Форумџика на годината

Не сакам да се мажам/женам бидејќи што ако... (I don't want to get married because what if..)

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Јас таа, 14 јануари 2025.

  1. Јас таа

    Јас таа Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2024
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    523
    Популарна тема на интернет каде луѓето кажуваат мислења зошто не би стапиле во брак базирани на претпоставки кои можат да се случат после стапување во брак.

    Од интернет:

    не сакам да се мажам бидејќи
    - што ако на пораѓај одлуче да го спаси бебето а не мене.
    - четката за заби ја користи на место каде не можам да замислам а јас не знам за тоа.

    Од мене:
    Не сакам да се мажам бидејќи
    - што ако ме изневери без заштита и ми пренесе некоја болест знаејќи дека и онака имам болести и би ми го уништил животот.
    - што ако ми ги замеша лековите или ми става нешто во нив.
     
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.751
    Допаѓања:
    19.516
    Пол:
    Машки
    Нејќам да се женам оти ако се скараме нешто и ми носи супа, че си мислам дека ми има плукнато во супата. Trust issues. :worried:
     
    На spacegirl92, Victorian, DS10 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Teodoris

    Teodoris Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2024
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Не сакам да се мажам затоа што неќам на секоја тема да ми вика "Мама знае подобро".
     
    На spacegirl92, злоба, Astrum.Obtutus и 7 други им се допаѓа ова.
  4. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    3.929
    Пол:
    Женски
    Ова веќе ту мач причина, мислам девојко со вакво размилување не треба ни со родителите да живееш.
    оти може и она да ти ги измешаат лековите.
    Бракот се заснова на доверба пред се.
    Ок е што не сакаш да се мажиш ама причинава ме наежи реално.
     
    На Victorian, moonlight-girl.55, Skylar и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    796
    Пол:
    Женски
    Пред се, очигледно не си го запознала "тој", и не си имала некоја врска за да го кажуваш ова.
    После, се е од дома, ако татко ти ја труел мајка ти може и ти ќе размислуваш вака па ајде, ќе те разбирам.
    Ама очигледно поминуваш мнооогу време на интернет и само си правиш филмови.
    Овие теми се чисти глупости и амерички работи. Само они имаат за се пошто и зашто и само некакви измислувања или термини зошто не треба да успееш, зошто можеш сама и се останато.

    Живееме во денешница каде можеш да си создадеш идеална комбинација од патријахално и модерно и да го направиш свое, ти бираш да измислуваш и да бараш причини зошто не треба да се мажиш.

    Целото постоење на секоја единка функционира во пар. Создаден е светот така, ја стварно не знам што повеќе да додадам.

    Доста со модернизмов
    . Бирај што ќе примиш како информација. Не мора со се да се сложиш и не мора за се да кажеш "that's totally me".
     
    На moonlight-girl.55, Чанта, Skylar и 5 други им се допаѓа ова.
  6. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.527
    Допаѓања:
    12.706
    Пол:
    Женски
    Неќам да се мажам затоа што се плашам да раѓам деца.. Имам некој страв во мене дека јас никогаш не би издржала пораѓај, или ако издржам ќе ми биде мн трауматизирачки за цел живот и затоа неќам..
     
    На sj *O*, BlackNight и Seli20 им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.331
    Допаѓања:
    126.087
    Пол:
    Женски
    Ептен глупа тема.
    Аман со тие мурикански глупости што го пијат мозокот. |(
    Прилично едноставно е.
    Нема да се венчаш ако не сакаш. Или нема да се венчаш додека не помине доволно време за подетално да го запознаеш партнерот.
    Најдобро е пред бракот да се разговара за сè што е битно и да се влезе во бракот емоционално и финансиски спремно. Ако отвориш очи убаво, ќе го избегнеш куршумот.
     
