Имам 21 година и скоро 2 и пол години не сум била со никого (дури ни мувач) и тоа ме прави да се чувствувам очајно. Другарките пред да си фатат момчиња постојано се жалеа како никој не ги сака, како не можат да си најдат никого. Но јас знам дека тие се преубави и дека всушност беа пребирливи во врска со момчињата кои што им се допаѓаа, а не дека не можеа да си најдат дечко. Можеби порано се тешев дека не сум само јас сама туку дека и другарките се сингл и уживав во секој момент поминат со нив, но сега веќе не ми се излегува бидејќи сите си доаѓаат со момчињата и на крајот јас секогаш си одам дома затоа што немам со кого да седам. Не дека другарките не ми обрнуваат внимание и дека не сакаат да ми помогнат, но на моменти се чувствувам дека нивната загриженост е само моментална и дека откако јас ќе си отидам дома тие забораваат дека се чувствувам лошо и дека единствено што им е важно е да си поминат убаво со своите момчиња, што да не речам ама едвај ги фатиле и не сакаат да ги испуштат од раце.Уште поголем проблем е што ниедно момче не ми се пушта. Тоа ми претставува дополнителна причина да се чувствувам разочарано. Порано можам да кажам дека имав самодоверба на ниво, но како поминува време јас дури почнувам да се мразам себе си заради мојот изглед и заради моето однесување спрема надворешниот свет. Сакам да најдам некој кој ќе ми овозможи да ја почувствувам љубовта и да почувствувам дека некој има потреба од мене. Затоа ве молам за совет како да се справам со осаменоста, затоа што одамна веќе ме совладува што дури имам желба да се изолирам од целиот надворешен свет мислејќи дека нешто не е во ред со мене и дека, ете, можеби сум згрешила нешто и затоа не можам да си ја најдам среќата.
Прво да ти кажам дека имав блиска личност која со своите 22 години воопшто немаше дечко во животот и никогаш не ја слушнав да се жали да падне во депресија или да помисли да се изолира од надворешниот свет. Претпоставувам колку многу е тешко но верувај ми се ке помини и да знаеш дека кога најмалку ке очекуваш ке се појави некој на кој ке му бидеш потребна. Ти препорачувам да си најдеш нешто на што целосно ке се посветис учење читање книги ако сакаш да читаш можеби цртање кога че се затопли времето возење велосипед ролери вежбање во теретана и сл активности на тој начин че запознаваш многу нови луѓе а со тоа ќе се појави и твојот принц. Немој да се повлекуваш кога твоите другарки се во некоја дискотека со дечковците (а ти посакуваш да се повлечиш и си одиш дома) затоа што можеби ке намине некој другар на дечкото од другарка ти и ке се запознаете па ке се роди нешто поголемо и многу убаво. Најлошото што можиш да го направиш во врска со ова е целосно да се изолираш, така ќе ти биде само полошо !! А со тоа и уште повеќе ризикуваш да ја пропуштиш шансата твојот принце да те забележи Ти посакувам се најдобро и никакво изолирање издржи и ќе видиж се ќе биде во ред поздрав
Мислам дека секој има такви периоди. Кај некои траат кратко, но кај некои подолго. И јас имам такви моменти. Сите имаат некој до нив а само јас сум single. :? И тогаш воопшто и да не излегувам од дома. Само кога сум сама во соба си се чувствувам убаво. Кога ќе соберам храброст ќе излезам со друштво и кога ќе видам дека и таа вечер ќе се вратам дома сама повторно се разочарувам. Овој "проблем" јас често го имав пред да започнам да одам на факултет. Од кога почнав да се вртам во друштва каде што поголемиот број, околу 70-80% од луѓето околу мене беа машки, ми се врати самодовербата. Кога сум во такви друштва машките ми обрнуваат мнооооогу повеќе внимание!!! Сега воопшто немам ваков "проблем". Се чувствувам преубаво и мноооогу често добивам и комплименти, и сум опкружена со внимание, а и со изјавување на разни чувства Мој совет ти е да се обидеш да се движиш во некое такво друштво па можеби ќе наидеш на промена!!
Никакво изолирање. Викаш дека си сингл, а сакаш да се изолираш. Со дома седење дечко не се фаќа, како што вика баба ми. Излегувај, дружи се, шири познанства, започни некое ново хоби, запознавај многу други луѓе. И најбитно од се, имај самодоверба. Како се гледаш самиот така те гледаат и другите, па логично е никој да не ти се приближува кога ни самата кон себе не гаиш одредени емоции. Главата горе, подиумот е твој, сакај се себеси, па да видиме тогаш дали ќе има таков што нема да сака да ти се приближи. Депресијата сакс.
