Форумџика на годината

(Не)Планирана бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од DarkStormm, 23 јули 2022.

  1. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ќе се развие дискусија. Станува збор за бременост која е планирана од едниот партнер, а за другиот е (не)пријатно изненадување.

    Темава ја отварам за да размениме наши или туѓи искуства.
    Ќе почнам од себе. Мојата бременост беше планирана од мене и сопругот, се договоривме дека и двајцата сакаме детенце.
    Меѓутоа многу мои блиски пријатели ми имаат во доверба кажувано различни ситуации.
    1.Имав другарка која втората бременост и беше неочекувана, но на нејзиниот сопруг му била испланирана, воопшто не направиле муабет, туку едноставно директ дете направиле. Кога и доцнела менструацијата жената не се ни посомневала. А не била воопшто спремна за бебе.
    2. Мој школски другар пак беше зафркнат од девојката, прекинала да пие контрацепција (намерно) за да остане бремена и да се венчаат. Него го излажала дека не знае како се случило, веројатно заборавила таблета, но потоа му признала после неколку години.
    3. Исто така блиска пријателка под притисоци од сопругот за второ дете остана бремена.

    Има куп други примери. И околината знае да врши притисок, и блиски и далечни не се воздржуваат од коментари.
    Јас имам едно детенце и искрено после сѐ што поминав не ми паѓа на памет второ да родам. Сопругот сакал уште едно, ама не сега, после неколку години. Ми се гади од самата помисла. Некогаш си размислувам што би било ако останам непланирано бремена. А на моменти си правам и стратегија дека ако почувствувам дека мојот сопруг сака да ме зафркне на таков начин да пијам контрацепција без негово знаење(злобно од моја страна и ептен не фер). Нормално ова се само мои хипотетички мислења. До сега за сѐ сме се договарале, не станува збор за недоверба меѓу нас, но поради тоа што го гледам наоколу и го слушам од луѓе се замислувам некогаш. А искрена да бидам страдав од пост породилна депресија цела година и едвај се извлеков со терапија кај психолози и со лекови. Факт е дека сето тоа ми остави последици и дека ме направи поразлична личност, станав несигурна, нестабилна и почнав да тонам во over thinking. Поради тоа и ги имам овие размислувања, без реална причина во моментот, но постојат.
    Верувам дека и другите членови ќе имаат што да споделат на темава.
     
    На WhiteCat33, CameliaMiller, Bezimenka90 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Karmina1989

    Karmina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    471
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Mojata vtora bremenost mozam da recam bese planirana samo od soprugot. Otkako svrsi vo mene razgovaravme deka soako i da ostanam bremena i taka sakavme uste edno dete, posle vo tekot na istiot mesec imavme uste dva odnosi so svrsuvanje vo mene i jas ostanav brenena iako iskreno mislev deka ke se potrebni mn meseci kako so prvata bremenost ama ne bese taka. Naednas nekako se najdov kako nespremba za ovaa bremenost ama ja prifativ i sega si imam uste edno detence koe go sakam najmn na svet. Imav komplikacii pri kraj na bremenost ama zatoa imav mn lesen poragjaj.
     
    На Осе, Irinkka и DarkStormm им се допаѓа ова.
  3. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    46.110
    Пол:
    Женски
    Многу ми е долно останување бремена само за да остане партнерот со неа.
    Во бракот не сакам егзибиции.
    Сакам да останам бремена јас кога сакам и кога чувствувам дека моето тело е спремно за тоа.

    Не е како да купуваш нов гаџет за по дома, па ако не те бендиса ќе го вратиш или што знам јас. Сепак е живот во прашање...
    А тоа ," секако требаше да останеш бремена кога-тогаш" ми е само форсирање од машкото.

    Двете бремености ми се плански и мислам дека ако ми се случи таков испад од партнерот не би можела да му простам.

    Сакам разговарање и заедничко планирање, посебно за олку важна работа во животот.
     
