1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не знам што се случува и како да продолжам

Дискусија во 'Разделби' започната од klaudija90, 5 септември 2010.

  1. klaudija90

    klaudija90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    Здраво девојки, јас сум нова на форумот, па пред да започнам со мојот проблем, да ве поздравам!
    Се наоѓам во тешка ситуација... Со дечко ми одиме 8 месеци, првите месеци беше се најдобро, иако сме од ист град тој работи во друг град а студира во мојот. Врската ни течеше се најдобро додека нешто бидна, а и самата не знам што се случи а тоа беше овие денови. Ми кажа дека ќе си оди дома,ме испрати мене (иако бевме само 1 саат заедно) а потоа дознав дека е излезен со другарите а и на мобилен не ми дигаше и на пораката не ми врати, а и не беше прв пат но поради тоа што го сакав ги проголтав тие негови грешки мислев дека ја поставив таа црвена линија до каде може да оди, но овој пат се случи нешто што стварно не го очекував, бевме на пауза една недела и договорот беше да се видиме точно за една недела и да разговараме за сите проблеми што ни ја кочат врската. Но тој не ми се јави тој ден кога требаше да излеземе, не дојде да се поздрави со мене а бевме во исто кафуле, и утредента се стави „сингл“ на фб, и тоа без никаков разговор во очи. Не знам каде згрешив, секогаш се обидував да биде се најдобро, го сакам и стврно не знам како да постапам, овие денови треба да разговараме, за да ми каже дали сака да останеме во врска, замислете сите од тој фб што дури планирам и да го избришам го видоа тоа, а ние не ни разговаравме за тоа... Стварно ми е тешко, сите ми велат дека сум луда што му допуштам толку многу во однесувањето но навистина ми треба и поддршка од вас, за сите оние девојки кои го искусиле ова... Поздрав!
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Очигледно е дека дечко ти (веќе бивш) барал рачка за да раскинете. Ако не е така немало да ги направи сите тие работи без никаков разговор. Е сега, твое е дали ти ќе продолжиш со него, автоматски ќе му се потчиниш и ќе си даде за право пак да се однесува така како што се однесувал.
    Обратно на тоа, е да раскинеш, а тоа го гледам како најдобро решение во случајов. Не е ни многу ни малку 8 месеци, но за него е доволно да му стане досадно. Машките се такви, сакаат секој ден "разновидна храна", чест на исклучоците. Ако раскинеш иако го сакаш, ќе боли и ќе помине. Сигурно си имала некој бивш што си го сакала па си го преболела. Е сега твое е кога ќе решиш да го заборавиш. Тоа зависи од твојот карактер и најмногу од потсвеста. Ако ти размислиш свесно без никакви препаѓања во несвест и солзи дека не заслужил да го сакаш, ќе го заборавиш полесно.
    Луѓето доаѓаат во нашите животи и си одат, остануваат оние кои заслужиле да останат. Дечко ти не заслужил да остане, според ова што го прочитав. Не се погазувај за љубов која утре-другиден ќе помине и ќе се смееш на ова што си го напишала. Гордоста е таа која останува во животот. Љубовта е минлива работа... Уште утре може да се појави некој кој ќе ти го освои срцето.
    Постои поговорка која вели подобро да се спречи отколку да се лечи. Има голема вистина, ако не биде сега, ќе биде понатаму на уште поболен начин. Според ова што ти го опиша добив каква-таква слика за дечко ти дека не е сериозен. Во иднина може да направи нешто со друга девојка и ти да дознаеш. Ќе биде многу поболно од што е сега.
    Затоа мислам дека е подобро да ставиш крај. Секако, прво разговарајте, слушни ја неговата приказна. Прашај го зошто така се однесувал, но :!: немој лесно да паѓаш на изговори ;)
    Со среќа.
     
