Здраво мајки ја отварам оваа тема за да слушнам и ваши мислења.Сме на возраст од 8ипол години но забележувам дека почна да и мирисаат мишките.Зарем не е рано за антиперспиранти стикови.Шо умате користено за таа возраст??
И јас порано имам прашувано на оваа тема. Големиот сега има 14 ипол год. На 9 год.после треннзи почнав да забележувам непријатна миризба. Препораката од матичната беше само често туширање и одлагање на стиковите што е можно повеќе. Процесот на пубертет почнува така, пополека, за да после 2-3 год се интензивира. Моето дете во прво време користеше домашно направена крема од сода бикарбона, кокосово масло и некоја капка етерично масло за мирис. Кога наполни 12 и нешто, веќе тоа не помагаше, и за прв пат тоа лето купив од форевер алое стик. Исто користи и сега.
Јас си користев стикови уште тогаш, незнам дали беше баш 8г, ама знам дека од мала возраст. Па поарно да мирисам на свежо неголи да смрдам.