    На GirlVolley, KuklickaSk, baby-star и 25 други им се допаѓа ова.
  4. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.017
    Допаѓања:
    40.348
    Пол:
    Женски
    Ова не можам да го разберам. Како може да му се случи испад на партнерот. Ако не сакате бременост користите некаков вид на контрацепција. Во спротивно свесно влегувате во ризик од несакана бременост.
    Ај тоа на страна, зар се сомневате дека партнерите намерно би направиле такво нешто:^)?
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    46.110
    Пол:
    Женски
    Воопшто не се сомневам во него затоа напишав АКО....
    Не сме од вчера заедно, не сум ниту тинејџерка за да разговарам за контрацепција.
    Еве на членкава погоре и се случило тоа со изговор дека секако требало еднаш да биде...
     
    На senjorita-v, mal.ecka, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не разбирам како може да се случи непланирана бременост.
    Другарката прекинала да зема контрацепција, иако е крајно безобразно од нејзина страна, дечкото треба да има на ум дека апчињата не се 100% сигурни и дека и да продолжела да ги зема, пак може да остане бремена и затоа се комбинира со носење кондом.
    Другата, мажот и планирал, таа не, кога и каснела менструација не се ни посомневала, ама како?
    Кондом носел или не?
    Намерно го пукнал кондомот без да знае таа?
    Кондом може да пукне во секое време, така што најдобро е односот да е со свршување надвор дури и со кондом.
    Не се ова сценарија на непланирана бременост туку на невнимателност.
    Непланирана бременост е ако имаш секс со кондом, ама со свршување надвор, ама кондомот пукне и влезе предсемена течност (премали шанси за бременост) и во тој случај, ако нејќам да забременам, другиот ден ќе се напијам апче за ден потоа, и ако сите тие методи не успеат, е тогаш може да се каже дека е непланирана бременост.
    Се друго ми е невнимавање.
     
    На Snowflake92, NarCis@, senjorita-v и 20 други им се допаѓа ова.
  7. Lalalupsi

    Lalalupsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2022
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Мојата втора бременост беше непланирана. Факт е дека јас и сопругот сакавме 3 деца, ама не замислував втората бременост да ми биде баш тогаш, сакав барем уште една година да пројде :) А како се случи, си купивме пивопол, се опивме и бидна работа и сега е момче од 4 ипол години :D Не ми е воопшто мака за ситуацијата, бидејќи сакав повеќе деца, ама некако ми беше страв дали ќе се снајдам или не, па кога бидна се израдуваме со сопругот и си рековме сега требало да биде :D
     
    На Осе, sj *O*, minne992 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Nema neshto podolno, pomizerno i popodlo od toa bremenosta da e planirana samo od edniot partner, a za drugiot da e neprijatno iznenaduvanje.
    Spored mene ova e dovolna prichina za razvod, zatoa sho sepak za doverba megju partnerite se raboti.
     
    На KuklickaSk, Lostinparadise, СуперДевојка и 21 други им се допаѓа ова.
  9. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со ова.
    Се работи за доверба, и ова ја разнишува скроз довербата.
    Ако за ваква ствар не си верувате со партнерот, после што ви останува за верување?
     
    На Осе, sj *O*, Lady D ❤️ и 4 други им се допаѓа ова.
  10. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Во ред. Ама во случајот кој го наведов не е целосно непланирана. Еден од партнерите планирал, другиот не се ни надевал. Значи ако не се разговара за планови нема план. Ете ние со разговор се договоривме, планиравме бременост, на некој начин планирање на семејство е. И двајцата бевме свесни и се чувствувавме спремни. Во случајот што го пишав, жената не била спремна, разговор за проширување на семејство немало. Првото детенце немало ни годинка, ептен мало, жената не ни помислила дека маж ѝ одма друго дете сака, никогаш не кажал. Ама се посомневала кога ја прашувал кога треба да добие, ај чим уште нема добиено тест да направи.


    Баш заради тоа и ја отворив темата. Од страна сите идеи даваат, ај кога дете ај второ, трето ќе има ли ?

