Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неправда (Küçük Gelin) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Dream-Girl, 26 август 2014.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Барав ваква тема, но не најдов.
    Неправда е нова серија на канал 5 која започна во понеделник, почнав да ја пратам ми се виде интересна. :wasntme:

    Се работи за 13 годишно девојче, кое како мало нејзините баба и дедо ја земале од мајка и, а мајка и ја излажале дека ќерка и е умрена, само затоа што не им се допаѓал нејзиниот сопруг. :fubar:
    Па ја дадоа во селото каде што Мелек (мајка и) учела ко мала основно.
    После 13 години го покажуваат девојчето како е веќе поголемо, а нејзиниот брат сака да се жени со богата девојка, но они се од сиромашно семејство и ја зема девојката бегалка.
    Ќе ги фатат и бидејќи традицијата така налагала ќе прават размена т.е ќе ја дадат богатата девојка на братот на девојчето, а неа ќе ја земат за снаа во конакот. :fubar:
    Мајка и доаѓа како учителка назад и таму се запознаваат и зближуваат. :D
    Сакаат со сила да ја омажат, ама девојчето сака да учи. :|

    Ако знае некој што ќе биде понатаму нека напише ме интересира. :wasntme:
    И има ли некој друг што освен мене ја прати серијава? :geek:

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Ја ја фатив ама не цела епизода прва, денес не ја пратев (ако ја имало не знам точен термин, случајно се погоди). Ме заинтригира серијава, ама не гледав доволно за да знам дека учителката и` е уствари мајка. Тоа ми објаснува многу нешта...
     
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Сега заврши втората епизода, од 18:40 почнува. :)
    Интересна е и мене ме заинтересира многу. :lol:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    И мене ме заинтересира серијава,ама не знаев кога почнува.Денеска ја гледав епизодата,ама не знаев дека учителката всушност и е мајка на Зехра.Од утре ќе ја гледам редовно.
     
    На Natali.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    И јас до сега ја гледав.
    Ми се допадна филмот сигурно дека и понатаму ќе го гледам ама јас помислив дека Мелек и е сестра не мајка.

    И канал пет како и обично насловот на филмот не им е точно преведен. Кучук гелин значи мала невеста а не неправда.
     
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    ^Хаха па да не биде ист насловот ко индискана серија малечката невеста, они ја смениле. :rofl:
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Само содржината да не биде иста и да не трае 32435647 години, другото не е битно. :D
     
  8. dzanina

    dzanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    117
    Многу ја засакав серијата колку што видев на нет кма 40 епизоди од првата сезона и многу е интересна а втората сезона како што видев уште нема многу интересна серија
     
  9. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.232
    Допаѓања:
    1.639
    каде може да ја најдам?
     
  10. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Малечката невеста во турска верзија..Не знаеме кој од кој крадел :rofl: :rofl:
    На прв поглед интересна ми е серијата колку што видов содржината е скроз иста со индиската верзија засега натаму не знам :)
     
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.324
    Допаѓања:
    113.976
    Пол:
    Женски
    Kuçuk gelin на турски е Малечка невеста.
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Инаку не ги сфатив 80% од роднинските врски меѓу луѓево во конакот шо живеат. Дали по возраст не ги избрале соодветни глумци ли шо ли е работата...
     
  13. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    669
    Пол:
    Женски
  14. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Серијава е снимена по вистински настан .Правилно девојчето се мажило за многу постар околу 40 год. а овде ја мажат за Али.Онаа Берфин страшно ми оди на живци доста го стави девојчето во оган па се радува се смее во право биле што ја кршеле од ќотек.
     
  15. dzanina

    dzanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    117
    На јутубе ја има
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.324
    Допаѓања:
    113.976
    Пол:
    Женски
    Овде ја имате со превод на српски, секој ден се додава по нова епизода како што иде на Пинк.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Море Џемал-ов (таткото на Али и Азад)
    да не е уствари жив? Затоа што на најавната шпица цо оригиналот и него го има во ликовите со глумец претставено.
     
