Биографија: "Next Time" е рок дуо од Скопје, Македонија кое е составено од двајца браќа близнаци Стефан и Мартин Филиповски(родени на 20.09.1986 г.). Стефан е frontmen на бендот како главен вокал, додека пак Мартин свири гитара а воедно е придружен вокал. Дуото за првпат се појавува под името "Next Time" на почетокот на 2008 година, а претходно настапувале како гараж бенд(CarWash, X'S) и на неколку детски фестивали(Златно Славејче 1996, Сидо 1996). Со нивниот прв албум наречен "Next Time", кој е издаден по само 8 месеци од нивното појавување(декември 200, тие се стекнаа со огромна популарност, за денес да се важен дел од македонската музичка сцена. Дискографија: -Next Time (200 Концерти: - Универзална сала - Скопје, 25.12.2009 - Хераклеа - Битола, 20.08.2010 Награди: - Радиски фестивал "Ѕведена ноќ 2008" - Летен хит "Ме мислиш ли" (Јуни 200 - ТВ Орбис - Ѕвездена Орбита На Популарноста (Август 200 - "Охрид Фест 2008" - Дебитанти на годината со песната "Ме остави сам да живеам" (Август 200 - "Макфест 2008" - Прво место во полуфинале и второ место во финале со песната "Без тебе тивко умирам" (Октомври 200 - Радиски фестивал "МАРС 2008" - Хит на годината "Ме остави за да живеам" (Декември 200 - "Скопје Фест 2009" - Прво место и претставници на Р. Македонија на Евровизија 2009 со песната "Нешто што ќе остане" (Февруари 2009) - "Златна Бубамара на популарноста 2009" - Најперспективна група за 2008 (Февруари 2009) - Радиски фестивал "МАРС 2009" - Второ место со песната "Нешто што ќе остане" - "Таа и Тој" - Најмомчиња за 2009 (Февруари 2010) - Радиски Фестивал "МАРС 2010" - Второ место со песната "Убава" Веб сајт: http://www.nexttimeband.com/
Next Time Мене ме чуди како Вајлд не ја отворила темава Дечките ми се симпатични,повеќе ми се допаѓа некако Мартин но во глобала,за наши простори се океј. Имаат симпатични песни,лесно се пробија и за кратко време..ОП..успех! Ми се допадна многу нивната евровизиска изведба... Омилено песниче ми е: http://www.youtube.com/watch?v=s_X1t5fJ5qM
Next Time Мене ми беа подобри кога беа CarWash, односно X'S бенд. Подоцна се растурија и Мартин и Стефан основаа свој бенд, Некст Тајм. Порано имаа многу поквалитетни песни и подобри текстови. http://www.youtube.com/watch?v=vYdB0jfvTbw http://www.youtube.com/watch?v=o14nYRGj ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=l-mfUi2R ... re=related Еве три од нивните четири песни во тој состав. Потоа нели почнаа како ексклузивци на План Б продукција, мислам дека тука им беше грешката. Да дека менаџерот Кристијан ги направи славни преку ноќ со само еден сингл, но премногу избрзаа. Албумот го издадоа прерано и повеќето композиции од истиот многумина не ги знаат. Kога излезе „Не верувам во тебе“ со душа чекав да ја пуштат на К-15 , а најмногу ми се допаѓа „Ме мислиш ли?“. Првите четири композиции некако ми се највпечатливи („Не верувам во тебе“, „Ме мислиш ли“, „Ме остави сам да живеам“, и „Без тебе тивко умирам“). Од албумот би ја издвоила англиската композиција „Why did you go?“. http://www.youtube.com/watch?v=s2bzxCqDaSw
Next Time Морам пост врз пост бидејќи се дозволени само пет линкови. На многумина не им се допаѓа бојата на гласот на Стефан, но според мене е одличен вокал. Еве нешто во живо од последниот концерт во Битола. Јас присуствував на двата и беше одлично. Имаат контакт со публиката и одлични се на сцена. Секогаш преферираат да пеат во живо. Еве нешто од концертот во Универзална сала каде што Мартин ја испеа Изгубен со помош на Стефан. http://www.youtube.com/watch?v=GijdDZd3I0o http://www.youtube.com/watch?v=fPuvHX57EdM Како личности се супер, не се со носот во облаци и не ги промени славата. http://www.youtube.com/watch?v=9f3yaI45BoI
Многу ми се глупи. Незнаат интервју асално да дадат. Досега барем толку време помина, би требало да ја снемаат тремата. Ова зборам за интервјуа.
