1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нова бактерија во Македонија ЛИСТЕРИЈА

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Nana19, 22 јули 2014.

  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Страшната бактерија коси во Македонија: Уште едно лице со листерија во критична состојба! Сомнителни сме сите!

    Едно лице кај кого е лабораториски потврдено присуство на бактеријата листерија и со дијагноза менинго енцефалитис е во критична здравствена состојба на Клиниката за инфективни болести – Скопје.

    Едно дете со клиничка форма на сепса (предизвикана од бактеријата листерија), која е во рана појава, е хоспитализирано на Клиниката за детски болести и неговата здравствена состојба се подобрува. Петмината случаи со дијагноза менинго енцефалитис се од Скопје, Кочани, Македонски Брод, Охрид и Гевгелија.

    Ова денеска го изјави претседателот на Комисијата за заразни болести и директор на Инфективната клиника Звонко Миленковиќ кој рече дека двајца пациенти кај кои било лабораториски потврдено присуство на бактеријата и биле со дијагноза менинго енцефалитис и кои исто така биле хоспитализирани на Инфективната клиника се излекувани и се пуштени на домашно лекување.



    Тој посочи дека пациентот кој е во критична состојба подолго време се третира на Клиниката и покрај тоа што е постигната комплетна елиминација на причинителот, односно комплетно санирање на клиничкиот синдром.



    - Сомнителни сме сите. Причинителот го има насекаде, меѓутоа болеста може да ја добијат само оние кои се екстремни возрасти, бремени жени и имунокомпромитирани. Дури и внесена во организмот листеријата во вообичаени концентрации не може да даде никакви симптоми, рече Миленковиќ и додаде дека кај здрави лица со подобар имунитет заболувањето поминува со полесна клиничка слика, со стомачни проблеми, дијареја, температура која трае неколку дена и спонтано поминува.


    Појасни дека внесена во поголеми количини бактеријата предизвикува болест. – Болеста не се пренесува од човек на човек ако се исклучи опцијата од мајка на плод. Ако мајката во својот породилен канал е контаминирана при породувањето детето може да се инфицира, потенцира Миленковиќ.

    Раководителот на Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство Јованка Костовска рече дека Министерството пред неколку дена добило информација од Институтот за јавно здравје за појава или регистрација на седум случаи на пациенти кај кои е изолирана бактеријата листерија и за три лица кои починале како резултат од оваа бактерија.

    - Тоа создаде аларм кај нас во Министерството за здравство и во Комисијата за заразни болести поради што Комисијата неколку дена заседаваше постојано со цел да ја увиди целата состојба и да донесе точни предлог-мерки, истакна Костовска.

    Овие седум случаи, посочи таа, се регистрирани во последниот месец. – Во јули во последните денови наеднаш се регистрирани три случаи што создаде кај нас аларм да провериме за што се работи. Листериозата како заболување не е пријавена во Македонија претходните години, а како изолат од храна регистрирана е кај три примероци минатата година и три примероци оваа година со тоа што годинава имаме пријавено и заболување, потенцира Костовска.


    Листериозата е бактериско заболување кое најчесто се појавува по внесување на храна контаминирана со бактеријата листерија како што е месо, преработки од месо, непастеризирано млеко и млечни производи, недоволно измиено овошје и зеленчук, чадена риба итн. Листеријата се уништува со добра термичка обработка, со печена и варена храна (над 70 степени Целзиусови). Најчесто се регистрира меѓу постари лица со намален идентитет, бремени жени и новородени деца кај кои може да предизвика сериозни компликации како сепса, воспаление на мозочна обвивка (менинго енцефалит), воспаление на срцева обвивка (перикардит), воспаление на зголобови итн.


    Министерството за здравство вчера соопшти дека Комисијата за заразни болести ја задолжила Агенцијата за храна и ветеринарство да изврши вонредни контроли во сите поголеми производствени погони за храна, магацини за чување и дистрибуција на храна со одземање мостри за анализа. Агенцијата е задолжена да изврши вонредни контроли на сите зелени пазари и притоа секој вид храна кој се чува во несоодветни услови да биде одземен. Државниот санитарен и здравствен инспекторат е задолжен да направи контрола над безбедноста на млекото наменето за доенчињата на одделенијата за неонаталогија и педијатриски одделенија со земање монстри за анализа. Во текот на вчерашнот ден се земени 10 мостри од млеко за доенчиња кои се доставени за анализа во Институтот за јавно здравје и Факултетот за ветеринарна медицина.

