Не можам да си најдам девојка

Дискусија во 'Сингл' започната од xvxv, 18 јануари 2014.

  1. xvxv

    xvxv Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Na sekoj koj ke odvoi barem malce vreme da procita sto me maci i ako moze na nekoj nacin da mi pomogne so nekoj sovet, licna kritika i slicno ke mu bidam premnogu bagodaren.

    Se naogjam vo rani 20-ti godini i od najmali tinejdzerski godini pa se do sega sum imal ljubovni problemi, no ne od tipot na sum bil so devojka pa ne izleglo kako sto treba, na nekoj mu se skrsilo srceto bla bla bla.. Ne. Jas ne sum pocustvuval nikakva ljubov sive ovie godini. Sekako deka sum imal detsko zatreskuvanje, tinejdzerski muvanja, no eve kako "staream" ako mozam taka da se izrazam, se pomalce i pomalce izleguvam so devojki, muvanja, vrski i slicno.

    Do dusa vo mojot zivot sum imal i samo 1 vrska i ne povekje od 7-8 muvanja.. ne deka sum nemal sansi, sum imal premnogu, no sekogas prioritet mi bilo da si najdam skromna devojka so koja ke imam razbiranje, pozitivni momenti, smea, druzba.. ednostavno da se posvetam na nea. Ne mi e dojdeno do onie kako sto denes gi narekuvaat "one night stands". No do sega ne se slucilo nisto posebno. Ne sum ni mamino ni tatino galenice, naprotiv sum ambiciozen student na fakultet koj mi nudi solidna idnina, no i pokraj toa sum golema umetnicka dusa.

    Nadvoresniot izgled isto taka ne bi trebalo da mi e problem, no sepak mi e poradi mojata samokriticnost. Model sum iako voopsto ne go ni napomenuvam toa koga komuniciram ili se zapoznavam so devojka, dosta devojki go znaat toa no nikogas ne sum go spomnal ili da se falam so toa a najmalce da se odnesuvam dignato ili ko da sum nad niv. Imam soliden ostar lik, postojana forma na teloto, stomacni mnogu lesno upadlivi vo oci, polni gradi, sirok vo ramenja, no se toa za da bide vo perfektna skladnost so visinata. Samo sto stignav na mojot gaven kompleks.. visok sum 173cm. Celiot muabet za nadvoresniot izgled koi go napomenav sega mi propagja vo voda od mojata samokriticnost. Si naogjam premnogu maani iako malce gi ima, osven taa so visinata. Drugiot kompleks mi e toa sto ne sum so mnogu dobra materijalna potkrepa od moite, a obvrskite okolu fakultetot ne mi dozvoluvaat prostor za da rabotam, a honorarot od modelstvoto ne moze da me pokrie tolku mnogu za da mi se trgne toj tovar.

    Ednostavno problemot mi e sto ne mozam da si najdam devojka od gorenavedenite kompleksi koi sto sum si gi stvoril, toa e edna rabota, a druga rabota e toa sto mnogu devojki me sudat pred da me zapoznaat. Vo ocite na normalnite simpaticni devojki sum aroganten, dignat i so niv tesko mozam da napravam normalen muabet, ednostavno kako da imaat strav od mene i kako da mislat deka sum zenkar ili deka ke gi povredam i ne znam sto. A od druga strana za na prv pogled po atraktivnite devojki mi vladee kompleksot deka ne sum dovolno dobar za niv, deka sum nizok za niv i slicno.. ednostavno se plasam od niv, iako dobro poznato mi e deka i tie devojki imaat i pamet i srce sto moze da se osvoi no ednostavno stravot mi preovladuva. Prilicno mnogu atraktivni devojki i mi se udvaraat no od momentot koga ke pocnam muabet nesto me tera da se trgnam od niv.. toa e kako sto kazav stravot deka ne sum dovolno dobar.

    Se nadevam odprilika sfativte sto tip na covek sum i sto karakter i so toa ke mozete da mi kazete mislenje. Ne znam dali e do mene i do moite kompleksi problemot, ili pak do devojkite koi loso me procenile i od strav ne sakaat da me zapoznaat poubavo. Jas mislam deka 2-te raboti imaat vlijanie no problemot za koj povekje bi sakal da slusnam mislenje i sovet e kako da se spravam so toa..
     
