Несигурноста на женските со спротивниот пол

Дискусија во 'Психологија' започната од Горан.Р, 6 септември 2017.

  1. Горан.Р

    Горан.Р Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2017
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    Зошто женските се толку несигурни?

    Кога збори со нив некое машко зошто одма сметаат дека сака да ги легне, а и да сака да ги легне што има лошо во тоа?

    Имам забележано дека поголемиот дел од девојките кои имаат цврстина во карактерот, а притоа се многу женствени имаат добра мајка за пример.
    Има поговорка, гледај ја мајката бирај ја ќерката.

    Ваши размислувања.
     
    На Lolo5 и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  2. Errori

    Errori Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2017
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Насловот на темата, заедно со првото и второто прашање немаат никаква допирна точка... Не разбирам, ако некоја девојка мисли дека дечкото сака само секс со неа, тоа ја прави несигурна?!?! Појасни се малку за да сфатиме.
     
    На theowndemon, Trxmx, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    3.937
    Допаѓања:
    33.084
    Пол:
    Женски
    Што имало лошо во тоа...
    Па како сакаш да се однесуваат ако приметат дека типот сака одма да ги легне. Тоа не е несигурност, тоа се девојки кои се ценат сами себе, и бегаат од такви типови. Погрешно си протолкувал. Се знае кај можеш да најдеш некоја ако сакаш веднаш да ја легнеш.
     
    На Lolo5, hermosa, MayDiamonds и 19 други им се допаѓа ова.
  4. diskreten32

    diskreten32 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    2.872
    Пол:
    Машки
    • Ве замолуваме да пишувате на кирилица.
    Ne se legnuva so sekoja zena sto ke ja vidis be ej haha
     
    На sj *O*, fallenangel, Плавуша123 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Машки
    Гледај ја мајката бирај ја ќерката!!!! Тоа е тоа мото. |( 8) ( Некад па и сеа е добра теза ) Читајте подоле.
    Глобално гледано сите се несигурни со спротивниот пол, тоа е ради "нискобуџетните" умствено И енергични ( биолошки ) системи кои ни се измиксале во текот на еволуцијата со технологија и недобри социјални уредувања кои не одвоиле од природниот пат на спознавање.
    Комплексите вариират и пукаат во одредени моменти на социјална интеракција при очигледна социјална разлика и статус. Најчесто несигурни се девојките кога машкото е несигурно или е пресигурно!!! Ако некое машко рандом отиде на некоја девојка и прави рандом муабет, може да не биде свесен дека иде за секс иако мисли дека иде за друго. Нашата социјална секојдневна свест е на премало ниво на разбирање и тоа е единствената вистина. Во превод многу сме глупи поради тоа што сме многу комплексни.
    Спремата е неограничена , раѓањето ( репродуктивноста ) кај жената е ограничена. Тоа е факт. Може да се сфатат некои работи околу сигурноста и несигурноста со овој факт.
    Поентата е машкото да направи женското да се чуствува сигурно во себе и да и помогне да се експресира на најдобри можни начини. Истото важи и за женското во однос на машкото.
    Вакви литератури за односите помеѓу машкото и женското има безброј. Прочитајте нешто!
    Одговор на прашањето зашто ? Жените знаат кога им се нуди пенис!! Го разбираат јазикот на парење ПОТСВЕСНО. Што има лошо во тоа? Не може 10ка жена да развие плод со маж 4ка, тоа е исто како да се спарат Дога и Чивава. Или обратно ? Што ќе испадне од тоа? Љубовта не познава граници али свеста познава реална проценка и ценење на репродуктивната машинерија. ;)
     
    Последна измена: 6 септември 2017
    На Lolo5, PaLaVa, Dadusicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.242
    Пол:
    Машки
    До некаде тоа е многу океј со оглед на тоа колку не на сексаноста кај мажите прави главната цел да му е само креветот, а потоа да си ја дувне. Дај Боже ќерките утре да ни се такви и да си пазат...
     
    На Lolo5, PaLaVa, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    12.043
    Допаѓања:
    159.392
    Пол:
    Женски
    Прво ова генерализирање воопшто не ми се допаѓа, али ај ќе го оправдам со тоа што ќе речам-во секоја од нас тлее некој страв. Иако не сум баш во цутот на девојачките дани, ќе си дозволам да одговорам на темава.
    Под девојка во наун треба да стои-fragile, кревко, ранливо и неспособно да се пресмета со појак пол (појак физички се мисли).
    Во денешно време каде што владее продажба на органи па се до проституција извини ама како да не им е страв!? Верувај ми, најдобро што може да им се случи е да сака некој да ги легне. Не најлошо. Најлошото го пишав во претходната реченица (реторичко прашање).
    Замисли се вака. Ти си девојка од 19 год, која не студирала баш психологија и не била асистент на типот од серијана Менталист и и доаѓа некој дечко од 27 год. Убав, ненападен, шармантен...ја чести пијачка, и зема број се нуди да ја однесе до дома. Што се може да се случи до тоа дома е знак прашалник, а не зборам за -страв ми е да не ми побара. Реално, девојче од 19 год со 50 килца на неа, не може да очекуваш да е со појас по карате, џиу џицу или тренер Кличко да и бил до вчера. Доволно е еден шамар да ја испружи и да не знае каде ќе отвори очи.
    Така да драг мој Горане, кога веќе си решил да отвориш ваква тема, еве на кратко колку што ми дозволува времето и просторот ти објаснив. Пробај со ова да ги сфатиш девојките, жените и се од женски пол и можеби малце треба да го смениш пристапот кон нив за да не ги плашиш и разбери ги кога не им се брза.
     
