1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неподнесување на деца

Дискусија во 'Дете' започната од AnimeHQ, 14 септември 2012.

  1. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Не пронајдов слична тема, затоа отворив нова тема.

    Знам дека многумина нема да го разберат мојот проблем, насловот на самата тема кажува се. Да, проблем е, и тоа сериозен, јас навистина неможам да бидам во близина со некое дете. Едноставно ме нервира, неможам да поднесам да стално ме кубе за коса, да лелека нешто, да бара мајка му каде е (читај - спроти мене седе) , те играчка да му дадам, те да седнам на под да си играм со него.. те да го дигнам во раце...

    Сето ова ме вади од такт, незнам како да променам нешто, одсекогаш велев се знае со кои деца здравје ке сакам да си играм и ке ми биде мило да ги заденам , знам дека тие се малечки невини суштества ама .. не сакам деца, кога ке ме видат дада, дада , а јас незнам што да им речам. Едноставно не ме влече да ги заденам, да си играм со нив...

    И денеска имав таков судир, и страшно сум нервозна. Се обидувам да бидам стабилна, ради притисокот, ама пустиот пак ми се покачи, ми експлодира глава, се ми е матно, ми се врти, да останев уште 5 мин во иста просторија со детето мислам ке експлодирав и направев нешто што не треба, до толку ме нервира...

    Му се има ли на некој ова дешено? знам дека не е нермално и истиов проблем не е период, него цел мој живот, целе 20 години. ;( како да го решам? :(

    едит: Да, не кажав дека и самата близина со дете/деца ме нервира ужасно... иако јадно не ме ни погледнало :( ;(
     
    На littleflower и LittlePinky им се допаѓа ова.
  2. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Епа пробај некако да го смениш тоа..Еден ден и ти ќе треба да станеш мајка а незнаеш какви деца ќе имаш ,може нон-стоп да плачат да ти се качуваат на глава....Неможе да не ги поднесуваш.Сигурно има нешто заради кое неможеш да ги поднесеш , но незнам.Пробај некако :)
     
  3. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    срце јас мислам дека ти немаш никаков проблем со дечиња затоа што сама напоменуваш
    Во тебе проблемот е тоа што оддамна имаш зацртано во главата дека несакаш деца или пак имало некое немирно дете и те извадило од кожа :?:
    душо од каде дека баш вака се однесуваат децата?
    можеби имало некое во твоја близина вакво и ти си мислиш дека сите се такви. нема врска. јас мислам дека треба да се вработиш во игротека и да поминуваш повеќе време со нив и мислам дека ќе ги засакаш и одма ќе посакаш да имаш едно :D :* :* :*
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    немој да се навредиш, советов е добро намерен, ама мислам дека ти треба да поразговараш со стручно лице(психолог, психијатар) и да објасниш што ти се случува, што чуствуваш ти

    до пред неколку години сакав мое дете да имам, сега не сакам ама сакам да си играм со туги дечиња интересни се-во мои години било променливо желбата за мајчинство таков совет добив од психолог, иако јас мислам дека нема да се промени, ама тоа е веке друга приказна :)
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  5. treehh

    treehh Активен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Срцекршачка, во кои години е тоа? И јас не сакам да имам деца (32) а порано ептен сакав и сега кога сите околу мене се нафрлени на таа работа јас скроз сум отуѓена од таа тема. Мажена сум и супер ни е заедно ама за деца ни на крај памет не ни е :)

    А за тој што ја отвоирл темава, незначи дека ако не поденсуваш деца дека си лош човек, можеби само не ти е таков периодот во животот...Се си доаѓа во свое време а тоа е различно за секоја личност.

    Поздрав
     
  6. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    И јас го имам тој проблем неможам да поднесам дете да ми вика да ми трча околу мене немам нерви јас за такво нешто да трпам :worried: едноставно неможам деца да поднесам се мислам дека кога ќе станам мајка ќе се сменам ама се плашам незнам :(
     
