Незнаев каде да го сместам мислењево. Го гледавте интервјуто на Деа со мајката на детето со дијабет? Аууу ми се качи притисок. Јас да бев на местото на мајката ,раце во коса ке и земев и денес ке бев у затвор за кој немаше да жалам. Морон ,кретен, одрон.
Како бе вака... Осет никаков. Ова само покажува каква личност е мајката на славеникот. Можела да почека да доснимат па да си почне со местење ако баш тој летниковец го сакала. Башка што е... Јавен простор.
Ова мислам дека е во Ново Лисиче паркот. Иначе стварно резервираат летниковец со тоа што пишуваат на ливче за тој ден има роденден . И мене ме чуди како може кога е јавен простор ама ете Скопско и се е можно. Дотичната секако можела да почека а не вака идиотски да се понаша.
4 години славам роденден на дете на летниковец. 4 години или си го фаќам порано, пијам кафе, или ако има некој седнат им кажувам каква е ситуацијата и претежно излегуваат во пресерет. Но ова е страшно невоспитано - не само што би ги оставила да завршат интервју, туку и би ги почастила со сокче, вода, грицки од ќеиф.
Мене ова ми е крајно симпатично. Стално се смешкам кога ги читам писменцата. За однесувањето на госпоѓата не би да коментирам, сме станале самобендисани ѕверови.
Баш затоа што е јавен простор не би се мрднала ни милиметар. Уште гордо кажува јас тука местам вие упорно седите. Ти ќе ми кажеш дали смеам да седам или не. Не бе ние сме беда народ, џабе е се.
Кај сакаат нека оставаат ливчиња, што ако не сум од таа општина? Мое право е дали ќе станам или не, ако нема платено за тоа како услуга па со полиција да ме бркаат не станувам на вакви гадови.
Се надевам дека следниот Роденден тие родители нема да ѓи пуштат децата кај оваа жена без: емпатија, култура, трпение спасение, човечност.Оваа со ваква некултура мене не би можела да ме стане од летниковец ни со багер, би и била јас како Гринч ама расипувач на Роденден. Јавна површина за сите е не може резервирано или приватно да ми извини госпожа не е нејзин двор.Ги има и многу што си ги злоупотребуваат и функциите па си умислуваат дека се што лета надвор се јаде и е нивно и можат да шефуваат во парк.Алал да и е на водителката што убаво и кажа и барем и лицето на дотичната да и го покажаа.Колку е преслатка Бисера дај Боже сите лекови и се што е потребно за сите болни дечиња и луѓе државата брзо да им ги обезбеди .
Некултура е ова, можеше со убаво да ги замоли или да ги причека. Не можам да поднесам вакво однесување. Овие истите прат проблеми и по маркети и по болници, секаде. И реакцијата на новинарката ми е несоодветна, сфаќам дека во моментот секој би се изнервирал, ама баш тоа му направи поголем стрес на детенцето. *16 и пол минути го пишев мислењето сабајле и ми го избришавтее!!!
Јас незнам како така лесно се повлекоа,јас да бев ,со краткиот фитил, ке ја лежев око немаше да ми трепне.