1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не ме пуштаат да излегувам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mawotosweetie, 15 јануари 2013.

  1. mawotosweetie

    mawotosweetie Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    3
    осмо одделение сум сите околу мене излегуваат навечер и остануваат до 1 само мене не ме пуштаат ни до 10 да излезам и затоа никогаш не излегувам се осеќам осамена, и почнувам да ги губам другарките, сигурно ќе ми речете да поразговарам со моите родители, но тие незнаат за разговарање одма се дерат демек "многу си пораснала ма ти" и такви работи. веќе ми е преку глава зашто никогаш неможам да испаднам со тој што ми се свиѓа, уште ме третираат како мало дете незнам што да правам неќам да се карам бидејќи сум многу ранлива личност и сетоа тоа допира многу до мене..помогнете ми.. незнам веќе што да правам .. .
     
  2. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    не ме пуштаат да излегувам..помош!

    Па ако не те пуштаат сигурно постои причина за тоа.Мене моите родители никогаш (ниту во петто оделение) не ми кажале врати се до 10/11/12/01..колку и да е. Во колку и да се вратам тие знаат дека можат да ми веруваат и знаат дека можам да се грижам сама за себе.
    Најверојатно си направила нешто со што ја имаш изгубено нивната доверба.
    Како и да е мораш да разговараш со нив ако ти викаат ти остани смирена и кажи им:Тонот на кој е кажана реченицата не ја менува содржината!Кажи им дека си ја преземаш одговорноста за своите постапки,дека иако не ти дозволат ти можеш да излегуваш и без нивната дозвола, но сепак ги почитувш и бараш од нив дозвола...
    Ако сакаш да не разговараш со нив- преку прозор и готов тоа барем е лесно, не е вратата единствен излез од куќата/станот :lol:
     
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    не ме пуштаат да излегувам..помош!

    Пробај да разговараш со нив и објасни им дека веќе си голема и можеш да се грижиш за себе. Секако, остани смирена, никако не се карај :!:
     
  4. mawotosweetie

    mawotosweetie Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    3
    не ме пуштаат да излегувам..помош!

    немам ништо направено во минатото со што би ја изгубила нивната доверба...незнам во што е проблемот, тие ги презирааат сите мои врсници никој не им одговара можеби е тоа причината..сум разговарала многу пати но секогаш повишуваат тон (особено мајка ми) и мојата најдобра другарка го има истиот проблем нејзе не ја пуштаат да излезе а брат и што е колку неа го пуштаат до 2\3 несакам да бегам бидејќи тогаш навистина ако дознаат никогаш нема да мрднам ни дење од дома а не па ноќе :/
     
  5. prevara

    prevara Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    не ме пуштаат да излегувам..помош!

    Ne mozes da prasas nekoj postar da razgovara so niv vo koj imas doverba... Koj kje moze da im objasni deka ne e ubavo taka da ti zabranuvaat, zatoa sto prviot moment koa kje osetis sloboda kje sakash da im ukazes deka gresele i kje napravish mnogu pogolemi gluposti .Veruvam deka si poshteno i dobro devojce, no psiholoshki, ponataka ovoj problem mnogu losho kje ti vlijae
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    не ме пуштаат да излегувам..помош!

    Верувам дека твоите родители се загрижени кон правецот кон кој би одела доколку ти го дозволат тоа. И верувам дека не се импресионирани од твоите пријатели затоа што гледаат на кој начин тие може негативно да влијаат врз тебе. Колку и да е тоа модерно во ова време во твојата околина и околу нас, ти сеуште си младо девојче и останувањето толку доцна е навистина погрешно. Те разбирам и тебе како се чувствуваш, мислиш дека ти е направена неправда, но ги разбирам и нив затоа што со овие постапки тие само сакаат да те заштитат тебе и да помогнат во градење на една здрава индивидуа.
    Договорете се со другарката во слична ситуација, да излегувате заедно но порано да се враќате. Верувам ќе ви го дозволат тоа. Нема потреба од останување до 1 часот, кога за малолетници има забрана до 12! Дури и законски нема што да шетате низ градов. Нема да пропуштиш ништо во животот ако сега не излегуваш толку доцна со пријателите. Имаш време и за шетање и за љубов и за учење. Не дозволувај ова толку длабоко да те повредува затоа што е добронамерна постапка од твоите родители.

