Рекламата со најавата ветува многу, е сега останува да видеме во кој правец ке оди , се надевам нема да го запустат на крајот , како што всушност прават со многу серии "Не тагувај по мене" - серија за љубовта и загубата Спојлер Приказната започнува во едно село покрај Црното Море, во кое се случува голема трагедија. Младиот Синан заедно со неговиот татко и богатиот пријател Јилмаз пловат со брод, но одеднаш ги фаќа голема бура. Синан се обидува да го спаси Јилмаз, но во тие мигови неговиот татко се дави во водата. Синан чувствува голема грижа на совест затоа што не можел да го спаси својот татко и решава да го напушти селото, да ги заврши студиите во странство и да се приклучи на армијата.По некое време, тој се враќа во селото и го чека едно изненадување од пријателот Јилмаз. Јилмаз решава да го постави Синан за глава на својата компанија како благодарност за тоа што му го спасил животот во бурата. Тогаш Синан ја запознава сопругата на Јилмаз, Бахар и се случува љубов на прв поглед од двете страни. Бахар и Синан ќе мора да ги притајуваат своите страсти во страв дека Јилмаз еден ден ќе ги открие. Љубовта на прв поглед се претвора во опасна и страстна врска која ќе загрози повеќе животи. Од друга страна братот на Бахар, Харун и братот на Синан, Нијази се вљубуваат во иста девојка, работничката Буке која работи во полето и живее заедно со својот татко. Срцето на Буке сепак ќе му припадне на Нијази, но на патот на нивната среќа стои мајката на Нијази и Синан. И покрај тоа, семејството на Нијази решава да ја побара раката на Буке. Но во Буке е вљубен и нејзиниот братучед од селото кој решава истата вечер да го убие свршеникот на братучетка му. Наместо Нијази, тој по грешка го убива Ахмет, братчето на Синан и Нијази. За таа несреќа, мајката на Нијази ја обвинува Буке и решава да и го загорчи животот. За Буке и Нијази, како и за Синан и Бахар следуваат тешки денови во кои мора да се изборат за својата забранета љубов. Улоги: Fulya Zenginer, Tansel Öngel, Çağlar Ertuğrul, Öykü Çelik, Ünal Silver, Beyazıt Gülercan, Eren Hacısalihoğlu
Типична турска сеирја со плачки и цимолење, забранета љубов и обавезно еден од родителите не ја сака невестата!Не вреди да ја гледам до сега којзнае колку вакви сме ги изгледале
Фрлив поглед и приметив дека има прекрасна природа. Патем ме интересира што е тоа зеленото во полето,како грмушки чај се или некој зачин...???
BJAK. Nemojte da gledate vakvi sranja vo zhivotot. FUUJ ! Pushtete si Dr.House ili Criminal Minds podobro. ( mnogu! )
Ако треба да кажам една причина зошто не би ја гледала серијава, најпрво тоа би била музиката. Моиве уши не можат да го поднесат она мииииииииуууууууууууууууууу... И мислам дека сите нам ни е преку глава од плачки, цимолења, кукања, умирања ништо интересно нема во серијава. А настрана тоа што толку ја преувеличуваат. „Најдраматичната епизода во историјата на ТВ сериите...“ - Ма немој, втф?
Јас првата епизода ја гледав само 5-10 минути, не ми фати за око и више не ја гледам. За тие 5-10 минути, не само што не ме привлече серијава да ја гледам, туку едноставно ми стана дури и одбивна, ако ја гледав цела епизода, па мислам дека ќе пукнев. Поглупа серија немам видено. Нема што да те привлече да ја гледаш. Катастрофа е! Се прашувам дали некој ја гледа серијава? И ако некој ја гледа, што е тоа што го привлекува да ја гледа?
Ни јас не ја гледам , џабе се отепав од рецензија пишување не ми фати око , и нема ни да ја гледам во никој случај
Случајно ми беше пуштено на Сител и се загледав некако во серијава, многу досадно делува ич не ги сакам ваквиве да не кажам селски со измачувања, жалења, плачења и ред други работи... Глумицана со плавие очи само им држи вода, сега ќе ја заследам на инстаграм. хаха ×D