babylove овошни кашички

Ништо не ме прави среќна

Дискусија во 'Психологија' започната од lovee, 12 февруари 2021.

  1. lovee

    lovee Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    12
    Последните неколку години ништо не ме прави среќна. Немам никви чуства спрема никој и ништо. Живеам со мажот ми заедно веќе 5 години но и тие повеќе како цимери не како партнери. Бремена останав и на почетокот само се израдував кога дознав но понатаму секој ден пак ист. Се ме иритира, смета и се едно ми е што и да се случи. Живеам како да не живеам. Се безвеза. Почнав и да пешачам и читам книги и џабе е се е исто. Живеам во странство и зборував со психолог и безпромени...
     
    На Istata od vcera, SunnyGirl2, thelittle17 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    1.837
    Допаѓања:
    5.613
    Пол:
    Женски
    @lovee не знам стварно што совет да ти дадам, далеку сум јас од се' што спомна. Ти читав некои мислења, гледам дека и порано имало некои проблеми.

    Soul 2020 да си го ѕирнеш.

     
    На thelittle17, ☆P!nselsp!tze☆, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    2.110
    Пол:
    Женски
    И самата сигурно го знаеш одговорот што е тоа што те прави несреќна. Што е причината што те тоне во осаменост и безнадежност? Никој не е должен животот да го помине во несреќен брак, затоа постои развод. За секој проблем има и решение, само потребна е волја и малку повеќе храброст.
     
    На Traveler91, thelittle17, ☆P!nselsp!tze☆ и 2 други им се допаѓа ова.
  4. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.513
    Допаѓања:
    5.283
    Пол:
    Женски
    Ова е дефинитивно потешка состојба од било која болест и јас ја минував и сега на моменти, но стануваш со време посилен и поотпорен и свакаш дека никој ништо не ти може освен ти самиот на себе, депресијата мора да се лече со психијатарски лекови колку и тоа да звуче тешко и неутешително јас пијам терапија неколку месеци и ми помага колку толку ме натера и да сум физички поактивна и повеке да се грижам за моето здравје,изглед,секс, и јас бев против терапии ме имаат и критикувано на форумот но покасно сватив дека мора да превземеме чекор таков за да излеземе од оваа тешка дупка.

    Можеби е депресија, и да имаш најсреќен живот ако ја имаш оваа состојба се ти е сиво...
     
    Последна измена од модератор: 13 февруари 2021
    На thelittle17, lovee, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    11.322
    Пол:
    Женски
    @lovee Дали си му кажала дека така се чувствуваш? Ако не, кажи му, можеби е ненамерно и ќе превземи нешто околу тоа. Некогаш имаме очекувања од луѓето, желби и потреби, но мора да им кажеме, не читаат мисли.

    Би рекла и да не губиш надеж за разговорите со психолог, ако еден не чини, барај друг. А може и да пробате брачно советување.

    Бремена си и ако веќе не си вработена, веројатно не би барала работа во таква состојба. Најди нешто што ќе те исполнува и трга мисли од осаменоста. Пешачење и книги се ок, но пример кај мене не се од помош бидејќи пак ми оставаат простор за размислување. Најди некоја активност која ќе вклучува повеќе луѓе или што бара поголем ангажман на мозокот (пример курс, онлајн обуки, работа од дома).
    Во моменти на осаменост гледам да правам нешто добро за мене, не мора да е нешто што во иднина би ти донело опиплива корист, доволно е да се надградиш духовно. Вака напишано изгледа лесно но не е. И јас често се чувствувам осамена ама бејби степс, важно е да се има желба за промена.

    Знам дека вакви мотивациони говори не се од голема помош, но изгледај го.
    Посебно ќе ти го парафразирам делот каде вели дека: не треба се чувствуваш виновна ако нешто сакаш, ако сакаш да си сакана.
     
    На thelittle17, Guns N` Roses, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    17.856
    Допаѓања:
    164.765
    Е сега со психијатар зборувај, па да ти постави дијагноза.
     
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    2.110
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа дека ја потенцираше ситуацијата со сопругот дека од како се заедно веќе 5 години функционираат како цимери, а не како сопруг и сопруга претпоставувам дека од тука поттекнува причината за осаменост, несреќа тага. Секоја депресија, анксиозност има некој тригер, во најголем број од случаите, ништо не се случува туку така, особено не кога станува збор за депресија.
     