    Извини, со секоја почит кон твоите родители, ти можеби знаеш да се грижиш за себеси, но на 12год нивна е обврската тоа да го направат. И во големата слобода и во строгата забрана има грешки.
     
    На Twinkles, mimiiiii и Annath им се допаѓа ова.
  7. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    не ме пуштаат да излегувам..помош!

    Кравче таа не сака да излезе со другарка туку со дечкото шо и се свиѓа |(
    Ах бре младино наша каде ни отиде.... :!: проблемот е што има престроги родители,или пак само свесни родители кои знаат што се случува по 12 :) но сепак не треба така како што пишува погоре кога ќе и дадат слобода- што ке мора да го сторат еден ден, може да има последици врзнеа, да појде во погрешен правец.
    Инаку да можеби на моменти и мене ми фалеша да ми кажат врати се порано дома , мислев дека не им е грижа за мене и што ли уште не :!: ,но сепак моите родители во тоа не погрешиле, сум можела да направам мнооогу глупости но сепак немам направено ништо такво и сега сум им благодарна за тоа.
     
    На cresa-jagoda и LittlePinky им се допаѓа ова.
  8. mawotosweetie

    mawotosweetie Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    3
    не ме пуштаат да излегувам..помош!

    фала на советот. но конкретно мајка ми не слуша ничие туѓо мислење, и не сум толку отворена кон други личности а и кон тие што сум отворена не живеат во Скопје и така да целата таа опција отпаѓа :( мислам дека си во право веќе имам собрано многу гнев кон нив и кога ќе ме пуштат да излезам би правела глупости за да им "вратам" за цело ова време.. :swear: иначе поштено и добро девојче сум немам проблем во комуникацијата сод ругите и сите ме знаат за таква, а овој проблем полека но сигурно почнува да влијае на мене, се повеќе сум агресивна и сл.. :|
     
  9. mawotosweetie

    mawotosweetie Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    3
    не ме пуштаат да излегувам..помош!

    и тој што ми се свиѓа и другарките сме сите во едно друштво па нормално е да испаднам и со него, не сум некоја која со 14 години ќе се е*е така да нема за што да се свесни моите родители ниту пак сум им дала повод да мислат така за мене..
     
  10. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    не ме пуштаат да излегувам..помош!

    ^ како и да е сепак е нормално зе твоја возраст да сакаш да излезеш со некој што ти се допаѓа како што пишав сите твој врснички го прават тоа.
    А за тоа што го прават твоите мора да има повод, немора да си ти, друштвото , можеби е нешто многу подлабоко.Никаде не пишува дека ти ке се еб*ш, мислам на и консумираше алкохол,излегување со дечко,работи кои твоите родители несакаат да ги пробаш.Единствена грешка им е што ти викаат а не разговараат со тебе тоа сакав да го кажам
     
    На mawotosweetie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mawotosweetie

    mawotosweetie Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    3
    не ме пуштаат да излегувам..помош!

    во право си :) можеби е проблем тоа што мислат дека ќе се променам, други ќе влијаат на мене, ќе пијам (што никогаш не би го направила тоа во прекумерни количини) и сл..
     
  12. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    не ме пуштаат да излегувам..помош!

    Во 8 одделение ‘‘излегував‘‘ во маало. Евентуално ако има некој роденден од братучедиве па да ме пуштат во Мц затоа што блиску ми е до дома. Се шетавме околу маало и пак беше интересно можеби имало моменти кога сум сакала да излегувам како што излагале сите мои врсници но ми поминувало и со тек на времето сум сфаќала дека не сум пропуштила АМА БАШ НИШТО. Така да најди си некоја занимација ако решиле воопшто да не те пуштаат и не ги напињај околу тоа. Запиши се на некој спорт или јазици нешто интересно. Не избрзувај да се качиш на штикла и сите тие работи кои веќе ги прават осмоодделенците во денешно време :)
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mawotosweetie

    mawotosweetie Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    3
    не ме пуштаат да излегувам..помош!