    На Victorian, M&M, Чанта и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.086
    Допаѓања:
    55.759
    Пол:
    Женски
    Уште еден глуп амерички тренд. Причина за нестапување во брак е едноставно бидејќи не се гледаш во таква улога, и тоа е океј. А не, можи да ме отруе, пренеси болест, да ме убие во спиење. Зошто би стапила во брак ако се плашам дека можи вака да ми наштети човекот со кој треба да го поминам животот? Исти вајбс како "нејќам да излегувам надвор бидејќи можи кола да ме згази". Ако имаш некакви трауми за вакви стравови да ти се вртат работи на себе, ако не престани да читаш секакви глупости на интернет, малце филтрирање на информации не ќе да е лошо за мозокот. :)
     
    На Victorian, M&M, Luna91 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    3.929
    Пол:
    Женски
    Не ти оправдана причина , можеш брак без деца :D
    Ко падар тука сум , како тргнав да ги коментирам причиниве :D
     
    На Victorian, SummerGirl и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.754
    Допаѓања:
    169.024
    Пол:
    Женски
    Јас темава/трендот го сфаќам „лабаво“ и „смешно“. Не мислам дека било кога треба да стигни да е толку deep. :D Иако од првото мислење почнува deep shit, а не funny haha.
    Пример од цела тема она на @Stark ме насмеа. Као шо ако му плукни в супа бе оти се скарале. :rofl:

    Не сакам да се мажам бидејќи шо ако развие алергија на мачки. Тешко е да најдиш нов дом за маж. ]:)
     
    На spacegirl92, Victorian, sj *O* и 8 други им се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Море смисла за хумор немање...
     
    На Inhume, spacegirl92, Ena05 и 18 други им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    22.815
    Пол:
    Женски
    Не сакам да се мажам затоа што што ако нема смисла за хумор. :rofl::rofl:
     
    На Astrum.Obtutus, Victorian, dayla и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.467
    Допаѓања:
    21.000
    Чекај...
    Не се мажам/женам бидејќи тоа и тоа ама во врска ќе бидам?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TrueToMyself

    TrueToMyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Нејќам да се мажам оти ќе ми прди без престан.
     
    На TammiB5, Victorian, MarigoldA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    11.471
    Пол:
    Женски
    За да не пишам во темана "Испукајте се од мажот". :D
     
    На Victorian, sj *O*, Snowflake97 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    43.151
    Пол:
    Женски
    Или уште похардкор "Свекрвите и снаите - проблеми".
     
    На spacegirl92, Victorian, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.751
    Допаѓања:
    19.516
    Пол:
    Машки
    Не сакам да се женам оти можно е жена ми да е построга од мајка ми. :sweat:
     
    На Victorian, Seli20 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.172
    Допаѓања:
    12.966
    Пол:
    Женски
    Ќе си бараш таков што ќе ти се извинува откако ќе прдне. Преслатко е, као извини (ама сепак прднав). :lol:
     
    На Victorian, TrueToMyself и Amore123 им се допаѓа ова.
  19. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.086
    Допаѓања:
    55.759
    Пол:
    Женски
    А може едно нешто да се разјасни? Трендов е мајтап или е сериозен како прво? Да знаеме како да коментираме, не дека сме без смисла за хумор. :D Прв пат тука го среќавам, не сум го видела на социјални мрежи.
    Ако е за терање мајтап барем преместете ја темава во категорија Насмевка, да нема недоразбирања. :)
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.331
    Допаѓања:
    126.087
    Пол:
    Женски
    @Amellie13 Стварно.
    Категоријата „Општи Дискусии“ е за прилично сериозни муабети. Си има посебна за хумор.
    Ако ви се смее, модератор нека ја премести таму. И се надевам дека ќе се обрнува внимание на хуморот да не преминува граници.
    Ама, ова воопшто не е за правење смешки. Особено не оти доаѓа од ТикТок, мрежа за која низ светот се зборува дека треба да се забрани или барем измени и ограничи бидејќи пречесто глорифицира ствари опасни по живот.
    Сигурна сум дека на жртви на насилство (какво и да било/е) воопшто не им е до смеење кога треба да се зборува за одлука од која зависи иднината. Има такви жени и на форумов и не им е лесно.
    Додека една личност си прави хехенца со лејм причини, друга има сериозни причини за да не се венча (прв пат или повторно).
     
    На fragaria и eliesaab им се допаѓа ова.