Не можам да прифатам крај на врската

Дискусија во 'Разделби' започната од orhideea, 19 септември 2011.

  1. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.757
    Допаѓања:
    60.113
    so de4komi sum 2 godini i 8ipol meseci toj poveke ne me saka,no jas nemozam da ziveam bez nego. so sila go drzam da mene,mnogu sum privrzana za nego,odam kaj nego doma veke 2 godini,i moite doma znaat,vo isto mesto ziveeme,i ako ne go vidam mi se 4ini deka e kraj na svetot,ne mozam da go prifatam nasiot kraj...pomos
     
  2. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    1.515
    Пол:
    Женски
    kako da go prebolam

    Чим не те сака не можеш да го држиш со сила и тоа можеш да го правиш многу кратко време оти после може да си фати женска и така ке ти биде потешко. А чим тој не те сака, немој толку да се понижуваш, покажи му дека можеш без него, ако сеуште те сака ќе ти се врати ако не, тогаш мораш да продолжиш понатмау со животот, ќе ти биде тешко ама ќе помине.
    Многу среќа од мене
     
  3. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.597
    kako da go prebolam

    Уфф срцка.. прво многу ми е жал ама има некои работи што мораш да ги поминеш во животов..
    ти верувам дека го сакаш и знам колку е тешко но едноставно мораш прво да се помириш со фактот дека он више не те сака и дека не можеш со сила да го задржиш.. верувај со тек на време се ке се среди дури и ке се смееш со ова што го правиш...
    знаеш како викаат да беше вреден немаше да биде бивши.. ке си најдеш и ти некој што ке ти ја возврати љубовта на начин како што заслужуваш

    Глава горе и покажи малце гордост.. се случуваат пострашни работи оваа ке помине како ништо ;)
     
    На orhideea му/ѝ се допаѓа ова.
  4. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.757
    Допаѓања:
    60.113
    kako da go prebolam

    neznam premnogu go zasakav duri i ne svativ koga se slu4i toa,zaradi nego nemozam da spijam,jadam.nemozam da u4am,se unistiv. nemam ni drustvo mn sum osamena. zaradi nego padnav mn nisko i pemnogu se poniziv. dusava me boli mislam deka nema da mozam da go pominam ova. mn losi raboti sum podnesila ama za ova neznam...a i donekade jas sum kriva pravev kavgi za nisto bez potreba...isto taka go nemam ni iznevereno. od mn raboti se otkazav zaradi nego...samo za nego mislam neznam so ke se slu4i
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.684
    kako da go prebolam

    Кукај, плачи, што и да правиш запамети: На сила убавина не бидува. Така да, прифати го животот таков каков што е. Секое лошо е за арно. Не можеш некого што не те сака да го задржиш до тебе. Можеби моментално тоа функционира, ама на долг временски период не е можно. Еве замисли си ти некој да те тера да бидеш со него на сила. Би издржала? Не.
    Пребродувањето на вакви емоционални стресови е дел од преминот од тинејџер кон возрасна индивидуа, тоа е дел од созревањето.
    Имаш само 16 години, цел живот е пред тебе. Излегувај, дружи се со врсниците, на почетокот ќе ти недостига многу, но времето лечи се.

    И затоа престани да се однесуваш како мало дете кое плачи за играчка. Престани да кукаш и да лелекаш. Без секој во животот се може.
     
    На orhideea му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    1.879
    kako da go prebolam

    Штом ти е бивш, не бил за тебе. Биди сигурна дека се се случува со причина. Штом не е ТОЈ повеќе со тебе, значи ДЕКА заслужуваш подобар. Затоа, со твоите 16 години, шминката, штиклата на нозе, излегувај, дружи се. А не да тагуваш. Не можеш да речеш НЕ МОЖАМ ДА ЖИВЕАМ БЕЗ НЕГО на твои години...ти не си стара мома, па да не можеш да најдеш друг. И јас пред 2 месеци излегов од 2 годишна врска, па не кукам, ниту плачам ЗОШТО тоа се случило. Сфатив, така требало да биде, тоа е тоа. Животот е пред мене...

    Се најдобро ;)
     
    На SparkyAngel и orhideea им се допаѓа ова.
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    5.431
    Допаѓања:
    48.576
    Пол:
    Женски
    Ќе треба време, ама со тек на време, ќе го прифатиш фактот дека е крај...
    Земи урлај, мавај нешто, трчај... ќе се осеќаш подобро.
    Убаво ти рекле девојките, со сила убавина не бива! Што е твое ќе си дојде...
    Прифати ја секоја промена во животот како можност за нови нешта и не се разочарувај на неуспех... Можеби токму овој крај е некаков нов почеток за тебе. Секоја солза замени ја за насмевка. А патењето ќе пројде само од себе.

    А верувај, со времето ќе најдеш некој кој вистински ќе те заслужи и нема ниту еднаш да се понижиш пред него!
     