  18. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Инаку оваа учителката е мајка на девојчето што се омажи како се викаше девојчето жити се? Учителката ја родила кога била ептен млада ама изгледа ја излажале дека починало детето или така нешто и го дале на овие да ја чуваат. Јас мислев сестра и е таа мајка и била.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Зошто "Неправда" ги потресе Турција и Блискиот Исток?

    Од понеделникот на Канал 5 телевизија започна со емитување најновата турска серија, "Неправда". Се работи за серија која во Турција се појави минатата година и одеднаш ја привлече целата турска публика, особено народот во источна Турција каде се уште владеат закоравени обичаи и традиции. Но приказната за малечката невеста Зехра ја потресе модерно ориентираната турска јавност која ја осуди идејата за договорени бракови на деца. Дали е можно во денешно време да се мажат мали девојчиња за мажи кои не ги познаваат, дали Турција треба да го дозволува ова - прашуваше критиката, прашуваа гледачите. Без разлика на содржината, серијата привлече големо внимание и на Блискиот Исток, а летово е и најгледана телевизиска програма во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

    Кај нас, се емитува од понеделник до петок од 19 до 21 часот на Канал 5, со реприза следниот ден во 12 часот на пладне. Од серијата се снимени 40 епизоди, а нејзиното снимање продолжува и оваа и следната година.

    Содржина:

    Зехра е 13-годишна сиромашна но паметна девојка која постигнува одлични резултати во училиштето и која има големи планови и надеж за иднинатата. Но нејзиниот татко и едно богато злобно семејство веќе скроиле поинакви планови за малото девојче. Нејзиниот живот ќе се промени во целост кога ќе сфати дека во име на традицијата, ќе мора да се омажи за богат млад човек кого и не го видела никогаш порано. Имено, нејзиниот брат Ферман е во забранета врска со Берфин, ќерката на Кирманови, богато конзервативно семејство чија глава е бабата Нужин. Затоа што Кирманови сметаат дека честа на семејството е погазена, бабата Нужин решава дека треба да дојде до размена на младенци во име на традицијата, обичаите и изгубената чест па така и Зехра да дојде во семејството како невеста. Соништата на Зехра за продолжување на образованието и за скромен нормален живот, згаснуваат. Нејзиниот свет се урива кога под заветот на закоравените обичаи, ќе треба да се влезе во договорен брак. Зехра не сака да ги напушти родителите, братот и сестричката, но тогаш татко и ја претепува до смрт и таа е приморана да се појави на таа венчавка.
    Ни крива ни должна, малечката невеста по венчавката доаѓа во големиот конак на Кирманови да живее со семејство кое не го ни познава. Освен сопругот - парализираниот Али, тука е нејзината нова свекрва Зумрут, нов девер Азад, снаа, братучедите Девран и Берфин, бабата Нужин и злобната тетка Бехрије.

    Станувајќи робинка на немилосрдната традиција, Зехра трпи секакви страдања и малтретирања во големата куќа, а излез од нејзината голема болка гледа во бегство од таму. Единствена која може да и помогне да побегне од суровата судбина е нејзината учителка Мелек која е всушност нејзината вистинска мајка.

    Дете заробено во една страшна традиција, дете кое трпи клоци и шлаканици од сите, дете без детство, дете кое на 13 години стана невеста во семејство кое не го познава, дете чии соништа се претворија во кошмар. Дали е праведно традицијата да биде над сите други животни вредности? Дали е праведно на 13 години да живееш живот на ворасен и да ја жртвуваш целата своја иднина? Приказната за Зехра го растреперува секој онојшто ќе ја слушне и види, а најлошо е што вакви неправди и денес се случуваат во Турција.


    Улоги: Çağla Şimşek (Зехра), Orhan Şimşek (Азад), Gözde Mukavelat (Мелек), Ufuk Şen (Девран), Sema Aybars (Нухин), Ali Çakalgöz (Кадим), Arif Selçuk (Џемал)
     
    На mynameislove му/ѝ се допаѓа ова.
  20. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.725
    Допаѓања:
    8.794
    Пол:
    Женски
    Да не знае некој што е иксот на челото на старата? :rofl: :lol: :^)