Здраво девојки Ме интересира несто повеке за оваа место, како се движат цените, задоволни\незадоволни,и далие плажата е ок
Нај задоволни.. не е многу скапо, убава е плажата ама нема многу туристи.. повеќето се во Сончев Брег (2-3 км оддалечен од несебар) и таму е многу убаво јас скоро секоја година одам.. Ама во несебар нема многу ноќен живот.. (Сега зависи од тоа дали Нов Несебар или Стар Несебар, бидејќи тоа се два различни града.. позз и ако одиш убаво да си поминеш )
Едно прашање доволни се 150 евра за 10 дена во Несебар ? Смештајот и автобусот не ги рачунам се разбира
Па незнам јас мислам дека ако сакаш да си купиш нешто (облека,чевли,сувенири и сл.)-нема да ти бидат доволни.. без 200евра...
Памтам дека во Несебар многу ни се јадеше тост со сестра ми.Јас имав 7 години,а сестра ми 11. Па најдовме една сендвичара и порачавме тостој, мислејќи дека тостот е нешто приближно како кај нас По 5 минути ни иди келнерката со 2 големи векни леб, засечени на половината, изрендан кашкавал, саламче и кечап И се чудевме каков тост ќе беше тој. А јас ко шо не јадев многу, одвај третинка каснав од "тостот" и му го дадов на татко ми На ова ми текна, кога прочитав Несебар
Ние лани бевме во Несебар, одлично место. Бевме сместени во Вила Ламбови скоро во самиот центар и плаќавме 16 евра за соба. Собата ехтра, со сопствено купатило, клима, фризидер, и огромна тераса. Бевме на почетокот на Јули. Многу беше евтино, за 200-250 евра 10 дена можеш доста солидно да ги поминеш. Има многу кафичи, ресторани, таверни, има кујни да си земеш што сакаш за јадење и многу е ефтино.
Ке можеш нешто линк да ми пратиш од вилата,оти и јас лани бев во несебар но плаќав 20евр од вечер. Па оваа година ке одам пак.
Ние сами најдовме смештај, преку агенција истата вила за 3-4 евра по лице е поскапа. Оваа вила е баш е на центар,и на 10 мин од плажа http://lambovi.com/
Ики дали можеш да ми кажеш каде точно се наоѓа вилата, дали е далеку од плажите? Во стариот дел од градот е?
Бугарија скапо е. Едни роднини отидоа оваа година. 10 евра од човек плакале. Требаше и јас и моето семејство да отидеме со нив но подобро што не отидовме
Како бе скапо? Баш Несебар е евтино. Две другарки беа, едната плаќала 5 евра, другата 6 евра од вечер. Не беа заедно инаку.
Не бе скапо јас сум несебар и плајќам 6 е од ден , можи плајќале 10 е од ден ама има и поефтино, ко ке слезиш од автобус и одма ти идат лујѓе и ти понудуват , во сончев брег е малку поскапо ама е сето хотели одприлика од 8 до 10 е од ден, на самата плажа хотелите се поскапи ....... Ние сме 2 мин од плажа ама во Несебар.
Јас имам едно прашање. Слушнав дека имало многу медузи, вистина е? Живот си немам од нив бе луѓе, како ќе влезам во вода
^^Ние бевме минатата година во јули- средината и искрено не видов ни една медуза, и онака водата е ептен не чиста и немаше многу пливање. Како и да е, сигурно да имаше ќе сме виделе. Може во август се по изразени, незнам...
Видов само 2 медузи, ама ништо не прават тие нема од што да се плашиш , а водата беше малце валкана кога дуваше ветар и имаше бранови, значи во овие 10 дена 2 дена имаше мали бранови, и немора да значи дека сегде е валкана на некој места беше чиста...