    Од Комисијата за заразни болести препорачуваат дека е потребно поголемо внимание при подготовка и консумација на храна. Неопходно е темелно миење на рацете пред подготовка и пред консумација на храна и почесто миење на рацете за време на подготовка на храната. Се препорачува храната да се користи веднаш по подготвувањето, а доколку не се употреби веднаш да се чува на температура од 2 до 8 степени Целзиусови (во фрижидер) и при повторна употреба да се загрее на температура од над 70 степени Целзиусови. Од граѓаните се бара да не консумираат сирова или недоволно термички обработена храна посебно месо, преработки од месо, непастеризирано млеко, млечни производи и јајца. Сировата и поготвената храна да се чуваат во фрижидер одделно во посебни заштитени садови со цел да се избегне можност за нејзино загадување. Подготвената храна да не се остава на собна температура подолго од еден час, а свежиот зеленчук, овошјето и салатите треба темелно да се измијат под силен млаз вода пред јадење, сецкање или готвење, велат од Министерството за здравство.


    темата ја направив со цел да се запознаеме со опасностите на оваа бактерија.
    Да ги препознаеме симптомите , да се заштитиме и на време да реагираме доколку мислиме дека има потреба.
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Уфф, нека испитаат прво дали во прехрамбениве индусртии ја има за да знаеме што по конкретно да избегнуваме. Инаку кажаа декаможе да ја има во се, овошје, зеленчук, па и во вода. Ајде термички да се приготвува се, ама овошјето како, луменицата терба ли да ја варам?
    Кажаа убаво да се мијат овошјето и зеленчукот, тука имам еден совет. Во една книга што ја имам за имунитет пишува дека овошјето и зеленчукот кои се јадат со лушпа да се стават во сад со вода во кој ќе ставите една две лажички сода бикарбона и да остојат плодовите половина час минимум. наводно содата ги уништувала бактериите, незнам колку има врска ова ама мајка ми дома постојано го прави. Ама па не кажаа дали долку ја има бактеријата на овошје или зеленчук е на неговата надворешна страна само на листовите или лушпата или ја има внатре во плодот? Друго само така со убаво и темелно миење на плодовите ќе исчезне бактеријата ако ја има, што бактериите се мијат со вода??? :^)
    Друго прашање, за новороденчето кое е затруено за кое родителите посочиле дека некоја месна индустрија е одговорна за бактеријата озбилни се дека на новороденче месо му давале да јаде? :^) Или не сум разбрала баш па не го коментирале тоа блиските на новороденчето кое е во критична состојба. Сепак на Сител сигурна сум дека со овие зборови кажаа.
    За вода секогаш пијам од чешма, не ја сакам флашираната поради тоа што којзнае колку време и на какви услови стои во пластикине и козјае кога последен пат е проверена, за оваа чешмовачава барем знаеме дека мора редовно да ја проверуваат.
    Незнам незнам, месни производи одбегнувајте барем периодов додека кажат дали негде ја има и каде, млечни исто избегнувајте. Кажаа дека на 60 степени се уништува, млекото обавезно варење значи. Сеа што остана најбезбедно тестенини, ајде на шпагети ќе живееме бидејќи ништо друго не е безбедно.
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Прочитав на нетов, ја имало и во Србија, Германија ( починале веќе неколку лица), аман веќе со бактерииве, се некои нови болести излегуваат, се нешто ново, никнато, се оди и до таму да се измислени, лабораториски произведени со цел да се уништува човештвото, што се нема да напишат, веќе човек да се сомнева во се, особено вака за болести.Колку човек и да внимава...што попрво дали за ГМО, некои нови болести, испадна да не јаде човек, најдобро, а и тоа лошо и никако не е.Освен човек да се чува себе си и своите, најблиските, ништо друго не останува, од болест полошо нема...
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Според мене, целава работа е матна, точно дека не сакат да креваат паника но сепак ситуацијата станува алармантна. Како прво ни не спомнаа од каде се пациентите, дали од ист или различни градови, дали веќе биле хоспитализирани кога им е откриена бактеријата, или барем јас не слушнав такво нешто, а тоа може да е доста важно. Новороденчето е можно да ја добило бактеријата само на два начина и тоа или преку млекото од мајката (поретко преку плацентата) или во самата болница. Со анамнеза и испрашување на пациентите кои веќе се пуштени лесно може да се открие од каде е бактеријата. Но сепак мислам дека на крај пак се ќе се заташка, па прашање е дали винстинскиот извор ќе стане познат за јавноста.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    ^Ги кажаа градовите само не памтам точно кои градови.А со бактеријава незнам што да кажам.Само наоѓаат во нешто бактерии храна,вода..Па ај да не јадеме ништо и да не пиеме вода,аман више,во денешно време очигледно више ништо не е сигурно и здраво..
     