    На Lolo5, hermosa, eliesaab и 14 други им се допаѓа ова.
  8. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    2.906
    Пол:
    Женски
    • Ве замолуваме да пишувате на кирилица.
    ako bevte poiskreni moze ke bevme sigurni ;)
    #justsaying
     
    На Lolo5, Blue000, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.496
    Пол:
    Женски

    Горане, Горане...зарем досега не си налетал на женска(како мене на пр.)која ќе прави моабет со тебе без да покаже трунка несигурност, која ќе те гледа директно у очи, ќе флертува со тебе, заводливо ќе се препелка со тело, ќе ти тресе невидливи трошки од коса...абе женска од која ти ќе станеш несигурен оти јасно ти дава знаци дека сака да легне со тебе!?
    Несигурноста и срамежливоста ја писедуваат само особи без самодоверба.
    Дали си видела убава женска а да биде несигурна!?
     
    На Lolo5, Blue000, DraganFem и 9 други им се допаѓа ова.
  10. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    3.635
    Пол:
    Женски
    Несигурни? Не, баш напротив, многу се сигурни ако те одјебат после таков муабет кај што апла им укажуваш дека сакаш да ги легнеш. Нема ништо лошо во тоа да одиш со некого само ради секс, мислам, 21 век сме, ама многу битна разлика има во пристапот.
    Мене на пример ми сметаат машки што после 5 минути муабет одма одат со репликата: кога ќе се видиме јас и ти, на кафенце, знаеш хе хе...
    Тоа ми е екстремно сељачки потег и никогаш не сум излегла да се видам со такво машко па колку сака нека бил убав. Машко треба да знае да те освои бре! И да сака да ме легне треба да знае како да ме заведе, да ми направи таков интелигентен и фраерски муабет што самата ќе посакам да го легнам.

    А крај краева, ако нема хемија тогаш нема да упали ништо од горенаведеново. Едноставно не сакам никаква блискост со таа особа и се обидувам на најкултурен начин да и дадам до знаење да ја прекине комуникацијата со мене. И нормално на вас машките тоа ви изледа како женското да е несигурно во себе и не знае што сака.
     
    На Lolo5, Blue000, DraganFem и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    940
    Допаѓања:
    3.490
    Пол:
    Машки
    А од каде ќе знаеш какви мајки имаат, си има ред бре не може од запознавање веднаш да бараш да те однесе да ја видиш мајка и или пак слика да бараш од мајка и тоа е манијачки ептен :devil:

    Нема тоа врска со несигурност него не може од женска особа да очекуваш да реагира позитивно на секој лик кој ќе и се пушти, нема логика, може да не и се свиѓа, може да е нападен со латиница муабети, скраја да е може да е од дијаспора некој, што треба да нема механизам за избор па ајде со секој кој ќе и се пушти?
     
    На Lolo5, cresa-jagoda, fallenangel и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    13.623
    Пол:
    Женски
    Тоа не се нарекува несигурност, туку се нарекува САМОПОЧИТ.

    И во денешново модерно општество каде сите сметаат дека вредат многу повеќе и имаат релативно високо мислење за себеси, истите тие дефинитивно не би сакале да изгледаат ефтини и лесни во очите на другите.

    Освен тоа ...

    [​IMG]
     
    Последна измена: 7 септември 2017
    На Lolo5, eliesaab, DraganFem и 8 други им се допаѓа ова.
  13. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.785
    Пол:
    Машки
    Според мене прво да си почнам од самиот себе, за да некоја биди сигурна во комуникација со мене треба прво јас да бидам сигурен во самиот себе, односно да и дадам сигурен знак дека сакам само да комуницирам со неа. Доколку не си расчистиш прво ти самиот со себе сто сакаш со незе нема ни потреба да почнуваш.
    Нормално е најпрво да комуницираш со самиот себе од типот на визуелна комуникација со твојата внатрешност за описот на силуетата што ја гледаш пред тебе.
    После следи визуелна комуникација очи во очи. Ако нешто се гледа прво според мене секогаш најбитно е комуникацијата очи во очи, доколку не знаеш кога зборуваш да ја гледаш баре дел од разговорот во очи тоа значи дека не ти е интересен разговорот со незе едноставно небитно е тоа што разговарате, ама и во очите се читаат поголемиот дел од работите за незе.
    Ова е за еден малце поинаков начин на комуникација.
    А за усната комуникација поконкретно секогаш кога се запознаваш со некоја секогаш или во најголем дел од таа комуникација треба да си искрен и отворен кон таа личност.
    Како сакаш некоја да е сигурна со тебе кога ти си таинствен како „таен агент“ така ни твоите дома нема да се сигурни во тебе.
    На првиот состанок треба да си конкретен во тоа што го говориш, а не да бараш конкретни одговори на неконкретно прашање, тоа доаѓа како да бараш некој да ти верува а ни ти самиот не си веруваш.
    За да биди некој/некоја сигурен во тебе треба да знаеш: да ја почитуваш пред се, да не ја лажеш, да и посветуваш внимание за цело време додека говорите, да бидеш кавањер кога ќе се запознавате (да и тргнеш столица кога седнува, да и го земеш ѓакетчето или дуксерот и го оставиш на столот, да и ја наполниш чашата со пиалок, да и дозволиш прва да го земе менито и прва да нарача), да ја насмевнуваш, да знаеш што сакаш, да има некоја цел и некој редослед тој муабет.
    И најважно од се е да бидеш ИСКРЕН ИСКРЕН И ИСКРЕН секогаш кога говориш со неа.
    Само така нема да е несигурна со тебе.
     
