Ние околу и преку 40 години...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 24 февруари 2020.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    98 глас(а)
    53,0%
  2. 36-40

    50 глас(а)
    27,0%
  3. 41-49

    32 глас(а)
    17,3%
  4. 50+

    5 глас(а)
    2,7%
  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    4.115
    Допаѓања:
    91.973
    Пол:
    Женски
    Добро утро другари :hai:

    Украдов еден од рецептите за брзи торти што лејди ги постави пред некој ден, и сега со залихи на пециво од рано утро ма’афака во кујна. :D Или јас станувам се подобра, или рецептот е за антиталенти како мене. :wasntme: Се мислев меѓу ѓевреџињата на нарциса ама ај си велам да не се преценувам и ја до толку. :wasntme: :rofl:
    Имам тегли мармалад па искористив. Кога се породив ми рекоа на утро да јадам нешто полесно како путер и мармалад и свеки секое одење во лидл ми купуваше мармалади. :| Имам уште 7 тегличиња што не знам што да им праам. (facepalm)

    Излеа го имаме првиот коронец овде, чекаме резултати. Абе сега му текнало од Белгија да се забере и да тера туризам. :headbang: Ама тоа е тоа сеа...

    Заменивме улоги во кујна, сега маж спрема тостови и кафе.
    Среќа најавуваат дождови инаЌе почна сафра да ме фаќа после 864758 денови дома. ]:)
     
    На Val-Dim, Kate Rina 93, Sesil и 31 други им се допаѓа ова.
  2. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    54.013
    Пол:
    Женски
    Добро утро !!!
    Машко кафе и ред гушки и денот може да почни❤️‍
    Убав викенд да имаме!!!
    5B05A6D1-893D-4329-8A52-5964ADE5DE31.jpeg
     
    На Val-Dim, Alishan30, Mr. Right и 30 други им се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.610
    Допаѓања:
    49.158
    Пол:
    Женски
    Сега ќе ми речете дека ништо не разбирам зашто немам дете. :D

    Ама образованието мора да продолжи. Цел свет е со онлајн образование. Дури во САД се практикува модел на flipped classroom - учениците следат лекции дома, а домашното го изработуваат на училиште, па имаат време за прашања и објаснувања со учителите. Не е ништо лошо. Напротив, истражувањата покажуваат дека резултатите се подобри а децата поактивни.

    Не е страшно да изгубат школо два месеци? За мали деца во два месеци се прави огромен напредок. Кој ќе го пушти детето од Август на школо? Тогаш ќе велите многу е стресно, лето е, не бевме на одмор од ситуацијава.

    Имате безброј лекции онлајн. Ќе преведете нешто од англиски ако не ја доразбрало учителката. Пребарајте на Khan Academy на пример, и најдосадната лекција ќе му биде интересна.
    Децата се под поголем стрес ако седат и ништо не прават. Имате шанса да им го направите учењето интересно, искористете ја. Еден до два часа во денот за најважните предмети. Ќе се наоружате со трпение, ќе прочитате лекција, ќе побарате видеа онлајн.

    Нема друг избор, навистина.
     
    На Lianna Anna, Val-Dim, sanjaeva и 33 други им се допаѓа ова.
  4. emiliana

    emiliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    14.018
    Пол:
    Женски
    Добро утро...
    Уште лежам, сега маж ќе прави кафе да се расониме.:yawn:

    Видеово ми е позитив на денот, убаво ми дојде на душата и малку носталгија навали ...
    Изгледајте го.

    https://www.facebook.com/343191715718915/posts/2914634285241299/

    Петранка е закон:rofl::rofl:

    Убав ден да си имате:sun:
     
    На Alishan30, Mr. Right, Kate Rina 93 и 19 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    8.287
    Допаѓања:
    132.498
    Пол:
    Женски
    Утро.
    Јас со трето кафе во рок од скоро 3 часа :| Не можам никако да се освестам а синоќа можев уште во осум да заспијам. Не знам што ми е... :shake: Цела недела ќе е муљ времево а? Секоја игра е по неколку пати изиграна. Се што можевме да смислиме-смисливме. Ќе излезам после да најдам нова занимација зашто почнува со без врска ствари да си игра....
    @mariz да каже дали работи траки?
    Убав ден на сите.
     
    На Val-Dim, Alishan30, ninja35 и 17 други им се допаѓа ова.
  6. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.104
    Допаѓања:
    44.579
    Пол:
    Женски
    Денов пак тмурен.Мислев ќе не огрее сонце за да фатиме воздух малку.Ни до маркет не одам,маж ми завршил работа од сабајлево.

