1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не можам да му одолеам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Feel1, 30 март 2011.

  1. Feel1

    Feel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Девојки нова сум на форумов, се надевам дека на добро место го сместив постов.Имам едно “проблемче” и би сакала да го споделам со вас, се надевам дека добро би ми помогнале. Излегувам со мојот партнер за матура веќе 5 месеци,првите 3 месеци се гледавме нонстоп и бевме на прагот за да имаме врска, но тој инсистираше да биде тајно, и јас секако не дозволив зошто сеуште милев дека се гледаше и со својата бивша и имам и докази за тоа, а тој никогаш не ми признаваше.За време на зимскиот распуст не се видовме скоро цел месец, и кога се видовме едноставно како да беше пресреќен што ме гледа, само ми велеше силно да го гушнам дека му сум недостигала.Но да не заборавам дека тој сега си има девојка.имаше и за време на распустот.и почнавме повторно повеќе да контактираме,да се гледаме, дојден е кај мене дома на спиење, и јас имам кај него одено, но не на спиење само така.И сега пред некој ден се видовме кај него дома, ме викна да му помогнам за проектната задача за матурата, и јас ојдов и ја направивме све, и нормално почнавме да се муваме...она страсно како одвај тоа да го чекавме и двајцата..срам ми е за ова што ке го кажам но сепак женски сме и мислам дека ке ме разберите.Едноставно му се предадов цела, се бакнувавме страсно почна да ме допират на интимните делови, голи бевме и двајцата, почнав и јас него да го допирам, едноставно се задоволувавме, но да напоменам дека секс немаше, сеуште сум девица, и секако ни на крај памет не помислив него да му се предадам..т.е и тој не знаеше изгледа му беше и незгодно да ми побара нзз...но ете имавме петинг да кажам наскратено, повеќето мислам дека знаете што значи(и не ни беше ова прв пат, се деси и кога спиеше кај мене дома)..и си правевме после нешто муабет за матурчето како ке сме облечени она баш кул муабет,и ми напомена дека ке оди во ск, јас не изреагирав никако нормално негова работа.но разбрав дека ке оди и девојката негова.И да да тој ме однесе до дома после таа вечер, цел пат ме гушкаше ме бакнуваше и ми зборуваше убави зборови.Но сите мои другарки беа против тоа да правам со него нешто, зошто тој си има девојка и му е гајле, сите ми велеа дека ке му сум втора опција, кога и да ме побара дека би можел да ме има, и да така е не можам да му оддолеам кога ке сме заедно..сега се осеќам многу лошо, незнам дали згрешив со сето тоа, но назад нема, и кога ме прашаа другарките дали направив нешто кај него јас не признав.. реков дека само ја пишевме проектната задача..Девојки се осеќам и искористено и не, бидејки ми беше преубаво.Но незнам што да правам... лошо ми е многу од помислата дека има девојка..а јас...јас што направив,се осеќам лошо од помислата дека тој си имат врска а јас..лее незнам како да се изјаснам мислам дека ме сваќате  Неможам да му оддолеам...Ве молам кажетеми мислење, некое советче ..само без навреди  “Не е страшно што љубиме..тешко е кога тој некој нема да дозволи заедно во исто време да се доживее љубовта! А потоа е доцна! Гордоста и слободата се најголеми непријатели на љубовта”
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Не можам да му оддолеам! :((

    Не те осудувам поради тоа што си избрала да немаш секс со него, ;) . Бидејќи да се случеше тоа и потоа тој да се вратеше кај девојката, што е многу веројатно сценарио, ќе ти беше многу лошо.
    Сигурно на оваа возраст мислиш како тој е тој, летаат искрички, хормончињата ти работат до плафон, но сепак реално - мислам дека љубовта и невиноста треба да ги чуваш за некој кој ќе ти се посвети со целото срце, душа, време и внимание и тоа само тебе, како што секоја заслужува, се‘ друго што е бледа копија на тоа, не го прифаќај како решение, бидејќи ќе те одведе само кон разочарување.
    Се‘ најдобро.
     
