Слушнав на телевизија дека некоја девојка (од кај нас, македонка), е колекционерка на книгата „Малиот принц“, и дека се обидува да собере што е можно повеќе изданија од истата, на било кој јазик. Дали можеби и вие имате некое вакво необично хоби, или можеби познавате некој колекционер на необични нешта?
Порано најголема страст ми беше собирање на салфетки. Кутии, кутии, кутии дома, полни, преполни. Имаше с е к а к в и, ама баш секакви. Но сега за жал немам појм дали воопшто се дома, а не па точно каде се Инаку познавам луѓе кои собираат и старо оружјем, носии, кутии од парфемим, ливчиња од спортска
Баш вчера го чистев и средував шкафот со книги, исфрлав непотребни материјали и убаво ги подредував сите ствари, па сфатив дека јас уствари сум била колекционер на налепници Уште додека бев во основно кога ни ја направија собата, на вратничките од шкафчето за книги почнав да си лепам по некои налепници. Сега веќе двете вратнички ми се целосно ислепени со најразлични сликички - пејачи, пејачки, актери, актерки, кучиња, мачиња, цветчиња, Don't you F.Y.R.O.M. me, најразлични реклами како Speak up, Razgovaraj sa mnom, Fruit Explosion, а најголемата налепница ми е со Алберт Ајнштајн Секогаш кога ќе налетав на некаква налепница, си ја земав и дома ја лепев во шкафчето. А дури вчера забележав колку многу налепници досега сум собрала
Па незнам колку е чудно,но ете како мала собирав салфетки дома имам кутии и јас незнам колку,потоа собирав тетоважи од мастики,и некој си налепници.Исто така собирав и тетратки со различни корици,потоа имам собирано и пенкала...и си ги чував и никогаш не ми се употребени. А сега како поголемка собирам стари пари и поштенски марки.И од овие поштенскиве марки скоро сите ми се стари од времето на прадедо ми
Порано собирав солфетки но сега не знам каде ми се.Секој ден си го одбележувам со некоја слика.Зависи од денот.Ако сум тажна, на сликата сум тажна,ме има и кко плачам,како се смеам.Се зависи од денот.После сликите си ги извадам и си ги собирам
ептен ми е мерак да собирам постери ги имам преку 1000 од малечка собирам секој ден си ги разгледувам
грицкање сончоглед ко луда Спојлер по 500 гр на ден билети за во кино си чувам на сите филмови што сум била
Правиш отрови? А јас сега немам некое необично хоби. Само едно време сакав да ги собирам кесичките од чај или оние пакувањата од житарки. Колекционер .
Некое необично хоби немам ни јас, ама до пред 2-3 год. собирав стикери и имам 3 албуми полни. Салфети, карти од концерти и останати настани и посетувани места, камења, честитки и други работи уште собирам. Сакам нешто во спомен да ми остане од детството кога ќе пораснам.
Како мала порано собирав салфети. Кутии и кутии. Детска радост Сега може да се каже дека собирам карти од концерти каде што сум била. На секој DJ каде што сум присуствувала, картата си ја чувам