1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Немам среќа во љубовта...!!

Дискусија во 'Сингл' започната од lovelygirl1, 10 октомври 2012.

  1. lovelygirl1

    lovelygirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    8
    Не знам до што е...? Дали е до мене дека премногу прибирам кога станува збор за машки, дали нешто не правам правилно или само имам МНОГУ ЛОША СРЕЌА??!
    До сега сум немала сериозна врска, додека повеќето од моите другарки моментално имаат дечковци.
    Јас знам дека многу од вас ќе кажат како сум уште мала, како има време и сите тие работи, но ставете се на мое место... како би се чувствувале кога скоро сите од вашите другарки имаат дечко, или барем предходно биле во врска, а јас поима немам како е да бидеш во врска?
    Не се жалам дека не ми се пуштаат машки и сето тоа, но зошто нема некој нормален за врска? Или зошто тие јас што ги свиѓам секогаш ми тргнува наопаку?

    Едниот е далеку од оваа држава, другиот само што си фати женска ( и не можам да ги поднесам неговите објави на фб) а тој што во последно време ми се свиѓа-со него си немам ни едно обично здраво, а учи во моето училиште и го приметувам дека ме гледа а не знам што да превземам..!!

    Е таков е мојот љубовен живот.. тотална катастрофа!!
    Не знам што да правам, да си речам- ќе почекам и ќе оставам на времето да си го прави своето... ни тоа не бива...
    Ќе паднам во депресија од оваа лоша среќа, не е можно ова да ми се случува, не можам да поднесам веќе...

    Дали некој од вас се наоѓа во ваква ситуација или барем се наоѓал? Ми треба помош и било каков излез :( :( :(
     
    На Зуси и Lolo5 им се допаѓа ова.
  2. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    |( Девојко како прво имаш само 17 години. Второ изгледа си се преценила (ќе мора да си ги симнеш критериумите за машки). Трето кога веќе си приметила дека и тој те гледа ќе му пријдеш ќе започнеш муабет ќе се здружите и потоа сами ќе си течат работите. Јас не гледам никаков проблем или баксуз во твојава љубов. Искрено мислам дека претеруваш. :^)

    Извинете за грубото однесување, ама само си кажувам мислење. :)
     
    На Chuck-Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Lovelygirl1 добредојде во клубот. :hai: :D
    Не се оптеретувај толку, дека има време , точно е.
    Ако не си разгледала повеќе околу себе, има многу кои не се во врска, и сите можат како тебе да одберат да размислуваат и да речат дека немаат среќа во љубовта.
    Се до моментот кога ќе си се погодиш со некој, можеш да речеш за себе дека немаш среќа во љубовта, а и потоа може да ја прекинеш врската и пак така да речеш. Можеш да влезеш во брак, и кога ќе се разочаруваш од партнерот да ги погледнеш тие што во моментот им е добро, и да си речеш пак дека ти немаш среќа. Или да го оставиш, и пак да се најдеш сама и пак исто да помислиш.
    Треба да бидеш пореална за твоите можности, и да не идеализираш,
    зашто идеал постои само во бајките.
    Ако немаш преголеми очекувања нема да се разочараш.
    Млада си, можеш и да чекаш да ти дојде сам.
    Ама ако ти е здосадено од сингл животот , активирај се повеќе, и не се концентрирај веќе на тие со кои не можеш да бидеш, погледни околу себе, има доволно дечки.
    Движи се повеќе, имај свои занимации, хоби, активности преку кои ќе дојдеш до нови познанства, зашто токму тоа ти фали..
    НО, најважно
    Немој никогаш да размислуваш на овој начин, биди пооптимиста, не се разочарувај, бидејки и онака не е идеално се во животот.
    И мене некако не ми иде на полето на љубовта, ама и јас сум си до негде крива. :|
     
    На Зуси и Lolo5 им се допаѓа ова.
  4. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    И јас немам среќа во љубовта, многу сум осетлива.
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    добредојде во клубот :)
    откако знам за себе се залетувам по погрешни најверојатно наречниците третата нок од моето рагање не сакале да имам срека на тоа поле во животот
    кога ке ми текне колку ;( имам пролеано, и колку ноки непроспиени :x ама како што велат секое тенџерче има и свое капаче па така да немој да се секираш и да пагаш во депресија на (17 години за љубов звучи смешно) остварувај контакти, биди позитивна и ке биде се во ред , кога најмалку очекуваш можеш да запознаеш некој посебен :) :hug:
     
    На Зуси, Lolo5 и anakonda88 им се допаѓа ова.
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    4.206
    Пол:
    Женски
    Еееееј и јас немам среќа воопшто, па нема да се секирам! Откога знам за себе симпатиите ги гледале прво другарките, а јас отсекогаш сум била настрана. Ќе се залетам по некој, ќе си напраам филмови, па после ќе испадне дека цело време ја свиѓал другарка ми. :lol: А тие пак што ми се пуштаат ќе тупат, ќе бидат дебели, грди и турбофолкери. Абе саглам машко нема во мојов живот, па види, не се воопшто секирам. Конечно аресав некој посаглам, шо не тупи и тој да ти бил првиот женкар! ]:)
    Ајде таму живеј си го животот, каква депресија за машки! :D
    Не трчи по првиот што ќе ти излезе во пресрет само за да имаш некаков си дечко. Ќе дојде и твоето време и тогаш дечкото ќе ти биде некој посебен, а не да го имаш само како именка, еј ете и јас имам. |(
    Е така! :*
     
