Дали имате периоди кога не можете да заспиете? Што ви помага да заспиете? Јас лично имам така и ќе седам,ќе седам и ќе гледам у плафонот се додека не ме фати сон... Лек??
Имам периоди кога неможам да заспијам,па едноставно чекам дремка да ме фати,инаку во принцип лесно заспивам.Несоницата се појавува поради преоптовареност на умот со мисли,мислам дека најдобро решение е јогата,бидејки опушта,па придонесува човек лесно да заспие или пак едноставно со навремено легнување,во точно одредено време,затоа што ние го навикнуваме организмот како да прави.Така,место кога ноќта е за спиење,на некој ноќта му е ден,а денот ноќ,обратно и веројатно и поради тоа може да се појави несоница,сите погрешно правиме,се знае зошто служи ноќта,а зошто денот.Сепак повторно ќе речам,дека несоницата е последица на пероптовареност на умот со мисли,ништо друго.
Тешко заспивам кога имам добиено . Не можам да се наместам , а кога ќе заспијам се будам одма и се на се дали 2-3 саата спијам . Кога сум нервозна исто не можам да заспијам . Тогаш само гледам во плафон или слушам музика , не знам како другачије.
Jас си чекам да ме фати дремка, а дури чекам превртувам враќам филмови. Па како што вели Горданчето не спиеме бидејќи мозокот ни е преоптоварен со мисли. Е па не мислете повеќе
Кога неможам да сијам, станувам од кревет да прошетам малку, пијам вода да се освежам и пак в кревет. Но не помага ова секогаш
Вака во лето нормално е до 3-4 да седам , ама кога имам обврски како бебе во 10 си легнувам, не дека сум многу одговорна, туку ми се спие-ми се плаче. Кога треба да станам пред 7 и цел ден да не седнам, кога ќе дојдам навечер дома само кревет и храна гледам . Инаку ретко патам од несоница, најчесто кога психички нешто ме мачи, инаку си немам проблем со спиењето .
Мене така ми се случува. Седам по цела вечер, а дента спијам. Не дека не сакам порано да заспијам, ама неможам ,така си го навикнав организмот и никако не можам да се одвикнам од тоа. Само се мачам и се осекам многу неубаво ... Ако знаете некој ``лек`` за тоа пишете Поздрав
Обично не можам да заспијам ако сум напната ,ако мислам нон стоп на нешто или посебно ако вежбам или учам пред спиење. И уште повеќе паника ме фаќа за наредниот ден, зошто нели треба да бидам одморена и свежа пред испрашувањето или тестот за кој сум учела, а јас не можам да заспијам. Сакам се да ми е организирано, затоа неможам да заспијам ако имам заостанати обврски, дури и ако не ми е проветрено,средено и чисто во соба. И ако не можам да заспијам станувам од кревет и не легнувам додека не почуствувам потреба да спијам, а ако имам нешто што ме мачи обавезно будам некој за да си раскажам што ми лежи на душичкава Чај со многу мед исто помага против несоница
Ми се случило да не можам да заспијам. Лек? Додека траеше школската година, земав книга в рака Ефективно беше
Несоница имам само во летен период. Ништо не ми помага за да заспијам освен седењето до касно на компјутер или читање книга.Ама не дозволувам да ми се случува често. Најчесто имам несоница кога сум возбудена за нешто, дали од предходниот ден нешто што ми се случило па таму ми е паметот или нешто за наредниот кога очекувам нешто или некое патување. А ова морам да го споделам, несоница пред спиење никогаш не ме фаќа кога сум прва смена на училиште,ама кога ќе се вратам и те како , ама земам книгата и не дозволувам да заспијам и затоа можам да спијам после.
Леле летово скоро секоја вечер дремам до 3-4 гледајќи во плафонот или слушајќи музика,а за време на школската година веднаш заспувам -ме исцрпува школото За лек незнам баш ама добро ми доаѓа млекце со мед Инаку нема проблеми баш со несоница
Еве вака да ви кажам...Мене пред некоја година несоницата ми беше најчеста појава. Имаше периоди и кога истата траеше и месец дена. Ми се спиеше но не можев да спијам. Одев на психијатар (иако и јас си го знаев истото тој што ми го кажа ) и тој ми велеше единствено - Не се нервирај, се е на нервна база и ми препишуваше лекови од кои ни едно апче не се напив. Морав сама да си го решам тој проблем затоа што тоа ми се случуваше веќе цела година. Знаев дека е од нервоза бидејќи секоја индивидуа во овој свет се нервира за секоја ситница иако одрекуваме. Јас мислев дека не знам што е тоа нервоза а уствари се нервирав кога мува ќе ми застанеше на раката Сите тие ситници ми донесоа голем проблем. Се одлучив мноооогу да работам за да се изморам и да заспијам. Ништо од тоа. Потоа се откажав од компјутерот. Ништо не влијаеше ни тоа. Пробував да се смирам на секој можен начин но медитацијата е лекот !! Но да се разбериме!! Медитацијата не е да ја пуштиш музиката и да седиш мирно 10 мин. Тоа треба психички да се опуштиш и да не дозволуваш вознемирувачките мисли да влезат во тебе. Пуштај го следново и речи и збогум на инсомниата. http://www.youtube.com/watch?v=9Za0V0ZWKBo
Секогаш легнувам кога стварно ми се спие ако не подбро ќе седам во друга соба ќе мислам нешто ќе пишувам и ќе ми дојде дремка и пред спиење си слушам музика и така неколку песни и почнува да ми се спие..кога не ми спие или кога сум си заљубена си правам филмчиња како што и така да и да дошла дремката ќе чека Мој лек слушајте музиче на слушалки
Dali nekoj od vas imal nesonica koja trae povece vreme? recisi eden mesec nemozam da zaspijam do 4-5 saat a imam obvrski koi zapocnuvaaa vo 6 taka da podolg period spijam samo po 2-3 casa dnevno, nemozam poveke da izdrzam aj ako znaete nekoj metod ili priroden lek pisete
Јас оваа година патам од несоница. Првиот пат се обидов со топло млеко со мед измешано со сок од јаболко (пола пола) на некои му успева, на некои не мене ми успева пред спиење кога сите мисли ќе си ги запишам на хартија и потоа слободна сум
И јас мислев дека имам несоница додека не престанав да спијам напладне. Се помачив малку, ми паѓаше главата ама успеав да не заспијам и вечерта си запав како заклана. Ми се допаѓа идејата со запишување на мислите бидејќи размислувањето е најчесто причина за несоницата.Па можеби ако ги запишеш ќе ти излезат од глава а можеби и не Сепак, зависи и од навиките. Неможе ако неколку дена си одела на спиење во 4 часот сега да одиш во 12 и веднаш да заспиеш.Барем кај мене нема шанса