1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Непотребни операции како начин на заработка на приватните болници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 21 август 2025.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    165.807
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.845
    Допаѓања:
    14.407
    Немам искуство, не дај боже да имам, и тоа е хорор. Да не им паднеш во раце на докторите, за нив си банкнота, не човек. За Систина се работи? Веднаш се истрчаа да се правдаат и да се закануваат со тужби. Ја спомнаа Ганка Цветанова нешто демек пишала на социјални мрежи. Да не работи таа во Систина?
     
  3. MrsBrown

    MrsBrown Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2024
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    301
    Пол:
    Женски
    Секој што завршил кај нив обавезно иде на куп испитувања, потребни и непотребни.
    Пацијентите служат како банкомат, никогаш доста пари.
    Човекот фино си кажа, многу се потресле од вистината па ќе го тужат.
    Може да му се фатат.
    Ионака ништо нема да се смени, ќе молзат болни луѓе, без емпатија и човечност.
     
    На mira.mira, Waverly Raven, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.270
    Допаѓања:
    31.299
    Пол:
    Женски
    Кај нас се е отидено у ПМ. Државно здравство хаос, никој нема да те погледне, луѓе по ходници им умираат. За итни испитувања закажуваат после месеци кога може веќе ќе биде прекасно. Од друга страна па за приватните профитери и повеќе е од јасно дека ќе ти наметнат и што треба и што не треба само на крај поскапо да фати. Исто имам забележано за пораѓај, ретко некоја да знам у приватно да се породила природно, сите скоро се со царски. Бегајќи од државниот хаос, каде ќе те остават да се мачиш а епидурал е научна фантастика на крај ем куп пари ќе дадеш ем и да нема потреба ќе те искасапат. Идиотска држава :puke:, сето ова се случува оти нема контроли, ограничувања и дебели казни за секој кој по нечесен начин гледа да пикне во џеб.
     
    На H.VAGA, st-el, mira.mira и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.845
    Допаѓања:
    14.407
    Стискајте душа, гледајте да си го чувате здравјето, инаку тешко ако на овие мршојадци им затропате на врата. Ќе ве соголат и унаказат.
     
    На Cosmic Girl, Curious cat, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.539
    Допаѓања:
    131.109
    Пол:
    Женски
    Жена му е на кедев..
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.819
    И приватните ординации се понашаат како пациентите да се банкомат. Имав случка кај позната докторка дерматовенеролог, појдов приватно за еден израсток на лице пошто сумљав дека е канцерогено и у блиска фамилија имаме историја на рак на кожа.
    Докторката не знаеше да каже што гледа, не била сигурна што е па ми рече да дојдам на контрола за еден месец не се гледало убаво. Еден преглед е 3000 ден.
    Ми препиша антибиотска крема од 1200 денари, у аптека ми кажува аптекарката дека е маст за изгореници и дека нема антибиотик внатре.
    На извештај ми напишала дека е бенка. :wasntme:
     
    На Cosmic Girl и st-el им се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    121.538
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се сложувам со др. Кедев
    Фала му на Бога не сум имала искуство лично и на блиски ама верувам во тоа што го кажува.
     
    На Waverly Raven, Cka, Snowflake97 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Во нормални земји ова ќе беше истражено и ако било вистина учесниците затворени... ама ние оддамна не сме тоа.
     
    На azelea и st-el им се допаѓа ова.
  10. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    5.177
    Пол:
    Женски
    Нишно ново. Одамна се вртеа вакви муабети низ колеги, кој видел, кој чул или начул. Вакви документи, такви документи скриени таму ваму.
    За жал, Кедев е во право и секоја чест што кажал јавно.
    Ќе видиме само како ќе се развива приказната.
     
    На mira.mira, eliesaab, Cka и 4 други им се допаѓа ова.
  11. SeñorPink

    SeñorPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2024
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Машки
    Во Систина со дијагноза ИБС појдов кај Василевски за консултација, во врска со лекови и режим, во моментот целосно си го контролирав ИБС-от со лоперамид на дневно ниво.

    Сакаа да ми закажат и колоноскопија, и гастроскопија, без никакви други претходни иследувања, и никакви знаци за потреба од колонскопија. Мене симптомите ми беа на база на стрес, тоа беше добро установено. Дополнително ниту калпротектин ниту окултно не беа суспектни, никакви индиции, а имав 15 години.

    Еве ме уште мрдам, рак неам, се било стрес. Тогаш за процедурите ми кажаа 46,000, без биопсии без ништо.

    Воедно ќе напоменам дека трето и четврто мислење беа против двете процедури, а првото мислење не ни сакаше да чуе. Така што...тоа.
     
    На Cosmic Girl, mira.mira, st-el и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.307
    Пол:
    Женски
    Дефинирај "нормални земји". Вакви случаи има многу и во Италија, и во Германија, и во Австрија, и во Холандија. Секаде постојат ужасни луѓе и лоши професионалци. А особено лекари, ретко каде и кога доктор одговара за грешки и манипулации, со минимални последици по нивната кариера.
     
