Не знам дали се уште го сакам бившиот...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од ljubovvv, 11 септември 2011.

  1. ljubovvv

    ljubovvv Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    знам дека не заслужува да го сакам... скоро 3 години сум со друг во врска, а незнам зашто ми текнува на него сеуште... бившиот скоро исто толку време се гледа со друга девојка (али не се у врска)..е сеа проблемот е што многу чудно се однесува, им мавта на другарките мои од кола, ги поздравува редовно, на сестра ми и се смее и и пушта прв рака да се поздрават каде и да ја сретне,и прави муабет(што додека бевме заедно не го практикуваше- а сеа ...) луд е скроз! на друга другарка и оди на работа и прави муабет- а неможе да ја смисли... со сите од околу се вртка за да ми пренесат дека го виделе и бла бла

    ми е страв дека сеуште го сакам... а од друга страна си се тешам дека ова ми е само криза- што се надевам дека ќе ми помине!
    и дали стварно по луѓево иде само за да ми пренесат?... не беше таков- што ли му станало(мора многу да му фалам :P ) help а овој сега- баш е срце и се што сакам ми исполнува и за се е тука и ме сака и ме почитува, и што ми е на мене незнам ..не заслужува вака да му правам :(
     
  2. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Незнам дали сеуште го сакам бившиот...

    Според постот претпоставувам дека сеуште си тинејџерка иако на профилот ти пишува 30...
    3 години не е краток период, нормално дека сите како стануваме повозрасни така стануваме и позрели.
    Е сега со зрелоста доаѓаат и манирите и се друго, па не гледам зошто ти е толку чудно што се поздравува со другарките и со сестрати. Ако се познаваат нормално дека ке се поздравуваат, мислам дека нема ништо чудно тука.
    Мој совет, не си ја уништувај врската само поради едни детски „сигнали“. ;)

    И др пат пред да отвориш тема расчепкај по форумот. Има барем 10-ина теми слични на оваа
     
  3. sweet.woman

    sweet.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    443
    Незнам дали сеуште го сакам бившиот...

    бидејќи имаш прекрасна врска сега и како што велиш 3 години сте заедно немој да си ја расипаш за нешто што поминало па после да се каеш
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.715
    Незнам дали сеуште го сакам бившиот...

    И јас мислам да не си ја расипуваш врската заради глупости. И самата кажуваш дека те сака, те почитува. Што друго бараш? Живеј денес, сега, а не во минатото. Тоа е веќе прочитана книга, и го знаеш крајот.
    Затоа, уживај си во врската, не мисли на глупости и не се замарај со бивши... Можеш само да си направиш штета на себе и на вашата врска.
     
  5. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.263
    Незнам дали сеуште го сакам бившиот...

    тој првиот да ти чинел, немаше друг да имаш сега така? :)
    ова се ти кажува.
    затоа не се глупирај да фрлаш 3 години во вода. за што ? зашто тој некој што си има друга и мавтал на другарка ти ? |( побогу девојко не!
     
  6. ljubovvv

    ljubovvv Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Незнам дали сеуште го сакам бившиот...

    па искрено да ти кажам не сум тинејџерка ... последниот пат кога проверив.. само што кога станува збор за него отсекогаш и најмалата работа што ја правеше ја преувеличував најверојатно и сега ... фала на сите, а јас се повеќе мислам дека поминувам низ криза ... и не сум сигурна што точно сакам!
     
  7. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    2.366
    Пол:
    Женски
    Незнам дали сеуште го сакам бившиот...

    Криза или не, доколку сегашната врска ти е толку јака како што кажа, воопшто не си требала сама на себе да си го поставиш прашањето „што да правам!?“ а уште помалку тука да прашаш.
    Што очекуваше? Сите да ти кажеме: „Остави го овој што идете 3 години. Се сакате, преубаво ви е ама остави го! Доволно е голема причината што твојот бивши контактира со твои пријатели и е во добри односи, врати му се!“

    Навистина би било штета да отфрлиш врска која опстанала 3 години и која била исполнета со љубов и почит. Немој да се залажеш да направиш нешто без размислување па утре да се каеш и да си ја маваш главата од ѕид. :!: :*
     
  8. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Незнам дали сеуште го сакам бившиот...

