1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нејви [Naval Criminal Investigative Service (NCIS)]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Maca-BT, 31 јули 2011.

  1. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    164
    [​IMG]

    Нејви е најгледана крими серија која некогаш е емитувана на ТВ, која ги следи случаите поврзани со убиства, дилање на дрога и сл. во Америчката Војска NAVY, и нивното разоткривање од страна на агенцијата во состав на морнаричката база, NCIS. Сите овие случаи се под раководство на тимот на Лирој Џетро Гибс, кој е поранешен маринец а сегашен федерален агент. Тимот во почетокот е составен од Патологот- Доналд Малард, Форензичарката- Ејби Шуто, Теренскиот Агент- Ентони ДиНозо, Владиниот представник- Кејтлин Тод, Компјутерскиот Форензичар, и Федерален Агент- Тим МекГи. Во почетокот на третата сезона во епизодата Kill Ari pt.1 еден член од тимот, Кејтлин Тод е убиена од страна на Ари...... По овај настан местото на Кејтлин е заземено, од Истренираниот Убиец и Полицаец од Израелскиот МОССАД (MOSSAD) Зива Давид. Mоментално во америка заврши 8 сезона од серијата, а сега со снимање започнува 9 сезона.
    Актерската екипа е составена од не многу познати но добри актери:
    - Марк Хармон (Mark Harmon)-> Leroy Jethro Gibbs (Boss/ Team Leader)
    - Коте де Пабло (Cote de Pablo)-> Ziva David (MOSSAD Officer)
    - Мајкл Ведерли (Michael Weatherly)-> Anthony DiNozzo (Field Agent)
    - Поли Перет (Pauley Perrette)-> Abigail Sciuto (Forensic Scientist)
    - Дејвид Мек Калум (David McCallum)-> Dr. Donald Mallard (Autopsy/Pathology)
    - Шон Муреј (Sean Murray)-> Timothy McGee (Computer Forensics, Federal Agent)

    Иначе ме интересира дали некој ја гледа серија, и дали е тотално опседнат со неа (барем да знам дека не сум сама xD) и во случај да ја гледате...кој ви е омилен лик и зошто?
     
    На 1209, G.G и Sara123 им се допаѓа ова.
  2. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    ја сакам серијата. Сега ја даваат на Сител после вториот дневник само незнам дали е нова сезона или реприза на претходната. Инаку, немам омилен глумец (Тони...можеби :lol: ) Сите си имаат посебен карактер и без ниту еден од нив серијата нема да биде иста.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    164
    Сега ја дават 6 сезона, за прв пат, а првите 2 недели од кога почна да се емитува, во јули беа репризи од последните 10 епизоди од 5 сезона :)....и се сложувам со тоа дека без ниту еден серијата нема да биде иста =)....иначе добар ти е изборот со Тони xD, иако јас си ги фаворизирам покје женските, посебно Abby.
     
  4. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Многу ми се допаѓа серијата. Порано не гледав толку, ама сега ако ја сретнувам случајно, ја гледам. Омилен лик ми е Abby.
     
    На Maca-BT му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lovemebaby

    lovemebaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    174
    мене серијава ми стана една од омилените...Омилен ми е Тони а сега од септември незнам како ке ја гледам со оглед на тоа што почнува во 24:00 а наутро сум на школо :/
     
    На Maca-BT му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    164
    Не бери гајле, знат тие од Сител дека од сите шо ја гледаат серијата најголем процент се ученици (основци, средношколци) така да ке ја менат 100% во некој поарен термин,а ке дават и реприза зато шо до сега ги имаме умрено од досадвање со барања за репризи (ако не во работен ден, во сабота и недела ке дават репризи едниот ден 3 епизоди, а другиот ден 2 епизоди- исто како шо беше порано кога ги даваа првите сезони). А исто така не е сигурно дека ке ја даваат во септември зато шо петок е крај на 6 сезона, а 7 не знај никој дали ја имат купено....:/
     
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    :clap: за темата.
    Мојата омилена серија. Конечно сител да пуштат нешто нормално.
    Ја гледам секоја вечер, дури едвај чекам да почне.Тотално сум опседната со серијава.
    Омилени ми се Gibbs,DiNozzo и Abby :rock: . Највеќе ме нервира оној главниот, црномурестиот.
     
