1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неправди од страна на родителите и нивно влијание врз самодовербата

Дискусија во 'Психологија' започната од Y Grint, 25 јули 2018.

  1. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
    Ја отварам темава бидејќи на срце одамна ми лежат проблеми предизвикани од родителите кои продонесле да бидам интровертен, затворен тип, младо момче кое немало самодоверба баш заради неправдите предизвикани од моите т.н. "родители". Како во младоста може да се ублажат последиците од несреќното детство, лошата и нереализирана младост и сите други убави моменти кои знаеш дека луѓето на твоја возраст ги имале (а, јас сум ги немал), како да се помириш со фактот што оние кои требало да те заштитат, баш тие ти подметнувале сплетки и за да се ублажи нивното чувство на неспособност и себичност правеле да испадне дека јас сум "проблематичен". (не можам баш во детаљи за ова ама имало неколку такви ситуации).
    Секој совет е добредојден.
     
    На sj *O*, La.loca, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  2. guardatela

    guardatela Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    85
    Ако пишеш детаљи ќе можам поконкретно да дискутирам со тебе ама со оглед на информациите кои ги даваш можам да ти кажам дека животот ќе ти почне во оној момент кога ќе почнеш да се бориш и кога ќе почнеш да ги согледуваш работите кои ги имаш а не оние кои ги немаш втора работа твоите индиректно влијаеле да се осеќаш несамоуверено или безнадежно едноставно си немал потпора од многу битни луѓе .. ама запамти дека The same boiling water that softens the potato hardens the egg. It's about what you're made of, not the circumstances.... Поентата ми е дека треба да најдеш начин да се убедиш себеси дека ситуацијата во која се наоѓаш можеш да да ја сватиш како предизвик а не како пораз.А се што во животот си го немал верувај го цениш троструко повеќе од кога ќе го добиеш и не мислам на материјални работи туку баш на љубов подршка самодоверба или што и да ти фали.Се можеш да изградиш.Се што сакаш.Само треба да решиш дека треба да почнеш.Ако бараш твоите да се сменат или ако ги презираш за тоа каков те направиле само горчина собираш во себе.Што ќе ти е тоа?Што имаш ти од тоа.. НИШТО.Колку побрзо се соочиш со реалноста и ги земеш работите во свои раце толку подобро.И не ти треба никој.Си требаш само самиот на себеси.Доволен си.Верувај дека си доволен и од интровертна несамоуверена личност ќе станеш победник.Прости им на товите не им се лути.Најдобро што знаеле те исчувале и пораснале.Не знаеле подобро од тоа.. прости им.Цени ги .. Животот е прекраток.Не го заборавај тоа и не се сеќавај на тоа кога ќе е предоцна.Верувај се што зборам зборам од лично искуство и сега ми е смешно (без навреда) кога ќе помислам дека сум се осеќала исто како тебе.Не чекај од светот не очекувај.Work work work.

     
    На Victorian, M.B., SnowWhite8 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Кое е тоа несреќно детство?
    Кажи детали.
    Јас освен плукање на твоите родители ништо конкретно не прочитав за совет.
    Што другите имале а ти си немал?
    А дали они биле во можност да ти го обезбедат она што други го имале а ти не?
    Дали стварно си бил проблематичен?
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
    Пример еве, бев константно малтретран од страна на соученици (како резултат на намалена самодоверба) бев тивок и повлечен и во одреден период се повлеков од се, на училиште слабо дискутирав, дури и често на голем одмор (тоа беше година, година и пол) не ни јадев за голем одмор. За проблаематичен воопшто не бев ни пушев, ни пиев (ни ден-денес на 24 години немам ни цигара запалено, ни алкохол пијам. Реков не можам да одам во некои детаљи ситни, евентуално,inbox. Во текот на студентските денови постојанл ги молев за една работа, можеа-не ми ја исполнија.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JoeJane

    JoeJane Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Колку што може да ти влијае родител (намерно или ненамерно) никој друг не може. И тоа не се сфаќа доволно озбилно. Значи влијаат врз личност(и) кога се во најранливите години, години кога се во развој, кога треба да си формираат карактер и личност. А се случува да не размислуваат дека понекогаш мислејќи ни добро, нанесуваат штета. И јас помислив да отворам ваква тема. Се надевам дека мислиш на овие работи што ќе ги опишам.

