1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неуспеси и порази

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 11 септември 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Како се справувате со неуспесите и поразите?
    Што кога нешто не ви пошло од рака и сте изгубиле?
    Дали поразот го сметате за мотив за напредок после кој секогаш си одите со гордо крената глава?
    Се плашите ли од порази? Се впуштувате ли во нешто иако ве води стравот дека можете да претрпите пораз?
     
  2. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Животот е голема мистерија,никогаш не знаеме што не чека.Некогаш и во работите во кои сме сигурни,не излегуваат така како што сме планирале.Неуспехот и поразот се дел од животот,работата и мислам дека нема кој не ги е доживеал.Секој различно се справува со нив.Некој паѓа во депресија,на некој му треба долго време да го прифати поразот,некој со крената глава ги прифаќа работите такви какви што се и продолжува напред.Јас лично се трудам да го прифатам неуспехот тоа ми е мотивација да продолжам да се борам.Секогаш кога се впуштам во нешто чуствувам страв дека нема да успеам во тоа,но сепак се обидувам и се трудам.Најчесто успехот зависи од нас самите,од нашите способноси и вештини,од нашата психичка подготвеност да се справуваме со настантата ситуација.Стабилна личност сум и со цврста волја,знам што сакам во животот и се трудам да го остварам тоа.Нормално е да наидуваме на пречки и неуспеси,но тоа не треба да го сваќаме трагично,туку треба малку и оптимистички да гледаме на работите.
     
  3. Loly5

    Loly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    6
    До успех се стигнува само преку многу неуспеси :)
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Секој неуспех и пораз, треба да ни биде инспирација за стигнување до нови победи!
    И би се согласила со претходното мислење, „ до успех се стигнува преку неуспесите.“
     
  5. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    645
    Бргу...за многу бргу време......тоа ми е доблест...... :$
    Што и да се случе повторно застанувам на нозе....... :!: се борам и често го добивам тоа што го сакам и што сум го замисила...ретко кога не било така :$
    А и секое чудо три дена трае.....за неколку дена се стишува ситуацијата и повторно сум во акција :lol:
    А и сепак нели сум човек кај кој секогаш вирее оптимистично расположеније,секогаш сум со позитивни мисли не дозволувам така лесно да пропаѓам во жив песок,ја кревам главата,верувам во своите квалитети и издржливост и со насмевка на лицето продолжувам по патот што се нарекува живот.....не можеме и не смееме да се откажиме само затоа што сме доживеале некој не успех и пораз.... :)иако животот често знае да си поигра со нас!!!!!
     
  6. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Последнава година ми беше проследена со мала низа на неуспеси и некако успеав да ги пребродам. Голем удел во тоа имаа моите пријатели кои секогаш ме бодреа и секогаш се тука за мене, ама за жал таа подршка ја немав од моите родители особено од мојот татко кој до ден денес го спомнува тоа и не ме пушта да го заборавам.
    Воглавно знам да застанам цврсто на нозе и да го оставам зад мене тој пораз и неуспех. Сепак тоа што не не убива не прави посилни.
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Неуспесите, поразите и разочарувањата се составен дел од животот.

    Не ни очекувам да е перфектно розев. Како инаку ќе научите да губите, да се мотивирате за понатаму и да победувате?

    Лично сум ги имала повеќе, во зависност од поразот ми е поврзана и реакцијата. Некои ме болеле многу и сум плачела долго, некои помалку и воопшто не сум ни пуштила солза.
    Генерално добро се справувам со неуспех и пораз, стискам заби, што од инат, што од желба за успех и докажување, пробувам одново, секој нареден пат за подобар резултат.

    И се трудам да не покажувам пред други дали и колку неуспехот ме боли.
    Некои можеби се во калта, но и оттаму гледаат во ѕвездите. ;)
     
    На angie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    После секој успех,следи неуспех,поразите се неминовни во животот,нешта низ кои мораме да поминеме,иако сепак зависи од тоа дали ќе прифатиш или не,а со самото прифаќање се помируваш со ситуацијата и продолжуваш понатака.Човекот треба да е научен да знае да победи и да изгуби,секако тука е вклучен ризикот,според кој на некој начин вложуваш иако понекогаш не си сигурен од неговиот резултат,заради тоа постои ризикот,за да знаеш на што си спремен.Понекогаш мислам дека доколку човекот не е научен да губи,односно не прифаќа пораз,убеден дека во се победува и му се случува обратното,тогаш се додека не го прифати поразот,нема да знае како е да се изгуби.Секој пораз или неуспех го прифаќам,полесно ја надминувам загубата и продолжувам понатака знаејки дека самиот пораз каков и да е, ме прави посилна за да успеам,на тој начин и успехот и неуспехот се добредојдени.
     