    На srcekrsacka и orhideea им се допаѓа ова.
  8. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    567
    Мене ме интересира причината зошто тој повеќе не те сака??? Како може тек така да престанеш да сакаш некого ако се било ок. Дека во секоја врска има проблеми, има. Но, има и огромни проблеми, кои доведуваат до тоа отсакување. Едноставно не може да е без причина.
    Но, сега назад нема. Со сила само уште толку ќе го одбиеш.
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.034
    Јас ќе ти кажам што ќе се случи, тој ако реши да си оди ти нема да можеш со никаква сила да го задржиш, затоа фино лепо ќе си се помириш со трагичната судбина и е го пуштиш да оди.
    А ти на 16 год. нема да паѓаш у депресии, ќе си фатиш книгата, школото и со тоа ќе се занимаваш не со дечковци, па нема да јадела, па здравјето ќе го уништуваш не биди луда. Ееееј 16 год. а замисли тек какви проблеми понатака те чекаат во животот.
    Остави го, раскини на мира, барем у добри односи останете, плачи 2-3 дена потоа продолжи си го животот без него, од каде знаеш дека нема да најдеш утре подобар што ќе те направи 100 пати посреќна од овој? А можеби и ако го пуштиш да си оди, и да се олади малку од тебе ќе сфати дека те сака и ќе сака да ти се врати .... се е можно. Зар ќе се затвориш дома и ќе плачеш? Не се глупирај, мораш да ги поминеш тие фази, да се исплачеш убаво, и да почнеш после со крената глава, самоуверена, дотерана, штикла минич и правец во диско.
    Многу ми е криво и многу ми е жал кога ќе видам вака мали девојчиња да се уништуваат за дечко бе... дечкооо, до 25 којзнае уште колку ќе смениш, не е крај на свет! ;)
    Чекам да пишеш за 2-3 дена дека си ок и дека не се замараш веќе.
     
    На srcekrsacka, orhideea и Cynthia им се допаѓа ова.
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.021
    Оф девојко те разбирам како ти е но мораш да одиш напред.Остави го фраерот на мира.Не те сакал?Не те сакал,ке има некој друг што ке те сака и ке те цени а не да прави да си тажна.Пушти го,ако види дека можеш и без него и си ладна можеби ке се распраша дека згрешел и дека те изгубил.Не се понижувај.Имај малку гордост иако имам кажано дека не треба да се меша секогаш таа особина сепак ова е моментот во кој не треба да го попуштиш.Ако сакал крај на врска дај му ја.Ама биди сигурна дека ке се врати.На крајот на краиштата имаш 16 години,ехе уште колку ке доживуваш не си свесна.И немало да јадеш ради едно лигле?сакаш да се разболиш?Епа повели ако е вреден.
     
    На orhideea му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fotografija20

    fotografija20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    10
    и јас поминувам низ истото мила моја.само што раскинав 3год.врска со човек со кој бев постојано заедно,заедно спиевме за викенди,јадевме...делевме се и се одделив од сите.но едноставно полека се помирувам со тоа еве веке недела дена издржав и сега само го чекам моментот да се сврти кругот а верувај ми секогаш се врти.ја чувствувам истата болка но постојано си викам господ чува нешто подобро за мене.ке издржиш,едноставно мораш! не го барај и дури и да го сретнеш насмеј се макар и вештачки.и мојот бивши живее на само 200метри од мене.направив промена кај себе,пробувам на секој можен начин да го искористам денот за да имам помалку време седејки дома и жалејки за поминатото време,дотерувај се,најди си нов симпатија,почесто излегувај,започни со нешто ново...едноставно прероди се погледни се во огледало и речи си: јас можам сама и ке успеам :) не е лесно но ќе помине ќе видиш :) докажи си себеси и на сите дека вредиш и започни нов живот.премногу си млада за да плачеш за некој што невреди и не те заслужува.ако некој посака да си оди слободно пушти го нека прави што сака,ако ти е суден ќе биде твој ако не,ќе си најдеш уште подобар и повреден од него.се најубаво :)
     
    На jessie20, srcekrsacka, Divinebutterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.929
    Допаѓања:
    6.399
    Пол:
    Женски
    мене ме интересира која е целта да останеш со човек кој не те сака?кој во лице ти кажува дека не те сака незнам како имаш ќеф и сила ти да останеш со него а камоли него со сила покрај тебе да го задржиш мислам не ми е јасно како се осеќаш убаво како прво
    понатаму нема жива човечка сила која ќе запре да се случи нешто ако треба да се случи значи ти само во твоите мисли и со твојот инает мислиш дека го држиш со сила покрај тебе жал ми е но се лажеш девојко тој одамна не е со тебе можеби физички да но психички не тој имал доблест тоа да ти го каже моите зборови можеби ќе болат ама како што гледаш сите сме едногласни и искрени ако дечкото е покрај тебе како што велиш со сила сигурно е тоа од сожалување кон тебе за жал
    едноставно пушти го да си оди ако е за тебе ќе се врати ако не секој по својот пат таков е животот....
     