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.515
    Допаѓања:
    30.357
    Пол:
    Женски
    Ve zamoluvam za mislenje, sovet, kritika i slicno.

    XVXV Многу работи треба да се склопат за да ја најдеме вистинската личност.Но и не се така лошо и невозможно како што ни изгледа нам.Не очајувај.Сигурна сум дека проблемот и не е толку голем колку тебе што ти се чини.Биди оптимист и верувај во тоа што си го почнал и те исполнува,а тоа се студиите.Се додека си амбициозен и посветен на својата едукација ќе имаш успех во животот.Многу добро те разбирам,бидејќи во некои работи се пронајдов и јас.Материјалната ситуација е битна за животна егзистенција,но не и најбитна во животот.Точно е дека живееме во материјален свет каде луѓето се гледаат низ призмата на парите.Но,кога еден ден ќе бидеш свој и ќе заработуваш,верувај дека ќе сфатиш
    колкава е твојата вредност како човек.Љубовта не можеме да ја бараме.Таа се случува спонтано и кога најмалку очекуваме.Биди тоа што си и никогаш не се ставај никој пред себе,едноставно за да не бидеш повреден.
     
    На Z'ta para, Sramezlivoto, Ivy89 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.391
    Пол:
    Женски
    Ve zamoluvam za mislenje, sovet, kritika i slicno.

    исто како што ти се плашиш да не бидеш повреден од тие така наречените атрактивни девојки, истото чуство го имаат другите девојки за тебе :) можеби мислат дека ако си модел можеш да ја имаш која сакаш, дека не сакаш ништо сериозно .. :) затоа пробај, каква и да е, без тоа атрактивна, нормална, не нормална :D најважно е да ти одговара на карактерот, да се разбирате

    не се оптеретувај многу со висината не гледам ништо страшно ако некој е 173 :) тоа нека не ти преставува никаков проблем, бидејќи ако и се свиѓаш на некоја сигурно нема да те одбие заради тоа :) со среќа во твојата потрага :D
     
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.544
    Допаѓања:
    76.560
    Пол:
    Женски
    Ve zamoluvam za mislenje, sovet, kritika i slicno.

    Чекај ,јас навистина не разбрав во што се состои твојата самокритичност.Повеќе ми личи на збунетост.Она што мене ми падна во очи е барањето на 20 години да најдеш девојка во која ќе се вљубиш.А и да си поставуваш временски граници е многу лошо.Како што правам, имам 20 години и не сум имал вистинска љубов!Знеш ли ти драги мој дека некој помине можеби 40 - 50 години ,и не успева да се вљуби.Зошто?Зашто не и дал шанса на љубовта.Тоа ти такво чувство кое не трпи притисок.Не можеш сега да кажеш е ова е убава девојка има ова-она,се што јас сакам ,и сега ќе се вљубам во неа.Љубовта доаѓа тивко и ненаметливо,дури и нема да бидеш свесен за неа дека постои,се дури нешто не те тресне и освести дека тоа е тоа.Не зборувам тука за лоши работи,туку за секојдневни.Можеби ќе станеш свесен за љубовта дури ја гледаш дека доаѓа накај тебе,или те гушка дури и ако само купува ѓеврек. :)

    Проблем е како да наидеш на неа.Ако сонуваш за девојка која има совршено тело,вежба,се облекува скапо,нема да ја најдеш во девојката која се измачува како да ги развлече парите цел месец,која попрво би ги потрошила парите за добра книга отколку за масажи за тело кои чинат многу.Па искрено светот во кој се движиш како што кажуваш,модели манекени,можеби има девојка која е многу слична на тебе.Иста не барај зашто нема да најдеш,правило е луѓето во природата да не се створени по шаблон.Карактерно мислам.Да бидам кратка дај и шанса и на девојката по која се вртат сите,и на срамежливата девојка .Тоа не значи дека треба сите да ги пробаш,туку мора малку да се ставиш во улога на посматрач и да откриеш што всушност ти годи.