  6. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Подобро нека гледаат како да ја спречат, оти ќе биде, што ќе биде :| некоја жена починала од бактеријава, плус уште тројца што починале.
     
  8. Play

    Play Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    69
    Се прашувам за целата „мистерија“ околу бактеријава, како е настаната и дали одговорот на тоа прашање лежи во нечии лабаратории. Најмногу се пренесува преку храната,а што е најстрашно ја има и во зеленчукот,овошјето па и водата, ја има во храна која ни е неопходна. Најмногу се јавува кај лица со слаб имунитет што е лошо бидејќи додека некој има друг здравствен проблем и имунитетот му е ослабнат покрај тој здравствен проблем мора да биде внимателен и за ова. Се надевам дека наскоро ќе се дознае нешто повеќе за бактеријава помеѓу досегашните заболени не е најдена никаква врска и не се од исти градови. :x
     
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Бактеријата листерија откриена во колбаси!

    http://makfax.com.mk/makedonija/ahv-bak ... vo-kolbasi

    Ама не се фер, не кажуваат кои се тие две домашни компании од месната индустрија!
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.822
    Пол:
    Женски
    На еден друг форум еден дечко имаше напишано дека од сигурни извори знае дека едната фабрика била Миг Свети Николе.Дали е вистина незнам да не ширам дезинформации,сепак претпазливост не е на одмет!
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Ова ти е чиста политика и прљав бизнис.
    Слично како во Србија со многу производи (демек отрови содржеле итн) така и овде почнаа.
    Пуштиле некоја бактерија и им дадоа простор на месните индустрии, ги прочешлаа, и сега тие што не им одговараат ќе им уништуваат углед и заработка.
    Веднаш почнале да се шират имиња на компании со што се влева страв кај луѓето и паѓање на бизнисот на компаниите.
    Можеби ќе пронајдат нешто и во млекото, нашето брашно (како што беше случај со српското пченкарно брашно, а јас баш имав купено за палента, ама си го дојадов :lol: ) итн.
    Сега имам кобасици од Мега, денес се спасија, не ги спрживме.

    :x Секое чудо за три дена.
     
    На Golden, cresa-jagoda, TheBlueMoon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.529
    Допаѓања:
    59.333
    И јас го мислам истово.

    Знам дека е многу наивно од моја страна, ама се прашувам, зар парите и профитот вредат толкави жртви? И можам јас да си се прашувам и понатака, ама освен мене, никој нема да ме слушне... Не ме бива за бизнис изгледа.
     
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    За нив да , тебе би те убиле без око да им трепне ако имаат профит од тоа.
     
  14. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.190
    Допаѓања:
    29.816
    Пол:
    Женски
    Не може да речеме дека нема место за паника, кај секој од нас постои сомнеж, баш во се што ќе земеме да јадеме или пиеме.Кај нас голем удел во ова имаат и медиумите, кога објавуваш нешто, кажи стрикно, бактеријата е пуштена од таа и таа фирма, колбаси, салами, млеко што и да е, да знаеме да обрнеме внимание при купување.Ама мора да биде нејасно, и матно е искрено.
    Но, едно е јасно, мора вината да ја сноси некој, сепак 4 животи се во прашање. А сето тоа да падне на товар на државата, нема шанси, тоа ќе биде шок, затоа ќе се најде ,,жртва,, виновна - невина, ќе си сноси одговорност,така се одвиваат овде работиве.
     
