1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нова година - со друштво или со дечко?

Дискусија во 'Врски' започната од perduv, 1 декември 2023.

  1. perduv

    perduv Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Дали да славам со моето друпштво или мојот дечко? (3 години сме заедно)
     
  2. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.223
    Допаѓања:
    50.812
    Пол:
    Женски
    Со дечко ти секако.
    Може и сите заедно и дечко ти и друштвото ем.
     
    На Cinnamon Bun му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dead.flower23

    dead.flower23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    1.494
    Пол:
    Женски
    Сите заедно
     
  4. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    692
    Пол:
    Машки
    Ти и дечко ти, максимум уште пар до два. Ако имате сингл другари/другарки, викнете ги може ќе им се усреќи.
    Домашен амбиент, ем поубаво ќе си поминете ем ќе заштедите пари.
     
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.098
    Допаѓања:
    174.235
    Пол:
    Женски
    Ако има можност сите заедно? Мислам да во партнерски однос треба приоритет да ти е партнерот, ама за поголеми настани кога луѓе се берат - ако имаш можност вклучувај и пријатели. Сепак пред партнерот (и после партнерот ако за жал не успеј), тука биле и ќе бидат пријателите. Или ако излегувате вие два + само парови, а имаш бааѓи сингл пријатели - градење ѕид кон нив е. Како и да е, јас би се обидела за заедно. Ионака ако сум со некој, сакам да можам да комуницирам со неговото друштво, и тој со моето.
     
    На Ketchup, crimson, TrueToMyself и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.801
    Допаѓања:
    80.551
    Пол:
    Женски
    Заедно. Зошто да бираш само една опција од двете?
     
  7. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.185
    Допаѓања:
    3.305
    Пол:
    Женски
    Со дечко ти. Ако имаш опција за сите заедно, може и така. Јас лично не сум друштвен тип и околу мене сакам да има само 4-6 луѓе максимум (со се мене), и тоа луѓе шо ги знам и со кои сум во добар однос, и не преферирам мешање на друштва со партнер (првично ниту јас не ги мешам моите другарки заедно туку се дружам посебно со сите, тек па со други луѓе). Често се случува за НГ да го славам и роденденот, па дури ни тогаш не ги собирам сите. Но тоа сум јас, таква сум. Ама ако со партнерот двата сте друштвени можите заедно да прославите со пријатели.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.261
    Допаѓања:
    26.627
    Пол:
    Женски
    Кас секогаш сум славела со друштво, а после во доцните часови може да се видам со дечкото. Ама со друштво секогаш може да биде незаборавно. Тоа се тие спомени кои остануваат.
     
  9. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.122
    Допаѓања:
    865
    А со дечко спомените не остануваат? :D

    Се шалам, зависи од годините на членката. И јас сум размислувала така во одреден период и исто така и јас сум бирала друштво пред дечко кога сум била средношколка, па и на факс... или сум го поканувала со мене, или сум идела на кратко кај негово друштво.
    Факт е дека во тој период (15-20 години) не е време за изолација и славење само со партнер, подобро во друштво сите заедно (со нечие друштво - твое или негово) или пола-пола, но зависи каква е ситуацијата. Штом девојката прашува на форум, значи не е на чисто кој и што ти е приоритет :)

    Да се разбереме, јас и на мои 26 години сега, пак ќе славам со друштво и партнер заедно бидејќи имаме таква опција и се согласуваме а и двајцата сме друштвени типови, но да треба да бирам да отидам некаде со дечко ми на патување, или било каде - дома на пример, а друштвото ме кани на друго место со друг план - кафич, викендица, патување... изборот секако ќе биде он. Јас тоа мое друштво го сакам и со нив се гледам, и секако дека ќе отидам некаде и со нив сама, но сметам дека за тој ден, во секој случај да го изберам него, сепак тој е некој со кого јас го планирам заедничкиот мој живот и мојата иднина.

    Затоа, зависно од приоритетите и годините, и од тоа колку сериозно ја гледаш таа врска во моментов и што е она што те влече повеќе - според тоа ќе знаеш на што си.
     
    На Anyshka и Adidas888 им се допаѓа ова.
  10. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    Сама дома ..со години ( мислам со фамилија дома).
     
    На christinnn, Anyshka и Musicallinmylife им се допаѓа ова.
  11. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    571
    Допаѓања:
    6.006
    Пол:
    Женски
    Ако се чувствуваш лошо да избереш и ги сакаш и двете, земи го дечко ти со другарките ако сака, направете некој таков компромис. Ама не го оставај дечко ти сам, сепак партнерот доаѓа на прво место, особено ако планираш да ти биде фамилија до крајот на животот. :)
     
    На Medea., sj *O* и Anyshka им се допаѓа ова.
  12. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.206
    Допаѓања:
    4.405
    Пол:
    Женски
    Со дечко и со друштво т.е другар му и другарка ми:) без партнерот нова година некако бзв ми е одбележана.. да е друг ден да за со друштво ама првиот ден би сакала со него
     
  13. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    920
    Пол:
    Женски
    Секако прво го бираш дечкото, а може и заедно со друштво, би било забавно.
     
  14. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    31.217
    Пол:
    Женски
    Најубаво заедно. Поинтересно е така.
     
  15. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Скоро секоја другарка да имала прилика да бира би одбрала да биде со дечкото (сфатив откако сите другарки имаат сериозни врски и секој план им се прилагодува на дечкото, а јас на времето дека прва бев во сериозна врска секогаш нив ги бирав да не биде еве фати дечко и ја снема).
    Така да сега на овие години за нова година јас би одбрала секогаш да си бидам со дечкото, со саканата личност на таков ден.
    Најубаво ќе е ако има опција дечко и друштво заедно да се искомбинирате секако. Ама ако нема такво нешто, со дечкото тогаш.
     
    На Waverly Raven и Angie1432 им се допаѓа ова.
  16. kloki

    kloki Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    141
    Дефинитивно парови, но секако ако имате другари/ки што немаат партнер/ка, не ги запоставувајте
     
    На Amore123, christinnn, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.098
    Допаѓања:
    174.235
    Пол:
    Женски
    Нешто шо го забележав на темава е - зошто приоритет на излегување во пар?

    Ова искрено го прашвам. Пошто сум излегувала и на double dates и повеќе парови ама не сум сфатила шо е убото. Ко радо би била со сите шо ги сметам блиски него со пар само оти е пар. :D
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.501
    Допаѓања:
    37.758
    Пол:
    Женски
    Со мажето. Со друштво одамна не практикуваме да славиме. Додека бевме во врска славевме со друштво.
     
  19. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.248
    Допаѓања:
    21.215
    Пол:
    Машки
    Секоја година ми беше со друштво, оваа година малку поинаку ќе биди. :inlove:
     
    На sj *O* и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    За тој што е сингл да не се осети осамено веројатно, не знам. Нема правило, но некако парови со парови подобро иде дружбата кога би го вметнала и дечко ми во мое друштво.
    Ми се случило некогаш сама да излезам со другарка и дечко нејзин, зошто мојот дечко не можел да дојде некогаш и искрено глупаво ми било, како да сум вишок сум се чувствувала. Кога сме во парови поинтересно ни било и нас како дечко и девојка.
    Си имаме посебни друштва инаку и ако излегуваме и ние и наше друштво (т.е негови другари со девојки и мои другарки со дечковци) тогаш сме само парови. Или си излегуваме само другарки и тој со другари, а вака ние пар и некој поединечен наш пријател се случило, ама се чувствува досадата на тој што е сам дојден.