Забележав дека низ постовите од многу девојки се провлекува ова огромно музичко име и мислам дека заслужува тема на форумов. Eunice Kathleen Waymon, попозната како Нина Симон (1933-2003.) е американска музичка легенда- пејачка, кантавторка, пијанистка, аранжер, активистка за граѓански права и освојувач на наградата Grammy. Некои ја „ограничуваат“ како џез музичарка, а самата за себе сметала дека е дел од „црнечката класична музика“. Меѓутоа, имајќи го предвид распонот на нејзините музички стилови, можеби е најдобро да се нареди во најголемите претставници на црнечката музика воопшто. Таа има и еден прекар кој ја „доближува“ до за неа сепак најблискиот музички жанр- соулот- High Priestess of Soul (висока свештеничка на соулот). Она што е нејзина најголема карактеристика- најголема препознатливост, е мошне силното изразување на емоциите, што во голем дел е резултат на нејзиниот приватен живот. Нина има снимено над 40 живи и студиски албуми, наголем дел помеѓу 1958. (тогаш е објавен првиот албум „Little Girl Blue“) и 1974. Нејзини најпознати песни се „My Baby Just Cares for Me“, „I Put a Spell on You“, „I Loves You Porgy“, „Feeling Good“, „Sinner Man“, „To Be Young, Gifted and Black“, „Strange Fruit“, „Ain't Got No-I Got Life“ и „I Want a Little Sugar in My Bowl“. превземено Мислења? Ви се допаѓа, не ви се допаѓа, омилени песни... Јас ја обожавам, има навистина прекрасни текстови и прекрасен глас.
Легенда! Што повеќе би можела да кажам? Музика со душа, среќа, болка, емоција. Омилена би можела да ми биде Don't let me be misunderstood, иако одлуката е тешка. http://www.youtube.com/watch?v=PipX3l1tEeU http://www.youtube.com/watch?v=GUcXI2BIUOQ http://www.youtube.com/watch?v=eYSbUOoq4Vg http://www.youtube.com/watch?v=klIcu7r46Ig http://www.youtube.com/watch?v=OzQkX-IZDbQ
Легенда е слаб израз за она што претставува овој врвен уметник, носител на толку прекрасни музички звуци и стихови! Ја обожавам, ми го гали увцето навистина со години, од пред повеќе од деценија кога повторно ја пронајдов. Претходно кога бев дете знам дека татко ми ја слушаше многу и ми ја пушташе, ама јас во оној пубертетски порив одбивав се што ми беше наметнувано музички од родителите (сум ги одбивала Нина Симон, Ширли Бејзи, Бери Уајт - добро дали сум јас нормална?! ) Не можам да кажам која песна ми е омилена, но само можам да кажам, дека сакам СЕ од неа. Нејзината музика е толку моќна а сепак толку тажна - сте забележале ли? Не знам детали за нејзиниот приватен живот, но секогаш кога сум ги слушала песните сум имала чуство дека оваа жена имала изгледа не баш најсреќен живот. И секогаш ме обзема некоја блага меланхолија и желба да го отворам винцето од мака и да плачам заедно со нејзиниот глас. Малку почнува да ме нервира што веќе подолго време е преекспонирана во хип хопот бидејќи веќе секој втор рапер почна да употребува самплови од нејзините песни -Sinner man е преработена толку многу пати, што веќе самите преработки иако признавам некои се маестрални, стануваат здодевни. Особено ја обожавам женава за време на доцните, летни ноќи Мелем за душа!
Пошто од секоја песна имам стихови во главата, што неретко и ги користам де за да си се себе-изразам кога имам потреба, а се такви инаку лигавштини кои со поинакви зборови не би ги кажала, секако, ај ајнт муши ју ноу! Па, еве само мал дел од тоа... Нумеро уно,заедничкото нешто со Жутоклунецон: I said: Rock what's a matter with you Rock? Don't you see I need you rock? (Sinnerman) Или.... Love me or leave me and let me be lonely You won’t believe me but I love you only I’d rather be lonley than happy with somebody else (Love me or leave me) (не дека е така, ама понекогаш треба да симнеш некому ѕвезди макар биле лажни ) I'm just a soul whose intentions are good Oh lord, please don't let me be misunderstood (Don't let me be misunderstood) оваа се употребува за лигавење кога ќе забрљам нешто, дали сум треснала или направила глупост, помагала муртко увек станувал смешко А, оваа е мојата најомилена... а можда и беше едно време. Не знам дали ми е се уште. Малку се изгуби значењето поради еден битен факт нормално де! http://www.youtube.com/watch?v=AleW24dhiBk
I put a spell on you и Feeling good ми се прав погодок за прекрасно утро!А понекогаш и за топли летни ноќи на тераса уз грч ладно бело вино нема појак zen....заедно со Tracy Chapman, Norah Jones и Diana Krall
Исто, претежно тажни емоции ми буди и мене, кога пее како да го слушам цело црнечко страдање низ нејзините ноти. Како што дефинирала и сама - нејзината музика е црнечка класична музика. Била борец за човекови права, за еднаков третман на сите луѓе, но многу повеќе постигнала со нејзината музика на тоа поле, отколку со сите други ангажмани. Всушност музиката останува. И неколку нејзини цитати, како овој на пример: http://www.youtube.com/watch?v=FkziR6HOCDs ^ Во оваа песна најдобро се гледа инспирацијата од Бах. И многу тага...
Нина Симон Нејќам да се повторувам, моите омилени песни се веќе постирани. Обожавам да ја слушам кога врне дожд. Ќе се истргнам на креветот, ќе ја слушам и ќе медитирам. Исто така правам и со Дијана Крал, ама Нина Симон повеќе ја љубам. I Put a Spell on You ми е омилена. И заради текстот и заради музиката. Прекрасна жена со интересна историја и неверојатен глас.
Не е жена женава, него божица или богињка кој како си милува. Во секој случај, за мене еден од најдобрите вокали. Кога ја слушам незнам дали да се топам дали да се ежам. Буквално гласот нејзин под кожа ми влегува. Песни нејзини сте ставиле, да идеме исто па исто. Фаворит не бирам. Најдобро за слушање освен лето и при дожд, еве баш сега кога и облаците се сиви како меланхолијата.
Ништо не ме инспирира како оваа песна. Музиката, едноставниот, но моќен текст и нејзиниот глас! http://www.youtube.com/watch?v=NJiC6cA3dUA
Не ја слушам често оваа мзуика, но и се восхитувам. Мојата омилена песна, не видов можеби е постирана. Колку прекрасен глас! http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... tuTSi6Sck#! Feeling Good.
Незнам зошто ама секогаш кога калам некоја нервоза, сакам да сум осамена, уживам во тагата и остали мои забегувања од реалноста ја пуштам неа да ја слушам. Ме опушта и летам низ шестата димензија . Едноставно ја обожавам!