  3. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Не можам да му оддолеам! :((

    Прво , имаш ваква тема Љубовни Проблеми можеше таму да пишеш, не мора за секој нов проблем нова тема да се отвора.
    Ок, да се вратиме на темата.
    Дечкото има женска, крај!!!
    Се додека не прекине со неа, за да биде со тебе - те искористува.
    Знам дека ти е убаво додека си со него, ама мораш да стиснеш заби и да му одолееш доколку сакаш да покажеш дека имаш малку достоинство.
    Добро игра типот , морам да признаам, на две столици.
    Можеш или да седнеш и да разговараш со него, да му кажеш дека мора да одлучи , или ќе биди со неговата девојка или ке биде со тебе. Не може и со двете , не си ти играчка!
    Другата опција е да се тргнеш на страна. Штом тој не сака да раскине со неа, а во меѓувреме си се мува со тебе, покажува дека е незрел и несериозен тип и доколку во иднина би бил во врска со тебе, не те загрижува фактот дека и тебе би можел да ти го прави истото ?
     
  4. bla20

    bla20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    Не можам да му оддолеам! :((

    Ако ти било убаво не може да те искористи, искористување е ако само он си ги задоволува своите страсти и потреби, а ова било обострано. е сега тоа на што треба да мислиш е дека он има девојка која што очигледно не ја откачува, а чим не го прави тоа према тебе осеќа само страст, а не љубов. што се случило, се случило. биди паметна и не дозволувај повеќе никакви поблиски контакти меѓу вас се додека не раскине. а ако не го направи тоа дефинитивно не продолжувај ништо со него.
     
  5. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    882
    Не можам да му оддолеам

    собери си ја гордоста, врати си го достоинството, си му дала и повеке од што заслужува!! сега е со неа, ја вара со тебе, утре ке е со тебе, ке те вара со некоја трета...... сакаш така??
     
    На love23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.242
    Во кратки црти

    Прво, никогаш немој да прифатиш некому да бидеш втора опција. Втората опција е како заштитна мрежа што се искористува кога главното девојче ќе му откаже. По дефиниција, втората опција не добива почит, таа е таму за резерва.

    Второ. Ти си помислила на врска со него претпоставувам. Навистина сакаш да имаш таков човек за дечко? Гледаш како си фура низ животот без трошка совест? Или шо знам, мене таков впечаток ми остава од твојот опис. Сакаш да дојде момент и за тебе да најде втора опција? Заштитан мрежа...заеби такви карактери. Сеуште си во средно школо, ама со тек на време, сите ќе мора да сватат оти животот е повеќе од "неодолив" поглед или напрчени усни. Каква е таа апсолутна неодоливост, не ми е јасно, ај малце да бидеме разумни и паметни...;)
     
    На Irreplaceable.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  7. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Убави совети ти дале феминките мислам дека треба да го откачуваш кога тој ќе те побара, а и знаеш самата за што те бара никој не достоен да ја понижува твојата гордост и да го валка твоето лице СЕКАКО АКО ТИ НЕ ДОЗВОЛИШ, не си мала размислувај со глава не со срце и самата знаеш дека има девојка и дека не те сака туку имате само заедничка страст која не верувам дека ќе прерасне во љубов. Зрем не сакаш да бидеш почитувана, сакана и единствена на некој дечко? Затоа размисли трезвено знам дека ти врие крвта се почнува од петингот еден ден ќе го направиш и тоа па ќе се каеш за цел живот бидејќи си го направило со човек за кој велиш дека НЕ МОЖЕШ ДА МУ ОДОЛЕЕШ.
     

    Прикачени фајлови:

    • casa so rozi.gif
      casa so rozi.gif
      Големина на фајлот:
      579,7 KB
      Прегледи:
      1.154
  8. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Ако сакаш да бидеш нечија втора виолина тогаш добро, но ако имаш свое јас, став и се почитуваш тогаш ќе си најдеш некој слободен што после тебе нема да трча во прегратките на друга.