    За висината ,што да кажам.Треба да се прифатиш каков што си,и дека самиот на себе како таков си најдобар.Биди среќен и благодарен што си здрав.А замисли како им е на оние кои имаа џуџест раст.И тие живеат ,љубат...а искрено оваа твоја висина не е никаков проблем.Има девојки на кои таа не им битна,туку тоа што го носиш во себе.И отровот се чува во мали шишенца. :wasntme:

    Финансиската состојба не сакам да ја коментирам,зашто си на прагот на животот ,и за тебе парите се променлива категорија.

    И за крајот,стравот.Треба да си помогнеш сам на себе.Можеби со секојдневно повторување на афирмации и дружења кај што ќе увидиш дека не е се во величината.
    :hai:
     
    На Ivy89, Marossa, xvxv и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.781
    Пол:
    Женски
    Ve zamoluvam za mislenje, sovet, kritika i slicno.

    XVXV
    А дали си помислил дека девојките во тебе можеби гледаат потенцијален геј? Извини што вака се изразив, ама премногу си нарцисоиден, самобендисан, иако велиш дека на никој не му потенцираш дека си модел овде го кажуваш тоа, па се фалиш какви гради си имал складни со твоето витко тело, па успешен студент па успешна идна кариера бла бла. Дечко, вака да ти кажам, ти немаш проблем со девојките, ниту девојките имаат проблем со тебе.
    Ти имаш проблем со себеси и се додека не си ја исфилуваш и извајаш душата како што си го извајал (според тебе) телото и да почнеш да не гледаш на себеси како ултра успешна и ултра згодна секси фигура за модна писта, се дотогаш нема да гледаш реално кон другите.
    Целиот пост ти е полн со фалење на себеси. Биди по скромен и почни да работиш на твојот карактер. Ти не си најдобар, најзгоден, најсовршен, можеби си сето тоа но не си над другите. Можеби ти си заљубен во своите стомачни коцкички, но не значи дека тие се пресудни за да привлечат девојка. Поработи на својот карактер и ќе ти се промени и љубовниот живот.
     
    На badgirl2, endlesslove, Valentina.Vaki и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    3.918
    Ve zamoluvam za mislenje, sovet, kritika i slicno.

    Додека те читав xvxv, ме потсети на едно мое пријателче. :)
    Убаво на лице, високо, средено, педантно, но знаеше да си облечи и машка танга + бели пантолони.
    Имаше девојки детево не велам не, но ние го мислевме дека е геј.
    И повеќе се дружеше со нас женските отколку да има машки другари. Сепак детево го немам видено одамна, а ова се случуваше уште во средно.

    Затоа се согласувам со советот на Абеја и сите нејзини зборови. Но, најпрво мораш да поработиш на својот карактер! :!:
     
  7. anonymous16

    anonymous16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    919
    Ve zamoluvam za mislenje, sovet, kritika i slicno.

    Додека читав не ми изгледа како да бараш баш совет или нешто слично, мислам дека ти сакаш да ги поткупиш феминките со твојот изглед, "скормен карактер" , кариера ..... Принцот од бајките :D Мислам дека немаш никаков недостаток но како што и ние девојките си бираме кој го сакаме така и ти бираш помеѓу девојките.. Внимавај како се однесуваш со девојките на кој начин комуницираш со нив :) Така да за секое тенџерче има капаче сигурно нема да останеш стар ерген.
     
  8. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.317
    Допаѓања:
    8.381
    Ve zamoluvam za mislenje, sovet, kritika i slicno.

    Ако вака се опишуваш себе си,далеку од самокритичен си!Уствари дечко ти си нарцис. :)
    Јас тука го лоцирам проблемот.За почеток,прифати го тој факт,и проработи на негова промена.
     
    На endlesslove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. xvxv

    xvxv Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Ve zamoluvam za mislenje, sovet, kritika i slicno.

