Не можам да ги поднесам моите родители!

Дискусија во 'Дом' започната од Independent92, 17 јануари 2017.

?

Дали сметате дека вашите родители се добри родители?

Анкетата е затворена на 17 јануари 2019.
  1. Да

    110 глас(а)
    76,9%
  2. Не

    33 глас(а)
    23,1%
  1. Independent92

    Independent92 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Дали ви се случило да не можете да ги истрпите репресиите од вашите родители до таа мера да ви доаѓаат идеи за бегање од сопствениот дом? Епа у мојот случај одговорот е ДА!
    Не можам да ги поднесам своите родители, никакви педагози не се, заради нив имам западнато во многу невољи, затоа што не биле тука за да ме сослушаат или да ми дадат родителски совет, згора на тоа се огромни демотиватори и негативни до немај каде, со еден збор неподносливи, дефинитивно не секој родител треба да има дете, само толку ќе кажам, блазе си ви на сите кои имате добри родители затоа што тоа е столбот за една личност да се изгради по правилен терк, тоа што ми дале живот не значи дека истиот треба да ми го уништат. Ви благодарам што направивте да ве МРАЗАМ и што ми служите како репер за тоа каков не треба да биде еден родител!
     
    На mrsfreak, Верче4, Gosh и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Independent92

    Independent92 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Слободно искажете ги вашите ставови, може барем во мала мера ќе ви олесни гневот и револтот доколку го чувствувате.
    Ме интересираат и туѓи размислувања, јас лично не знам како да се справам со нив, како да ги откачам од животов, можеби вие знаете ако имате идеја споделете ја вашата приказна.
    Можеби на прв поглед воведниот пост звучи како да го пишува уфилмана тинејџерка во пубертет но не е така многу сум објективна и реална и долго време се обидувам да ги сфатам ама едноставно не можам, премногу сум тажна, зашто баш јас да бидам дете на такви родители. :(
     
    На one_girl, fallenangel, Aleksandar1212 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Ех, да ти ги пратам моите, да видиш што се неродители. За сите работи кои не можеле да ми ги овозможат јас сум испаѓал крив. Те сфаќам потполно. И јас не сум тинејџер, инаку. И знам решението ми е трајно да си заминам странство (ах, кога би имал некој да ме земи). Ако сакаш можеш и да ми пишеш ЛП. (имам пишувано и во темата тешка финансиска состојба).
     
    На sj *O*, okcenzi и Independent92 им се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.511
    Го знаат тие ова?
     
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    9.601
    Пол:
    Женски
    Јaс сaкaм дa се преселaм oд дoмa глaвнo зa дa бидaм oпкруженa сo мaчки и кучињa. :)
     
    На deskarada, Chanell*, New York13 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Independent92

    Independent92 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Воопшто не ги интересира што мислам јас за нив. Иако во многу наврати знам да им преречам малку барем родителска мотивација да добијам у животот, не сум почувствувала што значи тоа, кога ќе слушнам некој како вели дека има родителска поддршка тоа за мене е апстрактна именка никогаш видено ниту почувствувано.
     
    На Anon, fallenangel, Aleksandar1212 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.511
    Не сум имала таква ситуација за да знам што совет да ти дадам. Но гледам свесна си дека нема да можеш уште долго да живееш со нив.
    барај си го чарето надвор од тој дом.
     
    На fallenangel и Independent92 им се допаѓа ова.
  8. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.925
    Допаѓања:
    37.169
    Пол:
    Машки
    Јас од напишаното, не сфатив што е проблемот. Ако не можеш да ги поднесеш, не ги поднесувај... :lol:
    Студираш? Работиш? Колку години имаш? Заедно живеете? Објасни поубаво што ти смета кај нив, вака не може да се даде конкретен совет.
     