    Не само што сум интроверт, туку имам развиено голема анксиозност. Се случува да имам напади на паника, overthinking, да мислам на најлошото во различни ситуации и слично. Кој не го доживеал ова нема да разбере. А моите родители ме саакаат, далеку од тоа дека не ме сакале или дека лошо ми мислеле. Ама ете таков им бил начинот на воспитување. Конкретен пример:
    Ќе заборавам вода што сум сакала да ја загреам на рингла (дете, сум отишла во другата соба) но ја слушнав кога претече и истрчав назад. И наместо да ми кажат, немој вака, не смееш да заборавиш, остани во собата додека се свари итн, татко ми почна да крева врева како сум неодговорна, расеана, да ми прави слики во глава како на тој начин ќе сум ја запалела куќата, ке сме изгубеле се за што се труделе тие цел живот... Значи СЕРИОЗНО?! На дете од 10тина години да му правиш вакви слики во глава... Епа ќе го осакатиш! Или еднаш дедо ми сакаше да удри маче што многу си го сакав (срам да му е на годините, наместо тој да покаже зрелост), и јас за да си го заштитам мачето, почнав да го буткам. Ама што е буткање на мало девојче спрема човек од 60тина год... И малку се заниша ко демек ете ке сум го бутнела, ќе паднел, не знам што.. И татко ми, што ако го бутнеше по скали (а не бевме ни блиску до скалите), ќе паднеше, ќе се отепаше, ќе те земеа службите од нас, или мене ќе ме приведат (ова сериозно вакви некои муабети беа, не ми се верува ни мене сега кога пишувам). Или друг пат моите ќе се расправаат за нешто и ќе земат мене ќе ми зборувааат ете они ќе се разведеле, јас да сум била мирна, да не сум придонесувала на проблемите, не сум средувала по дома, требало повеќе да помагам. И јас ќе плачам после, обвинувајќи се себе дека и јас сум крива ако се разведат. (А нема врска, во брак се уште). ЗНАЧИ СЕРИОЗНО ОСАКАТУВАЊЕ Е ТОА ЛУЃЕ!

    Ете, можеби сакале малку да ме подисплашат за да ги сфатам сериозно работите (на пр. да не оставам уклучено нешто на струја), ама денес ако ви се верува не можам да испаднам од дома без 20 пати да го проверам шпоретот и уште 10 пати да проверам дали сум ја заклучила вратата. Анксиозност. Некој да патува и да го нема долго време да ми се јави, помислувам дека му се случиа сообраќајка и ми се плаче, а нема врска со тоа. Почнувам да паничам за такви ситуации. Ми се вртат слики и филмови во глава и почнувам да се гушам. Ако нешто не се чувствувам лошо, почнувам да мислам на најлошто. И во социјализирањето не сум најдобра. Не сум одела надвор да се истрчам и да се изнаиграм како дете. Денес не можам најопуштено да комуницирам со луѓе (има повеќе работи но не можам да навлегувам во детали).

    Затоа родители, памет во глава, мислете малку како влијаете врз сопствените деца. И покрај сѐ, си ги сакам моите, не им се лутам. Се труделе да ме воспитаат најдобро што можат. Не го сакале тоа сигурно.

    За совет да ти дадам, и јас не знам најдобро како да се справам со овие работи. Разговарав со другарка што е психолог и ми рече, цитирам: „Во 20тите год од животот се поврзуваат последните врски во мозокот што ти ја дефинираат личноста (формирањето на карактерот). Ако сакаш да смениш нешто, труди се да го направиш тоа што порано бидејќи после многу потешко ќе можеш да се смениш.“
    Верувам дека освен ние самите да пробаме да се воведеме на друг пат, друг тешко може да ни помогне. Што и не е фер, бидејќи некој друг ти го ставил тој проблем во глава додека не си бил зрела и формирана личност, а после сам треба да се справиш со него.

    Цел реферат напишав. Било какви совети и мислења за подобрување се добредојдени :)

    Едит: сега го видов мислењето погоре. Исто, ни пушам ни пијам, сепак смешно рано ме тераа да се враќам дома од излегувања. Не знам дали се работеше да немање доверба. Повеќе би рекла дека беше параноичност и страв дека нешто може да ми се случи. И ми се има пренесено и тоа. Страв ми е да летам со авион на пример. И многу го мразам тоа.
     