    Izvinete devojki, me napadnavte koga se opisuvav za nadvoresniot izgled. Vo red, razbiram deka se toa deluvase narcisoidno, iako znaev deka ke se nafatite na toj del od muabetot sepak go napisav. Vo nieden moment ne kazav deka sum sovrsen i slicno. Sto sakav da kazam e deka mi e cenet nadvoresniot izgled i deka e dobat, soliden, no deka jas sepak ne sum zadovolen od nego. Za teloto kako sto go opisav sekoe masko koe posvetnuva golemo vnimanie na teloto izgleda skladno, definirano ubavo vo obleka, ubavo bez obleka, a toa znaeme site deka ne e bas cesta pojava vo Mk. Vo momentot, poradi toa sto se opisuvav sebesi go napomenav toa, poradi toa sto znam deka e eden od moite kvaliteti, koi mnogu devojki go pocituvaat kaj masko, a sepak i pokraj toj kvalitet i pokraj likot koј ke napomenam (prasanje na vkus e) no sepak sum daleku od podprosecen vo nego.. jas samokriticno se gledam, sosema kontra od narcisoidnost zatoa sum i slab so samodoverba. Za toj muabet izvinete me ako ne mozev celosno da se iskacam poradi toa sto nejkev da citate 100 strani tekst, no pogresno ste go protolkuvale toa sto sakam da go kazam i dolovam. Celiot toj muabet za koi bev narecen narcis go kazav za da dolovam odprilika slika za mojot nadvoresen izgled, ne za tuka da se pofalam so moite stomacni ili lik i slicno, na kraj kraeva imam kaj da go pokazuvam toa i da ostavam drugite da me falat za toa sigurno tuka nema toa da pravam ako mi doslo do falenje. Voedno gi kazav nekoi od moite kvaliteti od pricina da go rascistam delot deka ne sum covek sto ne moze da si fati devojka, t.e. deka ne me primetuva zensko oko, tuku deka do sega ne sum nasol pravilna devojka koja mi odgovara.

    A za potencijalen gej muabetot, izvinete no ako sredeno masko vo zenskite oci e potencijalen gej togas odma mozam da razberam deka ne e do mene problemot.

    Pogore isto taka procitav i eve i za toa da se izjasnam uste ednas, najmalce mi e bitna ubavinata, kako sto kazav sakam skromni devojki, pozitivni i nasmeani so koi ke mozam da imam i megjusebno razbiranje, ne sum prebirliv na tema ubavina. I da voopsto ne go forsiram toa, znam deka toa ne moze da se kontrolira i samo po sebe nenadejno ke dojde, ne sum glupav :D no se imav staveno vo misla zasto ne do sega, gledajki od strana celo moe drustvo barem ednas si nasle devojka so koja go imale seto toa sto jas go baram. Ne se sporeduvam nitu ljubomoram na niv, pak da ne bidam sfaten pogresno tuku samo kazuvam deka do moja vozrast e normalno da se ima barem edna po seriozna vrska.

    I za davanjeto sansa na ljubovta, imam dadeno sansa na ljubovta, sum se odnesuval dobro sum prave mnogu raboti koi ne sum pomislil deka ke gi pravam, no ednostavno sum nemal srekja i sum nagazil na devojki koi ne go cenele toa kaj mene.

    I da ako sakav da gi potkupam devojkite na forumov i ako ne go pisav ova od sto mislam deka mi e potrebna anonimna pomos, mozev komotno da se izjasnam so ime i prezime.

    I uste ednas izvinete me ako ne sum bil dovolno jasen ili ako sum bil pogresno sfaten za nekoi raboti pogore, kako sto kazav dobredojdeni se i kritikite no ednostavno mislam deka na narcisoizmot mu nema mesto kaj mene.
    A za muabetot deka mi e strav da ne bidam povreden ne mi e samo od atraktivnite devojki tuko od site devoji, poradi toa sto do sega samo toa sum go osetil i doziveal.
    [mod-kirilica:2x9ynsqu][/mod-kirilica:2x9ynsqu]
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    17.213
    Допаѓања:
    109.114
    Пол:
    Женски
    Секој си има мана и свои несовршености. Но мене ми е толку глупаво кога некој ќе ми рече имам комплекси. Всушност животот е свет полн со цели комплексни настанин\. Настани од кои наидуваат и си набацуваат сами комплекси.

    Ти мора првин да се сакаш себе си и да се цениш пред се ако очекуваш другите да те сакаат.
    Со опис на тело и висина ништо не правиш, треба да ја најдеш вистинската личност. Без оглед дали си висок или низок во денешно време тоа не го гледаат туку што имаш материјално околу себе, за жал.