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.075
    Денешниве деца се чудо невидено.Најголемата вина ја пронаоѓам кај родителите.Не дека во "наше" време немало немирни,разгалени деца,ама денес ми се чини секое второ е такво :| Ако порано беше реткост да наидеш на разгалено,немирно дете,денес ми се чини ретко да наидеш на мирно,воспитано дете,да ти е мерак да го гледаш.Не знам зошто се сменија времињата,не можам да си објаснам,зошто нашите не воспитале прекрасно а денес не можат.Дали е до немаштијата,па буквално се трча по секое можно денарче,детето го чува кој стигне,секој го воспитува,го гали итн.Мајка ми еднаш ми рече дека и е мило што не работела порано,што имала време целосно за нас да не воспита.
    И не е до нас што еве и јас признавам,ретко поднесувам дете.Значи,жално е ,што невино суштество е,малечко и не разбира,ама не е наша вина.Те вадат од такт,ај тоа ок,ама уште кога ја видиш мајка му с есмее,не го мрда газот да го искара,па тоа продолжува да изиграва мајмуни,а јас трпам :devil: Ми олеснува кога некое дете ќе си замине од кај нас.Се крши се што ќе се стигне,се бараат шминки и лакови ако е женско,за да на крај има по некоја сенка или кармин искршено или обавезно лак измачкано! И уште кога ќе речам шминките ги изгубив,мајка му ќе ми намигне-ајде ајде,дај и нешто мала е ништо нема да направи :@ Па,баш оти е мала,воспитај ја додека е време |(
    Неизбежен е компјутерот,нели модерни деца се,па ако го скријам прво мајката ќе праша каде е ,за да гледало цртани и да чука по тастатурата со сета можна силна :devil:

    Додека пак,ако видам мирно,убаво вопитано детенце,не можам да не го сакам.Прекрасни суштества се,ми е жал само што не по нивна вина се претворија во мали монструмчиња :lol: ,барем повеќето од нив.
     
    На gjoker4e, captivating, senza.parole и 14 други им се допаѓа ова.
  8. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Jас имам дете и можам да ја поднесам,ама други деца- не можам :shake: :tmi:

    Hе знам зашто,мене повеке ме нервира што мајка им не реагира никако,овие тураат пудра во прав на тепих,а само заминав да направам кафе,мајка и ја гледа а не вели ништо,а кога ке отидеш дома им,не смееш да станеш :^)
    Jас не дека не сакам деца,туку уште кога бев мала некаде околку 10години,почнав да ги чувам братучетки ми,менување памперс,хранење,шетање со количка,и тоа не една братучетка,со сестра ми ги чувавме сите 4 деца и многу ми беше тешко и се секавам дека многу ме нервираа :D
    A тетки ми ке се седнеа со комшивките и нас ни ги оставаа,не ни беше тешко,ама стварно значи понекогаш :|

    Anime јас мислам дека тебе некое дете те има изнервирано многу,ми се чини кога ке имаш твое ке го смениш мислењето :$
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Сакам и поднесувам ама кога се сами со мене. Ехее како убаво си поминуваме ... Искрена сум. Но не поднесувам кога се со мама па тогаш се под заштита и си земаат сила да преминат граници. Децата се онакви какви ќе ги создаде родителот, а денешниве родители не знаат да создадат разумни и воспитани деца.Факт! Се додека не се оставаат да се осамосталуваат, се под заштита сечија од мајка до баба, дедо и остала компанија и им се дава сила да прават што сакаат од нив вистински луѓе нема да биде, освен ако во текот на растењето самите по себе не се превоспитаат во разумни и совесни луѓе. Знаеме времињата се несигурни и анархични па тоа го чувствуваат и децата, ама родителите?! Да се не знае вистински однос да се воспостави со дете, кога да се гали и кога да се искара ... редно е да се превоспитаат родителите за да може да имаме правилно воспитани деца. Има исклучоци од добри родители и добри деца, реткост голема се.
    Ограничени луѓе не можат да се добар пример за деца.
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.400
    Искрено, не можам да го разберам тоа чувство, пред се затоа што нели сме учеле за инстикт за размножување, и мислев дека ова се јавува кај сите, порано или подоцна.

    Имам неколку пријатели кои едноставно не сакаат да имаат деца. Не си играат со туѓи, и не сакаат свои. Повеќето ми се горе-доле врсници, ама имам и една пријателка која има 42 години, и никогаш не сакала, а и се уште не сака да има деца. Неа ја издвојувам затоа што веќе биолошкоит часовник и отчукува, па ако не и се јавила до сега желба, веројатно нема ни да и се јави. Што знам.

    Сепак, ги почитувам оние кои знаат дека не сакаат деца. Важно е човек да знае што сака, а што не. Ако некој не сака да има деца, па и не мора да ги има само затоа што тоа е некој очекуван тек на животот. За разлика од нив, ги осудувам сите кои имаат деца затоа што тоа се очекува од нив, па после не ги ни погледнуваат. Нема потреба да се упропастат нечии животи, кога и онака планетава е пренаселена.
     