колку само се пронајдов во постов...како јас да сум го пишувала ilent: ама да ти кажам не губи надеж....ако постојано бараш и очекуваш нешто да се случи како за инат не се случува, затоа relax и уживај па ќе видиш како се ќе си дојде само по себе
мислев дека сум единствената на која и се случува такво нешто.... советите и мене ќе ми бидат од полза
i na mene mi se slucuva istoto ne sum bila vo vrska (nitu pak se imam muvano )veke 2 godini a site moi drugarki imaat deckovci i se custvuvam razocarano i osameno. Od ponedelnik do petok ne izleguvam bideji ucam celo vreme. A so drugarkite se gledam samo za vreme za na vikendite. Sekogas vo petok se sobirame pred izleguvanje kaj nekoja drugarka si sedime i potoa okolu 9-9ipol tie izleguvaat a jas si odam doma. tie me vikaat da izlezam so niv i nivnite deckovci no jas se custvuvam neprijatno i retko izleguvam so niv. i jas bi sakala da bidam vo vrska no navistina neznam kako da zasakam nekoj ednostavno se plasam da zasakam nekoj nikogas se nemam vljubeno a se plasam da kazam i koi mi se dopaga. PRED SITE SUM NASMEANA I VESELA SEKOGAS NO VNATRE VO DUSATA SE RASPAGAM . VE MOLAM DAJTE MI NEKOJ SOVET
Тоа засакувањето не оди на команда. Ќе се случи тогаш кога треба да се случи и (како што велат) кога најмалку ќе очекуваш. А зошто да ти е страв да кажеш кој ти се допаѓа? Кажи им на другарките. Можеби и ќе можат да те запознаат со некој. И голема грешка правиш со тоа што не излегуваш. Знам дека ти е незгодно да им светиш на твоите другарки и нивните дееечковци, па затоа предложи им да излезете некогаш само „од жени". Баба ми вели ДЕЧКО СО СЕДЕЊЕ ДОМА НЕ СЕ ФАЌА.
Ма доста се жалиме! Млади сме, убави сме, паметни... ВО ПЕТОК СИТЕ НА ЖУРКА!!!! Добро женско друштво- само тоа му е спасот! Зошто нашето расположение да зависи од НЕКОЈ ТИП?? Па уште да седиме дома и да се сожалуваме... Не ни треба ДЕЧКО да си поминеме убаво, а ако се најде некој сигурно дека нема да го одбиеме П.С: Girls just wanna have fun
значи истово ама баш истово и јас ќе го пишев....само да додадам "набилдај се" со самодоверба...и не се плаши да се заљубиш...а чувствата не се контролирааи...кога најмалку очекуваш ќе се слуши нешто убаво плус нема врска што се тие со дечковците излезени....па може и другари на дечковците да викнат успат нели
pa da izleguvav najcesto se ednata drugarka nejziniot decko i negoviot drugar cesto izleguvame da se setame no samo kako drugari. A edna devojka drugarka mi ja prasuvala dali jas i negoviot drugar sme vo vrska.A koga toa mi go kaza bevme jas drugarka mi decko i, i drugar mu pa sega mi e mnogu neprijatno da se setam so nego a navistina ni bese interesno.
Ако ти е интересно со него,зошто тогаш не се обидуваш да дознаеш што мисли тој.Можеби и на него му е пријатно со тебе,можеби и тоа се некои знаци и ете ти потенцијална љубов.Засакувањето не е нешто што можеш да го предвидиш или насочиш.
No mislam deka na nego mu se dopaga devojkata koj mislela deka nie sme vo vrska. i mislam deka i toj se custvuval neprijatno . navistina ljubovniot zivot mi e katasteofa sekogas koga imam moznost da bidam so nekoj jas toa go odbivam
Ништо не правиш ако само си седиш дома и мислиш ова или она. Доста со претпоставки. Излези и уживај. И веќе незнам како да те убедам во тоа Дај барем излези за атер мој, за трудов што го вложувам да ти помогнам. Сигурно ќе ти се исплати. А ако не ти се исплати.... да им кажеш на сите дека појма немам Ајде.... (смајли што трепка)
dali nekogas koga nekoj vi se udvaral i sakal da se fatite vie i pokraj toa sto vi se dopagal ste rekle ne. A potoa ste se kaele .Dali ste napravile nesto za da go promenite toj odgovor
Ми се случило, ама не одбив фаќање, туку мување. И после ми беше криво и после јас сакав, ама после типов ми тераше инает. А пошо мене ако некој инает ми тера, ми поминува ќефот, ништо не бидна.
Ах таа љубов... И јас се чувствувам осамено, но ако седам дома и паѓам во депресија, нема уште долго да издржам. Така да поубаво излези и забавувај се. Оти губиш само време седејќи дома, а овие години никој нема да ти ги врати. Немој подоцна да се каеш зошто не си излегувала и си пропуштила многу прилики. Дружи се со тоа момче. Во животот ништо не се знае, не за џабе и викаат ништо не се случува без причина.... Со среќа, се надевам дека ќе ја најдеш љубовта на твојот живот во најскоро време (сепак таа постои, не губи надеж)
sega ke vi kazam se po red za toa. Toa bese za nova godina bevme na vizito kaj deckoto na drugarkata tamu sedevme skoro cela veser toj nema devojka a deckoto na drugarka mi i drugarka mi razgovarale za mene i za nego deka i dvajcata sme singl pa resile da ne zblizat. Deckoto na drugarka mi razgovaral so nego no jas nisto neznaev a toj mislel daka jas sum mu rekla na negoviot drugar deka sakam da sum so nego. i toj me vikna da razgovarame sednavme na drugiot kraj od sobata. No ni dvajcata neznaevme deka toa zapocnalo od razgovorot na drugarka mi i negoviot drugar pa taka dodeka svativme kako toa zapocnalo najprvin se iznasmeavme ubavo a potoa po kratko molcennje toj me prasa dali bi sekala da bideme zaedno . no jas zaradi gordost rekov ne ipokraj toa sto mi se dopagase . No toa ne se otkaza otkako jas rekov ne po 15 min eden drugar negov me prasa zosto pred site sum go odbila jas rekov deka toa netreba da go znaat site pa taka uspeav da se izvlecam bez odgovor no potoa toa dojde do mene me gusna i mi rece da se slikame no jas povtorno mu rekov ne a po polovina cas mi povika i da tancuvame no pred jas da odgovoram edna devojka go graba da tancuvaat a toj dodeka tancuvase celo vreme gledase vo mene e vednas potoa i se otidovme. NAVISTINA SE KAAM ZATOA STO REKOV NE