Нешто повеќе од најдобри другари

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од bluesky68, 12 март 2013.

  1. bluesky68

    bluesky68 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здраво, ми треба мислење од девојки за мојава ситуација доколку може... Пред не многу долго време на чуден начин се запознав со една девојка со која се зближив многу, за многу кратко време, сите што беа околу мене и луѓе на кои можев да им верувам ме зафркнаа и по многу дадени шанси од моја страна. Таа од некаде се појави и почна да ми влева самодоверба и чувство дека имам некој покрај себе на кого можам да му верувам па така станавме најдобри другари. Имаше многу голема сличност помеѓу нас и тоа почна да ме привлекува на некој чуден начин, почнував да чувствувам нешто повеќе од другарство но сепак не смеев да ја изгубам нејзината доверба и притоа веќе да не се чувствувам дека имам некого покрај себе бидејќи се плашев од тоа дека доколку и кажам што чувствувам, повеќе односот помеѓу нас нема да е ист, чувствував повеќе но се плашев да не ја изгубам како другар и личност на која и верувам и која ми верува... Тоа го споделив со еден другар кој во дадениот момент беше со мене иако знаев дека е погрешно и дека неможам да му верувам, што во секој случај иако беше погрешна постапка, го направив тоа. На едно излегување таа ми рече дека тој истиот другар и има кажано дека ја сака што воопшто не ме зачуди бидејќи луѓето околу мене се премногу љубоморни и се трудат да ми наштетат на било кој начин, е тогаш кога веќе лутината влезе во мене, и кажав се што ми лежеше на душата и се што чувствував, е тогаш ми рече дека се шалела и дека само сакала да ми ја види реакцијата, но воопшто не ми беше криво бидејќи на некој начин таа, тоа мораше да го дознае иаку ми беше страв. Тогаш таа ми рече дека сега е убедена и не верува во машко-женско другарство и дека многу работи се сменети, се случи токму она од кое се плашев, да ја изгубам како другарка поради тоа што го чувствувам кон неа, сепак многу е тешко да гледаш другарство во кое чувствуваш љубов. ШТО ДА ПРАВАМ И КАКО, бидејќи немам мир, кога и да ги затворам очите мислам на тоа...
    Доколку некој може, нека помогне, однапред благодарам.
     
  2. 321baby

    321baby Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Најпрвин потруди се да се одалечиш од тој твој другар ако веке го сметаш за другар,но јас мислам дека не ти е ама ич... Не се секирај таа што не верува во машко-женско другарство.. Пробај повторно да ја придобиеш на начин на кој најдобро умееш ти самиот.. Нормално ако не сака таа да имате нешто повеке од другарство па не жали толку машко си.. Самата и ти се чудам затоа што ретко кое машко признава вака како тебе браво.. Ајде со среќа...
     
  3. bluesky68

    bluesky68 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Сега веќе незнам каде може да влезам, дали да пробивам во другарството дали па да форсирам да имаме нешто повеќе затоа што знам дека нема да остане рамнодушна со малку повеќе напор...
    Благодарам
     
  4. butterfly6223

    butterfly6223 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    129
    Најпрво оддалечи се од твојот "другар", очигледно не ти е другар кога така постапил. Второ, ако си сигурен дека девојката со повеќе напор од твоја страна ќе попушти на тебе и ќе бидете заедно - пробај. Подобро да пробаш и да знаеш на што си, отколку да седиш и да чекаш и да не знаеш што ќе биде. Инаку морам да те пофалам за храброста што си ја имал да и признаеш дека си заљубен во неа. :)
    Поздрав и ти посакувам среќа.
     
  5. bluesky68

    bluesky68 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Тензиите се намалија и пак сме на другари, што да правам незнам... Се се случи многу брзо, сепак фала..
     
  6. butterfly6223

    butterfly6223 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    129
    Епа тогаш немој да ја форсираш за нешто повеќе. Остави малку нека се смири работата. Ако таа сака да има нешто повеќе меѓу вас, ќе преземи сама иницијатива, или ќе ти даде некаков знак.

    Сѐ најдобро.
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.341
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    @bluesky68

    За разлика од останатите пак, јас мислам дека сега е време да НЕ БИДЕШ толку достапен некое време, па дури кога ќе видиш иницијатива од неа да се вратиш во игра. Сте биле другари, си и` признал (за што имаш пофалба од мене), таа чудно изреагирала, а со оглед на изјавата нејзина за машко-женското другарство, очигледно некој ја има гадно разочарано.

    А со разочарани и скептици, не знам колку вреди да си имаш работа, затоа што кај нив најпрвин треба ТИ да го расчистиш ѓубрето кое го направил некој друг и дури ниту тогаш не си свесен дека вреди и дали вреди. И на крај и двајцата страдате. Ова го знам од искуство.

    Од женски аспект, јас се најдов еднаш во средно во позиција на девојката, имав другар со кого имав многу сличности, мене ми се допаѓаше, но бев разочарана бидејќи мислев дека баш ради другарскиот, не-срамежлив пристап ме користи како средство да дојде до братучетка ми и си велев дека не е фер да и` го преземам додворувачот, а на крај излезе дека било токму спротивното. И кога ми изјави љубов, го излажав дека имам дечко, но дека сакам да останеме другари, мислејќи дека јас сум утешната награда кога всушност такво нешто немаше. Јас бев средно, но тој не беше и беше попаметен од мене. Не, не бевме веќе тие другари, туку тој се дистанцираше и ме доведе во позиција да се молам за еден повик од него. Но, тој не го знаеше тоа. Му оставив впечаток дека сум си поиграла со него. Или можеби го знаеше, но сакаше да ми се одмазди.
    Сакам да кажам дека за да увиди колку и дали и` значиш, мора малку да бидеш на дистанца. Да не го забележи тоа, едноставно делувај понедостапно. Ако е заинтересирана за нешто со тебе, сама ќе преземе иницијатива. Ти веќе си направил голем чекор, си и` признал, остави сега таа да го направи следниот.
     
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.617
    Другар според мене ништо не бива,сум понинал такви работи,само лажно ке се надеваш,верувај ми,треба да чудо да се случи за да биде нешто,најпаметно ти да си бркаш други,немој да ме сватиш погрешно,дај боже да биде како ти што посакуваш ама некако тешко ке ти оди.
    Поздрав и све најубаво