Неправдите низ нашиот живот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Justicija, 6 јуни 2018.

?

Дали сте доживеале неправда ?

  1. Да

    94,9%
  2. Не

    5,1%
  1. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    3.438
    Допаѓања:
    13.680
    Пол:
    Женски
    Дали сте доживеале неправда низ вашиот живот ?
    Колку тоа ве болело ?
    Дали треба да се згази врз тугата срека и да се зграби па тој истиот да биде победникот ?
    Дали треба да се гази преку лешови за да се биде успешен ?
    Дали оној што гради срека врз туга несрека , никогаш нема да плачи од срека ??

    Дали сте сега добро ?

    Споделете ја и вашата неправдина
    ..

    Мојата неправда ....
    Бев во долга врска , сродни души , двајцата емотивни , заљубени .... Наеднаш тој ми раскинува заради едно дрољиче (она идеше со сите негови другари во друштвото ) останала трудна од него ... Тоа ме скрши , ме уништи ... Онаа врска што ја градев со години и вложував во неа (иако живеевме во различни градови , јас се трудев никаков недостаток да се осети ) јас тотално психички се уништив , паднав во тотална депресија .... Од тогаш јас немам никаков контакт со него ... Случајно на фб ми излегуваат на почетна таткото на дрољичето , и дрољичето со бебе(еден мој фб пријател имаше коментирано на нивната слика ) и татко и, мн горд на керка му што му родила бебе .. Добро бе чиче ја праша ти на дрољата колку време одеа со него ? Сигурно не ти било важно тоа .... Бидејки битно би ти било да се омажи и деца да рага , макар и ако легнувала со туг дечко , па така го презела ? и ти чиче биди најгорд на дрољичето , еве и рака ти пуштам какво дрољиско створење си створил :handshake:
    И ова ке го викате дека бил успех ?
    Да газите врз туга несрека за да бидете вие срекни ?
     
    На Purelove92, elvittta, martovsko cveke и 11 други им се допаѓа ова.
  2. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.706
    Пол:
    Машки
    Јабана ќе ојт темава изгледа :P
     
    На Unique__, Rama, Feminka192 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.659
    Допаѓања:
    104.012
    Пол:
    Женски
    Дрољиче? Wtf.
    Самодоверба down
     
    На Unique__, Rama, Oscar Lady и 6 други им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    8.722
    Допаѓања:
    141.430
    Пол:
    Женски
    убава тема. неправди куп. не можам ни да одвојам која да ја пишам попрво.
    Пример еве свекрва ми помалку го смена мојот син за внук од на ќерка и детето.
    Друг пример типот што цел живот ми беше репер за маж се жени за девојка која го изневерува со познат наш лик.
    трет пример кога ти е најтежок финансиски период маж ти губи новчаник со се што имате од пари..
    Многу има. Дури претерано многу..
     
    На dunka, Rama, smooch и 8 други им се допаѓа ова.
  5. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    7.778
    Пол:
    Женски
    Пиши бриши прам, незнам од кај да почнам

    Јас одам се жалам во полиција, одам по судови, одам по тие социјални грижи значи луѓе имам мака и барам помош.
    Како можи бе никој да не превземи ништо. Како бе како? Да ви е*ам и институции и све

    Животов го изолирав, самата јас се изолирав , кој ќе ми го врати времето од година и неколку месеци кој ?

    Овде треба чоек да попушти мнооогу психички за сериозно да сфатите некого.

    Како бе така полицијата за ништо да не ја бива....

    Те гледат македонец и чао, албанец да е абе одма ќе му помогните

    Само по еден куршум на сите и збогум животе на крај.

    јако сум исфрустрирана дечки.
     