    Тој да сакаше навистина со тебе да биде ќе раскинеше со девојка му до сега но очигледно не сака.

    Мислам дека си доволно паметна да сватиш што треба да правиш!
     
  9. RainHunter

    RainHunter Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Значи ние девојкиве сме целосно различни од момчињава. Зошто не се почитуваме самите меѓу себе. Дај девојко совземи се. Знам дека ти е тешко и знам дека се што правел како да укажува дека сака да биди само со тебе и со никоја друга, ама не го заборавај фактот дека он има девојка. Стави се малку во нејзина позиција. Она сигурно нема појма што се дешава, а тоа е така затоа што сигурно и го прави истиот филм како што ти го прави и на тебе. Остави го, не е единсвет.Ќе најдеш друг на кој што нема да му бидеш резерва или втор избор. Или само девојка за низ ќошиња. еден период ќе ти биди тешко, ќе се сеќаваш на се што ти кажувал, на се што се зборувале.. ама потоа ќе се сетиш дека никогаш не сте биле самоо вие двајца. Нема ништо послатко од некој да биди целосно твој. Така да. Ќе си најдеш друг. Немој да мислиш дека ќе останеш сама. После се, секое грнче си има капаче :*
     
  10. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Вакви како тебе се викат еб*чици. Според мене тој е со тебе за да си пополни слободно време, и не би ја оставил девојка му за тебе. Ако толку многу си му значела и се заљубил во тебе ке ја остави неа и ке биде со тебе. Но, тој и ти сама велиш дека нема да го направи. Те искористува само и подобро е да ставиш крај. Не е ни прв ни последен на овој свет за толку да не можеш да му одолееш. Без навреда не е во тебе, во него е грешката што му шарат очичките и си бара занимација. :* :)
     
  11. mackaa.t

    mackaa.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    3
    Не би оправдила девојка што се меша у туѓа врска :) Си има девојка како што и ти кажа, нема ли некој друг у градов само он ли е остај го најди друг си се запрашала што ли ке се случи ако девојка му дознае .Незнаеш ни каква е ни што може проблеми само да ти напраи.Ако толку го сакаш фино лепо речи му раскини па послем~~~
     
  12. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Јас незнам шо му се случва на повеќето женски...како можат да дозволат да бидат втори....Не е прв ни последен..не мислиш дека можи само да си игра со тебе :^)
     
  13. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Е имав и јас во друштвото две другарки што на некој начин уживаа во тоа да се втора виолина. За едната апла знаеше цел град дека е ебачица на овој, значи се гледаа околу 3навечер кога овој ке се прибере од провод со девојка му или другарите. Кога еднаш и плеснав во фаца дека ја користи и таа свесно го дозволува тоа, ми се налути и не ми правеше муабет скоро пола година. Е кога тој на сред секс и кажал дека ке ја побарал девојка му за жена нејзе и светнала сијаличката. Ама касно. Не дозволувај никогаш никој да си игра со тебе. Имај си достоинство и гордост.
    Па, жена си, ако неможеш него да го добиеш има надвор милиони подобри од него.
     
  14. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Епа најтрагикомичното е што таквите типки си се во некој филм дека типот неа ја сака а со девојка му незнам зошто оди :D значи ако некој што има девојка те сака тебе одма или за многу брзо време ќе ја остави девојката и ќе биде со тебе, а ако те мафта долго време со триста изговори дека неможе сега поради ова или она, јасно е ко ден дека не го боли к*р за тебе. Доста се филмате...
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Не те осудувам, но незнам како можеш да си дозволиш да бидеш втора. Тој има девојка, а ја изневерува со тебе. Утре можеби и тебе ќе те изневерува. Зачувај си го достоинството и гордоста, не е ниту прв ниту последен на светов. Никако не му дозволувај да си игра со тебе, има многу подобри со кои можеш да бидеш, и секако да не бидеш повредена.
     