    На thelittle17, ☆P!nselsp!tze☆, PaLaVa и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    3.957
    Допаѓања:
    62.661
    А депресија=несреќа или како?

    @lovee сега си бремена. Очекувај турбо хормонални и емоционални промени во периодот што следи. Ти ги прочитав претходните постови, очигледно живееш во незадоволство и страв. Ако можеш да се тргнеш од токсичната средина уште сега, арно, ако не, по некое време. Очигледно долго си одела со глава во ѕид, ѕидот не се менува, ќе мора ти да ја смениш насоката на движење.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    17.856
    Допаѓања:
    164.765
    Безнадежност. Ништо не те прави среќен, ни она што претходно ти причинувало задоволство.
     
    На thelittle17, cavalli и hermosa им се допаѓа ова.
  10. lovee

    lovee Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    12
    Kaj mene mislam deka mnogu faktori se pricina za toa.
    Najprvo so pandemijata ostanaa mnogu bez rabota, slaba komunikacija, se ispozatvoreno, osven sto pesacam i domasni obvrski, trudna nema mnogu izbor.
    Dokolku i da izlezeme eve u restorant kako vcera dosadno, glupo, nemozam da dosedam pritisok vo stomakot osekam, nezadovolstvo...
    Bremesnosta, tezinata, zapek golem ednas na 2 nedeli odam vo wc.... Probano i so kivi i so tecnosti i so sve.
    Ne e deka maz mi e los ili kojznae sto nego razgovaram mnogu pati toj vika deka on custvuva seto toa i misle deka ne go sakam poveke i pravam jas da toj se custvuva uste poloso i od mene. Od psihiatarot ne dobiv pomos bidejki vo stranstvo tuka odma predlagaat da se ostavis.
     
    На thelittle17 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    3.957
    Допаѓања:
    62.661
    Ти кажав, деликатна ти е состојбата со бременоста. Дали психолог, дали психијатар си посетила- ако предложиле да се оставиш, тоа е веројатно врз база на она што ти си им го кажала. И од она овде што имаш пишано, јас и некои членки, гледаме дека си подолго време незадоволна. Пандемијата, разбирливо е капак на се. Разговарај со сопругот, сега сте пред голема животна промена и би било убаво да сте усогласени околу некои работи, околу поделба на обврските и слично. Малку нежност и љубов не е на одмет, ако е бракот во криза, можеби заедно да одите на брачно советување.
     
    На thelittle17 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    17.856
    Допаѓања:
    164.765
    Ти образложи барем зошто тоа ти го предлага?
     
  13. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.250
    Допаѓања:
    4.852
    Пол:
    Женски
    Не е среќна, што повеќе ?
    Логично е тоа да го предлага , ако гледаш дека тонам , во брак сме значи не се трудиш за мојата емотивна состојба .
    Доволно за развод.
     
  14. Liu

    Liu Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    1.556
    Пол:
    Женски
    Ваквото незадоволство мора од негде да потекнува, веројатно од оддалеченоста со твојот сопруг а ти си бремена сега ти треба најголемото внимание од него бидејќи ете и сте во странство па претпоставувам дека фамилијата ви е тука. Најпрво отворен разговор со мажот ти значи да си кажете што ви смета еден кај друг да пробате тоа да го средите и да си ја вратите интимноста. Не може да се оснесувате како цимери освен ако љубовта веќе ја нема. Сега тебе и хормоните малку повеќе ти работат заради бременоста и можеби таа состојба уште повеќе те прави депресивна ама објасни му се на сопругот, не може да мисли тој дека ти веќе не го сакаш и ништо да не се превзема во врска со тоа, во брак сте и ќе имате и бебе, тоа е нешто најубаво. Најлесното решение е развод и тоа не ми се допаѓа никако, искрено мислам дека и двата имате престанато да се трудите за релацијата меѓу вас, и тебе а и него ви треба внимание,љубов,разбирање и интимност. Со отворен муабет и сите карти отворени потрудете се да вложите труд малку во бракот, најди си нов психијатар или психолог за да се разведеш може секој да ти кажи, психијатарот треба да ти помогни а не да ти создаде уште поголем проблем. И исто така треба двата да посетувате и брачен советник и психијатар, така и сопругот полесно ќе разбере низ што врвиш ти и заедно ќе пребродите. Бракот се состои од двајца и двата треба да се потрудите, а не само ти, тој да ти вели не ме сакаш а ти да го осеќаш како цимер. Освен ако веќе не си сигурна дека го сакаш и мислиш дека бракот ти е токсичен и веќе нема што да се направи па ајде развод. Ама јас сметам дека ако двата сте расположени да си го вратите бракот и двата ќе вложите малку труд. Правете ги заедно работите, не мора да одиш сама на пешачење,оди со него, некогаш заедно направете вечера, мезе,изгледајте некој филм, направете си масажа, ако не се чувствуваш расположена за секс поради бременоста. Не е само сексот интимност. Галење, масажа,бакнување, бањање заедно. Правете ги работите заедно така и повеќе ќе се зближите, ќе се опуштите па и спонтано можеби ќе почнете да разговарате за работите кои не ви се допаѓаат. Ама брачен советник и психијатар заедно мора и сопругот тука да биде вклучен.
     