    На Rama, martovsko cveke, smooch и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    1.753
    Пол:
    Женски
    Vo nasata drzava albancitr sekogas imale poveke prednost od nas sega pa beter
     
    На Rama, PaLaVa и La.loca им се допаѓа ова.
  7. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.561
    Допаѓања:
    10.954
    Пол:
    Машки
    Неправди еден куп. Да почнам да пишувам 2 дена ќе ми требаат. :x
     
    На Плавуша123, Rama и Justicija им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.072
    Пол:
    Женски
    Јас да се замарав со правдини и неправдини, зошто било вака или онака, ќе требаше во депресија да паднам. Нема, не постои таков проблем за мене. Сама своја правда терам во животот. Работите ги земам во свои раце и никогаш нема да дозволам некој да се чувствува убаво на моја сметка додека јас се чувствувам лошо.
     
    На Justicija, glosipgirl, mira.mira и 8 други им се допаѓа ова.
  9. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    7.778
    Пол:
    Женски
    Ќе се најди некој паметен, да им одржи лекција.
    Овие нашиве лесни души се затоа.
     
    На Rama и Nalutena1 им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    8.722
    Допаѓања:
    141.430
    Пол:
    Женски
    Значи не е до албанци македонци туку е до врски. не мешајте сеа... ако имаш врски се можеш
    .ако немаш тоа ти е јбг.
     
    На lovestoneddd, poenta, smooch и 3 други им се допаѓа ова.
  11. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    14.572
    Пол:
    Женски
    Неправди еден куп.
    Прво да почнам од мали до големи се прво се купува на брат ми а после на мене или воопшто не оти јас сум поголема нели и треба да попуштам.
    Второ,мајка ми зема кредит за свадба а брат ми го зема пола за да си купи кола од соништата оти нели баш толку му фалеле.
    Друго,зошто татко ми ја маче мајка ми по полето цел ден кога жената оди на работа и дома се обезбедува и се таа плаќа и пака ја малтретира од јутрадо сутра??!!!
    Неправда оти мм работеше цела година за без пари и се поради татко ми.
    Има уште многу.
    Почнувам да се нервирам кога мислам и затоа ги бришам таквите лицемери искористувачи и себични од мојот живот....
     
    На Rama, Purelove92, smooch и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    2.329
    Пол:
    Женски
    Прво тоа што '' пријателите/пријателките '' кога ќе стапат во врска тотално забораваат дека имале живот пред неа, па кога ќе се скараат - класика, сонце ми фалиш :l: ма мрш у три лепе.

    Второ менталитетот наш прекрасен каде што секој се споредува со секој, каде што на социјалните мрежи лечат комплекси со пропагирање на совршен живот, тоа што бараат игла во сено само за да те осудат, што прво се распрашуваат наместо да те прашаат.

    Трето и најодвратно е тоа што во 21 век жените/девојките константо трпат семејно или друг вид на насилство и молчат зашто нема кој да им помогне или воопшто ако побараат помош наместо да им биде пружена ќе бидат догазени.

    Четврто родители што дозволуваат децата да им растат во дисфункционална фамилија, па се чудат зошто младината полудува.
     
    На cresa-jagoda, Rama, smooch и 5 други им се допаѓа ова.
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    3.066
    Извинете, делумно офф топик - но се надевам ќе биде од помош:
    Тоа нека ти биде гооолема лекција за друг пат, имено: :!: Жената треба да вложува исклучиво и исклучиво во себе си, во своите таленти и способности - на пр. преку формално(факултет) и неформално образование(курсеви, книги читање), учење странски јазици, спорт(аеробик, планинарење, фитнес...), да заработува, да патува (доколку моменталните услови тоа го дозволуваат) тоа се нешта што ќе ја води жената до сувереност и посреќен живот. Исто важи и за мажите.
    Не би рекол дека ова што ти се случило е класична неправда, иако не го одобрувам.

    Неправда би било на пр. кога ти и дечко ти би сте имале свое дете, а некое лажливо дрољиште би се вмешало тврдејќи дека всушност детето е нејзино па судот да пресуди неправедно во нејзина корист, иако детето биолошки било твое.