    На littleflower, Victorian, YoungandBeautiful и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.570
    Допаѓања:
    3.986
    Пол:
    Женски
    Kolku god imas @Independent92 ? Po muabetov povekje od 20 ili se lazam? A I nikot ti e Nezavisnost. Tvoite roditeli toj odnos I negativnost go imaat kako rezultat od nivnite zivotni frustracii I zivotni porazi, Sekoj isto ne GI dozivuva nestata I ne nadminuva I ne UCI na ist nacin. Takvite roditeli se taka nareceni kocnicari ili pak svoite neostvareni ambicii I zelbi sakaat preku deteto da GI ostvarat I ne go ostavaat svojot zivot da go zivee. Ni ednoto ni drugoto ne e lesno, toa ne znaci deka ne te sakaat ili ne GI sakas, ednostavno razlicni ste. Vo najteskite momenti vo zivotot moite mi pomognaa ama jas nikogas ne stanav sto moite sakaa, jas nikogas ne prifakjam poraz samo obid od koj se UCI I sledniot pat se uspeva. Jas ako sakam nesto ne prifakjam ogranicuvanja, sto bi se reklo jas turkam napred tie nekogas me vkecat nazad I toa se e od sakas veruvaj sakas ne od griza, I prosto da si puknes nekogas. Ne e lesno razlicni generacii plus razlicni celi I viduvanja za mn nesta, ne zaboravaj sepak si nivno dete I tie se tvoi roditeli. Za mene familijata e mn vazna I sekogas IMA odreden primat. Ti posakuvam seta nezavisnost I sloboda sto ja sakas da ja postignes I odlucno da se nosis so toa, zs toa ne e samo ubavini tuku I obvrski. Samo Mora da GI sovladas, a kako sto citam kje te bide :) samo ne samo so luti zborovi tuku I so razumni I so postapki sto kje GI uverat deka ti znaes sto pravis,ako tie ne razbiraat.
     
    На mira.mira, fallenangel, biGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Independent92

    Independent92 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Имам 23 години, но таквите родители прават детето да израсне во личност со мала самодобверба која бара заштита, што да кажам имам многу размислувано али џабе не можам да ги сфатам, конкретно кажав што е проблемот, не се заинтересирани родители, не им е грижа како сум, дали ми треба помош некаква, совет некој, значчи ништо, ниту сега, ниту кога бев помала, од нив имам слушано само критики и навреди и расправии никогаш нешто што ќе ме поттикне дапродолжам со полна сила во нешто, ми ги кратат крилјата со други зборови кажано. Инаку завршив со студии и сама за себе си заработувам.
    Не барам совет сакав само да се искажам и да слушнам различни ставови околу ова.
    А никот ми е индепендент затоа што кон тоа целам. Целосна слобода и независност!
     
    Последна измена: 18 јануари 2017
    На SunnyGirl2, Gosh, mira.mira и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    34.885
    @Independent92 Ин, чим веќе и работиш и имаш свои пари, за почеток отсели се, најди си цимерка-две и оддалечи се од твоите штом толку не ти влијаат и годат добро :)
    :d::drunk:
     
    На SunnyGirl2, mira.mira, fallenangel и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.570
    Допаѓања:
    3.986
    Пол:
    Женски
    Po pisanovo I po celite koi si si GI postavila, ne mi zvucis za tip sto saka da bide potektorat, sto znaci nivnite postapki re zajaknale, sepak I sovrseni roditeli da bile, a takvo nesto nema, na Sekoj covek mu e potrebna nekakov vid zakrila I poddrska, ne si ti materijal za protektorat inaku ne bi si postavila takvi celi, a kje uspees I kje GI ostvaris samo se nadevam kje imas poddrska od partner pa, da vidis kakvi krila dava toa
     
    На mira.mira и Independent92 им се допаѓа ова.
  13. Independent92

    Independent92 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Тоа и го планирав во скоро време да најдам стан и сама да живеам, некако главната цел у постот ми е да се искажам за пропуштеното, за родителската негрижа и лошиот однос кон мене, како резултат на тоа долго време се борев со ниската самодоверба не можев во ништо подолго време да се задржам и успеам и социјалните контакти воопшто и да ги немав ради тоа што мислев дека не вредам после толку критики кон мене уште од мала, криво ми е за пропуштеното, едноставно остава траги таквиот однос кон своето дете.
     
    На Gosh, CameliaMiller, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.925
    Допаѓања:
    37.169
    Пол:
    Машки
    Се сложувам со Самерка. Доколку си во можност отсели се. Те сфаќам во потполност во каква ситуација си. И јас немам некаква мотивација или поддршка од фамилијата. Да прашаш некој непознат што правам, повеќе ќе знае, отколку моите. Со тек на време се навикнав и веќе не ни чувствувам потреба од нивна поддршка. Немам потреба ни да им кажам што и како правам. Сеедно е.
    Во ваква ситуација треба ти сама на себе да си бидеш најголемата мотивација. Не чекај на некој друг.
     