    На Lolo5, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Akiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    Не дека немате среќа во љубовта, туку Господ чува нешто подобро за вас :!: Ова е многу мудра мисла од страна на девојките со скршени срца.... :^)
     
    На Ane_na_Bisera16, Lolo5, Koalica и 4 други им се допаѓа ова.
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Ретко денес некој да се пофали дека има среќа во љубовта,ни јас немам па сега што да правам да се самоубијам ли,и на се тешам со ај ке биде ке дојде вистинската,како да не,бабини деветини,нема да дојде туку нашите критериуми мора малку да се спуштат,многу бараме а малку даваме е тоа е проблемот,особено кај вас девојките,има и момци ама вие водите,знам дека ве нервира ова што ви го пишувам ама тоа е вистината,прво се залетувате по погрешни типови,па кукате како сте можеле во таков кретен да се заљубите,треба да знаете што сакате.поздрав :) ;)
     
    На Lolo5, Claire, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  9. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Мене ова болдираново ми боде очи, сум го сретнала во многу постови на девојки на твоја возраст а и на помали.
    Кога ќе сфатите дека и да сакате на тие години не можете да имате сериозни врски, вие можеби се замислувате дека сте во такви ама едноставно не е можно тоа на ваши години. Сериозноста на една врска не се мери според нејзиното времетрање. Сериозна врска може да биде помеѓу двајца созреани луѓе, некаде над 20 години да речам(нормално има исклучоци, некои ни на 30 не созреваат).
    А вие со вашите 17 години можете да бидете малку посозреани од врсниците ама за вистински созреани ќе си почекате малку.
    Затоа без многу драми и нервози, тие години ви се за несериозни врски, мувања(нормално без претерување) и забави.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Ma уживајте си додека можете без љубов , бидејќи љубота боли и те повредува на многу начини и блазе им на оние кој имат љубов а не биле повредени!
     
    На Lolo5, strawberry06, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Секој бил или ќе биде повреден.( помалце или повеќе)
    Идеална врска не постои. :shake:
    Сите кои се држат заедно, опстојуваат затоа што знаат за компромис. :!:
    Некогаш е тешко да се прејде преку нешто, некогаш се наоѓа начин. :)
    Треба да знаеме да процениме правилно.
    Да не си го комплицираме непотребно животот.
    Да не бараме совршенство.
    Ако очекуваме дека со некој ќе биде се мед и млеко , ќе си останеме сами. :|
     
    На Lolo5, srcekrsacka, Chuck-Bass и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Гледам дека сите сте разочарани во љубовниот живот посебно девојките па еве ви мој предлог а тој е барем еднаш неделно собирајте се на едно дружење во некој кафе бар и така сте со слични размислувања барем ќе имате што да си кажете а и да си помогнете меѓусебно. :)
     
    На Lolo5 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  13. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Леле душичка, навистина ми е жал за тебе, како ли само се дрзнале да ти пријдат таквите.
    Мислам ок е тоа да ти пречи ама твоево звучеше ептен....................
     
    На mrs.fabregas му/ѝ се допаѓа ова.
  14. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    и кај мене е исто,секогаш се по другарките,не дека сум грда или дигната,напротив,секогаш ја имам таа чест да ме свигаат женкари или грди,и почнав сериозно да се секирам бидејки имам 22 ако помине уште некоја година потоа мн.потешко ке е да се најде асален дечко,сериозно сум загрижена :(
     
    На Ane_na_Bisera16 и Lolo5 им се допаѓа ова.
  15. Akiii

    Akiii Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    14
    Не трчи по првиот што ќе ти излезе во пресрет само за да имаш некаков си дечко. Ќе дојде и твоето време и тогаш дечкото ќе ти биде некој посебен, а не да го имаш само како именка, еј ете и јас имам. |(
    Е така! :*[/quote]