    Барем според раскажаното, главната вина ја фрлаш врз девојката(патем а што возраст се?) која му дала на дечко ти, но што е со самиот твој (сега веќе бивши) дечко? Дали всушност тој ѝ побарал? Или ако сепак таа му се нафрлала, сепак останува прашањето: Зошто попуштил ако знаел дека има сериозна врска со тебе? Ако веќе попуштил, зошто не употребил кондом? Или зошто не посегнал по некој друг начин на сексуално задоволоување? И не како последно, каде е благовремената искреност на дечко ти?

    Ниедна девојка не може да ти го превземе дечко ти кога би сте биле навистина сродни души, поготово кога тој не би дозволил да биде превземен од друга. Запомни, секој има право на избор! Во вакви ситуации и дечко ти имал право на избор, изборот го направил, дали правилен или погрешен тоа може да биде друга приказна...

    Ако ги согледаш работите од поинаква перспектива тогаш од оваа ситуација ти можеш да излезеш како победник! Не во смисла дека ќе ти се остварат некогашните желби за дотичниот, туку дека со поголема мудрост ќе им пристапуваш на новите животни шанси!
     
    Последна измена: 9 јуни 2018
    На glosipgirl, Someonespecial, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  14. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    18.664
    Пол:
    Женски
    @Justicija еј па и ти за што си се замарала.
    Неправди има и ќе има,не им се замарај.

    Нема правда,нема мир:D
     
    На Rama и Justicija им се допаѓа ова.
  15. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    3.438
    Допаѓања:
    13.680
    Пол:
    Женски
    Пријателе никогаш нема да го разбереш она што не си го искусил на своја кожа ..
    Поздрав
     
    На poenta, cresa-jagoda и martovsko cveke им се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.459
    Пол:
    Женски
    Искрено кажано, јас душичко не приметив никаде дека ти е нанесена неправда.
    Ти во ситуацијата што ја опиша си само изневерена, изиграна, изманипулирана, прелажана страна, како и да ја наречеме, сепак тоа не е неправда.. Но исто е, боли, многу боли и тоа изневерување.
     
    На glosipgirl, WildMk, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. martovsko cveke

    martovsko cveke Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2017
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Неправда кога си обиколен со проблеми и неправди кои те кршат а оној кој треба да ти е најголема подршка и утеха,упорно те игнорира и глуми жртва за да ти го зголеми теретот зашо моментално не е баш во центарот на вниманието....а за другите неправди не можам и да зборувам...
     
    На bella.s, WarriorAngel, Nalutena1 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.994
    Јас сум била во твоја кожа и потполно се согласувам со @daylight .
    Дечко ти е единствениот што ти направил неправда.
    ,,Дрољичето'' ти направило услуга, а не неправда. Ако дечко ти толку те сакал немало да ја забремени првата што му дала шанса и да те остави.
    Грдо е, боли ама поарно што завршило. :)
     
    На Someonespecial, WildMk, buba4e89 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    18.487
    Пол:
    Женски
    Цел живот да се крстиш у дрољичето зошто ти го спасила животот од пропалитет каков што е бившиот твој.
     
    На glosipgirl, lovestoneddd, WarriorAngel и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.732
    Пол:
    Машки
    Безброј неправди... али што да се прави, мора напред да се иде. Моето мото е: секое лошо е за добро! Кога ќе дојдете во стадитум да си го крерирате сами сопствениот живот, личните неправди ќе се сведат на минимум. Така да работете на себе и сфатете ги неправдите како добар потик за да направите нешто подобро. Дали треба да се гази преку други за да бидеме успешни? Апсолутно НЕ! Најтешко во денешново време е да си ЧОВЕК. ( Добар ) За гниди, глувци,фејкери и хиени колку сакаш има ама тие не ги бива ни за сапун.
     
    На Starlič, My name, martovsko cveke и 2 други им се допаѓа ова.