1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сум имала дечко до сега

Дискусија во 'Сингл' започната од napatena, 3 јануари 2010.

  1. napatena

    napatena Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Ми треба совет! Имам скоро 17 години и се уште не сум имала дечко ниту пак се имам мувано со некој и се чувствувам многу глупаво поради тоа. И сега се плашам за тоа што не ни знам како да се однесувам кога ќе ми пријде некој. :( Не знам ниту како треба да се бакнувам, ништо не знам. Ве молам за совети! ;(
     
    На Cecko85, naty66, Cloee и 2 други им се допаѓа ова.
  2. panter

    panter Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2009
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Па мое мислење кое би ти го дал би било само да бидеш она што си, да бидеш природна, отворена и искрена, да и објасниш на личноста дека досега не си имала никого и не си била со никого и не е срамота да го кажеш тоа дека не знаеш да се бакнуваш. Едноставно доколку би те сакал некој би бил со тебе онаква каква што си.
     
    На naty66 и k.r.i.s.t.i им се допаѓа ова.
  3. loli674

    loli674 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2009
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Ич да немаш гајле. Не мисли н тоа што се немаш мувано со никого, не значи дека не знаеш. Се си иде само по себе, само опуштено и не е ништо страшно. :)
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.710
    Допаѓања:
    150.492
    Ало дечки,по некогаш стварно имам желба да бидам модератор или администратор на форумов па да фатам да бришам и бришам и бришам,да заклучувам теми ехееее...Почнав да избегнувам да читам на форумов затоа што секоја втора тема е СОВЕТ ПЛИИИИС!!!Ако ви требаат совети има соодветна тема за истото или пак формулирајте тема на која може да се води општа дискусија,па извлечете заклучоци и совети!А што е најстрашно пуста женска психологија,потреба да се биде од помош,да се советува,па сите се нафаќаат,а гледам теми со едни слични проблеми се повторуваат.Зошто секој смета дека има најголем проблем?!Најспецифичен,дека мора лично да му се обраќаат?!

    Девојче што се тиче тебе...ослободи се од срамот,немаш 30,имаш 17.Ништо страшно!Ако одиме со модерново време,касниш околу две години (што се однесува до мале4ка15,касниш ехееееее многу,анал,орал,класичен секс и сите глупости треба одамна да ти се поминати хахаха),но во ред,не е страшно,ниту срамота,се работи за твојата ниска самодоверба.Намали морален праг,подотерај се,стекни самодоверба,научи да флертуваш,решен проблем во четири чекори.Е сега ќе речеш е какооо,срам ми е!Околу твојот срам ништо не можеме,можеш само ти сама.Да те научам да се лапаш малце потешко или било кој на форумов :lol: ,си оди природно,си оди спонтано,најнормално,за однесувањето треба општа култура и социјална интелигенција,опуштеноста е најосновен фактор.Ако сакаш чисто да се размуваш како и сите малолетнички,не ти треба муабет бе девојче,одиш на забава,пивнуваш малце,се опушташ и се случува.Веројатно не мислиш дека ќе ја дискутирате Војна и мир и тоа сите томови кои не е битно,ама мора да кажам јес да е класик,ама е непотребно тупење за приказна која може да се склопи во 50 страни и би била почитана и поприфатена.У кратки речи,помалце збори,повеќе прави,мала си за философии и продлабочување на врски кои бараат специфики во однесување.Си одат со годините финесите и стилот!Ако толку е за однесувањето,ако ти понуди некој момчак што ти се допаѓа или е симпатичен и прифатлив (не претеруј,не може одма принцот да ти долета и најубавиот да го освоиш,намали критериуми и биди реална)тогаш почни со муабет како си,што се случува на местото каде што сте,некои секојдневни муабети и смешкај си се,ако проба да те бубне,дозволи му,диши на нос,не заборавај тоа!Затвори ги очите и следи го што прави и опушти се!
    Со среќа!
     
