1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не знам како да се справам со него...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од papagalcheto, 19 април 2011.

  1. papagalcheto

    papagalcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    10
    Па... имам 17 год а он 20 заедно сме веке 6 месеци он студира во друг град и само за викенди си иде тоа не е никаков проблем зошто успевавме да си направиме муабет преку телефон преку неделата и секогаш се гледавме барем 2 пати во викендот и секогаш кога ке си дојдеше викаше дека има многу за учење ама сепак испаѓаше и со мене и со другарите навистина беше се убаво не ми сметаше ништо посебно во врска со тоа но минатиот викенд кога се договаравме за испаѓање ми рече дека не испаѓа зошто имал многу за учење и остана цел викенд дома кога ми го кажа тоа почнавме да се расправаме 2 саата и другиот ден јас на секое слушање го брецав за тоа како он не наоѓа време за мене а тој цело рвеме ми објаснуваше како има многу за учење другиот ден испаднавме на 2 саата и правевме муабет како ништо да не се случило он цело време избегнуваше д аправиме муабет за тоа а јас цело рвеме навалував и само ми рече на крај не било крај на светот ако еден викенд било така ама мене не ми е до тоа туку што секој викенд он викаше така ама важно испагавме а овој не испаднавме и незнам зошто не ни си поминав убаво и сега се слушаме ама на секој муабет ми вели добро тоа ај ке се слушнеме порано не можевме да престанеме да зборуваме се си кажувавме сега само некои најбитни работи незнам дали е нешто со мене зошто и мене овој период ми е некако стресен заради училиштето и дома ама ми фали таа негова нежност од почетокот на врската и заинтересираност незнам длаи јас сум виновна за тоа ама неможам да се поставам исто спрема него да му чувствувам страв од раскинување незнам како да се справам прво со себе а потоа со него ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ !
     
  2. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    3.202
    ПОМОШ!

    Искрено мислам дека детето се трга од тебе... Значи секој викенд(а што не мора) детето иде да те види, а ти му трубиш што не сте излегле 1 ден. Па момиче,на факултет е детето, има за учење. И секако секојдневно ако го слуша ова,тој нема да сака да е со тебе и ќе се тргна се повеќе и повеќе. Секако настануваат вакви период со оладување на врската,а во овој момент не помагаш со твоето однесување. Предлагам да му се јавиш и да му се извиниш за твоето однесување. Ти треба да се љутиш ако излегол со другарите или другарките, а со тебе не. А да се љутиш за тоа што сакал да учи, мислам дека е претеризам... Стави се малце на негово место ;)
     
  3. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    ПОМОШ!

    Мислам дека момчево стварно има за учење сега се колоквиумите, и јас кога имам колоквиуми или испити не се гледам толку со дечко ми, понекогаш само на 5 мин што се вика се гледаме, а и биди задоволна што доаѓа секој викенд за да се види со тебе, тоа се пари, автобуси, и него не му е лесно... и секоја врска има криза во некој период, не се грижи, не го оптоварувај толку, и кога ке се видите не го троши времето за да се карате туку за понежни моменти...
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    ПОМОШ!

    Преселба во друг град, башка студент, а ти се' уште во средно...
    Ќе треба многу напор, волја и живци да се издржи сето тоа.
    На почетокот нормално има за учење, потоа ќе започнат журките, па цимери, колеги, колешки...

    Се' се сведува на тоа дали и колку си верувате еден на друг и колку е силна вашата врска.
    Можеби е под стрес заради промените, колоквиумите, стравот од новата средина, стравот од разнишување на врската, а можеби едноставно му се џиткаат многу нови девојки и е растргнат помеѓу два света.

    Јас инаку не сум за врски на далечина.
    Сум видела, сум искусила, можеби постои Љубов, не викам не, но некому му станува досадно, некој е осамен, исто ми е мене дали дечко ми ќе биде во Охрид или во Солун пример, ако се гледаме еднаш на недела или две.
    Па дури и во тоа малку време што треба да го поминеме заедно, да се молиме да излеземе, да се видиме како луѓе... :^)

    Ако сакаш да успее врската, мораш да бидеш наоружана со живци, со трпение и разбирање, а факт е дека еден ден некому ќе му прекипе, тебе или него, сеедно...
    А веќе започнало да се случува...

    Мојот совет е полека да почнеш да се оддалечуваш, да си уживаш во средното и да почнеш да се навикнуваш на фактот дека не е како порано и дека постојат реални шанси да се прекине врската.
     
    На agirl17 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. papagalcheto

    papagalcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    10
    Фала ви за коментарите :) Инаку, сега се е во ред. Он се однесува најнормално ,но мачи тоа што јас на училиште сум опкружена со „жени„ од 16 год кои имаат дечко за озбилно, па како они се 24/7 заедно со неговите со нејзините си одат си идат по дома бла бла што мене ми е многу смешно. Јас не сакам така затоа и ваквата врска ми се свиѓа со оглед на моите години затоа што можев да преку недела целосно да се посветам на учењето. И чувствувам голем притисок од нив што цело време кај што со кого сме биле па ова па она дали на фб има слики бла бла што мене не ме ни интересира и пробувам цело време да се отргнам од нив и многу ме фрустрираат. И кога нешто он малку нема да направи како што очекувам тоа моментално ќе ме изнервира а потоа сфаќам дека нема место за нервоза.
    Сепак како така успевам да се справам со нив и да избалансирам со него. Но сега не е баш како порано нема толку нежност колку што имаше, ми фали уште многу малку нежност.... Знам дека не можеме да се лигавиме на телефон со саати пред моите школски или неговите колеги или пак пред неговите цимери но сепак ми фали уште многу малку од неговата нежност можеби е како што рековте само еден период во врската...незнам како да ја вратам таа нежност... што треба да направам...:worried:
     