    Значи голем лајк за овој дел од текстот,истото и јас го мислам само од машка гледна точка
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Еве и од моите искуства и зошто ниеден маж не заслужува да се плаче и тагува за нив. Знам дека ќе отупам од пишување и на моменти одам офф топик, но се трудам во што пократки црти да опишам што сум доживеала.
    Јас пак, што да речам? Се некој што ќе го сретнам и да ме свиѓа, е или сексуално загрозен тип/манијак или психопат и користолјубив. Еве за еден користолјубив и психопат: Имав 3 и пол годишна врска и то со кој? Да не ви се верува од каде беше. Беше од една од тие муслимански земји од БЛИСКИОТ ИСТОК и го запознав на интернет. Имам порано пишувано во други теми за проблемите на врската и барав совети како да ја спасам таа врска, ако и можеше да се нарече врска. Да не ги пишувам сега проблемите што ги имав во таа врска, голем дел од нив ги имам напишано во други теми. Ама, за врска се потребни двајца. На крајот и јас самата го баталив. Тој се каеше и ме молеше, ама јас го шиканирав. Поради што му беше одбиена визата за Македонија, мене ме обвинуваше и покрај тоа што јас се правев, на крај ме нарече лажга и дека сум го изневерувала. А да не кажувам како само го разоткрив, и по низа настани и перипетии, открив, односно сфатив дека барем 2 години бил во врска во исто време и со мене и со една од Иран, со која пред скоро време се ожени. Ме викаше за уште ендаш да пробаме во Дубаи, ама да сум отишла сама и јас му реков нека оди во бестрага и дека не сакам таков човек што навредува и нема почит кон мене. Ама важно го преболев пред да дознаам дека се оженил, ама тој е сега толку очаен, што и покрај сликите негови што ги видов од неговата венчавка, тој негира дека е женет, и демек мене ме сакал. дрн дрн дрн и што уште не измислуваше.
    Друг, односно голем удел во преболувањето на бившиот има и тој другиот од Србија. Ама овој пак сексуално загрозен тип. Прво се фино разговаравме и требаше пополека да се запознаваме, да се гледаме во Србија. Јас имам и српско потекло по мајка ми и често одам таму, имам и српска лиќна карта, па не би било проблем да се гледаме. И тој сакаше постепено да се запознаваме и врска да оформиме. Ама поради други причини после испадна не сакал врски и обврски, па после пак вели ќе размислел, ама, друго сега! Ми бараше на камера на скајп да му се покажувам гола и тој сакаше да се задоволува. Јас го одбив, бидејќи не го познавав доволно време а и не ги одобрувам тие работи на интернет. Тој почна да се лути, и вели па тоа било важна работа, сме далеку па во една во врска тие работи се важни. Па после почна и да ми се прави мутав демек другар му бил на интернет, па после вели па не знаел за што да разговара, а кога ќе му се присака да се задоволува, тој на скајп и повторно со истите барања. И му реков да бара друга курва на која така ќе се задоволува или нека гледа порничи, на мене да не смета.
    Значи, скоро сите машки се подготвени на се, се да излажат за да дојдат до посакуваното, и сето поголемиот број, па и колега од факултет ми нудеше да одам во неговиот стан се знае за што, оти женската не му давала, и јас и него чаши го наредив оти беше крајно безобразен. А јасно дадов на знаење дека не сакам такви авантури.
    Така да, што да кажам јас за мене, јас пак воопшто немам среќа некој асален да најдам, што ќе има барем малку почит.
     
    На Lolo5 и Chuck-Bass им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    И јас немам среќа. Многу ретко некој да ми се допаѓа, во неколку год се слуќува да бидам вистински загреана за некој. Еден досега испадна женкар, уште на баби што не се пушта и не сакам да мислам на него. Друг грд, со добра душа, ама незрел и не ме сака, онака само пријателски. Трет така си мислев конечно нешто асално и посериозно, дојде момент да му раскинам, абе луѓе сакаше да имам чувство ан вина, да го жалам да не му раскинам. Ме навреди многу со тие индиректни уцени, што сака на сила да ме задржи и го откачив. Добро машко ретко се наоѓа, а сите глумат дека имаат среќа во љубовта, ама кога ќе се омажат го гледаш дека “овенале“ поради тој “вистинскиот“.
     
    На Lolo5 и richgirl998 им се допаѓа ова.
  18. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Нема спас за нас! Тољку од мене! :hai:
     
    На Зуси, Lolo5 и richgirl998 им се допаѓа ова.
  19. Chuck-Bass

    Chuck-Bass Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    21
    јас и срека во љубовта... хахахаха смешка.... имав врска од 7 години и заминав една година странство и тој не најде ни време да дојди а јас 2 пати си појдов до Мк...демек немаше време... и сега во октомври дури и свадба направи се ожени јадниот он...малку трудна невестата .....и од кога раскинавме мене ми се допаѓаше едно друго машко.... и тој пак... ми пиша...мн мн ми се допаѓаш и ти мене и бла бла ама нема да можиме да сме зедно не сакам да те повредам оти за срце ми зарасна. :lol: .. и цело време ми пишува и се... и некни ми кажаа дека и пишувал и на другарка ми... да се виделе некаде настрана кафе да пијале... а да да и некој виц да си кажат..аххаха... и сега и да ми пиши одговор нема да добија.... сите другарки мој се со врски а јас самец невиден сум... . :rofl:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    имаш 22 години и уште од сега си сериозно загрижена за наогање на некој асолен :tmi:
    читам и не можам да поверувам на тоа што го читам :fubar: јас имам 27 па воопшто не сум загрижена а не ти на 22 :)
     
    На Зуси му/ѝ се допаѓа ова.