    На Cecko85, Lile_05, Twinkles и 15 други им се допаѓа ова.
  5. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    И јас прв пат фатив дечко на 17 години, кога завршував трета година средно. И немој да мислиш дека е нешто срамота тоа или слично, ни јас не знаев како е да се бакнуваш. Тоа си доаѓа само по себе, спонтано, малце ќе се срамиш на почеток ама ќе помине. И подобро е според мене подоцна да почнеш со тие работи кога си посозреан, отколку на 12-13 години кога уште не си се осознала себеси. Има време за да се нервираш заради мажи, треба да се изживее детството како право детство.
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. magic

    magic Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека некаде има напишано дека има 21 година и дека не е мажена. Браво Лилит навистина си закон ;)

    Што се однесува до napatena навистина никој не може да ти помогне можеш само самата да го направиш тоа. Запомни дека сите сме имале прв пат, а не само ти. Ќе научиш да се лапаш не е тоа тешка филозофија ;)
     
    На psychic му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Па нема тука никаква филозофија или нешто да се учи. :) Кога ќе дојде моментот ќе знаеш што треба да направиш и како. Само опуштено. :)
     
  8. mace994

    mace994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2009
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Јас често велам - животот е приказна. Се се врти спонтано, така и твојот дечко и муватор ќе дојде спонтано.Затоа сме тука другарките да помогнеме и да дадеме совет. Јас имам другарка која ја сакам најмногу на свет и со неа сум по цел ден, меѓутоа она никогаш ништо не кажува за себе. некогаш мислам дека е ко тебе, дека немала дечко до сега. Меѓутоа ниое другарките секој ден разговараме, зборуваме за сите дечковци и она е тука и секогаш помага со совети, но кога ќе дојде време ние да и местиме некој она не прифаќа ништо. Нејзе никој не и се допаѓа, на нејзе никој не и е совршен, па често и велиме дека она го чека принцот на бел коњ, но нема ни да го дочека принцот. Но веќе не сакам да настојувам таа да си фати дечко. Исто како тебе нема да ти викам дека треба да читаш низ книги и на интернет како да се бакнуваш, како да се однесуваш, едноставно трпение-спасение. И без нервоза, што ако не знаеш?! Затоа е тука тој што ќе ти се допаѓа да те научи. Не се грижи ова не е проблем, уживај во животот и најди си поскоро дечко и уживај со него. Зошто ако веќе доцниш две години, сега искористи го тоа максимално и не бери гајле за тоа што не знаеш да се бакнуваш. Во животот се се учи. Поздрав до тебе и уживај во животот. :)
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ако си се засекирала шо не знаеш да се ЛАПАШ како што викаш ти, ич не бери гајле за тоа. Да видиш како тоа ќе ти дојде само од себе, еве јас ти кажувам од искуство. А за тоа што не си имала дечко досега..... како ти било пишано така, можда за скоро ќе се изненадиш, никој не може да знае ;)
     
  10. Silveon

    Silveon Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Предобри се форумиве и еве ми текна да ве прашам едно прашање што ме мачи. Како да откријам дека на некого му се допаѓам или ме сака? Дали по некои посебни работи или .. ? Ако знаете ве молам одговорете. ;)
     
    На N.A.T.A.S.A му/ѝ се допаѓа ова.
  11. IJAE

    IJAE Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    798
    Напатена, што е проблемот што се немаш мувано? Дали има некоја посебна причина или .. ? :| Не се мувај, прејди веднаш на секс, две муви со еден удар. ;) :lol:
     