    На Gosh, mira.mira, QweenSM и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Independent92

    Independent92 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Околу тоа дека делува како да не ми треба заштита само ќе кажам дека можеби таков впечаток оддавам со тоа делумно што сум независна пошто навистина се трудам, али многу ми е тешко без поддршка јас тоа го знам најдобро зошто го чувствувам.
     
    На CameliaMiller, fallenangel, Outlook и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Independent92

    Independent92 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Околу партнерите исто да се искажам, јас последно дечко што имав е на 16 год. значи пред 7 год. и тоа кратка врска се заради ниската самодоверба јас не можев да се опуштам со дечко, секс немам, не дека е правило да се има али у мојов случај не е слобода на избор туку внатрешна репресија, сакам а не можам да се опуштам, пропуштени љубови и шанси ради тоа што немав самодоверба, ете колку може лошиот однос од родителот да го зезне здравиот и правилен живот на една млада личност.
    Забави, журки пријатели ...исто такабретки искачања на прсти се бројат.
    Јас од туѓинци имав поттик и пофални зборови а од моите родители никогаш едноставно никогаш. Посакував да го занемарев нивниот однос и да не оставеше никаква трага но најверојатно не можеше најмногу што изгубив е мојата самодоверба а тоа влечеше многу пропусти до сега...
     
    На Gosh, CameliaMiller, fallenangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Change.

    Change. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2015
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    399
    Пол:
    Женски
    Според мене секој родител го гледа своето дете најдобро што знае и умее. Не верувам дека пoстoјат совршени родители кои даваат подршка за се, па те бодрат и мотивираат, а за сакање исто не верувам дека некој не го сака своето дете.
    Моите не ми даваат совети ни сега ни како мала, ни па утеха ако ме мачи нешто, ни ме прашале и сослушале и никогаш не сум им го замерила тоа ни па го сфаќам тоа во негативен контекст.Не ни сакам тоа да го прават, за се што сум направила и постигнала знам сама сум си заслужна, сама си се борам во животот и си учам лекции, и да го прават сето тоа пак мислиш никаде нема да потфрлиш?
    Ги сакам неизмерно и благодарна сум им што ми пружиле кров над глава и пристоен живот, некој го нема тоа.
    И баш на тој начин кога не ме туркале да тргнам и не ме тапшале по рамо ме направиле посилна и поиздржлива или ете независна.
     
    На Abeja, mira.mira, fallenangel и 2 други им се допаѓа ова.
  18. CrazyGirl23

    CrazyGirl23 Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2016
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Види... Знам како ти е, ми се има дешавано, често ме нервирале и буквално секад сум мислела на тоа како би ми било подобро без нив. Ама сепак ти се родители и верувај не можеш да ги мразиш. Мораш да сфатиш дека се прават за твое добро, и дека секад ќе ти мислат добро. Сфати дека еден ден ќе ги нема и сфати дека мораш да си го пројдеш времето со нив најубаво додека се сеуште тука. Еден ден ќе жалиш што си го викала ова :)
     
  19. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    2.137
    @Independent92 brat,sestra imash li??Ako gi imash kakov e odnosot izmegu niv I roditelite tvoi??Kakov e odnosot sprema tebe I niv(mislam na brat/sestra),nekako da ti pomognat!!!
     
    На Independent92 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bonus-Kombinator

    Bonus-Kombinator Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Машки
    Те разбирам како ти е. Сличен проблем си имам. Не идеи за бегање од дома, ми доаѓаат такви идеи да си го убијам човекот кој и покрај се го нарекувам ''татко'' Биди среќна барем ако ти давале по некоја паричка, јас сум приморан сам да заработувам бидејќи мојот ненормален ''татко'' освен правила да кажува и да се кара не знае ништо друго. Имаш 23 години како што прочитав, многу сум помал и не е убаво совети да ти давам, да имав 23 години знам јас што би направил.
     
    На Mr. Right, sj *O* и Independent92 им се допаѓа ова.