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Остави ги 16 годишните девојки.Гледај ти што ке правеш а биди сигурна дека тоа нивното е далеку од сериозна врска.Мали сте за тоа.
    Сега сакам да кажам друго нешто за кое се надевам дека ке ме сфатиш.
    Сметај го тоа како еден вид тест за вашата врска колку долго ке издржете еден без друг.Ако тој те сака нема да те изневери,да те напушти и да бара изговори дека не можете да се видете.
    Туку сега навистина можеби има за учење и ти тоа мора да го сфатиш.Дај му подршка,кажи му дека секогаш ке бидеш покрај него.Дај му до знаење дека ке ја има твојата подршка,но ако постојано се карате и го напнуваш верувај дека ке те остави самиот тој а ти тоа не го сакаш нели? :^)
    Слушам ме што ти зборувам,ова што ти го кажувам ми е се од мое лично искуство и од искуство на мои другарки.Не му досадувај за излегување,не го барај ден два,остави го да учи па ке видиш дека тој самиот ке те побара.
     
  7. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Имаш 17 години сега си млада сакаш да се забавуваш и да лудуваш! Сакаш да излегуваш со другарки, да го живееш животот до максимум! И те разбирам и јас сум на тие години(во ред малку помлада ама тука сме блиску ;) ) Сега јас не можам да се замислам како да имам врска по далечина. Јас немам толку живци и не верувам до толку во никого! Но изгледа ти не си таква ама ако сакаш да го задаржеш дечкото, треба и да го разбереш, па на факултет е мора да учи. Мислиш тој повеќе сака со книгата да се дружи отколку со тебе и пријателите? Сигурна сум дека не... Како што ти кажаа другите погоре, за врска по далечина треба многу трпение, челични нерви и ДОВЕРБА,а не да се карате бидејќи имал за учење. Поздрав и се надевам дека ќе го решите тоа.
     
  8. papagalcheto

    papagalcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    10
    Ви благодарам на коментарите...еве веќе и не му спомнувам ништо за расправии и се е во ред...баш синока бевме испаднати и си поминавме многу убаво...и беше пак тој ....нежниот :)
    Инаку пробувам да бидам трпелива и да му верувам...но признавам тешко е но убавите моменти поминати со него ми даваат сила да продолжам иако многу пати ќе се изнервирам без причина ќе се чувствувам несигурно или слично...сепак додека трае е убаво и се надевам дека ќе потрае... :)
     
  9. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Според овој коментар сметам дека си го избрала вистинското решение, кога веќе сакаш и се бориш врската на далечина да ви успее. Само уште едно нешто ќе ти кажам; Никогаш не жали за ниту една твоја постапка кога знаеш дека тоа си го направила од љубов! Човек е роден да биде постојано во борба и доколку нема успеси и падови, животот би му бил исполнет со празнина и рамнодушност.

    Не треба да се плашиш од тоа да бидеш изневерена, заради тоа верувај! Не треба да се плашиш од тоа да сакаш, затоа сакај! Оние кои треба да се плашат се оние кои не знаат да веруваат, оние кои се полни со недоверба, оние кои не знаат да сакаат и оние кои не знаат како да се подигнат на нозе после неуспех! Ти прави го она што мислиш дека е правилно, а доколку еден ден бидеш повредена, нека не ти е жал, оној кој што би требало да жали, би бил тој. Но, се надевам нема да дојде до такво нешто! Поздрав.
     
    На agirl17 и julie77 им се допаѓа ова.
  10. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    1. Те молам научи да ставаш точка, запирка, извичник, прашалник и други интерпукциски знаци!
    2. Неможе тебе да ти биде смешна никаква врска бидејќи секој си има различна врска и си ја сваќа на свој начин.
    3. Ако не сакаш озбилна врска, и ти е добро да се одалечиш...што отвараш теми за џабе?
     
    На unique123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. papagalcheto

    papagalcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    10
    Искрено ти благодарам на советот :) Мислам дека ако не се бориш, ако не толерираш, ако не веруваш и ако не бидеш трпелив ништо неможеш да добиеш. Ниту едно чокаладо, а камоли врска. Дефинитивно ова било само еден кризен момент во нашата врска. Еве сега се е како пред тоа. Искрено ви благодарам на советите уште еднаш :)
     
  12. izza

    izza Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    немој да го малтретираш толку , па ништо не е чудно ако имал за учење ;)
     
  13. argentina

    argentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    10
    на 16-17 години ништо не е за озбилно :) па и понекоја тема
     
  14. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Јас мислам да не го форсираш многу дечкото па не е крај на светот ако не сте излегле еден викенд. Ако многу му навалуваш со тој муабет ќе се осети како во стаклено ѕвоно од каде нема да излезе и ќе се повлече. Ако те избегнува и наредните викенди тогаш е нешто друго во прашање сепак на мирен начин разговарај со него и објасни му што размислуваш може и тој ќе се опушти и ќе ти каже што го мачи. Млада си имаш 17 години така да не се нервирај се поминува се се менува.
     

    Прикачени фајлови:

    • zarobena.gif
      zarobena.gif
      Големина на фајлот:
      72,6 KB
      Прегледи:
      29
  15. papagalcheto

    papagalcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    10
    Фала ви многу
    Дефинитивно бил само еден лош период. Еве овој викенд јас сум таа што има премногу за учење и незнам дали ќе можеме да се видиме...Треба многу многу трпение, особена за ваква некоја врска. Ова било кризен момент во кој јас воопшто незнаев како да се справам со него.