    Последна измена: 26 јули 2018
    На Istata od vcera, Derby, moonlight-girl.55 и 22 други им се допаѓа ова.
  6. Old Soul

    Old Soul Активен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    И јас подолг период се соочувам со истиот проблем. За некој месец ќе наполнам 27 години, и како поминува времето не можам да поверувам дека сеуште се чувствувам заглавена, како да нема излез од мојава ситуација.

    Во кратки црти: татко ми е доминантен во семејството, секогаш е ставен на прво место, најважно е да биде тој услужен и задоволен. Мајка ми од друга страна е жртвата, која се прави за семејството, иако често се покажало дека се што прави е залудно. Често бев дел од секакви глупости, трауми до бесконечност. Целото мое детство живеев во страв, не знаев како изгледа едно нормално семејство, иако се трудев да создадам една таква слика во глава.

    Пред точно 2 години се случи еден драматичен пресврт во моето семејство, каде што комплетно се изгубив себе си. И се тоа по вина на татко ми, кој ја искористи добрината на мајка ми и направи такви грешки кои ќе се чувствуваат уште долго време во иднина. Денес сеуште исто се чувствувам, ранлива, несамоуверена, не се грижам доволно за себе. Едноставно сум заглавена, како времето да е застанато за мене.

    Инаку, комуницирам со родителите, сеуште живеам заедно со нив, и секогаш се трудам да направам сите да се чувствуваме подобро и да донесувам правилни одлуки.

    За моја среќа имам прекрасен дечко, долго време сум со него и секогаш е покрај мене и ме поддржува во секоја моја одлука. Дури и понекогаш помислувам дека го искористувам, и дека правам да тоне заедно со мене. Наместо да напредуваме заедно во животот и да одиме чекор напред, да создадеме наше семејство, ние постојано се вртиме во круг кој нема крај.

    Цело време читам, анализирам, гледам видеа за тоа како да станам појака личност и како да поминам преку тие неправди, кои не ги заслужува никој, а не пак мало дете кое допрва треба да расте и да се развива во самостојна и цврста личност.

    Има периоди кога се чувствувам преубаво, позитивно, како конечно да сум се излечила, но тоа кратко трае и настапува депресивен период, кога сакам од се да се откажам, зашто ми се чини дека и покрај секој напор јас стагнирам, па дури и одам чекор назад.

    Знам дека не можам да ги сменам другите, туку јас треба да го сменам мојот став спрема сите случувања, да заборавам на се што било во минатото. Јас сум таа што треба да се избори со себе, јас сум таа што треба да си помогне, но иако е тешко да се издржи овој товар нема да се откажам, ќе се борам со сите сили, зашто знам дека на крај ќе излезам како победник.
     
    На Askopje, Macito007, VictoriaSan и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.465
    Допаѓања:
    82.111
    Пол:
    Женски
    На gjoker4e и DraganFem им се допаѓа ова.
  8. Natural91

    Natural91 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Комплетно те разбирам само појасни што поточно те повредило форумов е анонимен никој нема да те препознае ако ти е за тоа...

    Ја исто имам ниска самодоверба ради родителите и до ден денеска ми ја спуштаат ради нив имам и анорексија и не можам да се опуштам у врска толку ме имаат искомплексирано и за изглед и за тоа колку сум способна јас од туѓи луѓе слушам пофалби а од моите никогаш, ме упропастија, најлошо е да имаш кретени од родители кои не знаат да дадат поддршка и љубов јас тоа го немав а тоа е столбот на една здраво изградена личност јас немам самодоверба благодарение на нив ни на факс ни у секојдневна комуникација не можам да бидам слободна и самоуверена тие психички омаловажувања се лузни на мојата личност кои не заздравуваат така лесно а јас и покрај тоа пак се борам да заборавам и да го надминам фактот што имам такви родители.

    Им завидувам на оние што имаат родители кои пружаат љубов и разбирање.
     
