Нечиста крв: Грев на предците (2021)

Дискусија во 'Филмови' започната од Fraxinus, 9 декември 2021.

  1. Fraxinus

    Fraxinus Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2021
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Еве што најдов на интернет за овој филм:

    Nečista_krv_greh_predaka.jpg

    Филмот се базира на дело на Бора Станковиќ, а темата е пропаста на едно старо српско газдинско семејство. Паралелно со таа приказна го следиме и слабеењето на Османската империја и создавањето на младото српско кнежевство во периодот на 19 век.

    Приказната на филмот го следи Хаџи Трифун, богат трговец и предводник на христијанското малцинство во Врање кое живее во хармонија со турските власти одржувајќи го својот углед во тогашната турска варош на границата со ослободениот дел од Србија.

    Дали некој го гледал филмов да сподели нешто повеќе и уште подобро, дали можеби некој знае каде да се гледа овој филм онлајн, не во кината, не на ТВ.
     

    Прикачени фајлови:

    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    836
    Пол:
    Женски
    Серијата ја даваат на ртс во саботи навечер од 20 часот. Не ја фатив од почеток ќе ја барам на некоја онлајн страна.
     
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.943
    Допаѓања:
    9.703
    Пол:
    Женски
    Поим немав дека имало нова серија/филм, само ќе напишам дека книгата е можеби најдобриот српски роман, и сигурно рамо до рамо со светските класици. Често романите од правецот реализам содржат досадни описи, но обично вредат да се читаат. Така и со оваа, засекогаш ти се врежува во сеќавање, импресивно нешто.
     
  4. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    1.671
    Пол:
    Женски
    Каде можам да ја гледам?