    На Lolo5, cresa-jagoda, EraBon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Feminka192

    Feminka192 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    Не осудувам ако некој сака забава без обврски, само секс или како и да, не сум конзервативна но за да бидат заедно партнерите треба да имаат исто гледиште. Значи ако ти сакаш забава без обврски треба да наидеш на девојка која исто така сака забава без обврски. Ако ти сакаш да градиш и да се посветиш на врска тогаш ти треба и партнер што е таков. Ако се разидувате во потребите значи нема што да барате заедно.
    Познавам момци т.е возрасни мажи 25-30 кои се полоши и од тинејџери па дури и имам мислење дека се плашат да бидат со девојка. Несигурноста е еднаква и кај мажите и кај жените.
    Никогаш не ми се допаѓале луѓе кои не знаат што сакаат.
    - Пример 1, Другарка контактира со дечко, овој ја вика да излезат, оваа му вели неделава може само да се договориме за ден, типов исчезнува и не ни спомнува веќе состанок. :o
    - Пример 2, Контактирав со еден дечко од друг град кој цело време инсистираше да се видиме, пред некое време му велам може со една другарка ќе бидеме викендов таму па земи некој другар ако сакаш. Овој кога се уплаши па може на работа ќе бил, па може гости ќе имал абе не знаеше што да излаже ко божем ќе го киднапиравме :devil:
    -Пример 3, Се запознав со еден, излеговме пријателски, не се случи ништо, ми делуваше како океј човек па ајде договоривме и втор состанок, повторно не се случи ништо :D. Си мислев дека добро може сака само другарски да се дружиме не му се свиѓам. После месец дена и кажувал на моја другарка како не знаел што со мене, кога да ме види и што да ми рече. А во меѓувреме ме уби со пораки по фб, смс и сл.
    Значи бидете отворени и јасно кажувајте што барате во моментот. Колку сте појасни толку побрзо и ќе го најдете тоа што го барате. :)
     
    Последна измена: 8 септември 2017
    На Lolo5, Blue000, DraganFem и 4 други им се допаѓа ова.
  15. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.048
    Те молам, ова веќе спаѓа во друга тема. Секој има различни искуства. Јас сега на пример можам истото да го кажам за жените зошто на пример голем број жени не биле искрени со мене, ама не е тоа причина сега јас да генерализирам.
     
    На Lolo5 и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  16. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.785
    Пол:
    Машки
    И сега чаре за несигурноства од женска гледна точка ?
     
  17. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.048
    Пред секој состанок да се испее три пати на глас „Оче наш“ и да се оди на состаноци со една матарка света вода, зошто ако машкото е вампир само света вода помага и дрвен колец.
     
    На zhap4e и Dadusicka им се допаѓа ова.
  18. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не можеме да ги обвинуваме машките зошто девојките биле несигурни или обратно.
    Се сложувавам во целост со @PaLaVa .

    Ама не може да се генерализира, зависи од ситуацијата и од личностите.
    Некои се несигурни заради предходни врски, некои заради семејни проблеми и сл.
    Не можеш да знаеш што се се случило/ случува во животот на личност која за познаваш кратко време на пример..
     
    На Lolo5, PaLaVa, Prijatelot и 3 други им се допаѓа ова.
  19. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    3.937
    Допаѓања:
    33.084
    Пол:
    Женски
    Жените воглавно се несигурни ако сакаат нешто со дечкото но сеуште не го познаваат добро, ако то је "погласен" од нив, во смисла комуникација, хумор, искуство и сл. Пак ќе речам зависи од карактерот, возраста и какво мислење стекнале до тогаш за дотичниот. Несигурноста произлегува од тоа кога некоја работа ти е непозната. Ако некој не ни се допаѓа а притоа воочиме дека на типот единствена цел му е секс тогаш сме далеку од несигурни. Спротивно, одлучни сме да му покажеме дека не се заинтересирани за неговите понуди.
     
  20. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.785
    Пол:
    Машки
    А што е пресудно кога комуницирате да си помислите ете сигурен дечко ?