    На blackwave, Vetruska, LittlePinky и 4 други им се допаѓа ова.
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Same here.
    Не можам, ама не можам да седам долго во близина на дете. Имам мала братучетка, има 3 годинки, ја чувам, ја пресоблекувам, ја бањам, ама и гледам што побрзо да завршам и да си одам.
    Не можам со бебе да си играм, можам да го причувам, ама да му зборам не.
    Моите имаат пријатели со еднаш невоспитани деца. Доаѓаат и ми ги лижат прозорите :fubar: , јадат салама и се бришат од креветот.
    Јас на мое дете не би му го дозволила тоа, како мајка ми што не ни дозволувала на нас.
    И се ми е страв да не не сакам јас деца всушност :?: ?
    Некогаш навистина не можам да поднесам да сум во близина на деца.
    Милион пати имам размислувано за тоа дали сум бездушник. Мајка ми ми вика дека со свое дете е поинаку. А јас не знам ни дали сакам еден ден да имам свое дете.
     
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Не е реткост некој да рече дека не поднесува деца, едно време и јас не обожавав да сум во нивна близина, едноставно не знаев како со нив а и не сакав да се трудам, нешто во стил-си имаш мајка мавни ми се од грб :D
    Едно е да не поднесуваш ''лоши'' деца кои не знаат апсолутно за никакви граници, или пак не си дечар не знаеш како со нив, не допираат до тебе, рамнодушен си...Но да кажеш дека самата нивна појава те нервира до степен да ти се качува притисок, да ти се мати во глава, да те иритира а не те ни погледнало...
    Слаба со нерви или...?
     
    На Eci0327, girl.23 и bittersweet им се допаѓа ова.
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Баш убаво ја нагласи поделбата Скорпионка, има разлика помеѓу неподнесување разгалени дечишта и општо неподнесување на секое можно дете.

    Јас ги сфаќам овие вториве, сметам дека не секој е скроен да биде мајка и родител, не секој го посакува тоа. Не гледам никаква фалинка или место за паника, па уште и праќање на психијатар и зборување со стручно лице... зошто?
    Не сака, не поднесува, свесна е, искрена... подобро така, отколку да се раѓаат деца, само заради тоа - што ќе каже светот, па после да пати и малечкото и жената.

    А колку пак ги има такви, што не се свесни за нивната неродителска грижа, погрешно воспитување на дечињата, нивниот непостоечки мајчински инстинкт.
    И тие мајки се нормални и здрави, тие што си признаваат дека не сакаат и не умеат со деца - им фали нешто, марш на психијатар.
    Абе ајде. |(

    Во однос на првиот дел од темата - и јас не поднесувам разгалени, распекмезени и одвратни деРишта.
    Не можам да се занимавам со истото, да го трпам, да си трошам нерви. Кога ме викаат некои мајки на гости, отворено кажувам дека не одам, зашто децата им се бесни и невоспитани. Лутеле - не лутеле, тоа е.
    А дека не постои начин да се воспита бесно дете, нека не се залажува некоја мајка.
    Си има лек, за се'.
     
    На Eci0327, girl.23, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.984
    Пол:
    Женски
    Потполно ве разбирам :D

    Никој не сака да му дојдат деца дома и да почнат да му се качуваат по лустери и да превртуваат по фиоки.
    А дали сте се сретнале со оние кои имаат мила ѕвезда?На пример имам пријатели кои имаат ќеркичка ,која верувајте ја обожувам.Минатиот пат дојде кај мене на гости,и ја прашувам што сака Јана да ја јаде?-Одговор-што имаш тето тоа...Потоа седнавме да се играме и боиме...ми вика ајде да нацртаме среќа...Јас со вакви ококорени очи,мислам малечката има 5 години, вика ќе те нацртам тебе и ќе ти нацртам крилја...тоа ќе биде среќа.Мислам ме расплака ,моиве никогаш не знаеле да бидат такви.Вечерта ја прашав пријателката дали има посебен начин на воспитување,вели не,едноставно е ТАКВА.По некое мое размислување и генот тука си има дел... :)

    Дајте им шанса на децата!
     
