Здраво на сите Да побарам совет, воедно и Ваше мислење, околу работните места деновиве кај нас, колку луѓето се во потрага по соодветна работа, и дали повеќе им одговара да работат за друг или да направат чекор кон самовработување, кое, секако, носи поголеми грижи и одговорности. Лично, би сакала да почнам нешто свое, можеби бутик, продавница за чевли, можеби нешто комбинација од двете, и навистина би сакала совет од некој кој знае, или има искуство во таа бранша да сподели свое мислење. Како што рекол некој:"ако не работиш на својот сон, некој друг ќе те вработи да го оствариш неговиот", па да видеме што би можело да се роди Секако, сечие мислење и совет се топло добредојдени, без разлика дали станува збор за критика или поддршка.
Братучед ми во Скопје отвори книжара, преку лето малку потешко оди работата ама затоа сега во Септември турбо е. Добр им оди па отворија уште една. Исто така еден братучед исто од Скопје незнам во кое место отвори дом за стари лица, зема кредит и отвори. И на него добро му појде. Ксметот треба да ти работи
Здраво, Имам една идеја за самовработување само незнам колку е паметно и исплатливо сето тоа.Ме интересира како заработуваат лугето со тие интернет сајтови,како црнобело,фемина,кафепауза и многу друго што ги има кај нас портали.Сега скоро имасе и оглас за работа за Црнобело,па ме интересира како заработуваат,ако направиш портал и стане толку популарен како може од тоа да заработуваш,дури и други да вработуваш да работат за тебе. Сечие мислење е добредојдено.
Паметно е и сигурно исплатливо само не знам како оди тоа со домеини и тн. ако најдеш начин и ти требаат соработници за текстови пиши овде има и членови од различни профили така што дел од мислењата и интересите можеме и така да ги преточиме на сајт.
Може да се заработи, ама за да почнеш да заработуваш треба да имаш публика, треба да вложиш пари и многу труд во неа. На крај се се сведува во тоа колку е читана страната.
Ако знаеш подетално што како оди работава ако сакаш да ми разложиш? Ајде да работиме нешто вакво бе луѓе,ептен сум загреана за оваа идеја.
Епа како ќе ја отвориш страната? Треба да купиш домејн, да платиш хостинг, да платиш некој што би ти ја дизајнирал страната. Освен ако не планираш сама да пишуваш и фотографираш се, треба да платиш и некој друг што би работел за тебе.
Многу малку знам за таа работа ама како што гледаш ниедна страна не е затворена до сега значи исплатливо е, а како кому се плаќа не знам ... за пишување и работа на тоа многу добро би се снашла, и како што пишува погоре сигурно треба тим за тоа, не можеш сама.Што се однесува на читаност за тоа ќе се погрижиме преку фб, твитер и се што како соцјална мрежа функционира на нет, мислам дека тоа нема да биде голем проблем.
Па не е баш така едноставно. Social media marketing е веќе станат сериозен бизнис, треба да знаеш како да привлечеш публика. Затоа што веќе постојат еден куп слични портали. Вас ви изгледа лесно, ама зад секој успешен портал стои сериозен тим кој посветил многу труд за да успее. Еве да го земеме само фејсбук, за обична реклама, promotion или sponsored post пак треба да платиш и плус тоа што ќе го рекламираш да е упадливо и да привлече посетеност.
Ако се сака да се успее во било што треба сериозен ангажман, тоа се гледа на пр. црно бело, секој ден е update-иран сајтот ... секој почеток е тежок ама со желба и упорност полека полека може да го биде.
Јасно тоа, само сакав да сфати реално дека е тешко, не е само пишување и објавување туѓи статии туку има и куп други работи што треба да се завршат
Здраво на сите! Нова сум овде се надевам и добродојдена.. Во план сум да си отворам соптвен бизнис агенција за украсување на родендени и изработка на торта од пелени. Па би сакала да добијам совети и искуства од некои од вас или некој ваш близок. Однапред Ви благодарам.