    во право си, си купив електрична гитара и учам да свирам но проблемот мој е што не ме пуштаат ни во маало..а да побарам нешто матријално да си купам се ќе ми купат, мислам дека е проблемот во тоа што мислат дека матријалните работи го прават светот поубав, но тајната е во малите нешта..
     
  14. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    не ме пуштаат да излегувам..помош!

    Од една страна твоите родители се грижат за тебе,едноставно такво време дојде,за секого е опасно.Но од друга страна грешат,затоа што мораш сама да се соочиш со некои ситуации кои би ти си случиле надвор,а со седење дома нема да бидеш свесна за тие ситуации и понатаму тоа ќе ти биде проблем.Можеби ти купуваат се што сакаш,ама тоа не е доволно за да се изградиш како личност.Според мене не е нормално на таа возраст да искачаш до 1,затоа нека не ти биде тоа некакво мерило за нормалното.Ама за седење во населба,мислам дека би требало да те пуштаат барем до 10,11.И јас ќе ти го кажам истото,дека треба да разговараш со нив,да се бориш за тоа што сакаш да го постигнеш.
     
  15. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    не ме пуштаат да излегувам..помош!

    Е тогаш ако ни во маало не те пуштаат којзнае што ќе биде кога ќе потпораснеш. Како и сите родители така и тие се однесуваат заштитнички спрема тебе но проблемот можеби ќе биде и за две, три години кога ќе бидеш прва, втора средно а тогаш би требало да те пуштаат барем до 12 на родендени, прослави ама сите различно. Ти најдобро си ги знаеш џабе ние тука да погодуваме што како.
     
    На mawotosweetie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    не ме пуштаат да излегувам..помош!

    ^ ^ ^ ете не е се така црно електрична гитара е животен сон на една моја другарка која излегува секој викенд, но тоа што најмногу го сака-ел. гитара -нема..
    А ти даваат да одиш кај другарка на кафе, да ти дојде другарка(преку ден)??
     
    На mawotosweetie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mawotosweetie

    mawotosweetie Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    3
    не ме пуштаат да излегувам..помош!

    da da, preku den mozam kaj sakam da odam :)
     
  18. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    не ме пуштаат да излегувам..помош!

    Ух добро е ;) така ке можеш да си ги задржиш другарките
    А штотуку ми текна нешто :!:
    Зошто не викнеш некоја другарка на кафе и така кога “случајно“ во собата ќе влезе мајка ти другарката нека те викне да излезете вечер а ти одговори и дека не те пуштаат.
    Осигурај се дека мајкати ке го слушне разговорот но нема да примети дека е намерно поставено прашање пред нејзе??
    Можеби тоа ќе и предизвика малку попусливост :?:
     
  19. mawotosweetie

    mawotosweetie Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    3
    не ме пуштаат да излегувам..помош!

    ммм добра идеја :)
     
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    не ме пуштаат да излегувам..помош!

    http://www.youtube.com/watch?v=p-BqzXLuqWc Ех песната :D
    Јас мислам дека колку и да се фини и добри тинејџерите и паметни , сепак се деца и не се зрели мора да им се постават граници , во таа возраст можат да потпаднат под лоши влијанија . Ама и преголема строгост не е убаво . Немој да им бидеш лута и гневна ти мислат најдобро ;)
    Јас кога бев осмо , со другарките си идевме на гости , по мааало шетав, а чат пат ке отидевме на пица во пристојно време . Знам нови времиња ама пак не ми е нормално , прочитав сега децата оделе во дискотеки ,барови :o Што не е во ред не е. Биди стрплива натаму ќе добиеш поголема слобода , кога ќе видат дека си доволно созреана .
    И јас да сум мајка на 14 годишно девојче нема шанси да го пуштам да шета по дискотеки по полноќ.Никој нема да ме убеди дека тоа е правилно , знам млада си сакаш како и сите , ама не значи дека тоа што прават сите е правилно , и моите беа строги кога бев мала и колку бев лута а сега сум и мн благодарна :)
     
    На cresa-jagoda и mawotosweetie им се допаѓа ова.