    На Emma2, gjoker4e, eloves и 15 други им се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Ох, кога преживеав две недели пекол со навистина немирно дете (верувајте вакво не сте сретнале, неколку пати згрешив душа, да помислам дека е дете на ѓаволот :worried: ) треба орден да ми се даде што сеуште сакам деца :D Мислам дека имав неколку мали нервни сломови тие денови...
    Порано ми било чудно да комуницирам со нив, ама открив дека многу сакаат некој да им зборува, сакаат муабети, сакаат да слушаат приказни, така си учат да зборуваат, откриваат нови зборови, нови светови. Интересно им е тоа. Па така, сега кога имам детенце на гости, му ги вадам сите мои играчки, се што имам, и му зборувам, му раскажувам што е и како е.
    Со немирните, едноставно се повлекувам. Има мајки што умеат да ги контролираат, а има и мајки што не се заинтересирани. Каква личност ќе стане тоа дете е нивна мака, не сакам јас да влијаам дополнително со тоа што можеби ќе изреагирам бурно во моментот, затоа што ми допрело некоја жичка. На крај краева, дете е, невино, неможе комплетно да разбере какви чувства предизвикува со своите дејствија, нему све му е игра, не знае дека некој навистина растревожува.
    Во однос на оние што навистина не сакаат никакви деца, незнам што да кажам. Изгледа е до начинот на кој ги гледаш тие мали души. Мене ми се крајно невини и искрени, чисти во мислите и во душите, па ги сакам. А ако ги перцепираш само како суштества што кенкаат, цимолат и какаат најверојатно и не би ги сакал.
    Повеќето се сонциња :) Утрово ме разбуди едно такво, најмило бебе што ме вика даде наместо тете :) Се потсетив на внука ми кога беше мала, ќе дојдеше рано и ќе си легнеше до мене во кревет :)
     
    На Emma2, DeMelo, Srekicka и 5 други им се допаѓа ова.
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Јас не знам во која група да се ставам.
    Мои деца не сум сакала да имам, и не сакам. Ама сакам да ги позајмам ќерките од другарки. Не бебиња, да знаат сами да одат да мочкаат барем. И ќе ги шетам по цел ден, ќе ги носам во парк, ќе ги лулам на лулашките, ќе си играме заедно, или во град ќе бираме шнолки со цветчиња па дома ќе се чешламе и дотеруваме. Куклички. Деца ко деца знаат и да се налутат малку и да закиснат, па залажи ги, сврти им внимание или скарај се малку, ама пак си се сакаме, и тета и внучки задоволни, но на крајот на денот им ги враќам на мама! :!: :D
    Машките деца не ми се исто мили. Лошо е да ги делам вака, знам, деца се и тие и тие, ама не ми се и тоа е. Во главно ми се по своеглави, генерализирам дека се по немирни, или хиперактивни, не знам да објаснам едноставно зошто, и замор ми е да трчам по фудбал или да возам колички да ги замавам со игра, не ми е со ќеф, и ако ми тресне некоја другарка машко да причувам, баш го толерирам, и нервоза ме глода цело време додека сум одговорна за него, едвај ја чекам мајката да си го земе. Сепак, не им кажувам дека ми е терет, оти знам погрешно ќе ме разберат.

    Од друга страна оние деца по шопинг центрите што од пусти инат дури и легнат на под и врескаат посилно од што е можно, не ги поднесувам. А има ли некој што може да вакво погледне и рече душичка мала? Искрено. Ако е подалеко од мене се тргам уште подалеко да не го слушам, ако ми се деси пред очи мајка им ја изгледам како небаре гола излегла од дома, не дека овие мајки па ги е гајле дали нивните деца им сметаат на некого, или кој како ги гледа, претпоставувам оти станале имуни на тоа однесување и нормално им е. Од овакви деца главата ме заболи буквално, ама од такви мајки кожата ми се ежи.
     
    На LittlePinky, enca.69, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Сум се ставала и во позиција и на детето, размислував како му е на него да биде во близина со некоја што очигледно и смета, се присекав на моментите и кога осетив на своја кожа, ама ни тоа не ме омекна. :^) Да, знам дека се невини суштества, ама нит тоа не помага, едноставно, неможам поинаку. И ова се случува со секое дете, па било со мила звезда или не. Не периодично, него од кога знам за себе. Несакам ништо да им речам на родителите, најмалку на детето, баш ради таа причина - нема да ме сватат, и ако ме сватат, ке ме сватат погрешно, ке се навредат. Ама јас се нервирам, во себе, попиздувам и неможам да издржам.