    На Babygirl2444, klaudija90, vesna23 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    21.655
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Оффи.Според ова што си го напишала,најдобро ќе биде првин да разговарате за сите работи што ви ја кочат врската(ако сеуште постои таква),па потоа да одлучиш што ќе правиш.
    Ако ставиш крај на врската(што е најверојатно,заради однесувањето на дечко ти),нормално дека нема да ти биде лесно,но не е ни прв ниту последен во твојот живот нели? :) Ќе го преболиш.Со среќа,па пиши ни што сте направиле. :*
     
    На klaudija90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. klaudija90

    klaudija90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    Ви благодарам за советите девојки, инаку раскинавме и тоа вчера се случи, денес сум така-така со расположение, но животот продолжува, знам дека не заслужи место во мојот живот покрај се, иако родителите ни се многу добри пријатели, нему ништо не му значеше тоа, го ценев премногу и го засакав премногу, но ете среќата не ми била пишана со него. И на крај ми вели, секој би посакал девојка како тебе, просечена реченица за крај. Се трудев премногу, мислите ми се таму, но морам да продолжам и пред да бидам со него сум дишела и живеела исто, ви благодарам многу! :*
     
    На OzzyAngel и Offspring им се допаѓа ова.
  5. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Подобро сега отколку подоцна.Остави го во минатото и продолжи напред.Ќе си најдеш дечко кој повеќе ќе те цени и почитува.Те разбирам дека ти е тешко но како што кажа самата и порано си живеела без него,така да нема потреба за паника.Поздрав!
     
    На klaudija90 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ger23

    Ger23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    12
    Ми звучи слично како на мојата сторија(али не би сакала да ја поистоветувам)...
    Машко ко пи*ка..Нема Мади*а(се извинувам олку на вулгарноста али вистината е таа )и неможе да ти рече еј јас не те сакам,еј јас не сакам да продолжиме,еј јас сакам да сум соло....
    Ми се прават мажи..леле далеку далеку се од тоа...Мојот екс слично направи ми даваше некои цили мили после еден месец и сметаше дека е најдоброто решение(иако незнам акко успеа да ми се јави има земено некое магаре на душа)..После пак си трчка...Но јас..Јас бев катастрофа првите месеци..Да не должам многу во приказнава само едно..времето ќе ти укаже дека тој не бил оној вистинскиот за кого се си правела и голтала многу работи..Колку и ние тука да филозофираме и да те тешиме тоа е процес кој за жал секој го поминува после раскинување...ќе видиш колку е подобро да не те боли главата и живците за него...Само сега нема да веруваш и ќе ти биде се чудно aли времето се ќе ти укаже.
     
    На klaudija90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. klaudija90

    klaudija90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    Секако дека ќе помине, сите сме свесни дека времето лечи се, ја имам подршката од сите околку мене, затоа сакав совети плус и ги добив. Но ми е криво што премногу се навикнав на него, го зближив со сите околку мене за на крајот да пропадне се во вода, а јас упорно инсистирав за да успееме како пар и се залагав но ете сум се лажела самата себе. Нека му служи на чест, во животот се се враќа порано или подоцна. Тој одбра да ме избрише од неговиот живот, но на мојот праг нема да згазне повеќе :) Ви благодарам девојки!
     
    На Ger23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ger23

    Ger23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    12
    ех душо...Кај мене за скорз банална причина страм ми е да ја кажам пропадна една врска од скоро 3 год...Но што можам...Само едно животот е тркало и свати се се врти се се памти се се враќа кога тогаш..а машкиве не се мажи туку ај да не се изразувам ....Еве сум продолжувам понатаки па сега со факс ќе бидиме едно до едно,во воз,во автобус,тука сме..Што сега?ништо одам напред..Не да го сакав ми се идиеше да вреска(да не искажувам сега фрустациите)..Воглавно ми беше тешко но сега кога е размислам КОј е тој?Еден лажго :lol: :lol: :lol:
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    За тоа што си го зближила со сите околу тебе ич да не се секираш. Ееее колку дечковци сум зближувала со другарки/роднини, па што има врска. Се е минливо, главата горе само тоа останува во животот. Гордоста, со неа си човек! :!:
     