    Такво време дојде. Девојка може да се фати на секој чекор ако се сака. Но, не е тоа тоа. Немора да се сожалуваш себе си ваков сум таков сум...карактерот мора да го средиш и да видиш да го пронајдеш она што те опишува себе си.

    Според читаното ти си се повлекол во себе, си собирал си вадел но безуспешно. Ова повеќе делува како психички притисок од околината, сите имаат девојка само ти немаш.
     
  11. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    5.217
    Прво, се гледа дека си горд на тоа што Господ ти дал убавина. Тоа, веднаш ти создава комплекс, ама не таков каков што мислиш, туку комплекс кој ти вика „најди ја онаа која вреди вистински за тебе“, па бараш девојка според невозможни критериуми.

    Второ, каде е проблемот со тоа дека си висок 173? Тоа е као, малку? Па 80% од девојките се пониски од тебе, ама изгледа тебе ти е комплекс тоа зашто сакаш да имаш манекенка за девојка. Епа кога ќе се спуштиш на земја, ќе сфатиш дека има мноооооогу девојки кои се сосема океј за да „си најдеш девојка“.

    Најверојатно така те гледаат пошто СИ дигнат и арогантен. Се надевам дека ќе те заузда некоја манекенка ала Наоми Кемпбел, па да почнеш да ги цениш обичните девојки со насмевка и срамежливи очиња. :emo:
     
  12. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.426
    Имаш 20 години, немора да значи дека на овие години не се заљубиш нема да можеш подоцна да ја најдеш љубовта. Премногу си ја имаш замислено девојката што која сакаш да бидеш и затоа малку потешко ќе ти биде да ја пронајдеш. Остави го мозокот и води се со чувствата. Не знаеш каде се крие вистинската. Можеби е пред тебе, но ти не ја забележуваш.
    Ако некоја искрено те сака, нема да и биде важна твојата висина, надворешен изглед или пак финансиската состојба. Ќе го гледа и цени тоа што е внатре во тебе. Стреми се и ти кон тоа. Цени ја внатрешната убавина, не надворешната, таа е минлива.
     
  13. xvxv

    xvxv Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Приметив дека не си прочитала се што сум пишал како на пример дека не ми е пресудна убавината, туку позитивноста и разбирањето..
     
  14. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.157
    Ова ко у стил дека ти си поубав од неа? :D
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. xvxv

    xvxv Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Не е за поубав или по не убав работата.. ја спомнав претходно убавината од причина само за да ви дадам на знаење дека не е толку до тоа проблемот, за да обрните внимание на другиот дел од мојот муабет кој реално ми е 100 пати по битен.
     
  16. kikitta

    kikitta Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2009
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    во целост се согласувам.. неможеш да кажеш дека само ТАКА мислат девојките. тие го прават и го мислат тоа што го забележуваат.. ако не бил важен надворешнот изглед немаше ни да го спомнуваш.. бидејки читајќи го твојот ,,ПРОБЛЕМ,, се на што ми отиде вниманието е твојот излед, незнаев дали читам за проблем или опис за личен изглед.. извини ама ти не си во потрага по девојка и искрена љубов.. не бараш девојка со која ќе се смееш ли или што и да кажа... како што ти го спомна твојот надвореше опис така и ти ќе го бараш тоа од некоја девојка.. да биде како тебе ... така не се наоѓа вистинска љубов.. и мојот дечко е понизок од мене па тоа не ми претставува проблем ниту мене ниту него да имаме врска која трае веќе 7 ипол години
     
  17. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.830
    Пол:
    Женски
    E па братко, ти си јуник!

    Мислам, стварно дај малце спушти се, гревота е на твои 20 години да си толку арогантен и препотентен и да се правиш жртва на „девојки кои не те ценеле„ а во два поста си со полна уста зборови како си ваков-таков-секаков. Ако, Бог ти дал убавина, ти дал и отповеќе желба за да си среден и личен секогаш, ама ко што гледам(или читам) ти всушност бараш некоја вселенска Афродита, зашто искрено, начисто сумњам дека во твоето окружување нема некоја што и душа би дала за тебе, што има пеперутки во стомакот и полна душа презир кога гледа дека си толку „недостапен“ :^)

    Гревота е, стварно, младо си ;)
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  18. xvxv

    xvxv Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Пред да го поставам почетниот пост, бев сигурен дека ке бидам и многу напаѓан, но се решив да го постнам и да видам што ке добијам одговор на ова.

