Ниски плати

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од babaDara, 8 ноември 2014.

  1. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Видв дека ваква тема нема така да можам да отворам, ако има нешто несоодветно тогаш слободно клуч. Ме интересира што мислите зоштосе ниски платите во Р. Македонија? Многумина размислуваат дека работодавачите се тие коишто ја диктираат платата и дека работникот го експлоатираат. Е сега јас пак мислам сосема нешто друго. Конкретно кај малите бизниси. Фирмите се оптоварени со големи давачки, еве сега со ДДВ над 1.000000 денари сите ќе влезат во ддв. Не ми е јасно како ќе функционираат малите фирмички. Тие ќе треба да затворат. Како да даде на работникот повеќе плата кога тој едвај издржува. Мислам дека проблемот повеќе лежи во давачките. ДДВ, персонален данок, фирмарина, прескапи кирии, а помалку работа зошто веќе сме презаситени од секакви фирмички.

    Епа ајде развивајте мислење и да ги слушнам вашите мислења.
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.481
    Допаѓања:
    11.861
    Скржави газди и големи давачки. Но, до некаде и газдите ги диктираат цените. Ако во мојата бранша има фирма која плаќа повеќе од просекот, ќе се борам да работам таму и да заработам повеќе.
     
  3. Strumfeta17

    Strumfeta17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    132
    Ма какви давачки, него има многу кои би работеле и за помала плата од твојата па затоа и немаат храброст вработените да го дигнат гласот. Зарем и ове во индустрискиве зони имаат високи давачки? Нив дури и држава им плаќа што се тука и пак се изживуваат со лугето за 10 000, денари. Ама тоа е, кога ќе најдеш сиромав уште згора и гази го. Не е проблемот во парите, проблемот е што се чувствуваш како роб.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Факт е дека платите се ниски, но истите не може вештачки да се покачуваат кога стандардот на општо ниво е многу низок. Тоа е само товар за приватниот сектор, каде што граѓаните плаќаат сами, а во јавниот е многу лесно, каде што што државата исплаќа плати и придонеси. Да се подобри економската состојба во државата и да се зголеми стандардот, ок е и платите да се зголемат, а вака се’ е вештачки и на штета на граѓаните, затоа и стапката на невработеност е загрижувачка.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.