    На Hopeful и klaudija90 им се допаѓа ова.
  10. Eeva

    Eeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Девојкии...ве молам помагајтеее ...се уништувам од тага... одев со еден дечко година ипол..и раскинувавме многупати..тој секогаш ми даваше шанси,бидејќи навистина признавам дека не заев да се понашам како требаше...раскинавме во јули....јас тогаш дознав дека ме изневерил со 2.......го мразеев..не сакав ни да го спомнам..иако многу ми беше тешко..тој одеше на одмор..јас не..умирав секој ден..и еден ден тој ме изненади ми се јави,ми призна се и ми кажа дека многу му фалам...и ми се извинуваше и плачеше..се видовме..сфатив дека премногу го сакам а и тој мене...ап решив да му простам...останавме заедно но подоцна нашите кавги пак продолжија...и еден ден многу се скаравме ,пак поради мене и тој ми рече готово крај и уште истата вечер одеше со друга девојка...јас па му вртев го молев..тој не сакаше ништо да слушне...еве помина 1 недела слушам дека оди со една девојка..и мислам дека ке стане сериозно...и страв ми е да не се вљуби во неа..а знам дека се уште постои некој жар кај него за мене..и пак би му опростила..а знам дека не треба...за него се би дала...и незнам дали јас да му врата да бидам со друг дечко..за да види како е...што да сторам ..ве молам помогнете..срушена сум од тага...
     
  11. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Велиш не си знаела да се понашаш?
    И зошто не се потрудиш ти едноставно,да му дадеш повод да те сака и да не правиш константно грешки...
    Ама сепак,очигледно е дека дечково прави будала од тебе,а ти кривицата ја бараш во себе и никој друг.
    Не си ти крива бре! Да те сакал он нема да трчи по првата сукња која ќе ја виде,ќе се потруди за вашата љубов и ќе ти каже дека му значиш.
    Не ти велам да заборавиш на него,ама те молам,барем процени го што можеш подобро.
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Чекај чекај сега викаш си го молела да ти прости, сега викаш ќе му простиш?! Прво немој никогаш да го молиш! Покажуаш само колку не се почитуваш сама себе, и колку се би направила да ти се врати, а така сигурно нема да ти се врати. Покажи малку гордост и покажи дека си вредна да ти се врати, а ако ти се врати тогаш смени се ако не сакаш да го изгубиш... Ако не ти се врати немаш причина да паѓаш во депресија и да тагуваш пошто само ќе си го изгубиш времето за џабе.
     
  13. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Чекај малку девојче .Си му простила толку неверства :o .А не ли си свесна дека тој веќе си нашол нова жртва и не мислел никогаш како се чувствуваш ти...Плачел :@ Па и јас можам да плачам бре ,па тоа не значи дека се каам!На такви емотивни уцени не паѓај!!!А верувај ми дека тој никогаш нема да се заљуби,затоа што си е курвар,убаво читај курвар.Не да те навредам ама по ова што го опишуваш он ми лиќи на личност без чувства и совест.
     
  14. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Си му простила 2 неверства и сега пак ти го молиш ? Зарем ти немаш свое ЈАС ? Не треба да се понижуваш толку за некој што уште првиот ден по раскинувањето те заменил со друга. Ако тој решил да оди понатаму со својот живот и да си игра со други девојки како со тебе што го направил тоа треба и ти да продолжиш напред. Тој можеби ќе се врати кај тебе(со неколку лажни солзи) па кога ќе нема каде да оди, затоа што знае дека ти пак ќе му простиш, но не треба да паѓаш на негово ниво и да дозволуваш да те измами со неколку солзи. Пробај да го заборавиш. :)
     
  15. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Ева а да ја ставиш целава оваа збрка малку на пауза и најдеш време за себе. Гледано од страна оваа ваша релација нема никаква иднина. Не сакам да те разочарам ама очигледно на дечкоти ич не му е гајле за тебе. Плачел, а те изневерува. Да не плаче и тогаш случајно. Абе ајде, не му паѓај на финтите. И место да се рушиш за него, пробај да си уживаш без него. Можеби е тешко на почетокот, но со време ќе сватиш дека си ја направила направила најдобрата одлука за себе. :*