    Колку и да пробувам никогаш нема да можам да докажам на некои девојки дека НЕ е така, дека јас барам не знам каква убавина, по 100-ти пат ке пишам дека не ми пресудна убавината на девојката, нормално е да побараш симпатична девојка, но не барам нешто како што кажувате ке ми биде трофеј. Не сакам девојки кои се трофеи со убавината.. повторно ке кажам барам реални, со разбиранје и позитивни. ТОА МИ Е ПРЕСУДНО.

    А не знам ни дали е случајно што вие постојано ми правите цитати на тие делови од постот.. размислете се можеби на вас ви е само тоа пресудно чим тоа само го приметувате.

    Не знам зашто не го приметивте делот дека не сум женкар и дека не сум тип што сака да повреди девојка, туку вие одредени девојки сте врзале во крпче дека сите машки сте исти.. Ако сум сакал сум можел да вртам девојки и да ги откачувам и да се фолирам, но не го правам тоа туку си останувам присебен на себеси. Пак ке кажам го спомнав мојот изглед за одприлика да сфатите дека не е највекје до тоа проблемот и дека ако го користам тоа и ако сум полн себе за тоа, ке гледам што повекје девојки да вртам, да се занесувам, повредувам и слично.. тоа е реалноста.
     
    На Ella.313 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. xvxv

    xvxv Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    И да, уште еднаш со тоа што опишав како изгледам и кои се моите квалитети, сакав да кажам дека не сум тип што не може да биде приметен од девојките и дека тоа НЕ ми е главниот проблем, главниот проблем ми е самодовербата, која ја немам иако имам квалитети со кои ако некои други машки ги имале би биле скрос различни од мене. Да не речам контра од мене. Не гледајте толку површно како да се фалам со тоа, не се фалам, не ми е ни дојдено до фалење, како што кажав си имам проблем за кој побарав мисленје, а не напад за мојот опис. Тоа е најбаналната работа на целиот мој муабет.
     
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.781
    Пол:
    Женски
    Не кажа? Навистина? Мене следново не ми изгледа така
    Абе човек ти знаеш ли што е критика? Критика е да кажеш леле дебел, сум леле ружен сум, леле косата ми е за никаде, леле преслаб сум, смотан сум. А сето горе болдирано е фалење (зашто гледам не правиш разлика помеѓу фалење и критика)
    Тоа можеш на мајка ти дома како Цацко, мамо мамо мамооо види ме мамооо, овде тешко.
    Ти си опседнат со твојот надворешен изглед, нема што да ни доловуваш.
    Не не чекај цуци не брзај, средено машко и средено машко опседнато до болка со својот надворешен изглед се две различни работи. Тие вторите се метросексуалци, урбани машки што се нарцисоидни и претерано се грижат за своето тело, поминуваат повеќе време во купатило на спремање од повеќето девојки, се депилираат, чупаат, шминкаат, маникир, педикир, шатирани коси залижани со разни гелови, позираат во женски пози, покажуваат облини, задник и сл. Многу потсетуваат на геј, можеби се и тоа но со поинаков начин на искажување и истражување на себеси. Ако си манекен навистина, тогаш ова не е далеку од вистината.

    И престани да се фалиш и изигруваш жртва, не си овде да ти судиме но ти побара и критика, а нема да те фалиме бидејќи покрај твоето зборување за себе, ќе биде вишок нашето фалење.

    "ко призна пола му се прашта" :rofl:

    Абе не зезај, велиш не ти е проблем приметувањето од девојки, бидејќи ТИ НЕ СИ ТИП ШТО НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПРИМЕТЕН, па ти мора да бидеш приметен по секоја цена, ти си убав, згоден, со коцкички, издепилиран, нашминкан, како може некоја да не те примети?
    И кои квалитети ги имаш ти, што ако ги има друго машко ќе биде контра од тебе? Кажи што си во случајов ти толку посебен а што би било друго машко-контра. Како го замислуваш ти тоа?
     
    На MilaP и Captain-Omni им се допаѓа ова.