  9. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    како што веќе е спомнато, преку неуспесите се стигнува до успехот!

    знам ептен да се разочарам од неуспех посебно ако се резултира од неправда.
    знам толку многу да се изнервирам и да заплачам. ама секогаш во себе си велам таков е животот, некогаш ќе паднеш, ќе се одмориш, и пак ќе станеш.
    кога ќе ме стигне поразот, ме фаќа таков инат, што со двојна сила и амбиција го повторувам истото.
    неуспехот и поразот го разбирам како еден вид на тестирање, лекција... која не учи како да се стигне до успехот. лекција која не учи дека не се стигнува така лесно до врвот и дека уште потешко е да се задржиш таму ако не ја негуваш целта.
     
  10. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    8.123
    Пол:
    Женски
    Не се справувам баш најдобро со поразите.Знам сека се неминовен,составен дел од животот,но сепак не научив да ги доживувам така.За мене се секогаш аномалија,дамка,лузна и зависно од нивната тежина е и степенот на моето оптеретување со нив.Понекогаш сум вистински давеж и за околината,па не за себе.

    Постојат луѓе што можат да го примат поразот со ладна глава,како една од опциите да се успее или не,па не се успеало и ОК е.Јас не можам така.Иако сум свесна за лузерската опција не можам да ја прифатам така лесно,па имам почетна фаза на бунтовно барање објаснение за причините,ако е можно префлање вина :) ,ако не е себеобвинување на што следува себеоправдување па дури после некако се прифаќа поразот.
    Сепак,добра страна е што не се обесхрабрувам да се обидам повторно и повторно и повторно...се додека можам. :) или пак стравот од евентуален неуспех да ме кочи да се обидам и првпат.Такво нешто не постои кај мене зашто не постои нешто како евентуален неуспех,туку само моментален неуспех. ;)
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.777
    Допаѓања:
    131.190
    Јас сум многу чувствителна. Кога доживувам успеси сум на седмо небо, и од авион се гледа дека сум среќна, ама и при неуспеси од авион се гледа дека сум тажна.
    Просто се мачам да не ми се познае, и пак ми се познава.
    Не дека паѓам во тешки депресии, среќа брзо ми поминува, ама првите моменти ми се руши светот, и тогаш ми е страшно! А кога ќе си дојдам на себе гледам да се извадам што е можно побрзо и да научам лекција. Е не дај боже ако сум во ПМС, почнувам да плачам, и не престанувам два дена :)
     
  12. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    6.747
    Пол:
    Женски
    Поразот и неуспехот се составни делови од животот.Ако си решил да живееш како човек треба да се навикниш и на лоши фази,не е можно сe` да е розево.
    Емотивноста е тоа што не пречи да станеме од калта,да се дигниме на нозе,да ја крениме главата и да ја постигнеме целта благодарение на упорноста,амбициите...

    Јас лично сум плачко (за жал),големо емотивно суштество,не поднесувам порази посебно ако неправдата игра голема улога.Можеби нема да се забележи,а во грлото секогаш чувствувам нешто како грутка,срам од поразот...Не можам да опишам со зборови.Но,сепак,и додека си во калта можиш малку да се исправиш и ќе ја видиш иднината,неизвалкана и чиста.Само треба да станиш и да тргниш по неа.
    Успесите ја градат иднината и гордоста,неуспесите се дел од животот преку кои се станува човек.
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Татко ми стално ми велеше - не е страшно да паднеш, пострашно е да не знаеш да станеш. И така и се трудам цел живот - да станувам што побрзо откако ќе паднам. Е сега проблем е што исто и јас сум многу емотивна, дома рикам, плачам, ма се убивам од плачење, на некој начин тоа ми е вентил. Ама кога ќе искочам бришам солзи, наоѓам некоја светла точка, која ќе ме влече напред и фурам! Се трудам самата да си пронајдам секогаш нешто заради што вреди да се оди понатака. Ме кутнал за жал животот повеќе пати, ама боже мој, си кажав не сум прва ниту последна.
    Да не се повторувам од тоа што го кажавте останатите, без пораз нема успех, т.е. нема мотивација и сигурно сите сме имале некаков пораз или неуспех во животот. Уствари мене ми се чини дека поразите не потсетуваат дека не се што добиваме во животот може да го добиеме туку така, туку дека треба човек да се потруди, да помине и низ тешкото, за да може на крај да си го цени повеќе тоа што го стекнал со труд и мака, отколку онака лесно „сервирано на тацна“.
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Нема потреба од огромна паника.
    Секако, сум плачела, сум се трескала од земја, сум се разочарала од самата себе и сум се прекорувала, но тоа е.