    И мене ми велат дека има мила звезда , ама јас велам, ке ја претворам во монструозна звезда, за да не ме диркаат, а никој не ми верува. :talk: Па така раат ке си чинам. :geek:
     
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Ова го забележувам и кај мене.
    Избегнувам да доаѓам во контакт со мали деца затоа што незнам што да правам со нив, незнам како да се однесувам. Дури и избегнувам да одам на гости онаму каде што има мали деца, а посебно па ако знам дека се разгалени до бесвест. Ме нервираат лигави деца на кои ништо не им е по кејф, бараат невозможни работи и се трескаат од земја, а забележувам дека се повеќе и повеќе деца ги имаат тие карактеристики.
    Ако детето е помирно можам да издржам во негово друштво, ама пак не ми е пријатно да си играм со нив или да им зборувам. :worried:
    За мои деца уште не размислувам, сметам дека сум премлада за тоа и дека ќе поминат повеќе години ако воопшто се решам да имам. Едноставно неможам да се замислам себе во улога на мајка, како да го немам тој инстинкт, или па уште не се појавил. Сметам дека е подобро, личност што не сака и не е подготвена, воопшто да нема деца, отколку да има заради тоа што ќе речат другите |( така што, има време. Па ако решам да немам деца, воопшто нема да се нервирам заради осудувањата од околината.
     
  19. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Мајка сум со високо развиени мајчински инстинкти, сакам деца, но некои страшно ме иритираат.
    Прегласни, деца што постојано се навикнати да бидат во центар на внимание, дрски, безобразни. Значи страшно ми го дразнат нервниот систем.
    Децата колку можат да бидат невини, слатки, мили, интересни толку можат да бидат и страшни манипуланти.
    Значи еве ти доаѓаат на гости, ти си љубезна со нив, што се вели се спуштааш на нивно ниво, а тие во дел од секунда со своите микроантени чувствуваат слабост и за кратко време куќата ти е во хаос. Дотичната мајка обично си вели - нека се истрча, па дома брзо ќе ми заспие. Што е најинтересно, во многу од овие случаи, овие деца во домот почитуваат ред, детските соби им се како аптеки, па дури и не даваат нешто друго дете да им допре.
    Па и јас ја научив лекцијата. Доаѓање на деца кај мене и прво се одредуваат правила-во која соба смее да се игра, да се јаде на маса, да не се пипа компјутер...Е така, на една пријателка еднаш и реков - те молам оди си, извини, но ако останете ќе треба јас да го исплескам...

    И друго муабетот ми е, мирно дете, во стилот - кај ќе го оставиш таму ќе го надеш-денес ретко. До храната ли е, до компјутерите, до бабите ли е или до новите психолошки теории кој форсираат дека мирните се инертни и тупи, а овие другите се љубопитни и истражувачки настроени...најмногу е секако до родителите.
     
    На eloves, enca.69, DeMelo и 5 други им се допаѓа ова.
  20. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Темава е неподнесување на деца, но неможам тоа да го кажам. Јас обожавам деца и имам мои ќеркичка и син кој е на пат. Не би можела да ви го објаснам чувството кога прв пат ми ја дадоа ќерка ми да ја држам во раце, дури и сега кога ви пишувам солзи ми навираат. Тоа чуство е најпосебно и единствено со ништо не би го заменила на овој свет. Јас би ви посакала на сите да го осетите тоа чувство може ќе ви се смени мислењето околу децата.

    Постојат и размазени деца кои сепак не се виновни зошто родителите немаат време многу за нив за убаво да ги воспитуваат туку им купуваат се и сешто што ќе посакаат за да им го надокнадат времето што не се покрај нив. Но да се разбереме, живееме во такво време каде работата и борбата за опстанок се на прво место.

    Детето може да биде разгалено и од други аспекти. Може родителите со години се обидувале да имаат деца па на крајот едвај добиле дете па го размазиле или едниот од родителите имал лошо детство па го мази сега детето свое, несакајќи да го поминува истото што и тој.

    Затоа сметам дека децата се нешто најсвето за секој родител тие се непроценливо богатство зошто ако отворите на темата „Поддршка на сите оние што сакаат да останат бремени“ ќе видите колку луѓето се мачат за да добијат дете, зошто крај на краиштата тоа е еден ваш белег, ваша крв.