Колку што забележав не најдов тема за оваа серија. Доколку има а не сум приметила се извинувам. Се надевам добро го преведов насловот, бидејќи кај нас не се емитува па не знам точно како би бил преведен. Интересна летна серија во продукција на Fox. Во главните улоги се Керем Бурсин (Серкан Болан) и Ханде Ерчел (Еда Јилдиз). Двајцата глумат дека се верени со цел Серкан да ја направи љубоморна поранешната девојка и да му се врати, а Еда да ја добие назад стипендијата за факултет која ја има изгубено "ради" Серкан. Интересна серија ми се допаѓа бидејќи е нова модерна, убави модни комбинации, прекрасен поглед од различни делови на Турција. Ме нервира тоа што излезени се 7 епизоди и сега ја чекам епизода за епизода, на ТВ кај нас ја нема, ја гледам со превод на ФБ, ја преведува девојка од Србија. Се емитува секоја Среда во 20часот Со превод во четврток. Има ли некој друг што ја гледа?
Повели линк од до сега излезените епизоди, а новите најбрзо излегуваат секој четврток во ФБ групата Janine Turske Serije. https://emotivci.com/category/serije/turske-serije/pokucaj-na-moja-vrata-2020/
Јас ја гледам,се опседнав Ханде и Керем според мене имаат предобра хемија , сите сцени им се 10/10. И мене исто ме нервира што треба цела недела да се чека за нова епизода, меѓутоа така функционираат сите серии во Турција кои се нови. Исто и Bay Yanlis ја гледам,меѓутоа оваа ми е далеку подобра.
Ее јас не ја гледам Bay Yanlis некако ме иритира глумецот, а преубав ми е хахахахах. Иначе даа се согласувам со тебе баш има хеѓија меѓу Ханде и Керем. Баш ми е мило што има некој што ја гледа, ќе можеме да си коментираме
Јас уште синоќа, не дочекав целосен превод колку толку разбирам турски И трејлеров што излезе Едвај чекам наредна среда да дојде... Инаку,многу ми се допаѓа како е оформен ликот на Еда.Силна,одлучна,самостојна жена со свое јас,а сепак многу емпатична и емотивна.Пак ќе кажам,паров ми има ПРЕДОБРА хемија,иако искрено Серкан ме изнервира последниве 2 епизоди,претера.Што велат турците ,hem suclu hem guclu (ем шуто ем боде )би дошло хахахаахах
Овој пар цело време ми излава на ТикТок и почнав нивни видеа да гледам на јутјуб. Многу убав пар се Дечкото прав лепотан
Јас гледав три дела, чекам да завршам со работа и да го изгледам четвртиот дел. По најавата едвај чекам нова епизода. И јас така ги дознав, почни да ја гледаш нема да се покаеш
За жал поради авторски права е тргната. Ќе ти пратам во ДМ линк од фб групата, па таму може да гледаш
Најавите за новата епизодаа... 100 пати ги изгледав, едвај чекам среда Спојлер: Најава 1 Спојлер: Најава 2
Серијава е врв, а Еда и Серкан пукаат од хемија, ништо чудно и во реалниот живот да има нешто меѓу нив, и двајцата се сингл Серијата изобилува со комични сцени, исто и актерите сите се добро избрани. Мило ми е што конечно дебелка девојка може да е во поглавните улоги во една серија, зборувам за Мело, досега навикнати бевме да гледаме само слаби актерки, Мело е доста харизматична и убавка девојка и заслужува да глуми рамо до рамо со Ханде @loreddie hem suclu hem guclu- значи ем виновен, ем јак(силен) демек се сили
Даа гледам и на инста,на секоја слика си коментираат. Еда ми е деф најубавата турска глумица ама и Серкан е бонбона
Еда беше подебелка, ама и тогаш беше убава, ја имам гледано во друга серија, ама сега ми е уште поубава, ептен зрачи со убавина и нонстоп е насмеана. До скоро беше во врска со пејачот Мурат Далкилич, и Серкан е сингл и некако ми се сомнителни, нонстоп си коментираат и се снимаат заедно, има тука нешто или ќе има многу скоро Серкан порано не го сакав воопшто, без причина ми беше антипатичен, ама само што изгледав една епизода од серијава, сфатив колку грешам, типот е совршенство
Да да ,само на наше народски кажано поскладно ми идеше ем шуто ем боде Спојлер Инакууу од трејлеров за следнава епизода сум многу разочарана,многу ми е криво за Еда.Исто од сцената со дождот,ваква бев Еда многу повеќе ја боли отколку што дава до знаење.Серкан нека си ги среди приоритетите во глава , која и да му е причината што сака Селин да се раздели од Ферит ( Јас мислам дека сака да ги раздели само бидејки Каан му е најдобар “другар“ на Ферит,а Селин има пола од акциите па да не завршат кај него , бидејки ниту еднаш во епизодите не рече сакам да бидам со Селин,ја сакам или нешто такво,само дека сака да ги раздели со Ферит).. АМАА во секој случај Еда не го заслужува ова по кој знае веќе пат што и го прави.Прво се понаша како санта мраз, потоа се труди да ја придобие назад, и дава лажна надеж, и пак исто.Нека ја гледа само после додека спие.Тиквар П.С. И фустанот розов од новиот трејлер воопшто не ми се допаѓа,некако не ми е стил на Еда.
Не ја гледав новата епизода и трејлерот за наредната, ама Серкан не знае ни сам што сака, ете бил во врска со Селин и ја испуштил од што ја игнорирал, па после кукаше кога се вери таа со Ферит Не знае да искаже ништо, и со право го викаат робот Опседнат е со хигиена, работа и болести, а не знае да си го среди љубовниот живот Како само ја понижи Еда кога помисли дека таа го украдила тој проектот за лустерите, и не и се ни извини ко што треба кога дозна дека е невина. Ќе има тука се и сешто, нема роботот да се опушти толку лесно