    На Japanac и soffce им се допаѓа ова.
  12. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Девојче не се секирај тоа воопшто мора да ти биде проблем. Ти затоа си се потпишала напатена или ? Верувај повеќе напатена ќе бидеш ако порано си си задавала главоболка наречена дечко :)) се шалам :D Нема потреба да се чувствуваш глупаво, претпоставувам и дека мислиш дека си „ чудак “ во друштвото, но ти баш си во нормални години не си закаснала не се секирај :) Не си ги преокупирај мислите со тоа, излегувај, забавувај се, оди на родендени, едноставно дружи се, не се срамувај, не значи дека сите знаат оти ти не си доживеала ни бакнеж! А тоа како што кажа некој не е голема филозофија, сите сме имале прв пат па сме преживеале :D
     
  13. stefan4e

    stefan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    Ти само кулирај, мислам дека момците треба да го направат првиот чекор. ;) :)
     
    На naty66 и Twixer им се допаѓа ова.
  14. anastasija19

    anastasija19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    51
    не се замарај се си е спонтано се си доага само по себе кога најмалку ке очекуваш ке ти се случи
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    абе децаааа...тоа само од себе ке си дојде и спонтаното е послатко секако :) не треба да се секирате или да си задавате главоболки оно и јест да оваа денешнава младина мн рано созреала дечковци уште у 5то одд?? абе ајдеее...баш и не го подржувам ова.
    BTW: Be Your Self,Don't Be Shy & Everythin Is Going To Be OK ;) :hai:
     
  16. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    5.656
    Пол:
    Женски
    Значи проблемот со нас и "созреаните дечковци" е во тоа што .. Ние мислиме дека они треба првиот чекор да го направат , они мислат дека ние треба првиот чекор да го напраиме |( Е ајде сеа дај да си најдеме НЗС? :D
    Но сепак, не би било логично доколку се оставаме на нив. Мора и ние малце да прокомуницираме , да се отвориме , да се смееме , итн итн. Едноставно тоа го сакаат они од нас. Смисла за хумор. Треба и малце акција од наша страна, не е фер се да оставаме на нив ;)
    Па фрли се на флертување , смешкај се , почни разговор со некој , едноставно да го нема срамот.. Кога дечкото ќе почуствува дека ти уствари чуствуваш нешто кон него , и тој ќе се фрли во акција .. и Акција-Реакција :lol: :lol:
     
  17. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Можеби е несекојдневно бидејки ова е некое напредно време каде на 15-16 години веке е достигната двоцифрена бројка од дечковци/мувачи... Лично мене и не ми се допаѓа баш таа ситуација. Мислам дека треба да бидеш поопуштена, да се забавуваш, да излегуваш повеке и да не бараш некој идеален дечко за да има нешто меѓу вас... Биди посамоуверена и дозволи им на момчињата да те запознаат подобро. Не гради ѕидови околу себе...
    Позз во скоро време да ни пишеш дека си со дечко ;)
     
    На supersonic му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Што е твое ке си дојде, кога најмалку очекуваш нешто да се случи, тогаш ке ти се случи она што ти сега го посакуваш! Значи бе коол, биди опуштена, не е работата само да имаш некој, туку треба оној што ке ти биде дечко навистина да го заслужил тоа право!
     
  19. napatena

    napatena Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    сите го велат тоа што е твое ке си дојде :) ама кога ? веке немозам вака се срамам .кога ке дојде понеделник и сите зборуваат кој кого мувал јас нема сто да кажам.
    ама ајде се надевам дека ке бидне во блиска иднина :D
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Леле не можам значи да се изначудам. А што сакаш ти? Доаѓа викенд, ќе се измуваш со тројца. Машала бериќетно.
    Доаѓа понеделник и тројцата се наоѓаат во муабет и кажуваат кој кого мувал. Тројцата те спомнуваат тебе. Драга моја, неколку ТАКВИ викенди со ред и има со прст да те покажуваат. Тоа го сакаш?
    Размисли дали ТОЈ срам ќе биде поголем од ОВОЈ срам што сега го чувствуваш затоа што си сама.
    Мада шо според мене тоа не е за срамење. Не си ни престарена. Воопшто.
     
    На sasha from bratz, M.V131993 и dian4e им се допаѓа ова.