7 саат едвај сум се дигнала од кревет. Ама што да му правам стар е знам па му одговарам културно. сега толку ми текнуваат
Одиш по улица го среќаваш комшијата и додека се разминувате ти вика Здраво, добра си? Одговорот не го ни дочекува