    На Aenarion и mKdevojce им се допаѓа ова.
  13. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.228
    Пол:
    Женски
    За операции не знам ама знам дека без потреба прават испитувања и поставуваат лажни дијагнози. Тоа се случи на едно девојче на моја блиска пријателка каде и "дијагностицирале" некоја си болест на бубрезите замислете на 3 годишно дете (facepalm) се оддадоа од пари таму за џабе
     
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.079
    Допаѓања:
    77.977
    Пол:
    Женски
    Моја блиска имаше 2 операции во Систина, за вадење на миом на матка. Меѓу првата и втората операција имаше некои 3-4год и женава само кај истиот доктор одеше, без да направи преглед на др место. Операциите беа тешки, преку стомак мораше, сечена од колк до колк, тешко опоравување... Помина и втората операција (инаку една кошташе мин 2500 евра). И по 5м од втора операција, некое крварење меѓу циклуси се појави и отиде кај Матичен... за да следува тука шок, миомот од 7-8цм недопрен.. сеуште на истото место! Докторот буквално ја отворил и затворил, без да каже дека не и го има извадено.
    Тука следуваше трета операција на Гак, на која присуствуваа 4 најдобри доктори. Шокирани беа прво што све и имаа направено на женава во Систина, лом била од претходните операции. Имаше црева слепени за матка... едвај и ја спасија матката. Миомот на мн лошо место, едвај го извадија.. Затоа оној од Систина ја отворил и затворил, му изгледало ваљда ризично. Ама зошто не кажал дека не го извадил.... Не сме тужеле, иако премногу гневни беа блискиве... Ама женава се бори за бебче, па си рековме и тужби сега не ни требаат....
    Незнам дали е за во темава, ама тоа е наше блиско искуство.. Каде жена е оперирана, џабе.
     
    На Cosmic Girl, mira.mira, st-el и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.148
    Допаѓања:
    196.388
    Па не мислам дека негде другаде е државна политика да се уништи јавното здравство, за приватното после да те одере од процедури за измислени дијагнози. Системско и систематско злосторничко здружување.
     
    На JuLleE, Cosmic Girl, mira.mira и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.307
    Пол:
    Женски
    Апсолутно е, еве во Италија со сигурност е. Тоа што не се зборува за тоа не значи дека не постои. Банален пример е можеби ама и на државно ми се има случено да платам инфузии и преврски што никогаш не се реализирале, само на тоа се гледа како на нешто што се подразбира дека се случува, ама ај плаќаш само партиципација, па не ни размислуваш.
     
    На Aenarion му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.598
    Допаѓања:
    91.901
    Пол:
    Женски
    Кога веќе се отвори пандорината кутија Се надевам ќе се дојде до одговор и зошто е толку висок % на царски резови односно операции без никаква индикација освен желба и пари.
     
    На JuLleE, Lolipop23, Waverly Raven и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.148
    Допаѓања:
    196.388
    Споредуваш ,,измислена,, инфузија со операција што си ја платил од џеб (евентуално кредит си кренал), а воопшто не требало да се случи? Касапењето гратис:x.
    Едно чудо интервенции (да не ги редам, од гинекологија до кардио) што во мк ги плаќаш од џеб, јер биле ,,добра пракса,, кај мене се фаќаат за глава доктори ко ќе им кажам (што непотребно, што ич не е безазлено). Не е ова лекарска грешка ниту ситна корупција.
     
    На JuLleE, An-na и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  19. ItsmeH

    ItsmeH Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2025
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    426
    Апсолутно точно
    Филип втори ги јаде истите гомна,испитано!
     
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.307
    Пол:
    Женски
    Не споредувам, убаво пишав банален пример дека е, и објаснив дека не нѝ боде очи баш затоа што не плаќаме или плаќаме 30 денари плус па занемаруваме, ама јас не знам све што се случува во светот, и во државно и во приватно здравство. За Италија со сигурност знам дека се случува, секој може да прочачка хроника и да види што све има, нема потреба ништо да се идеализира. Во другите држави не е подобро, воопшто. Приватното здравство го креваат на нозе Косовари и нашите гастербајтери кои живеат во држави со "среден" здравствен систем кој толку е добар, што од нокти,заби до тешки операции се прават тука. Бидејќи пара врти, ништо не ме чуди да се прават секакви манипулации, и наивни и не толку наивни. Не мора да идеме во крајности и да земаме за пример сериозни дијагнози, доволно е да знаеш што се случува по фирми кога ги праќаат вработените на систематски преглед, што е задолжителен еднаш во годината, како сето тоа изгледа и колку паричка се врти по приватните клиники.
     
    На mira.mira, Billy Idol и Aenarion им се допаѓа ова.