Девојки имам 26 години и никогаш до сега никој не ме сакал,никој не ме доопрел,никој не ме бацил,никогаш сум немала дечко.Очајна сум да си најдам дечко,некој кој ке ме сака,да бидам со него да ме баци да имаме односи,неможам сама.Сите мои пријателки имаат дечко,некои се мажени,некои имааат ддеца,а јас на 26 години прв бакнеж не сум имала.Се плашам дека никогаш ке немам дечко и дека никогаш нема да се омажам.Со што сум им одбивна на машките? Што да правам? Ке полудам веке,па зар на 26 год ни еден бакнеж да не сум имала,ни еден дечко? Сестра ми има 28,мажена е и има 9 месечно бебе,а јас?? Девојки ве молам некој совет...???
Izvini devojki prvo ne kaza kako izgledas,dali si ubava,zgodn itn,znaes deka poveketo maski prvo toa go gledaat! Dali si vesela,komunikativna,otvorena,sramezliva itn?
Как дошло до тоа да немаш дечко ? Да не те бакнал никој?? Инаку немој да плачеш и да кукаш па да завршиш со некој ради реда, па да те нервира како прле пред магаре. Ти си веќе зрела и го знаеш одговорот. Шетај дружи се. Ќе запознаеш некој и ќе биде. Сигурно имаш пријатели од средно, од факс, од маало ... Викни ги на кафе, дотерај се, излези. Али стварно смртно ме интересира како до сега не ги бакнала некој?? Не ти се пуштале или ти не си сакала, си се плашела??
Па слаба сум висока,згодна е сега колку сум убава незнам,неможам јас да кажа,ама не сум грда,не сум срамежлива,отворена сум колку што треба,ама ништо.Ај да бев дебела и ниска добро,ама вака..Незнам што треба да сменам за да си најдам некој.Со кој и да се здружам ништо само другар..
А да престанеш да го бараш? Така можеби побрзо сам ќе дојде. Вака само оставаш впечаток дека си очајна.
Да не ти смрди здивот? Шала на страна сигурно има нешто што ги одбива машките, анализирај се самата . Машките не сакаат само изгледно убава, сакаат и памет. Испитај се да не им трескаш глупости или напињаш, па не те сакаат. Инаку да , се согласувам со феминката дека ако не го бараш сам ќе дојде. Позз
Почни да излегуваш повеќе, запиши се на некој курс нешто што те интересира. Запознај се со некој што ти се допаѓа и биди самоуверена покани го на кафе. Имаш 26 години превземи ти нешто. Баци го ти. Зошто треба да чекаш тој да направи нешто. Мислам дека отворениот пристап и самоувереноста им се допаѓаат на мажите.
Девојче ако ништо друго пробај и допишувај се со некој , пиши му прва на некој што мислиш дека е соодветен за тебе па излезете .. Внимавај нормално има секакви по нетов , значи јас за првпат се мував со еден на фејсбук што го запознав звучи можда несериозно но денеска голем процент така се запознаваат и искачаат , не бери гајле дигни ја главата битно е да не изгледаш очајна како некој што спомна погоре , значи самоувереноста ги привлекува машките, изгледот е најмала ствар ако треба превземи сама нешто направи прв чекор за оној што ти се допаѓа
Прво, не се опседнувај со помислата дека мора сега, веднаш да си најдеш дечко! На сите ни е познато дека колку повеќе трчаме по нешто, тоа повеќе бега од нас. Второ, мислам дека самодовербата ти е голем проблем. Не мораш да чекаш машкото прво да пристапи, покажи малку храброст и ти направи го првиот чекор со некој што ти се допаѓа. Излегувај почесто, биди насмеана, комуникативна, и работите ќе си дојдат на свое место. И уште нешто многу важно, немој да тргнеш со било кој само колку да се рече дека имаш дечко. Тоа е најголемата грешка што можеш да ја направиш во ваква ситуација.