    На Maca-BT му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    164
    Чисто информативно Петок е последната епизода од Нејви.....после таја епизода Нејви поќе нема да се емитува (сега за сега) зато шо ке почнат „Браќа и Сестри“ :/

    Така да очекувајте ја пак в година, или за 3 години....како шо беше по завршвањето на 4 сезона :(((
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Овие сител таман пуштат некоја убава серија,одма ја прекинат,глупаци.
     
  10. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    164
    Шо да се прај- Македонска Работа..... Турските серии да не ни избегат -.-''
    И са ептен се нервирам....она затрескана сум во серијата ептен, незз шо ке се прај без Нејви...и без мајтапите во Нејви :/
    Зато са си ги слегвам сите сезони ако ги имам по 3 пати гледано xD






    http://www.youtube.com/watch?v=WERCGLr4gKw
    И да во случај да ја немате песната слушнато, слушнете ја зато шо стварно вреди !
    А и плус актерката шо ја игра Abby ја пеј :)
     
  11. lovemebaby

    lovemebaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    174
    Значи не ми се верува дека можеа да ја прекинат на најинтересната сезона :x
     
  12. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    И јас ја гледам..и навистина ми се допаѓа !!!!! :P Сите актери ми се супер,ама некако најј интересна ми е Abby..а ги фаворизирам Тони и Зива . :D :$
     
    На Maca-BT му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    164
    Во случај до сега да не знаевте...на Сител 3 минатата недела заврши со емитување 4 сезона од Нејви, а во Неделата ги даваја првата и втората епизода од 5 сезона, тие ги имаја пропуштено- ја почнаја 5 сезона од 15 епизода кога даваја на сител....серијата се емитува од вторник до недела (само во понеделник нема)
    Вторник- 21:30 (1 епизода)
    Среда- 21:30 (1 епизода)
    Четврток- 15:30 (1 епизода)
    Петок- 15:30 (1 епизода)
    Сабота- 18:30 (1 епизода)
    Недела- 21:00 (2 епизоди)
    И воопшто не дават реклами на сред серија, така да можи целосно да се ужива во серијата, без нервози заради реклами од 15 минути :)
     
  14. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Не ја гледав одамна серијава и таман почнав да се внесувам и редовно да ја пратам мораа да ја прекинат. :) Секогаш тој е крајот на интересните серии. Патем, ја обожавам фамозната петторка - Gibbs, Abby, DiNozzo, McGee и Ziva. А, да, и Ducky ми е интересен. Знае да истресе нешто од време на време :)
     
  15. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Леле не ги препознав на поставена слика. Си викам точна тема отворив, сигурно? :D

    Мојата ОМИЛЕНА серија! Омилена.
    Гибс и Ди Нозо, и МекГи и сите ги сакам буквално со сето срце.
    Сите другари, и останати луѓе кои ме опкружуваат ме нервираат со тие коментари колку досадна била оваа серија. Не е точно!

    9та сезона последна е? Знае некој? :(
     
  16. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Го гледав кога беше на Сител, обожавам вакви криминалистички серии.
     
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.808
    Допаѓања:
    38.276
    Пол:
    Женски
    И мене ми е една од омилените серии, мада сега сум изгубена , немам поим од која сезона гледам епизоди...кога се емитува?
    Јас ги следев активно до 3та може и 4та имам нешто гледано, ама многу се нервирам што ми е изгубен редот.
    Омилени, што знам неможам да одвојам ги сакам сите.Ди Нозо ми е маж од моите соништа :angel: Гибс го обожавам, предобро глуми, и потполно ги задоволува потребите на неговата улога.Кејт ја сакав и штета е баш што мораше да умре, мада и Зива не е лоша, сакам да заврши со Ди Нозо.
    Инаку апсолутен фан сум на Аби, значи девојката ми е фаца, жена ипол.Ја обожавам исто толку како што ја обожава и Гибс :D
    Се канам да ги симнам останатите сезони, ама прво да се вратам на правиот пат, зошто ептен се загубив меѓу толку сезони и епизоди.
     
  18. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    164
    Имаш среќа...на AXN почнаја да ја дават 4 сезона (од почеток), до сега се емитувани само 2 епизоди... Игра секој Вторник во 21:00 :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    164
    И пошо жив чоек не пиши на темата, пак, ЈАС мора да се јавам...
    Серијата е обновена за 10 сезона, ако некој ги нема гледано последните 5 епизоди од 9та сезона (поврзани се) нека ги гледа ОБАВЕЗНО....а последната со палома во близина :)
     
  20. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Ги гледав додека ги даваа на Сител и навистина уживав во епизодите. МекГи ми беше многу сладок и интересен за гледање. :lol: