1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ниче Димовски

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Gordana10, 6 јули 2014.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Тематиката во неговите книги, повеќе говори за работи кои можеби му се смешни, не реални за некого, додека пак други ги прифаќаат, разбираат.Дали сте ги прочитале неговите книги? Каков впечаток ви оставиле? Дали сметате дека е вистина она кое го пишува во неговите книги или можеби сте доживеале слични настани кои тој ги пренесува во книгите? Во друг случај, мислите ли дека тоа не е нешто ново или невообичаено, а веќе сте го прочитале во друга книга?
     
  2. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Баш ме интересира кои се насловите на неговите книги,не сум знаела дека има повеќе книги напишано.И на која тема му се книгите?
    Јас го имам читано стрипот за Александар Македонски што го има напишано тој и можам да кажам дека е убаво изработен,интересен,ми се свиѓа е тоа што на крајот посочува дека трезорот на Александар Македонски е на територијата на Македонија.
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски

    Книгите му се „ Најголемата вистинска тајна на светот„ , „ Вистината за вечноста“, „ Нанониче метод на законот на вистината“, а последната негова понова книга „ Бог е жив“.Целокупно, човекот како енергетско битие, моќта на контрола на мислите, астрална проекција, егото, стравот, законот на привлечност, во последната книга, донекаде го потврдува истражувањето што беше скоро објавено за постоењето на Бог, односно дека се наоѓа во човекот.Инаку да, посочува за трезорот на Александар, односно потврдува.

    Темава ја отворив, бидејки сакам да видам што мислат другите, околу неговите книги.Во последната негова книга оди до таму што смета дека преку позитивен мисловен процес може да се подобри ситуацијата во која се наоѓа нашава држава...
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Јас сум стварно заинтересирана за книгите на човков,гостуваше еднаш во ЈадиБурек и ми остави силен позитивен впечаток.Каде може да се најдат книгите?
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Знам дека ги имаше порано низ маркетите, можеби и се уште има таму, а инаку вообичаено има низ книжарите, на една од неговите промоции на книгиве “ Вистината за вечноста“ , „ Бог е жив“, веднаш потоа неговите книги, ги имаше по маркетиве, од скоро немам забележано, но би требало да има некаде на друго место, останато.Освен ако веќе се распродадени, па да ги нема или евентуално низ библиотеките, оти знам од скоро беа дадени за користење во библиотеките, но сепак провери :)
     
  6. anonymous16

    anonymous16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    921
    Го гледав на "3та смена". Човекот е чудо, вистината ме наежи. За прв пат гледам човек кој не дозволува потсвеста да си игра со него. :)
     
  7. Jean-Baptiste

    Jean-Baptiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    2.867
    Пол:
    Машки
    Некој да продава книга од него од форумов
     
    На Novecento му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Советник45

    Советник45 Нов член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Незнам зошто ги читате ваквите книги и книги од типот моќта на потсвеста и стравот. Некој психопат ќе ни го контролитра животот.
     
    На Ygritte, Novecento и daylight им се допаѓа ова.
  9. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
    Ги имам сите негови книги.
    На кратко мојот став кон него и неговите книги.
    Убава тематика, но ништо ново. Читајќи му ги книгите, често имав впечаток дека читам парафразирани делови од други, веќе прочитани книги на иста или слична тема, а тоа воопшто не е добро за еден писател.
    А и според мене, претерува со мешањето на религијата. Како на некој начин да сака се тоа да го поврзе со Христијанството (што нема логика) како што слични теми се и те како тесно поврзани со Будизмот и Хиндуизмот.

    Како забеган читател, особено на таа тематиката, кога би требала да го оценам Ниче и неговите книги, не би му дала повеќе од 3/10, чисто за трудот и потрошените пари за нивно издавање и промоција.
     
    На henry8 и Mishela им се допаѓа ова.
  10. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Многу грешиш во врска со психолошките книги. Ниту тие што а пишувале книгата се психопати, ниту се обидуваат да ни го контролират животот. Само ни укажуват колку е всушност едноставен животот, а колку ние го комплицираме. Нормално бидејќи сме навикнати да се жалиме, и да ги обвинуваме другите дека ни влијаат врз животот. Овие книги се преубави и животот е многу едноставен. Се што можеш да замислиш, можеш и да оствариш. Знам дека е тешко да се прилагодиме на тоа, но со читање на овие книги ќе се навикнеме. :) :)
     
  11. Novecento

    Novecento Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    2.433
    Пол:
    Машки
    Најголемата глупост што има излезено од печат. Со надринаука, надри-култура, проповедање на чисти нации, не само што е глупост туку е и извор на малигни клетки за општеството општо.
     
    На КикиМаус и Mishela им се допаѓа ова.