    Едно мафтање и поздравување не е ВООПШТО доволно за да си расипеш долгогодишна врска. И не за џабе рекле: Бившите да биле добри, не би биле БИВШИ! Радувај се на она што го имаш, и не ни пробувај да посегнуваш по нешто што си го имала а не било доволно добро за да остане во твојот живот! ;)
     
  9. ljubovvv

    ljubovvv Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Незнам дали сеуште го сакам бившиот...

    мислам дека сте ептен во право.. али морав вака да прашам луѓе кои не ги познавам - уште повеќе што они не ме познаваат мене, пошо од другаркиве нема решение...ти го кажуваат тоа што сакаш да го слушнеш :) супер е вака човек од страна малце да те расони ...и го разбирам првото девојче што мисли дека сум тинејџерка пошо муабетов мој за таков личи :$
     
  10. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.790
    Незнам дали сеуште го сакам бившиот...

    А што ти кажуваат другарките, што е тоа што сакаш да го слушнеш од нив? :^)
    Инаку и јас мислам дека треба да останеш со сегашниот дечко. Еден негов поздрав со твоите другарки не значи ништо, ама баш ништо. И како што кажуваш, чим ти е прекрасно со сегашниот дечко, не ја расипувај врската и уживај. :)
     
  11. ljubovvv

    ljubovvv Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Незнам дали сеуште го сакам бившиот...

    па некои се воздржуваат од коментар или баш го вреѓаат- само за да го преќинат муабетот
    а тие што се повеќе запознаени со него викаат дека пробува да стапи во контакт (што искрено јас не верувам бидејќи ако до толку сака да ме види или слушне ќе најде начин и ќе го направи тоа- а не вака) или пак, дека сака да ме испровоцира па јас да му се јавам... а тоа нема да се случи :)
     
  12. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    950
    Врската со бившиот беше кратка но по цели денови бевме заедно.. понекогаш кога се карам со дечко ми кога ме навредуе а не сум крива,кога јас се извинувам заради тоа што он го направил,помислувам на него... и ств. ми е тешко а и секогаш кога ќе го видам имам некоја пеперутка во стомак .. :\
     
  13. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    634
    врска од три години не се фрла во вода!
    без навреда но мислам дека малку претеруваш тој можеби сакал да им оддаде поштовање на другарките твои на сестра ти ... немој толку многу да паничиш чим овие три години не те изневерил не верувам дека сега ќе направи такво нешто!
     
  14. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Па знаеш како викат, бившите врски се како прочитана книга, колку пати и да ја читаш книгата крајот секогаш е ист, така да гледај да излезеш од кризата и максимално посвети и се на три годишната врска, мислам дека не заслужува никој да ја фрлиш во вода, многу си збунета затоа што порано си го сакала, се имаш сетено на некои убави моменти и се ти се има побркано, ама самата велиш дека многу преувеличувал и сега сетисе на сите неубави работи и верувај нема да сакаш да му се вратиш, се ќе мине и ќе го заборавиш ова, само гледај кон иднината! ;)
     
  15. ljubovvv

    ljubovvv Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Криза билооо :) не беше вреден за спомнување, не он!! Стварно се што е во минатото таму треба да остане :)
    Ќе ти помине :) тргнувам од себе.. ако овој сега мислиш дека вреди остани со него. А ако сакаш да немаш пеперутки кога ќе го видиш бившиот, барем додека да помине доволно дооолго време, избегнувај ги сите, ама баш сите можни места каде што можеш да го сретнеш или каде што знаеш дека се движи. И ќе дојде и тој ден кога од нигде-никаде ќе ти текне дека АМА БАШ ИЧ НЕ ТИ Е ГАЈЛЕ ЗА НЕГО :) тоа ти е сигурен рецепт :)
     
  16. Malecka19

    Malecka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Батали бивши,да требало да биде уште ке било..Терај животот напред,една прочитана книга не е интересна кога се чита по два пати.позз ;)
     
