Форумџика на годината

Непопуларни мислења (Unpopular opinions)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од DaisyDoo, 6 септември 2023.

  1. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.218
    Допаѓања:
    11.227
    Пол:
    Женски
    Решив да отворам нова тема, не забележав слична. Ако има, нека оди во канта, слободно.

    Ако не секој(а) од нас, барем добри 90% се запознати или го сретнале некаде терминот unpopular opinion. Станува збор за мислења и ставови што не се секојдневни или "искомерцијализирани".
    За подобра дефиниција, прашајте го гугл.
    Како личност, која што многу често не се согласува со масата, т.е. трендовите, ми се виде интересна тема за дискусии. :emo:

    Сакам да слушнам за вашите unpopular opinions, со образложение зошто немате popular opinion. :D
    *Ова со образложението нека биде опционално.
     
    На Feminka22, Scott Weiland, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Unpopular opinion број 324:
    И во Сдсм и во Вмро, и во Дуи и тие кои ли да беа последните , се инсталирани добар , солиден број криминалци и профитери.. и тајкуни секако на кои обилно им користи политичката моќ, а каде што ќе запне таа, пара буши где бургија нече..:nod:
    Зошто е анпопјулар: 75% ( слободна проценка ) од тие што ги познавав во мк; се симпатизери на бар едни од овие, ако не и членови и активисти или функционери, шефчо тендерчо треба да го молат што би рекла Ина) и ќе те смачкаат , пред да го признаат проблемот...
    Имам и други..ова е само едно онака сега инспирирана од хаосот во здравството таму...
     
    На Bubbly-sugar, Pacifist, Andzelka23 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    Бјонсе е преценет артист.|(

    Сајмон Пег е подобар (и далеку пошармантен) актер од Круз.:!:

    Политичката коректност е уште една рестриктивна алатка за контрола на јавното мислење.]:)

    Руската салата не е салата.(lalala)
     
    На Istata od vcera, EmporioIvankov, Кена Рис и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    На хомосексуалните двојки треба да им биде дозвилено да посвојуваат..
    Зошто го мислам ова? Зошто е непопуларно?
    Хммм:?:
     
    На Mumoftwo30, Кена Рис, sparklie и 6 други им се допаѓа ова.
  5. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Нема ништо убаво во таа новонастаната 'аура' на bad bitches или dark feminine energy. Голем дел се некултурни, агресивни и тоа е негативен начин на пристап.
     
    На Mumoftwo30, Istata od vcera, Feminka22 и 32 други им се допаѓа ова.
  6. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.218
    Допаѓања:
    11.227
    Пол:
    Женски
    Да 'имаш' депресија, анксиозност, адхд, гад, панични напади стана помодарство, во исто време им се прави overuse на термините.

    Со тоа се создава дополнителна фрустрација и непочитување кон лицата коишто реално патат од состојбите.
     
    На senjorita-v, Кена Рис, jance и 47 други им се допаѓа ова.
  7. ToksycznaReakcja

    ToksycznaReakcja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    1.973
    Пол:
    Женски
    - Ја преценија Ice Spice.

    - Кардашијанови треба да разберат дека не се интересни. Направија веќе цел фудбалски тим секоја година е некоја трудна.

    - Изневерувањето некако почна да се нормализира и да станува еден вид на флекс.

    - Кога селебритиве се трудат да бидат relatable и на повеќето тешко им оди.

    - Од јаките патриоти од државава што се маваат по гради и силат на фејсбук а на крајот ги прават најнеморалните работи.

    - Од македонските инфлуенсери што единствен спонзор им се казината и онлајн "игрите на среќа".
     
    На Feminka22, Mumoftwo30, Евроазија и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    - Социјалните мрежи не се зло. Точно, се злоупотребуваат, но се зависи од тоа како се користат. Благодарна сум што живеам во ера на социјални мрежи и на олеснета комуникација, и покрај многуте проблеми. А, освен тоа, кога ќе видам луѓе како пишуваат дека биле зло, објавувајќи го на одредена социјална мрежа :^) Избриши си ги ти. Никој не те тера да користиш

    - Родителите не се секогаш во право и не заслужува некој почит само затоа што е постар (Непопуларно во Македонија)

    - Верити од Колин Хувер е лоша книга каде сите ликови се проблематични

    - Не е кул да се фалиш како англискиот го зборуваш како мајчин (што е убава работа само по себе), а не знаеш македонски и "не ти треба јазикот", а живееш во Македонија

    - Некои луѓе само сакаат да имаат работа за плата и да не градат кариера и тоа е во ред

    - Литературата и уметноста заслужуваат поголема почит

    - Нема ништо жално во тоа да се биде сингл
     
    На Istata od vcera, jance, Isabella008 и 20 други им се допаѓа ова.
  9. Afrodita*

    Afrodita* Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2023
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Амбициозноста пред све. - Стануваме ладни луѓе, призмата ни е преку кој колку напредува и сака да се истакне за да живее во луксуз. Љубовта, лојалноста,почитта падна второ степена ако не трета и четврта. Жалосно. Не секој има моќ да се крене да стане директор, не секој имал олеснителни животни ситуации, финасии а можеби и веќе воља бидејќи е и нељубен и отфрлен поради истото.
     