    Вчера излегол конкурсот за упис во средно школо,16 и 17 јуни,се молам да останат истите датуми.
    Школската година е завршена.И да се вратат назад,нема да биде по старо.Ќе им скратат материјали,ќе им стават оцени и толку.
    Кај ќерка ми учат,им даваат задачи,ама немаат онлајн предавања,туку им кажуваат што да учат.Пишуваат домашна,сликаат и праќаат.Само од курс имаат баш настава на скајп.
    Во средно школо исто.До сега само два часа држеа онлајн,наставникот предава,они слушаат,а останатото им праќаат домашна.
    Никој не беше спремен за ова.Не верувам дека ќе успее,ова е само да се каже дека прават нешто во поглед на образование.Да не заборавиме кај живееме,колку деца немаат пристап на интернет и не секој има можност да има дома по два три комјутери и услови за работа.
     
    На bittersweet, Val-Dim, Alishan30 и 24 други им се допаѓа ова.
  7. NarCis@

    NarCis@ Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    3.358
    Допаѓања:
    67.593
    Пол:
    Женски
    Не е проблем во смисол дека некој не сака да држи онлајн настава. Проблем е што ние имаме огромен проблем во образованието и така, а сега ова што се прави е буквално "снаџи се па живи". Нит некој седнал да осмисли како ова да функционира, нит се заинтересирал, а па ич да не зборам дека некогаш и им текнало да го имаат како план Б ако нешто се деси, во случајов пандемија. И некои предмети е возможно и да се научат и да се полагаат на овој начин, пример јазик. Ама знаеш колку предмети има кои едноставно не е возможно на начинов? Да тргнеме од тоа дека не само децата, ни професорите немаат сите компјутер, лап-топ, а не пак да овозможат услови за предмети кои бараат одредени услови. И ајде да речеме дека е возможно, но треба тим експерти кој ќе направи сосема поинаков концепт на наставни планови и програми, за секој предмет, секое одделение, клас, средно школо, а тоа е премногу работа. Допрва на површина ќе излегуваат сите проблеми во образованието, се надевам дека ова ќе ни биде поука дека нешто итно мора да се смени, и тоа од корен.
    Инаку образованието не треба и не смее да запре, јас сум за тоа децата да продолжат со активностите и дома. Меѓутоа полагањето и неброените домашни, сметам дека се апсолутно погрешни во моментов. И уште ова да кажам, дека дел од наставниците и професорите своеволно почнаа да држат онлајн настава и консултации преку мејл, вибер итн. Барем така беше во нашето школо. Е после МОН наложи на сите. Ама само наложи, без да се заинтересира за проблемот како би се извело тоа кај одредени предмети.

    Ај сега добар ден :hai: Само да кажам за ѓевречињата, дека тестото е многу "тврдоглаво", и затоа кога ќе ги спојувате краевите да направите чвор како за врзување. Инаку во варење ќе се одделат и ќе испаднат варени стапчиња :D
     
    На bittersweet, Val-Dim, Alishan30 и 27 други им се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.016
    Допаѓања:
    64.034
    Пол:
    Женски
    Работеше во пон, е незнам саботи дали работи... Пуштаат по 1, 2ца внатре, другите чекаат надвор. @Kitten може знае дали работи и сабота...
     
    На Kitten, LejlaD, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.610
    Допаѓања:
    49.158
    Пол:
    Женски
    Ви треба време за прилагодување, кое сега го немате... разбирам. А дека може повеќето предмети онлајн, може. И јазик воопшто не е проблем.
    Проблем е што наставниците не знаат да раководат со алатки за правење видеа, па се лимитирани на Скајп. Не по нивна вина, требало досега веќе да се следат светски трендови и да се обучат.
    За тие деца што немаат услови со компјутер и интернет дома, секако дека треба министерството за образование да преземе нешто. Таблетите не се скапи, исто и интернет конекцијата.

    И стварно, барајте едукативни видеа и преведувајте ги, ставете титлови и готово. Секако се бесплатни и нема проблем со авторски права доколку се наведе изворот. Сигурно ќе им се поинтересни на учениците отколку да го гледаат наставникот на Скајп.

    Не може за сите предмети, не можат сите професори. Но тие што можат, нека дадат се' од себе. Таква е ситуацијата. Не можеме да се жалиме. Сите се со исти проблеми и бараат решенија, без разлика на професијата. Ако сите почнеме да кажуваме дека не може да функционираме во ситуацијава, се' ќе запре.
     