    Мотив?
    Едно големо ДА.
    Не само пред мене, туку и пред другите да докажам која сум и што можам. Кои се моите способности.
    Да, мене ми е важно што мислат другите околу мене.

    Се плашам од порази, јас сум во принцип една голема плашливка, но воедно верувам и во своите таленти, способности и можности.
     
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Ниеден човек не е сосема имун на неуспесите и поразите. Ама и не постои начин да ги одбегнеш.
    Околу справувањето зависи од интензитетот на самиот пораз врз мене,неговото значење,времето и чувствата кои сум ги вложила пред поразот да стане токму тоа-пораз,воглавно знам да ги прифатам разумно.Не сум коркач по природа,иако не сум ни најхрабрата личност дефинитивно,знам да преземам акција и да се фрлам себеси во оган ако сум во право и кога сите други отстапуваат на страна криејќи се во удобни кожурци на ларви,ама затоа никогаш и не ќе научат да бидат пеперутки.И гордо ги поднесувам поразите,посебно пред околината не дозволувам да се насладуваат ни на една капка моја солза пролеана од револт или моментална немоќ,ќе стегнам заби и ќе ги сочувам солзите за моето верно перниче.
    И фактот дека животот е рулет ме прави свесна за тоа дека понекогаш ќе добивам,но често и ќе губам,тоа се правилата на игра што сум ги осознала многу одамна.
    И се впуштам и во такви животни ситуации во кои и поразот стои како опција за можен исход,не затоа што сметам дека ја имам среќата на Божа Пуб од Балашевиќ,туку затоа што повеќе сум горда на успеси кои биле со повеќе препреки,знам да бидам и емотивен мазохист кон себе,ете таква природа сум си :lol: .
    Сакам да чекорам по патот по кој поретко се оди,низ козји патечиња и амбиси од страните да доаѓам до врвот.И сметам дека најголема човечка храброст е преземање акција и покрај стравот и покрај сите ограничувања и покрај можниот пораз како ризичен влог во потфатот. Тоа победата ја прави позначајна.
    И нека звучи колку сака како клише ама делува-она што нема да не скрши не прави посилни.А на мојата амбалажа дефинитивно не пишува fragile па затоа поразите денес ми се показател за или па дел од некоја идна победа утре.
     
    На Trnche и Serafima им се допаѓа ова.
  16. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    неуспесите не прават посилни и ни помагаат да го изградиме сопственото јас.
    барем така мислам :)
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Неуспеси и порази-колку сакаш. :|
    Важното е после нив да продолжиме со крената глава, затоа што не е важно колку пати си паднал во животот, важното е да успееш пак да станеш.

    Неуспехот демотивира, но колку што демотивира толку е и корисен, за повеќе да се трудиме понатаму. Да научиме нешто од сопствените грешки, како не треба да правиме понатаму. Ништо не е толку страшно, за да неможеме да го пребродиме. И не треба да очекуваме дека се ќе биде како што сме замислиле, затоа што неможе да биде така, како ќе им се радуваме на убавите работи, ако не сме доживеале и лоши?
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Јас само ќе кажам неколку мисли,кои толку многу ме одржуваат токму на ваквите падови.
    -Оној кој паѓа и станува, е многу посилен од оној кој никогаш не паѓа.

    -Животот не станува полесен,ти стануваш посилен

    -Неуспехот ги поразува губитниците,ги инспирира победниците

    Кога минувате низ тешки времиња запомнете го ова,победниците никогаш не се откажуваат и оние кои се откажуваат никогаш не победуваат

    -Не можеме да имаме позитивен живот со негативен ум

    -Можеби минувате низ лошо поглавје од вашиот живот,но не е вашата цела книга

    -Силата не доаѓа од победите.Вашите борби ја развиваат вашата сила.Кога поминувате низ тешкотии,и одлучувате да не се предадете,тоа е силата.

    -Во момент кога сакате да се откажете поради еден пораз,помислите на причината поради која сте чекале толку долго

    Пробај,не мора да успееш.Но немој да не успееш да пробаш

    -Не гледај назад,може да го испуштите тоа што е пред вас

    -Очекувај го најдоброто,но биди спремен и за најлошото

    -Не се откажувајте, почетокот е секогаш најтежок

    -Не губете време гледајќи назад.Продолжете напред.Животот не е смислен да одите наназад.

    -Бидете силни бидејќи работите ќе станат подобри...можеби имате бура моментално во вашиот живот, но неможе вечно да врне
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    релативно добро се справувам секој неуспех ми дава мотив да поработам уште повеќе за да бидам поуспешна
     
  20. samomarija

    samomarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    45
    поразот го сметам за мотив да се борам за тоа што го сакам, но некогаш и се плашам од порази!
     
    На Згодно Момче и cupcakeb им се допаѓа ова.