http://www.youtube.com/watch?v=ubS4oXvKw_Q http://www.youtube.com/watch?v=zl5kbNDHl2s http://www.youtube.com/watch?v=lk0HkHZQR5w http://www.youtube.com/watch?v=h5mPv5lAnAg Па вака момциве не ги обожавам многу но имаат убави песнички. Енергични се симпатични и слатки .
Рок дуо ова ме изнасмеа! Преглупи ми се, едноставно ми се антипатични! Не ги разбирам никако сите интервјуа глупости тресат, не знам што се умсилиле. Стварно не сфаќам како ги сакаат воопшто немаат некој талент за пеење ниту за свирење едноставно прости ми се.
Искрено.... малце ми одат на живци Не како интерпретатори, туку како појави. Стефан посебно. http://www.youtube.com/watch?v=S6_bgmK86mU Добар спот, патем
Искрено и мене тој многу ме нервира Мартин ми е 1000 пати поубав од Стефан, а спотов е најубав од сите досега нивни спотови
Не ја следам доволно нивната музичка кариера и тоа што го работат, така да не сум компетентна да зборувам и давам коментари за нивните (не) квалитети. Тоа што го имам слушнато од нив, поголемиот дел ми се допаѓа. Имаат убави песни, тука - таму видеоклипови... и така. Некои од нивните песни кои ми се допаѓаат. http://www.youtube.com/watch?v=1uxiUa-k6-s http://www.youtube.com/watch?v=6Y7L6yrb ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=ssmoC9TI ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=RgrQOhH1 ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=tacg_K6I ... re=related (убава верзија)
ааааа ги обожаваааааам! Ги следам од почетокот на нивната кариера прекрасни песни имаат. Стефан има супер глас ,а Мартин супер свири гитара дечкиве се ептен квалитетни (според мое мислење) Можеби немаат некое однесување пред камера ама ќе научат млади се.
Воопшто не ми се допаѓаат-нити како изгледаат ,нити како ги склопуваат речениците на интервју,нити кога маваат со косата читај џбунот на сите страни Инаку песните нивни ми се многу убави,со убав текст,пријатни за слушање,ама не и за гледање
Типциве ми се тапа,и ми личат на бледа копија на Влатче Илиевски,кога беше во Морал. Глас немаат,песните им се шупче,освен една што ми се свиѓа. Ниту се убави,ништо,онака мало плусче имаат само што не се ептен дигнати,и не се занесуваат многу.
Во овај живот е тешко да пронајдеш некој што те разбира зар не ??? http://www.youtube.com/watch?v=gk85dFjcKDA Песнава ја обожавам штета што нема спот4е .Сакам да ги слушам а не и да ги гледам Само Мартин сакам да го гледам а Стефан ми иде по нерви.
мене ми се супер имаат певливли песни, како група ми се интересни, најубав ми е Стефан, црно си е црно , на јутјуб ми се пријатели , најубава песна од нов ми е “кога лажеш каде гледаш„.
Добри се дечкиве, скоро па одлични Не, шала на страна, убаво пеат т.е. свират, имаат убави песни...сега зависи каков стил на музика слушаш, затоа и многу не ги сакаат. Еве на пр. Рамо за плачење, Нешто што ќе остане, Кога лажеш каде гледаш ми се поомилени! Али, сите се супер!
http://www.youtube.com/watch?v=rmVqj2skObE Најновата песна отпеана на хрватски јазик. Мене ми се допаѓа.