  17. Princess.Of.Weed

    Princess.Of.Weed Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    и јас се наоѓам во ваква ситуација да незнам дали сеуште го сакам бившиот...
    Бившиот го запознав пред 5 години...си одевме така малку долго и јас ептен се заљубив во него....но потоа заради една глупава девојка раскинавме...од тогаш не прекинато ме бара...(после таа девојка имаше уште 3 девојки..и на сите 3 ги изневеруваше со мене -.- ) секогаш мора тој да е во моја близина...секогаш мора тој да ми растури врска ако имам дечко....се ме потсеќа на него...кај и да одам има нешто што ме потсеќа на него....мора секогаш да ми се јави да провери дали сум океј...мора да ми пише па макар и само по едно смајли...милион пати му имам дадено до знаење дека сум тука за него за што и да било...тој тоа го користи само за да ме види... :\ иначе поголем е од мене 4 години...и ептен е мил...
    со дечко ми одам 7 месеци...врската ни е супер...ептен ми е убаво со него...тој е постар од мене 9 години...знам дека би го дал и животот за мене...(како и јас за него) но секогаш кога ќе го видам Бившиов ме фаќа носталгија за него...се присетувам на тоа како ни било и се така... ;( незнам дали сеуште го сакам... :\
     
  18. Littlesnowflake

    Littlesnowflake Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2018
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki pred 11 meseci raskinav so bivsiot,so nego bev u vrska skoro 2 godini,se bese sovrseno nikogas jas i toj nemavme problemi vo vrskata,edinstveno sto mi precese kaj nego bese toa sto e zatvoren i ne zborese so negovite za nas mnogu toa nikogas ne mozev da go razberam a bev sigurna deka me saka 100%..Jas slusnav nekoj muabeti deka toj imal kontakt so nekoja bivsa mozebi i ete pisal izlegol no mene seto toa mi go napravija drugarkite i jas izbrzav vo toa ne trebase da prekinam kontakt no gordoosta nadlava nad mene ii nemozev da svatam kako mozel toa da mi go napravi a bev sigurna vo nego jas pred da raskinam mu rekov da se zapoznae so moite toj nesakase a ne deka ne znaea ama sakav da se oficjalizira toa,cuden tip e i sega posle godina dena i nesto jas i toj ne pisevme ke se desese cite tie meseci nekolkupati samo da se cueme i toa pak ke zavrsese bolno..Tatkomu pocina pred 4 meseci i razbiram deka celiot e izguben sega i deka mu e pretesko..aa zaboraviv da naglasam deka ima devojka vejkem 7 meseci so nea se fati samo zaradi mene da me zaboravi pobrzo a i taa mu se ubaci ii sega posle tolku vreme jas i toj pak se slusame jas eve 2meseci sum u vrska so drugo masko..Toj neznae sto saka aa izgleda ni jas neznam sto e najdobro..Iskren e mi prizna za see deka nisto ne e isto koga bese so mene i deka mu falam deka so mene bil najsrejken a od druga strana ne moze da ja ostavi i nea bidejki nisto ne mu zgresila...Baram mislenja od vas bidejki jas eve godina neznam sto e najpametno cuden tip e kolku sto go i znam i sigurna sum vo nego deka toa go misli i custvuva tolku e i nesvatliv..Pisete mi vasi mislenja
     
  19. Summerbeauty

    Summerbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2016
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Кај вас очигледно колку и да било се совршено немало доволно доверба,затоа што ако си му верувала не ќе си го оставела после еден муабет. Според мене седнете разговарајте, расчистете ги сите препреки и видете дали навистина се сакате уште или е само останата навика. Секако имај во предвид дека не би било фер да го повредиш новиот дечко. Размисли си убаво да не донесеш погрешна одлука. :)
    А заборавив да дополнам, прашај го зошто не сака да се запознае со твоите. Сепак 2 години не се малце.
     
  20. Littlesnowflake

    Littlesnowflake Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2018
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Jas neznam kolku pati probav da zboruvam so nego i sekoj muabet zavrsuvase na tia deka sme edno za drugo dvajcata a sepak rabotite se vejkem izmesani i nisto ne se moze,sega kroz nekolku muabeti bidejki sekoj den mi pisuva zbori kako e razocaran od se i deka nema za nego zivot u mk saka da odi podaleku negde..jas mislam so toa saka da se otrgni i od nea i samiot da se osamostali i smiri bidejki ne e dobro poradi smrta na tatkomu..Ama ne go razbiram zosto togas sto saka od mene i sum mu kazala so ova samo poloso pravis za dvajcata nas..ama mu prostuvam i gi zatvaram ocite izg deka seuste ima ljubov megju nas