  15. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.529
    Допаѓања:
    59.333
    Муабетот ми беше дека ваквите работи несмеат да поминат неказнето. Сето ова се случува затоа што ние го дозволуваме, затвараме очи и jа прифаќаме нивната вистина здраво за готово. По броjност, основната маса е поголема од владеачката, така да по некоја логика, доколку се обедини и знае мнозинството што сака, тоа може да го добие, без разлика колку е jака власта. Ама мнозинството се овци со мозокот на пасење и сето ова ќе се врти во круг и вината ќе се бара на погрешно место.
     
  16. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Бремена жена во 7ми месец се породила поради оваа бактерија, одвај ја спасиле и неа и бебето... Имала главоболки, висок крвен притисок и отоци.
     
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Здравствените власти го открија изворот на Листерија- бактеријата е пронајдена во чаден свински врат на месната инустрија Екстра Меин од Куманово.

    http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/16 ... d-Kumanovo
     
  18. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Здравствените власти го открија изворот на Листерија- бактеријата е пронајдена во чаден свински врат на месната инустрија Екстра Меин од Куманово.


    Испитувањата на вкупно 650 мостри прехрамбени производи покажаа дека бактеријата листерија е најдена во триесет производи што термички се обработуваат и се сметаат за безбедни за јадење и кај еден производ што не се обработува термичики- вакумиран сечкан свински врат. Генетичките профили на листеријата од овој производ во 98 отсто се совпаѓаат со оние најдени кај 8-те раболени од листериоза, изјави професор д-р Ѕвонко Миленковиќ, претседател на Комисијата за заразни болести.

    Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски рече дека по известувањето од Министерството за здравство, инспекторите од Агенцијата ги презеле сите мерки предвидени со Законот во овој случај и наредено е веднаш повлекување на сите производи од овие лотови од малопродажбата.

    -Тоа е веќе завршено. Се работи за лот произведен на 21 јули со рок на траење до 4 септември. Значи сето она што е во малопродажбата веќе се повлекува. До вечер ќе биде завршено повлекувањето од малопродажбата. Во исто време согласно Законот наредено е сопирање на производството за да може да се земат мостри од работните површини, од машините, од сите оние делови каде што евентуално може да се најде листеријата за да се изврши споредување со изолатите земени од кај луѓето, потенцира Рунтевски.

    Исто така, појасни, наредено е земање мостри и на сите производи кои одат на пазарот.

    - Иако се работи за производ кој е произведен во средината на јули односно по избивањето на сите овие случаи, генотипизацијата која ја добивме од страна на Факултетот за ветеринарна медицина дава одредена насока во која треба да се насочи натамошната истрага за да се утврди изворот на бактеријата. Според она што го имаме како апаратура, како инструменти и како стручен кадар сметам дека Република Македонија има капацитет да ја заврши работата, рече Рунтевски.

    Додаде дека согласно Законот за безбедност на храна, доколку операторот пушта во промет небезбеден производ, казните се 8.000 евра за правното лице и 2.500 евра за одговорното лице во правното лице доколку свесно пуштаат небезбедни производи во промет.

    Од листерија досега починаа четири лица. Засега не се знае дали сите заразени со бактеријата листерија купувале од истата месарница.
     
  19. Ane.a

    Ane.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Зошто мислам дека зад сето ова стои нешто друго и дека на некој начин сакаат да ја оцрнат компанијава која е најдобрата (бар според мене , само нивните кобасички ги јадев зошто немаа жилки :) и сите други производи им беа океј) кај нас во месната индустрија ,ова има некаква позадина СИГУРНА СУМ!!!!
     
    На Golden му/ѝ се допаѓа ова.
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Kако и да е,нека ја происпитаат работата а не да го плашат народот,и толку време им требаше да го кажат името на компанијата.Среќа што сум вегитаријанец :x
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.