    На cresa-jagoda и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  15. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    3.567
    Допаѓања:
    9.340
    Пол:
    Женски
    Си разговарала ли со сопругот?
    Дали правите нешто надвор од рутина, семејни прошетки или вие двајца само пд време на време?
    Монотонијата носи и незадоволство.
    И дали психологот се осврна само на незадоволство со решение развод.
    Ништо друго?
     
  16. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    122.772
    Океј. Имам нешто да кажам за ова. Партнерски однос мора да се негува и многу често дете не оправа ситуација, туку продлабочува проблем. Нејсе, кога ќе се роди детето ќе има еуфорија шо можиш да ја искористиш во твоја полза. Да не живееш со партнерот веќе цимерски. Најверојатно ти се има собрано многу. Цимерски живот, пандемија, па сега и хормоните од бременоста. Жал ми е за ова низ кое врвиш. Навистина. Што мислиш дека во моментов е поголемиот проблем или главен извор за несреќа, иритантност и на моменти и апатија?

    Во ситуацијава како онлајн чоек, би ти предложила да одиш на психијатар/ психолог. И имај на ум, не смеј да ти кажи да се разведиш. Ако некој то ти го речи - одма замини од кај него. На обука дури и да развод е едино решение, треба да остајш сам чоекот да сфати и да донеси таа одлука зошто не е мала. И ако јас, во улога на стручно лице, ти речам да се разведиш, носам одговорност за таа одлука. И не знам со каква лезетност некој ти има речено тоа.

    Дали си пробала со семејна и партнерска терапија? Лично та е мој избор за терапија, ама го предлагам во ситуацијава чисто зошто баш и проблемот личи како да е од тој карактер. Терапија од аспект на партнери и терапија како младо семејство со мало дете.
     
    На thelittle17 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  17. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    791
    Пол:
    Женски
    @lovee Ако си се чувствувала исто/ слично и пред бременоста тогаш не е до бременоста.
    А ако се чувствуваш така само во бременоста, тогаш тоа е нормално. Не знам каде прочитав дека во првите неколку месеци од бременоста можете цело време да се преиспитувате дали тоа е навистина вистинскиот маж.
    Мене прво што ми текнува е музика и било каква физичка активност, лесна бидејќи си бремена, фризер и нокти, нови шминки...
    А ако трае веќе 5 години, иако си бремена, а не сте во среќен брак, почни да размислуваш на развод.
    Можеш да ми пишеш и лична порака.
    Штом психологот така ти кажал, сигурно нему мн повеќе отколку нас тука си му кажала и донел такво мислење. Најдобро е да отидеш барем кај уште двајца психолози и да донесеш заклучок, да споредиш.
     
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    2.110
    Пол:
    Женски
    Ниеден психолог, психијатар не смее да сугерира како треба да постапиш во одредени ситуации, особено не смее да ти рече разведи се, тоа е крајно непрофесионално, психологот е тука за да те насочи самата да го откриеш коренот на проблемот, а во никој случај да ти сугерира да се разведеш.
     
    На Erika.greeneyes, Konfetka, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.