  16. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Да да а филмов на другарками беше у стилот ``па и јас го користам ма, не само он мене, и јас го барам кога ке ми се присака`` :^) Едноставно не можев да ја сватам, е ни ден денеска не успеав.
    Еден ден сите ке се свестат какви глупачки биле, ама обично многу касно настанува тој момент на вистината.
     
  17. Feel1

    Feel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Девојкии ете ме назад по некое долго време....!! Па можеби ке ве интересира што се десе,помина и матурата и све.Па вакаа...од сите коментари што ги прочитав не видов ни еден позитивен,никоја не ми има речено продолжи со него..и сите бевте во право.Епа јас нешто почитував од тоа нешто не, излегов со него само на мување можеби уште 2 паати и да дојде специјално сам за мене од неговиот град во мојот со такси за мојата матура бидејки ние пред време малце чекаме она гости..јас го поканив секако но воопшто не очекував дека ке дојде посебно дека од др град.(каде што учев јас), и да дојде саам,и бев она многу изненадена..Таа вечер спиеше кај мене секако, го имаше и она знаете на што мислам секако без секс..и ми зборуваше дека ако направиме нешто повеќе ке се роди љубов помеѓу нас,но секако дека не попуштив..потоааа...кога јас се вратив пак во мојата куќа во неговиот град...еден викенд го видов пак со неговата бивша иако ме убедуваше дека нема ништо.Епа девојки ми пукна филмот. ги прочитав пак вашите совети и се решив да ставам крај на све тоа...Почна пак да ми пиши уште истат вечер но јас ладно не му враќав ден,два,три...тешко но успеваше..и ми пиша што е раб ова она..секако не планирав да му објаснувам,па ме покани да излеземе на прошетка вечерта кај 10 часот..и да ојдов и секакооо само другарски...успеавв девојки да му оддолеам покрај сите мисли и све што гледав што ми праеше.. потоа ме викна пак..и секако одев само за инает негов и не праев ништо...и пред некој викенд замина странство на 10 дена,и секако детето ме премоле да одам да се видиме,,сакал да се видиме пред да замине...морал да ме види што знам јас,и не ојдов секако..Ч) па кога си дојде сега, одма ми пиша дали сакам да одиме на кафе да се видиме,и јас да му реков,и тој ми вели ајде да јадам и ке ти пишам да дојдиш дома..хахах зарем мислеше дека ке одам ? И му реков неубаво се разбравме, ако сакаш да одиме чаршија важи.домати неможам да доаѓам,и се изненаде секако..и ми рече дека ке ме викни.и секако не ме викна,,,никогаш не го испивме нашето кафе јавно. Па девојки се осеќам многу убаво, а него го осеќам како да му е мака, гледа дека сум смената..и секако повеќе не ме ни привлекува ми одмиле неговото лажење....имамм мн обожаватели ...др момчина и баш сум среќна..ке го оставам него...за да му правам како што ми правеше тој...мака му е .. или ке му е Ма сигурна сум.

    ВИ БЛАГОДАРАМ ДЕВОЈКИ НА СИТЕ ЗА ПОДДРШКАТА..ВЕ САКАМММ...малце долго напишано али Ч) :$
     
  18. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Feel1 знаеш се се враќа се се плаќа, Браво за тебе си успеала да си го задржиш сопственото ЈАС па нека свати тој што направил. Ќе те моли ама касно е веќе. Со среќа Feel1 и чекаме да ни се пофалиш со некој добар, згоден и неодоолив НОВ дечко ;)
     
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    E од тој фазон јас го искористив, а не тој мене поглупо оправдание не сум слушната како самите на себе да си се правдат! Не ми се верува колку очајни девојки постојат абе душата ќе си ја дадат за трошка внимание !
    Feel1 продолжи понатаму и контролирај се во наредна прилика да не попуштиш!
     
  20. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Дечко кој има девојка и упорно не и раскинува, јаско е дека со втората е само чисто од корист, да му помине времето кое не го поминува со девојката.