    На Bubbly-sugar, Seli20, Directioner005 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    5.447
    Пол:
    Женски
    Meanwhile;
    Отвара тефтерот(мозгата).
    Листа што од ова е за пишување и може да биде разбрано од '' масата''. :?:

    images (23).jpeg
    Па јас би рекла дека ова е дел од карактер и животен повик, така претпрочитам да го гледам. :D

    Иначе, може ли да се цитира и дискутираат други мислења на темава или само си пишуваме свои?
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.218
    Допаѓања:
    11.227
    Пол:
    Женски
    Мери на вага за да не те гледаат чудно. :D
    1694075091123-01.jpeg

    Ако се прашува тој што ја креирал темата, може да се цитира и да се развива дискусии.
     
    Последна измена: 7 септември 2023
    На Dentina и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  12. Astrum.Obtutus

    Astrum.Obtutus Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    458
    Пол:
    Женски
    -Ако не ставиш слика со женска/дечко/сопруга/сопруг/деца итн не значи дека ги немаш или не ги сакаш, секој има право на избор што и како ќе објавува, но не мора да се носат заклучоци.
    -Откривање на пол на дете јавно со украсување од луѓе што не се јавни личности немаше да се популаризира ако не беа они, не мора секој да прави се што они прават.
     
    На Кена Рис, Clear, marsilia и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    - Го мразам зборот дечки;
    - Седење во кафич е најдосадното нешто и незнам зошто секој втор вика на кафе, викни ме на пикник плс;
    - Социјалните мрежи денес веќе не се за комуникација туку marketplace за да ти продадат нешто, исклучок на вибер, whatsapp, messenger;
    - Академска книга нема ништо релевантно, каснат со книги 15години..
     
    На Кена Рис, Clear, Napqueenmari и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.809
    Допаѓања:
    17.570
    Пол:
    Женски
    Дрес код е глупост. Нема облека да ти зголеми компетентност. Нема да станеш понеспособен и понепрофесионален кога ќе дојде casual friday.

    Иначе темава многу ми се допаѓа.
     
    На Mumoftwo30, EmporioIvankov, Celltica и 16 други им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.477
    Допаѓања:
    165.835
    Пол:
    Женски
    Јас не ја сфаќам поентата да се цитира во темата кога по дифолт непопуларно мислење = гротото не се согласуваат.

    Од непопуларни мислења - форсирањето за возачка и возење како норма ми е |(

    И пошто телевизорот ми е пуштен па ме потсети - кога македонци зборат српски со срби. И то на многу лош српски.
     
    На Mumoftwo30, senjorita-v, Кена Рис и 19 други им се допаѓа ова.
  16. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    5.447
    Пол:
    Женски
    Ако е за така, тогаш ни лајковите немаат смисла. Не знам, прашав чисто оти ме интересираше, како мислите така.

    Кога сме веќе тука, ова по 10 различни unpopular мислења во еден пост, и едно по друго, ми е превише хиперактивно и ментална гимнастика. :drunk:
     
    Последна измена: 7 септември 2023
    На EmporioIvankov му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Ја причам сасвим добро , језик знам, падеже разбијам, мо'ш мислит':P
    Еве те цитирам , ЛЕ, Димн!!:wasntme::*
    Тек хрватски:D8)
     
    На senjorita-v и Biljarkata им се допаѓа ова.
  18. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.466
    Допаѓања:
    11.420
    Пол:
    Женски
    Повеќето чоколади со лешници се ужасно грди.

    Жените имаат поголем и генерално поевтин избор на облека.

    Ако некој чита книги, не мора секогаш да значи дека е паметен.

    Дебелина е нездрава ствар (знам дека мислењево е "глеј си курот госпожа", ама е повеќе факт него што е лично мое мислење, п.с. имам вишок килограми).

    Срамота е да имаш 30 години, а да немаш ни еден ден работен стаж (уште еден "глеј си курот госпожа" :D )

    Минувањето низ тежок период и имањето лошо минато не те прави автоматски над (повеќе од) другите.

    Треба да се нормализира барање да ти се вратат позајмени пари, без да ти е незгодно тебе и да не се осеќа лошо тој што си му дал, и да не ви се нарушат односите (непопуларно пошто многу луѓе се устрчаваат да си ги побараат парите назад и на повеќето им е незгодно тоа да го направат).
     
    На Mumoftwo30, EmporioIvankov, Кена Рис и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.196
    Пол:
    Женски
    Gender reveal party не е слатко, туку глупо и тотално непотребно.
     
    На Mumoftwo30, Кена Рис, Clear и 20 други им се допаѓа ова.
  20. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.218
    Допаѓања:
    11.227
    Пол:
    Женски
    Па, да.
    Ама ако некој собрал инспирација, слободно, ама поентата ми беше како што спомнала @theowndemon, видела нешто на тв, и дошла мисла и овде ја споделува. Ако некој има 50 мисли, нека напише 50.

    Абе нема врска, ако пркне темава ќе видиме во која насока ќе оди. Или нека дадат акл модератори или поискусни форумџии имајќи предвид што претходно функционирало или не.
    Па и ми нема поента да не се цитираме :D, што само лајкови ли ќе си делиме.