    На orhideea му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    1.688
    Девојко тој не е вреден толку чим ради него си се понижувала и си изгубла све.Не биди будала,да плачиш и да тагуваш твојот живот само што си започнала да го живееш.Допрва те чекаат многу убави моменти кои ќе ти помогнат да продолжиш понатака.Можеби немаш ни другари ништо,па време е да почниш да се дружиш со други да најдиш некој за излагање.Па ке завршиш средно ке заминиш негде на факултет па таму можеби ке си ја најдиш среќата.Те сваќам целосно,и јас на моменти мислам дека не би можела без него заедно сме две години и месец ама кога би дошло до крај би оставила да биде крај.Со сила убавина не бива....Затоа крени глава и само напред,немој да те видит понижена и со наведната глава.Ако ви било пошано да останете заедно па ке се смирите по некое време.
     
    На orhideea му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    11.252
    Пол:
    Женски
    Секој од нас има барем една таква врска зад себе, кога мислиш дека небото над главата ти паѓа и цел свет се руши, ама фала Богу ќе преживееш, еве сме, живи, здрави, прави.Не размислувај како да го задржиш, туку размислувај како побрзо да го преболиш.
    И само да се надоврзам на мислењето на Фотографија,
    Никогаш во животот не трчај по маж и автобус, секогаш доаѓа друг!
    А ти имаш само 16 години и премногу ти е рано за врфзување во толку сериозни врски.
    Се за што денеска си плачела, утре кога ќе се сетиш ќе се смееш.
     
    На orhideea и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  15. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Женски
    Орхидееа, па ти имаш само 16 години. Во моментот знам дека мислиш дека светот се срушил, но ти си премногу мала да се затвараш во себе и да страдаш. Не си ти 36 години па те оставил дечкото и што потоа. Уживај во твоите најубави години, сега стварно тебе ти е тешко, но за некој период се тоа ќе биде сенка, на сето тоа ти ќе се насмевнеш кога се сетиш и ќе продолжуваш понатаму. Дотерај се, јави се на другарки излегувај, биди горда на себе. И да сака дечково да ти се врати ти не го дозволувај ова. Не барај помош од нас како да го вратиш, очигледно тој не го заслужува тоа. А ти си мала животот е пред тебе уживај во него, ќе најдеш дечко кој ќе те сака и заслужува. Сите ние можеме да ти даваме различни совети, но само ти со разумот (не со срцето), ќе си помогнеш да продолжиш понатаму. Немаш доволно напишано што и како се случило за тој да не те сака повеќе и како тоа ти го кажал, но сеедно продолжи понатаму но без него.
     
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    9.029
    Допаѓања:
    77.816
    Душичке,така повеќе ќе си наштетиш.Да држиш на сила на некој начин,некој до тебе кој повеќе не те сака.Мене ме интересира која е причината?Сигурна си дека повеќе не те сака,или ти рекол така зошто спомна дека си правела многу кавги за ништо...Ако тој сака крај,мораш да се помириш со тоа.Ќе биде тешко,но верувај времето чуда прави.
     
    На orhideea му/ѝ се допаѓа ова.
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.706
    Јас можам многу добро да те разберам како ти е, но понекогаш некои работи неможеме да ги спречиме, а знаеш како велат На сила убавина нема.
    Имај го тоа на ум... Знај дека ти заслужуваш некој што те сака и што ќе биде среќен што е со тебе, а не некој што е со тебе на сила. Сега ти е тешко, но тоа не трае вечно, ќе се соземеш и самата ќе сфатиш дека е така навистина.
    А друга приказна е тоа што имаш 16 години, па уживај си во животот девојко, уживај во најубавите години, не се замарај толку за дечковци, тие доаѓаат и си одат, имаш време за нив колку сакаш. :)
     
    На orhideea му/ѝ се допаѓа ова.
  18. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.478
    Допаѓања:
    3.819
    Пол:
    Женски
    Ќе помине и тоа уште си дете да си го замараш мозокот со вакви работи , не идело со овој ќе си најдеш друг и ќе ти биде поубаво животот е пред тебе
     
    На orhideea му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    118
    Разбирам да не прифатиш крај на долга врска,потполно те разбирам како се чустуваш,јас никогаш сум немала толку многу долга врска,мислам нешто по кратка,но мене никогаш не ми е тешко да го прифатам ,една-до две дена тагување потоа убаво ќе размислам од сите страни,потоа една недела онака :| и се враќам во живот,но на кратките врски сачувај боже солза да пуштам :lol: јас им удирам клоцата во г*з и шетај братче,но никогаш не би го прифатила крајот со мојот сопруг,несакам ни да размислам :| ...
     
  20. lara-brun

    lara-brun Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    se ke bide vo red,samo ti treba da bides pocvrsta i pohrabra i da ne dozvoluvas vo nieden slucaj da se nerviras,ako smetas deka ne si ti taa sto zgresila.Samo uzivaj i se ke si dojde na svoe :)
     
    На orhideea и Seznajka2 им се допаѓа ова.