    Не можам да реплицирам на @Ano затоа тагнувам. Не е дека немам доверба. Реков веќе дека за првото детенце се договоривме. Низ муабет знае да спомне дека сака уште едно, мојот став му го кажувам дека не сум спремна, ми вели и тој дека не сака сега. Не е до доверба. Туку објаснив погоре дека имам проблеми со несигурност и внатрешни битки некои, преголем страв од друга бременост поради депресијата и сето тоа ме води кон преголемо анализирање на нештата и замислување на хипотетички ситуации.
     
    На Snowflake97, Осе, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.303
    Пол:
    Женски
    Јас останав бремена непланирано. Немавме во план деца, планиравме да имаме некогаш. Млада останав бремена, на 24.
    Мислев дека поминале плодните денови и му дозволив да сврши во мене. И еве го син ми наполни 3.
    Дали јас намерно кажав да сврши во мене? Не, мислев дека не можам да останам бремена.
    Дали дечко ми сврши без да праша? Не, доби дозвола.
    Дали се случи од невнимателност? Да.
    Затоа второ ако одлучиме да имаме ке биде планирано, лесно се забременувало некогаш. 8)
     
    На Snowflake97, awkey, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Да ти е живо и здраво детенцето. Ова не е критичен случај. Барем според мене, сте прифатиле ризик свесно, не сте си работеле зад грб како многумина други. Сте прифатиле ризик од бременост надевајќи се дека нема веројатност да се случи. Пак е шок ама според мене не толку страшно.
     
    На Snowflake97, sj *O* и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.303
    Пол:
    Женски
    Фала. :hug:
    Воопшто не е критичен, бевме во подолга врска, немаше дискусии што како. Се знаеше дека ке го родам и дека ке се венчаме.
    Никој не направи нешто позади грб, ама не беше ни планирано.
     
    На Осе и DarkStormm им се допаѓа ова.
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.820
    Допаѓања:
    23.419
    Пол:
    Женски
    И според мене ваквите потези се причина за развод. Ова е манипулација и тоа сериозна затоа што последица е... детенце.

    Има разлика измеѓу обострана невнимателност и ваков низок потег. Ако има договор да свршува надвор, ќе свршува он надвор, иако постои ризик. Ако има договор дека девојката пие контрацепција, ќе ја пие. Давам дозвола да имаме ризичен секс, а не обид за бременост. Ако за ова не те почитува партнерот, не знам за што треба. :x
     
    На senjorita-v, Bezimenka90, Осе и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.017
    Допаѓања:
    40.348
    Пол:
    Женски
    Извини ако те навредив, ама штом состојбата ти е таква можеби и попаметно е да коростите било каква контрацепција, затоа што без заштита секогаш постои ризик од бременост.

    А за другиве ситуации, жена да излаже дека пие, а не пие контрацепција не е во ред зошто партнерот е излажан. Ама обратно машкото да сврши, а жената да не е свесна малку ми е помалку веројатно.
    Затоа пак ќе кажам кој не е спремен за бременост мора да користи контрацепција. Се останато е руски рулет.
     
    На CameliaMiller, DarkStormm, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Небитно дали се во брак, врска, friends with benefits...ама ич не е во ред да забремениш/останеш бремена без "дозвола" и одобрение на партнерот. Да не зборам за тоа што така сакаат да ги "задржат" партнерите.(facepalm)
    Не е мала работа, децата не се предмет на експерименти, па ако успеам ќе го задржам партнерот вака, ако не ништо.
    Страшно.
     
    На deskarada, Осе, Cececece и 9 други им се допаѓа ова.
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.933
    Допаѓања:
    20.394
    Пол:
    Женски
    Овие муабети ги слушам безмалку 3 години веќе. Прво беше ајде кога дете, па од 3ти ден породена околината си збори за второ а јас уште со првото не сум се запознала како што треба. Околината небитна заклучок.

    Што се однесува до партнерот, мм сакаше дете од поодамна. Седнавме, му кажав јас не сум уште спремна - не сакам. И уз муабет со другарка он и кажува дека сеуште не сакам бебе и му вика "ај па ти шо ја прашуваш, сврши и" (facepalm) Може затоа што јас треба да го носам тоа бебе? Ваљда. Како и да е, му кажав дека ако направи нешто такво јас ќе го родам бебето ама најверојатно во бракоразводна постапка.