    На Alishan30, LejlaD, Kate Rina 93 и 19 други им се допаѓа ова.
  10. NarCis@

    NarCis@ Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    3.358
    Допаѓања:
    67.593
    Пол:
    Женски
    Се трудиме, верувај. Со одреден број колеги цело време контактираме и споделуваме совети, решаваме проблеми. Ама има и колеги кои не знаат мејл да отворат, па соопштенијата ги читаат само во канцеларија. Тие не држат онлајн настава. Не ги оправдувам, само кажувам дека има и такви.
     
    На Alishan30, Mr. Right, LejlaD и 22 други им се допаѓа ова.
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    4.121
    Допаѓања:
    67.206
    Пол:
    Женски
    Добро утро, до 12ч е утро за мене :D уште во кревет,да го искористам денот па сум спиела повеќе.Сонував нешто неповрзано и сега мислата таму ми е:doh:

    Денес ќе се глави во кујна,мм од синоќа најави дека денес ќе е ден за тесто па ќе видиме шо ќе излезе.:D

    Имајте убав ден :f:
     
    На bittersweet, Alishan30, kuc и 22 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    9.710
    Допаѓања:
    258.406
    Ситуацијава сите не затекна.
    Од најбанален обичен живот па до стручна настава.
    Само без секирации, кој колку може-толку.Верувам дека има родители БАШ им е гајле, ама повеќе верувам дека има засегнати.
    Одете видете во СО ДЕЦА ВО ИЗОЛАЦИЈА јас со каква настава се занимавам:D:D па ми доаѓа одвишок:D, ама тоа е тоа:).

    Иначе,.во врска со поменот што ви зборев, попуштив.
    Неможам, џабе г...на јадам, пак ќе отидам.Ме пукна жената.Да водам инает не бидува, нели утре треба пак да се видам со неа, а и ако толку мнооогу и значи да дадам жртва за овој настан-еве...ја давам.
    Господ нека е на помош, интелектуалци, ај да не споменувам каде школувани, ама џабе...
    Доста за тоа, одам и се корнам од нервоза:@.
     
    На Alishan30, kuc, LejlaD и 22 други им се допаѓа ова.
  13. Estranged

    Estranged Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    1.790
    Добро утро.

    Рано станав денес, мислиш за мене важи пензионерскиот полициски час. Планирав да одам до маркет по овошје и зеленчук и унапред почнав да си пцујам што ќе мора да се мешам со народ, ама кога излегов видов дека работи чичкото со импровизирана тезга во една гаража на 50 метри од мојот влез, па завршив работа таму и правец дома.
    Ми се јаде пица за ручек. Дајте ми некој рецепт за тесто, ама полесен, како за домаќинка-недомаќинка. :$ Слаба страна ми е тестото, готови теста и кори ме спасуваа досега, ама и онака немам попаметна работа сега, може да го усовршам (дур не ми снема брашно :rofl:).

    @WildMk памтам порано кога играв им ставав во кујна аларм за пожар и кога ќе се запалеше, за брзо идеа пожарникари да гасат. Исто и аларм против крадци. Овој пат на брзање купив готова куќа, па не знам дали ми е обезбедена. :D
     
    На Alishan30, LejlaD, Sesil и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    2.436
    Допаѓања:
    178.152
    Пол:
    Женски
    Држ те ми среќа ќе одам до кам...нема дома ништо за јадење :/

    Јас апсолутно се согласувам со Ливинг. Така го доживувам овој период како време да се научи тоа што се пропуштило и да се одржи чекор за понатака. Ја разбирам и @NarCis@ бидејќи знам учителки како тие што ги наведе и баш жално за учениците. Нашата баш се труди, со линкови со цртани кои објаснуваат за лекции по природни науки и презентации за општеството. Математика и мкд и ние можеме да помогнеме, па дури и ликовно и музичко ја тераат програмата. Навистина се за пофалба. Јас највеќе се објаснував со нив овие 2ипол год ама сега не можам да кажам лош збор.
     
    На bittersweet, Val-Dim, Alishan30 и 27 други им се допаѓа ова.
  15. NarCis@

    NarCis@ Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    3.358
    Допаѓања:
    67.593
    Пол:
    Женски
    За тие што работеле и претходно, оваа ситуација може да помогне само да се потрудат да најдат и друг начин и пристап во предавањето. Се разбира, ако сакаат и ако е возможно.
     