    На Derby, DraganFem, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.654
    Допаѓања:
    116.443
    Пол:
    Женски
    I feel your pain.
    И јас имам неразбирливи родители кои не ми покажуваат доволно љубов.А,куп болки.
    Моите се токсични контролори.Полнолетна сум,но буквално за се морам да барам дозвола.
    За многу работи ме обвинуваат иако не сум виновна.Не пушам цигари и не пијам алкохол.
    Добра сум,ги слушам,ги трпам и нивните навреди.
    Поради нервози(кои ги имам по нивна вина) и здравствени проблеми,малку ги завлеков студиите.Годинава решив да се охрабрам и подобро да го загреам столчето,па да ги решам испитите.
    Ги сакам моите,но ми отежнуваат,па затоа си планирам да завршам факултет,да си најдам работа и ако можам да си дозволам,да се одвојам од нив.Ме теши помислата дека еден ден ќе си најдам дечко кој вистински ќе ме сака и со тоа ќе ја пополни празнината во моето срце.
    Совет до тебе: слушај ја омилената музика,ако имаш милениче шетај го и гали го,шетај меѓу народ со крената глава,добро работи си и штеди пари,па ако можеш и тргни се од нив.
    Ако си добар и чесен дечко,ти немаш од што да се срамиш.Крени ја главата високо и собери храброст,и ќе успееш. ;)
     
    На sorbet, SummerGirl, La.loca и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Paolita

    Paolita Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Сличен случај сум и ја. За утеха барем нека ти биде дека не си само ти у ваква ситуација. Како што гледаш не има прилично голем број.
    Истите работи што ги опишуваш ги имам преживеано и ја. Израснав у семејство со нарушени семејни односи. Татко ми е алкохоличар и он е главен и одлучува а мајка ми секогаш му се потчинува. Се караа постојано, и велевме на мајка ми да го остави, а она се плашеше да го остави поради нас, иако и нам би ни било подобро да се разведоа барам ама ете. Додека бев помала исто тоа ми влијаеше многу на самодовербата, имав проблеми со ниска самодоверба и проблеми со комуникација со други луѓе. Никогаш не ги споделував своите проблеми и грижи со нив зошто наместо да ми помогнат ќе си ја префрлаа вината еден на друг,ќе ми кажеа дека само проблеми сум им создавала у животот, дека си имаат они и други проблеми па уште и ја сум им додавала и сл..Затоа постанав доста затворена личност и ден денес не ми доаѓа природно да ги споделам проблемите со некој зошто сметам дека само ќе го замарам. Во средно бев многу повлечена, не се дружев скоро со никој, не ми даваа да излегувам, демек нонстоп пари сум им трошела и сл - проблеми со социјализација.
    После средно запишав факултет и гледам да си најдам рабта за да можам да се одвојам од нив. Си сакав мир, слобода на изборр.
    У трета година на факултет паралелно со факултетот почнав да одам и на пракса со цел вработување. Моите секогаш ми велеа дека они ме издржувале, дека они ми давале за леб и сл. Дека ја не сум била способно да заработам, дека без нив би завршила на улица сл. И кога почнав со ова, самоинцијативно, не ме подржаа, напротив. Ми велеа дека џабе си го губам времето ,дека никој мене нема да ме вработи без врски и сл.

    После некоку месеци праса се вработив. Земам солидна плата.Доволна како за да се самоиздржувам. Факултетот го плаќам со стипендијата што ја земам, платава ми е за други потреби што имам. После 6 месеци, 6 земени плати одлучив да се одвојам од нив и да си идам под кирија со цимерка. Многу ми е подобро вака, си имам убав стан, сега доста од платава ми иде на кирија и други трошоци ама сепак ми е одржливо и ми остануваат и пари и за некој викенд да си одвојам, да си купам кога што си сакам гардероба и сл. И што е најважно тоа се мои заработени пари, од нив ни денар немам земено.

    Проблемите со ниска самодоверба исто ги надминав. Ќе ти пратам у порака некои јутуб видеа што ми помогнаа.

    Сега работам на тоа да бидам поотворена како личност и да не се плашам да ги споделам своите мисли и чувства.

    Работам на себе како личност и сфаќам дека не треба да држиме лутина и огорченост кон родителите.
    Љубовта на родител кон дете е безусловна. Они само не знаеле како подобро. Врз нас ги префрлале нивните стравови и фрустрации, болката која нив некој им ја нанел и од од коај они се немаат ослободено.
    Ако они немале доволно знаење и не биле доволно едуцирани за како подобро да не воспитаат да не ги правиме истите грешки и ние.
    Затоа прости им. Простувањето ослободува.

    Не е лесно, ама штом се работи на нешто и штом се вложува труд тоа мора да даде резултати.

    Се надевам дека ти помогнав барем малку, ти праќам многу позитивна енергија и поддршка.
     
    На mvui, Mini90, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  11. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Запомни дека тие имат ограничен ум и нели мора да го почитуваме соговорникот, не си земај при срце погрдни зборови.
    Кога твоите ти зборат со таков ритам, молчи. Мисли на денот кога ќе успееш и тогаш твоите дела ќе говорат многу повеќе од тебе.
    Јас, така правам.
     
    На WildMk и Indiegurl им се допаѓа ова.
  12. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    6.096
    Пол:
    Женски
    Имав и јас таква ситуација со моите. Кај мене многу влијаеше, а и сеуште влијае тоа што секогаш имам коментари од типот немам, не можам, немам време. Сите овие коментари кога станува збор за некој друг ги нема. Многу ми пречи и до ден денес тоа што секогаш се со овие зборови кон мене. Добив чувство како да не сум вредна за нивното внимание. Се навикнав на сето ова како што поминуваше времето, дури веќе станав и рамнодушна. Почнав да им го правам истото што ми го прават на мене, саркастични коменари каде што не им е местото, не можам, немам време. Но, за да стигнам до ова поминав низ многу нервози, здравствени проблеми каде почнаа раце да ми се тресат од нервоза. Како станувам повозрасна гледам повеќе да се тргнам од нив се со цел помалку да се нервирам.

    И јас сум затворена личност, многу малку зборувам. Ретко со кого сум опуштена и можам да зборувам за своите проблеми. Би ти препорачала доколку имаш/можеш да збориш со некој во кој имаш доверба за тоа како се чувствуваш во врска со твоите родители и проблемите кои ги имаш со нив. Мене тоа многу ми помогна, од тогаш сум може не сум скроз опуштена со луѓе но почнав да комуницирам и да се опуштам повеќе.

    Доколку ви треба да разговарате слободно пишете лп.
     
    На power11 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
  14. Ex Luna Scientia

    Ex Luna Scientia Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2017
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    847
    Пол:
    Женски
    Јас на моите да им дозволував толку да ми влијаат на психа до сега ќе се утепав.
    Ако си полнолетен, едноставно самиот почни да си правиш што и да ти дојде на душа. Ако не си, почекај до полнолетство да не ти прават проблеми со полиција. И најди си работа под итно!
     
    На Lolo5 и guardatela им се допаѓа ова.
  15. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.644
    Допаѓања:
    52.600
    Пол:
    Женски
    Се приклучувам на клубот. Имам претходно кажано дека освен финансиска никаква друга поддршка сум немала од родителите. Отсекогаш сум била пуштена да бидам излезена до кога сакам, сите си мислат дека супер ми е, добивам пари и слобода од нив кога сакам. Ама тоа е така само на површината. Не знам колку пати имам слушано навреди за мене, особено за тежината, колку пати со солзи сум влегувала во купатило и сум излегувала како ништо да не е. Колку пати ме споредувале со деца на други родители, зборови како колку за нив не сум вредела, како тие се попаметни и поуспешни од мене. Како дете, сум добивала и ќотек иако вината не беше целосно моја. За нив, ретко можам да направам нешто како што треба. И за факултетот каде што се запишав постојано ми префрлаат. Немало да успеам со тоа, требало да се запишам за професорка по англиски, иако сто пати им имам објаснето дека не сакам да работам со деца, едноставно не сакам. Не велам дека го сакам овој факултет, ама се запишав поради причини што никогаш немаше да ги разберат и затоа не им ги кажав. Тие се дел од факторите поради кои имам ниска самодоверба и не се чувствувам вредно. Баш заради тоа сум затворена личност која е опуштена само пред две-три личности најмногу и сум многу sick and tired од коментари од луѓе кога ќе ми речат дека не сум комуникативна и треба да бидам поотворена и да не сум срамежлива. Не ги чувствувам блиски на кои можам да му кажам се'. За нив никогаш нема да сум совршената ќерка која отсекогаш посакувале да сум. И донекаде се чувствуам виновно за тоа.