    И за второ истиот муабет ми го направи другаркава и ја гледам и не знам што да кажам...

    Е истата таа другарка дечко и ја остави трудна "не знаејќи" кога имаа криза во врска. И исто така "не знаејќи" и направи второ во малку заебан момент. ( Зборови на другарката ) :)
     
    На CameliaMiller, Bezimenka90, deskarada и 7 други им се допаѓа ова.
  18. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.201
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Првото дете ни беше планирно и посакувно на двајцата. После маж ми отиде на раб во странство и рековме здравје 2ро дете кога ке се врати. Се врати после 2.5 год, зборевме чат пат за второ дете ама не онака да се договориме како за првото, и еднаш не се тргна на свршувње, се налутив многу, баш бев во плодни денови, дури се скарвме и се фати одма, останав бремена ама ајде прифтив пошто секако сакавме 2ро дете. За жал бременоста ми заврши лошо, се породив пред време, ми почина бебето. Се породив со царски и ми рекоа за трета бременост воопшто да не планирме додека не поминат 3 год од предходниот царски, бидејки ке биде трет. Ми беше многу тешко тој период, психички, здравствено,не се чуствував ич добро, сменив работа да се фокусирам на нешто ново, почнав малку од малку психички да се опоравувам,пред и околу нова година беше роденден на синко, празници, си реков да бидам посмирена, на раб се привикнав, со маж ми се зближивме и често имавме секс, скоро секој ден, ни еднаш не сме биле ниту пијани, ниту свршил во мене, ниту па сме имале 2 пати секс во иста вечер, ама јас останав бремена. Не добив на време и одма тест направив, покажа позитивен, а имам мн точен циклус и ете марфи, 10 години сме заедно со мм, милион пати така сме имале секс и сега се случи да останам бремена, ваљда од тој минимален процент на пред семена течност. Бев многу лута, исплашена, разочарана, се чуствував во стапица, ми рекоа не е паметно да абортирам дека раната од предходен царски не е зарасната и се најдов во нова бременост и натаму за тоа што го поминав до сега не ми се ни зборува, знаат другарките од труднички да не се поврорувам. Иако знам дека мм не напарави навистина намерно да останам бремена сепак цела лутина ми е насочен кон него, он ми е крив за се, ме сака, ме чува ама јас сум му лута цело време, неможам тоа да го сменам, за се нешто му се лутам, се карам со него, иако се колне дека никогаш ниту помислил ниту планирав вакво нешто. Ваљда ке се се стабилизирам откако ке се породам. Има навистина непланирана бременост од 2ца партнери, ние сме школски пример за тоа, сигурно има и причина за такво нешто, можда ова бебе ке биде ново сонце што ке не огрее после загубата,можеби ако оставевме да планираме никогаш немаше да се решиме после тоа што го помиавме предходно,можда заради тоа ни е дадено ова бебе, да не освести. Којзнае, ке видиме...
     
    На Lostinparadise, Campanula, Snowflake97 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.382
    Допаѓања:
    20.574
    Малце и мене ми е нејасно ова со непланирана бременост.
    Ако се онадиш без заштита, што очекуваш?
    Мислам дека се дешава, се дешава ама чудни ми се кога ќе речат дека изненадно забременила. Мислам, не е изненадно, не ти паѓа спермата од небо така рандом во тебе. Барем што знам, после секој однос треба да знаеш дали има ризик.
    Лично ако ми се случи непланирана бременост (што може да бидне само од пукнат кондом и слични ситуации со потфрлање на контрацепцијата) ќе абортирам. Во ниеден случај не гледам дете ако не сум спремна.
     
    На Mikha4, DarkStormm, _beautyy_ и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Со какви партнери вие живете? Не е човечки да направиш на некоја дете кое не го посакува. Срамота,бедно.
     
    На СуперДевојка, Bezimenka90, deskarada и 10 други им се допаѓа ова.