    На petunija77, Alishan30, ivi1987 и 13 други им се допаѓа ова.
  16. M&M

    M&M Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    77.445
    Пол:
    Женски
    Од нашево школо откако почнаа со гугл класрум учителката прати кај родителите маил доколку некое дете нема телефон, таблет или компјутер да се пријави, дека школото или општината ќе помогне. Гугл класрум може преку било кој уред да се отвори. Немаат онајлн предавање туку учителката им праќа задача по кој предмет што да напишат или научат, ако е наставен лист директно се аплоудира на платформата, па потоа учителката им праќа порака дали им е точно или треба нешто да се корегира. Ми се допаѓа што ги мотивира со пофалби, на оваа возраст едно браво многу значи. Тоа што е во учебник, тетратка само треба да пишат дали завршиле, но ќе почнат и со сликање и аплоудирање на слики. И јас сум за да се продолжи барем оној дел од наставата што може да оди на овој начин, колку толку да се во тек со школо, колку што се може, сепак се донекаде ангажирани. Но да не се врши притисок, верувам кај погорните одделенија и во средните е потешко, но сепак нешто мора да се прави. Тешко е и за наставниците, решението за прекин за настава буквално во тек на наставен ден се даде и никој не беше спремен. Може би било по олеснително ако на ниво на министерство се направи унифицирана програма за секое одделение, секоја година средно, а не да се остава само на наставниците и на ниво на школо. Не знам не сум стручна да кажам, само мислам дека би било поедноставно.
    Ај здраво сега, второ кафе на ред, мислев барем како вчера да беше времево на балконче да го пиев ама тужно е. Мм прави некој специјалитет индиски (поздрав @NarCis@ :hai:) јас денес кулирам од готвење а богами и ништо не пофаќам. Завршивме една тура цртање, па да го збуцкам големиов да доврши нешто од вчера.
     
    На bittersweet, Val-Dim, Alishan30 и 24 други им се допаѓа ова.
  17. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    68.621
    Пол:
    Женски
    Ај добар ден.

    Фала на сите што ми пишавте.
    @Dust фала мила, се надевам дека и Карнивал ќе бидат така ажурни. Немал потреба до сега да користи, се надевам и сега ќе е исто.
    Вика јадел сладолед, пушел повеќе од што пуши нормално, се испотил неколку пати на обуките што им ги држат, па додека иде до соба под туш нормално ќе го исече.
    Сакам да верувам дека нема од кај да префати и цврсто ќе се држам за тоа се додека не се докаже спротивното. Чим сметаат дека за 48 саати може да појави плус симптоми, до тогаш ќе се воздржам. Да не испадне обична настинка па за џабе ја панични имам на дневно ниво.

    Толку на таа тема, со Господ напред.
    Константин фала богу ме слуша, ко да ме осеќа дека сум настрана малце. Решив во Скопје да се вратам. Почна се да ми смета. Ми смета свеки, ми смета золва ми, ми смета се. На криво дрво се му смета.
    Ми смета што врне,што сум дома затворена, ми смета што кога ќе станам сфаќам дека сонот ми е боље од реалноста и така. Но ќе дојдат подобри времиња.
    За сите нас.
    И се надевам повеќе ќе се цениме, ќе ја цениме мајка природа, ќе го цениме она што го имаме, ќе го цениме воздухот кој го дишеме.
    #филозофнаденотупм
     
    На bittersweet, Val-Dim, Viktorijaaa5 и 34 други им се допаѓа ова.
  18. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    58.189
    Не знам до што е, ама последниве 2 дена сум со болки во главата. И ми се слоши кога правев кафе. Доживеав нешто ко паничен напад, ама траеше 1 минута само.

    Да ве поздравам и :hug: само.
    Друго нема што да кажам, т.е. имам, ама поарно да не кажам.
     
    На Val-Dim, Viktorijaaa5, Alishan30 и 23 други им се допаѓа ова.
  19. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    68.621
    Пол:
    Женски
    Која недела си ич те немам прашано? Јас имав главоболки и тоа јаки до 13/14 та недела. После се се регулираше... И од мисли ти е. Те гушкам. :hug: :hug: :hug:
     
    На Alishan30, kuc, ivi1987 и 15 други им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    9.710
    Допаѓања:
    258.406
    Де кажете некоја торта.сп многу јајца .
    Имам 50 и тоа селски, ми ги носат.

    @simonka93 Симонке ма,.трудно си:l:
    Аеее па да не збориме за храна тука:D
     
    На kuc, ivi1987, friendy и 19 други им се допаѓа ова.