    Никој што ме познава не знае дека вака се чувствувам, а нема ни да знае. Многу ми е болно да зборувам на оваа тема и ако почнам нема да успеам да ги задржам солзите.
     
    На Someonespecial, unicorn360, Askopje и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.408
    Допаѓања:
    42.731
    Пол:
    Женски
    И јас никогаш нема да бидам ќерката што тие ја посакуваат.
    Бидејќи бев одличен ученик и студент, се завршив на време, проблем беа моите пријатели, дечковци, слободоумноста, желбата да го распознавам светот, да се дружам со луѓе од различни националности и верска определеност.
    Моите се конзервативни луѓе на кои им се побитни "комшиите" од ќерката. Сите кои се малку поразлични од нив се нелуѓе, а јас ненормална што секое човечко битие го ценам, сакам и почитувам без разлика на различностите.
    Премногу сме различни. Тие се водат по стереотипи и генерализирање, а јас не. Проблемот е што сакаат да ме сменат, сеуште, на 23 години. Сакаат да бидам како нив.
    Во одредени ситуации сум примила и навреди, закани, сум била заклучувана дома, тепана, осудувана. Мајка ми ми префрлувала вина, за нешто за кое што е она одговорна, за многу тешки работи.
    Од сето тоа искочив посилна. Сега да се случи истото ќе си заминам од дома. Не работам но имам заштедено нешто, колку за леб.
    Се обидував да ги разберам, но не ми оди, премногу рани ми нанесоа.
    Ќе им вратам со тоа што ќе го живеам животот како што јас сакам, со кого сакам. Ќе им докажам дека сум силна, ќе живеам да си ги остварам желбите и соништата.
    Никогаш не сум имала лоши намери во животот. Душата ми е чиста.
     
    На Dream-Girl, Someonespecial, x.Daisy.x и 12 други им се допаѓа ова.
  17. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.576
    Нит јас не сум била ќерката која ја посакувале, без разлика колку само се трудев и правев се што ќе речат. Епа затоа сум сега ќерка од пеколот :devil: . Не дека не ми влијаело на самодоверба дури и проблеми ќе имам доживотно, но сега повеќе не ми е гајле, живеам сама ,работам сама и не разговарам со нив.
     
    На Notorious-B, Someonespecial, mvui и 6 други им се допаѓа ова.
  18. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Значи буквално се што напиша, на сличен начин ми се има случено. Викања и кревање паника ради ситници, зборење разводи (да, уште се заедно), како ради мене се карале, скоро секојдневно дур растев. Какви ситуации памтам што мајка ми мисли дека не памтам, тоа пак да не зборам.
    Не е зезање со дете ако го тепаш само, ова психичкото е исто тешко.

    За се те разбирам, не си сама, сигурно има мал милион ко нас. Јас немам ко тебе некои проблеми со тоа, порано имав, сега ми се останати само нервирањата за ситници и замислување на најлошото можно сценарио за секакви ситуации, но само што ми се појавува таква мисла гледам да ја тргнам.

    Дали ги кривам? Да и не. Да, зашто наместо да ти дадат крилја за да се снаоѓаш сам во животот, тие од мала ме напукаа со стравови и мразење на непознатото. Правам се што можам да одам контра ова ко што реков, ми оди добро. И не, зашто сепак тоа настрана, се добри родители. Сепак, ми покажаа страна на родителство кое нејќам да ја пренесам во иднина.
     
    На Luminary и JoeJane им се допаѓа ова.
  19. Walker7

    Walker7 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2018
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Машки
    Ne mozam da veruvam kakvi komentari nekoj pisuvaat za svoite roditeli, jas mislam deka roditelite sto i da vi kazale bilo za vase dobro nikoj vo ovoj svet ne e po vreden od roditelite...
     
    Последна измена од модератор: 30 јули 2018
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.531
    Пол:
    Женски
    Всушност, некогаш родителите можат и тоа како да бидат непријатели на своите деца. Не си преживеал/а па не знаеш. И драго ми е што не знаеш.
     
    На Lolo5, Luminary, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.